Темата е супер и мислам дека луѓето секаде имаат проблем да играат, не само во дискотека, туку и на други места каде можеби има жива музика или во пивнива. Јас многу сакам да играм посебно ако си имам партнер за играње, но за жал тоа преретко се случува. Обично си играм сама, ама ете нареден пат кога ќе одам во дискотека или пивница си земам колега или некој дечко да се изнаиграме
Дискотека? Тоа е мислена именка за мене... Е зошто симониште ќе речите... Па вака...ретко излегувам,а ако излезам сигурно во некое село умира магаре... Во дискотека можете да ме видете исклучиво ако сум на некој роденден... Качена на штикли,скоцкана цакум-пакум се тоа,арно ама јас дур да се опуштам ќе да ми треба цела вечност... Што знам оти така..кога има некоја гужва или така многу народ или пак кога гледам нови сурати...јас дури да се адаптирам и врбата грозје ќе роди и на бандерата ќе цутат рози... Па така де... Ај да речиме се опуштив и играј таму денцај во круг таму собрани некое друштво да речиме..денцам ова она ако ми ги погодат песните...ама кога ќе удрат на цеца,на јелена,на милица и останатата компанија јас губам секаква мотивација да ги размрдам штиклите...ни да стојам ни да играм...а столче да најдам уште помалку...да бегам прва не доаѓа во обзир па ајде тогаш и јас пејам урлам ко нетокму узбуна чује се сирене пусти ме да раскињем с њом уместо тебе ја не осечам се добро јел отрован сам тобом... И така...
Симонче не мора во дискотека оди во пивница или некаде каде што не пуштаат таква музика. Исто и јас не сакам да слушам такви глупости, но ете ако си од БТ би ти препорачала да одиш во Камараите кога има свирки, таму сите играат, нема ни Цеца ни баба Меца хахаха. Ако си од СК во Петок во пивница на Kaле имаш свирка, јас бев сношти и ми се допадна премногу и атмосфера и музика и луѓе
Камарите немам стапнато...би било убо да ом Ама јас сум тежок човек да ме убеди некој симоно ќе излезиш в кафич на паб и слично... Затоа сонцето не греј деновиве ко шо треба
Како тоа Камарите немаш? Да те носам? Ако сакаш прво ќе те релаксирам со малце 102, полежерно па после таму
Ако излезам во дискотека, излагам да се изнаиграм убаво,а за да стојам здрвена така ич не идам Обожавам да играм,ама во денешно време нема атмосфера како што имало пред некои 10тина години,за жал.
Каса кубана латино ... за опуштање сите си денсаат ... и што рече @Marick14 одат со други цели и намери дремат по масите !
Убаво место е, прават одлични забави. Има и комерцијала, и латино. Си денсаат сите ама не баш секогаш. Во четвртокот влегов и излегов. Се намуртиле сите и си пијуцкаат нешто.
Ми се игра на вакви шупаво-певливи хитчиња. Баш ми се асоцијација за дискотека и ме потсеќаат на хитовите на кои денсав во средношколските денови. Јас сум денсерка и не можам да замислам да стојам во место цела вечер, без разлика дали сум на штикла или не. Си пеам и си играм и иако не сум кралица на денсот, гајле ми е дали од страна изгледам ретардирано или не.
Јас порано во младите години редовна бев во дискотеките, сега ретко одам, но кога одам играм за сите пари и ич не ми е гајле! Гледам да си поминам топ, другите што сакаат нека прават. Не ме интересира ни кој што правел ни дали ќе ме зборел. Нивна работа. Али ја да одам во диско и да дремам така со пијачка да манијачам и да ми е ултра досадно? Добро, како го поднесуваат тоа луѓево свака им част. Мене ми е тоа изгубено време, пари и енергија.
Тиесто, Армин ван Бјурен, Пол ван Дајк, Скази, Карл Кокс, Дејвит Гета,Продиџи....е беа тоа времиња кога скокавме на саем, во Колосеум, Охрид...убави времиња...од '95 па се до 2008-9та