Spoiler If you can’t handle me at my Sansa in season 1 then you don’t deserve me at my Sansa in season 8.
Spoiler Она беше сонце во првата сезона, после ја расипаа Ланистерови па ја отсакав. Санса дај ми втора шанса. Не ми е омилен лик, ама она најмногу ми фаќа око да и' парира на Денерис во контрање зашто веројатно е и единствена која не ја гледа со некој заслепувачки восхит. Некако апсолутно одврзаните раце на Дени ме плашат, си има off with your head испади, влече корени.
Spoiler Се плашам да не стане mad queen кога ќе ја дознае вистината Премногу утописки би било да се сложуваат со Џон и да си бидат на iron throne 4евр
Голем дел не сме, и со право. Многу нешта кои требаа да бидат објаснети ги немаше, а малку епизоди се во прашање кога планираат да се одмотува клопчето, во 6 епизода за да ни направат каша попара? Многу дебилни сцени без поента кои не придонесоа на плотот, во центар ставена романсата на Денерис и Џон кои во оваа епизода немаа ич хемија и некако не се вклопуваше во моменталната ситуација воопшто
Spoiler Да, баш истото го помислив и јас. И по The Mad King, повторно Мad Queen. Ќе ги с'сне синовите да го ждернат Џон за појадок. И онака нели гладна година им е. Ќе биде интересно кога ќе дознае Дени, гарант ќе ги снема пеперутките. А плус ако е трудна...шпанска серија која со задоволство ќе се следи. Инаку најјезив момент ми беше сцената со детето на ѕидот и рацете околу него. Баш беше како сцена од "Шепнувачот" на Донато Каризи, ако некој од вас ја има читано книгата.
Spoiler Леле ќути ме извади од памет кога вресна,волуме до крај ми беше пуштен Имаше една слика некаде по нетов,Џон и Дени среќни заедно и држат бебенце ама тоа тешко дека ќе биде Наредниве епизоди ќе траат многу повеќе,само немој да ми збутаат све у една епизода па каша попара да напраат
Јас мислам дека никој нема да седне на тронот. Цело време ми се врти низ глава дека ќе има некаков пресврт со враќање на времето, или вртење на тркалото и повторување на историјата. Некој (веројатно Џон Сноу) ќе стане нов Night King. Ѕидот ќе се изгради од ново. Нови генерации ќе владејат со Вестерос, ќе го издигнат од ново, ќе војуваат за територии се додека не се повтори историјата и новиот Night King ќе се појави и ќе почне нова долга зима. Имаше еден дијалог во почетните сезони кај што викаат нешто во смисла " Зимата отсекогаш доаѓа и си оди. Долго трае, но кога тогаш завршува. И така во круг" И така јас си го врзав во крпче и си се држам до тоа
Spoiler Добра епизода, ко за воведна ама дефинитивно не вредеше за чекањето. Арја и Џон ко да не се виделе 2 дена, а не толку време, цели 10 минути за на овие романсата посветија а во две години имале време посаглам дијалози да им напишат, Сем му кажува на Џон дека е Таргеријан ко уз кафе муабет. On the bright side, Серси коа ќе помислиш дека нема више што да направи се враќа во играта, средбата на Џејми и Бран беше врв и со Тортмунд и дрижината исто, баш ме занима што значеше тој симболот на Вајт вокериве. Мислам дека во 3-4 епизода ќе се случи некој најепик пресврт до сега, и глумецот на Бран изјави дека првата епизода е комедија за останатите, ако на крај испадне телевиса пресента со Дени и Џон на тронот ќе се отрујам, а ништо чудно и тоа да биде пошто ептен хајп има серијата, очигледна е разликата меѓу 1ва и 7ма сезона башка што серијава заслужува уште 2 3 сезони најмалку а не крај и расплет во 6 епизоди.
Spoiler Мене гајле ми е на трон кој ќе седи. Јас чекам Арја и Џендри да се плеснат. Од првава епизода нај впечаток ми остави средбава на Бран и Џејми. Сем му соопштува на Џон кој е и како е ко да му вика "кај си бе да тибам" и тоа 5 минути откако дознава дека му ги погубиле таткото и братот. Fail. Џон отсекогаш ми делувал наивно. Калиси ако дознае кој е Џон, има да го апаат змејој. Санса од ко почна да глуми јака пичкетина почна да ми се допаѓа. Ја засакав од ко го отепаја со Арја Литлфингер минатата сезона. Серси можда лаже дека е трудна. Ама мислам е во план од овој недокваканиов Грејџој да затрудни. И слонојте шо ќе и беа жити се, не мој да ги прежали. И сцената со детето ко врисна ептен крипи беше. Ако во втора епизода не го покажат Најт Кинг не глем поќе. Пошо се е друго е веќе видено со исклучок на "унапредување" на некои ликови, како Санса на пример. И очекувам јак пресврт. Битен лик сезонава сигурно ќе умре. Брон мислам дека ќе убие некој од браќава, мислам дека Тирион ќе биде.
Ја изгледав конечно. Впечатокот ми е следново: Spoiler Очекував дека ќе го прикажат паднатиот ѕид и Night King и некој следен чекор,некој план. Имено, беше досадна стандард епизода навидум, се подготвуваат за војна но не се чинеше така. Санса не ја сака Денерис само поради круната и титулата. Заликува на татко и по малку, одлучна е, но уште има наивно срце. Да не е Арја покрај неа, не би научила на двојна игра. Ајра и Џенџри ми се слатки, и мислам дека Џенџри ќе седне на тронот. Може и Најт Кинг за момент да го почувствува столот, но тоа може да трае кратко. Сем беше притиснат од Брен, побрзо да му се каже вистината на Џон, ако Џон малку си го врати филмот ќе му биде јасно зошто и змејовите го прифатија. На Сем не треба да му биде жал за татко му и брат му воопшто поради тоа што тие двајца не го сакаа него, но Сем не можеше да ја задржи шокираноста од веста, па во очај и болка и под влијание на Брен кој го искористи тоа му кажа на Џон. Серсеи веќе ми е одвратна, мислам дека не е трудна и дека таа ќе остане жива,но протерана некаде далеку. А можеби ќе се случи пресврт па ќе ја убие Џејми. Мислам дека таа ќе направи план да глуми дека е на страна на Денерис и ќе се бори против Најт Кинг, но во исто време ќе ги сврти едни против други и на крај сама себе ќе се закопа. Ми се допаѓа Денерис, но Сем можеби имаше право дали таа е подготвена да се откаже од круната, да биде обичен човек. Но, може и таа пак да остане бремена и да се сврти кругот на гревот како Серсеи и Џејми. Санса: "Што всушност јадат змејовите?" Денерис: "Што им се пријаде." Подобар одговор,амин. Не ја сака, бидејќи треба да и се поклони,а тоа значи откажување од титулата. Еднаш го стори тоа и се сопна, по втор пат тешко. Брен и Џејми имаат незавршена работа. Ќе го гони Џејми тоа што го виде Брен жив. Не верувам дека ќе преживее Џејми. Патем да ве почастам една сликичка од змејот, оваа сцена баш ми беше смешна. Гледам на HBO-GO. Зимата трае само 3 месеци, реално гледано. Но, мислам дека има логика твоето. Само ќе додадам дека има скриена порака во "Мртвиот не може да биде мртов."
Spoiler Пред да почне 7-ма сезона имаше многу, МНОГУ спојлери за таа сезона и сите излегоа точни. Меѓу нив беше и дека Серсеи е бремена и дека ке умре од болест. Погодија дека е бремена е сега за смртта ке видиме. Многу би лејм било ако така умре...
Spoiler Искрено, ко што кажа @WildMk, епизодава беш баш лита... онака, meh... Очекував многу повеќе имајќи предвид дека сепак е финална сезона, а има малку епизоди, па дејството да оди побрзо. Ќе видиме. Има време. Туку, чудно ми е, како очекувавте Сем да му каже на Џон? Мораше да дознае кога тогаш, а правилен начин за кажување нема, сцената беше тотално на место, мене поглупо ми беше кога Џон и Денерис се разлетуваа со змејовине, па романтики на квадрат... глупости.