На сите имам одено, на Пол Ван Дајк во Струга на Изгрев бев, на Дејвид Гета овде на Саем бев, на 50 Сент во Борис Трајковски, Скази и Карл Кокс во колосеум мислам идеа они повеќе пати. А сега само турбо фолкери носат за жал. А бе беше ли во Јане некни да навиваш...
Не можам да опишам колку ужасно играм ама играм, сведок е @crimson Ретко одам во дискотеки, си ја почитувам Пивница ама кај и да сум играм. Не разбирам да излезеш на место кај што се денса и да стоиш, ако не ти се игра оди на други места.
@Elissa и @Рoберт 07. Јaс кoгa биле oвие диџеи кaј нaс нaжaлoст сум бил мнoгу мaл. Сегa веќе не верувaм и декa некoгaш ќе дoјдaт пaк... Кoгa пoчнaa вo едни oд пoдoбрите скoпски кaфичи и дискoтеки дa нoсaт oд српскaвa фoлк естрaдa, немa веќе штo пoвеќе дa се кaже...
@Ketchup баш ми е криво за овие помладите генерации што нема да знаат што е журка, ти дури почниш да излегуваш по дискотеки сигурно индиска и турска музика ќе пуштаат.
Не знам по другите градови како е, не сум била во ноќен живот (освен на Rudimental во Скопје), ама во Битола ама баш нема место за денсање. Има ноќен клуб, еден, Расчекор, тој е. Стана сељачки ноќен клуб и место каде „Усраљаните“ бараат невести, па почнав и таму да не одам. Сум џускала на секаква музика (освен турбо фолк, афкорс), но како што кажав, нема каде. Од друга страна, да одам во ноќен клуб и да се туркам со дечиња од 15-16 години и да си играм сама, не ми е по ќеф.
Веќе неколку години наназад го зборувам истиот муабет. Дискотека се вика бидејќи во неа се игра. Каде и да сум била надвор од македонија, колку многу луѓе и да сум запознала од многу различни држави, ниту еден не сум сретнала да не игра во клуб или дискотека. И тоа, дури и постари личности од 50 години и тоа е сосема нормално (овде не е муабетот за крипи луѓе што одат во дискотека само да манијачат). Само кај нас после 25 години луѓето се ставаат во самопрогласена категорија на „стари луѓе“ и за нив е срамота да одат во дискотека. Мене ми е тотално нормално да имаш и 70 години и да играш во дискотека бидејќи освен за општење помеѓу луѓето, дискотеките всушност служат за играње. Да одиме на друг проблем, дури и оние кои одат во дискотека не сакаат да играат и тоа најчесто НЕ е поврзано со тоа дека не знаат да играат туку со заостанатиот менталитет во кој се наоѓаат. Во последно време ретко гледам мешани друштва (девојќи и момчиња) на една маса. Друштво момчиња седи на еден крај, друштво девојќи седат на друг крај и се игнорираат како да се најголеми непријатели. Секој што сака да се запознае со тебе, не мора да значи дека по автоматизам мора да биде со тебе. Затоа ги снема и пријателствата. Ситуацијата во скопје е за завидување во споредба со другите помали градови низ македонија во кои речиси и да нема кафулиња кои се со стоење и не се пренаменети во кафулиња за седење. Не знам колку сте информирани, но во многу од помалите градови кога ќе дојде викенд - нема никој по кафулињата. Не знам која е оваа нова мода во која преку ден кафулињата се преполни со луѓе (што го докажува фактот дека не се работи за немање пари) додека навечер во петок и сабота нема жив човек. Затоа почна насилството континуирано да расте - младите немаат каде да се ослободат од својата енергија. Законите донесени последните неколку години си го направија своето. Почнувајќи со законот за затворање на кафеаните и кафулињата во 1 по полноќ (24 за време на работни денови), продолжувајќи со секакви лиценци, со ограничување на алкохолот со купување во 19h односно 21h. Да му е непријатно на човек спонтано да си собере друштво или да е принуден да прави залихи бидејќи не можеш да купиш едно пиво за да можеш да ги почестиш. Затоа сакам да посочам - не бидете ограничени. Не гледајте го секој кој е поразличен од вас како да ви е најголем пријател. Ако некој сака да игра - нека игра. Ако некој сака да прави било што, треба да научиме дека тоа не е наша работа. Со турските серии почнавме да се враќаме наназад и повторно се вративме со она ограничено и простачко размислување. Намерно не напишав „конзервативно“ зошто ова што се случува и тоа што го има на турските серии е ДААААЛЕКУ од конзервативно, туку оди кон страшна некултура. Она што најмногу ме плаши е тоа што родителиве им дозволуваат на нивните деца да ги гледаат тие турски серии. Се плашам од тоа во што ли ќе прераснат тие деца кои се поттикнати да не гледаат подалеку од носот, да не бидат свои, да бидат исти како сите. Да бидат вклопени во калап на некултурни и простачки вредности. Можеби малку се оддалечив од темата, но ова е многу поврзано со неа. И уште една работа. За да излезеш не ти се потребни премногу пари. Излегување може да значи соберено друштво со шетање во парк или седење во парк со друштво и гитари или музика.
Од забави најдобро си поминувам на Трап журка. Еднаш во 3 месеци што е никаква бројка. Кога одам во друга дискотека нешто ДиЏеј ау бау, си мрдам тело како ми дојде во моментот, не чекам некој друг да почне иако како телиња сите седат а и не зборат ради гласната музика и тоа е еднакво на жив промашај. И видете, ( бар една од работите што ги правам ) ако веќе ВИЕ сте тие кои сакаат да играат у диско, свртете се до тој/таа до вас што стои како дрво, фатете им рака во вашиот ритам, прогоревете ајде бе мрдај за да видам дека си жив/а и така полека сакале или не ќе убидат дека не боли и другите ќе почнат да мрдкаат
Дали доколку на самиот влез на дискотеките стои плакат на кој ќе пишува дека при играње се согоруваат повеќе калории би ја променило ситуацијата ? Јас мислам дека сите би се дупнале од играње
Не. А незнам другачије како би се мотивирале младите како повеќе да играат. Им треба мотивација. Мотиватор ни треба. Газдите на дискотеките треба да превземат нешто. А и плус како што знам, во ниедна дискотека нема подиум за играње. Освен во Вулкан порано, ама веќе таа дискотека не работи. Еден подиум таков, кај што ќе можат да играат, па да видиш како ќе почнат и другите.
Аман бе другари.. има џускање низ Скопјево не се заебавајте. Не можеш да не играш на драменбејз, псај транс или техно. Иначе да, газдите треба да пуштаат по еден ексер на влез или по еден џоинт и се ќе биде во ред.
Играм како со четири леви нозе и една средна рака. А и да знаев да играм, немам каде. Само еднаш во животецов сум била во диско, верувале или не. А секој викенд излегувам и останувам до бааѓи касно. Ама ете, my idea of partying is different. Повеќе сакам да си седнам на некоја клупа со друштво и да се смееме до бесвест. Понекогаш знам на некоја свирка да отидам, и супер ми е и без да играм. Кога ќе слушнам некоја нова група се чувствувам како препородена. Ама тоа се барови, си седиш и си уживаш, без замаранции. Да не ни спомнам дека сум tone deaf и најверојатно заради тоа никако да фатам ритам. А ако правиме муабет за дискотекиве низ Скопјево и местата за излегување на моите врсници, ве молам да не ни правиме муабет. Баш во Локал бев, и тоа на роденден и ниедна песна не знаев. Турбофоооолк до зори драги мои.... Имаше една опасна игра се повторуваше и фатив и јас по нив опасна играаа опасна играаа Комедии. Можам да кажам дека на некој ироничен начин уживав во тоа. Но сепак поубаво би си поминала заглавена во ВЦ со пролив него ли во такви дискотеки. А да, сум била и на транс журка иако сметам дека никогаш не би можела да го разберам трансот како музика. Но тоа си е мое. Единствено што ми се допаѓаше таму беше тоа што секој си беше во свој филм. Транс журка е, duh. Како и да е, јас си сакам лабаво музиче. Pink Floyd, The Smiths, Joy Division... Едно пивце и неколку драги луѓе.
Играње у диско и одма ми иде слика од Тошо Малерот како џуска Шо знам, за машко ако игра ,има геј потези или појма нема од играње.Жена ако игра или е нападна ,тресе газови и сл, или и таа се крши безвезе. А уствари шо беше тоа диско ?
Pa i ne e ova nekoja nacija talentirana za tancuvanje, pokretite im teraat nakaj narodnjachko... vo najdobar sluchaj, nakaj skech od k-15. Podobro neka si sedat koga kje podrazmislam.
Одамна не сум била во диско, од причина што претежно одат малолетници. Понекогаш може да има возрасни, ама повеќето се деца. Не сакам да се туркам и да дремам во загушливи простории.