Не знам колку сте запознаени со најновата хит серија на ХБО, Игра на Тронови. Серијата се случува во измислен паралелен свет на нашиот, во кој со целата позната земја владеат 7 кралеви, секој со својот дел и сите му се покоруваат на еден крал кој успеал да ги покори бидејќи неговото кралство ја имало наклонетоста на змејовите. Но сега змејовите се изумрени и неговата династија е прекината! Со кралствата владее друг крал од друга династија а кога и тој умира, настануваат секакви заговори, војни и лажни сојузништва за да се дојде до празниот трон и моќта врз сите 7 кралства. Серијата е проследена со неверојатни компјутерски ефекти а првата сезона е снимана во Ирска и Малта. Втората сезона се снима во Дубровник и Исланд. Можете да ја погледнете онлајн на кинотека.мк http://kinoteka.mk/?p=1203