Џемал (право име Акин) си е нервозен во реален живот. Има скандали и ради алкохол. Му лежат улоги на живчани и троа чакнати типови.
Тој е глумецот од Дива серијата, така ли се викаше со Рејхан девојката ако сум запамтила, многу ми е антипатичен лик, да не пишам одвратен. Серијава денес на кратко ја погледав ама не ми остави некој впечаток, намрштени фаци, ладни, никаква глума и таа во колата го шина од зборење, па синхронизацијата нејзина уши пара.
Махир не знае дека му е син? Чиј син е на слугинка некоја што татко му вели живеел и спиел со работниците во куќава?
Неподнослив лик. Одамна некој толку не ми се гадел. И оној Раџи со жена му. Во секоја серија гадни улоги имаат.
На сител се со истите глумци даваат серии. Или се сличен тип серии бараат кај што одговараат вакви ликови, па ги земаат овие. Никој ли не гледал да каже нешто за понатака? На интернет Нергиз многу ја фалат како глумела, мене многу антипатични фаци и таа ми прави, со сила некако како да глуми, не знам... Гласот на Махир кај нас е многу утнат, исто и на таа досадната Асије. Кај досадно глуми, уште и таков глуп глас со лош акцент и лигавење. Многу лоша е синхронизацијата на серијата, други серии подобри гласови биле. Махир делува како да треба да има некој јак мажествен глас, овој што го синхронизира не доловува колку моќен лик е. Се надевам до крај ќе остане вака срцка, многу ми се допаѓа карактерно каков лик е.
Да стварно е срцка, оние другине тешки идиоти, само буцкаат, се гледаат под око, табор шупелки. За Махир прочепкав дека мајка му починала. Малку и од тука што читав, а башка што не ми остави некој посебен впечаток мислам не би ја догледала. Попрецизно ми открија за Асије што и како ќе е и не ми е мерак да гледам понатаму кога унапред ми преседнаа со прераскажување.
Леле, ама лош избор на глумци посебно на Асије ужас глумица, воопшто не е убава и харизматична не знае ни да глуми. И за Хелин изборот е лош,ама Асије ужас.
Хелин е подобра, Асије катастрофа. Смешно ми е како на ТВ/весници/интернет не прочитаа за убиството и за неа, па со денови така мирно си седи дома кај нив. Небулоза.
Некако овие 2 дена не ја гледам, како да ми стана досадна серијава. Откако видов за крајот што не ми се допадна, решив да не си губам време со гледање.