Неодамна почнав да го читам првиот дел од серијалот и ми текна дека на форумов има тема за серијава а нема за книгиве па еве решив да отворам. Како ја читав книгата така ја гледав првата сезона, епизода по епизода, зависи до каде сум стигната со читањето и правев споредба. Очигледно е дека не се ни споредуваат книгата со серијата и дефинитивно има место за дискусија затоа што многу прашања се неодговорени и многу работи неразјаснети. Епа изволте, на кој му се читани книгите, слободно може да си пишува импресии и впечатоци!