Ајде едвај ги чекам. 2 пати го сменија датумот на премиерата, како што правеа и за претходните сезони.
Па застрани серијата од книгите, сценариото натаму сами си го пишуваа. Не треба уште една книга да излезе?
Една книга е, а и како што знам имаат режисерите со авторот зборено за крајот и треба да е ист како и во книгата.
Одбил кога го поканиле да е гостин на снимањето Дали не сака да си има работа со кашата која ја направиле? Рекол зафатен е, мора да ја пишува книгата Старо е, ама ај
Така се живее до сто и една. ) Баш сакам да видам што и се спрема на Ајра. Заборавив веќе што се дешаваше во серијата.
И јас не гледам серии по втор пат. Немам нерви. Колку и да ми се допаднала серијата, шанси нема да вртам наново милион епизоди. Има толку многу серии што сакам да ги гледам, па некако не да ми се. Порадо би прочитала што и како беше, на оние Вики-мики има се до детаљ, па ќе се послужам. Дечко ми памти скоро сè, нека раскажува како било, јоло, јас заглавив на Ривердејл.
мене ако ми се бендиса филм или серија, има да ги отепам од вртење... 100, ја имам изгледано 4 пати.. сите сезони... БОЛЕСТ!
Мене ако ме бендиса нешто доволно е еднаш да гледам, се памтам. И после сум од оние шо ги потсетват тие кои заборавиле шо и каде се случило.
Е како па да не... секако во првата епизода ќе не потсетат што се дешавало... јака ти душа што моеш да ја гледаш пак. Јас немам желудник. И само сакам да знам како ќе заврши, и доста беше со ГОТ. И да, почнав да мислам дека е преценета.