Епизодава... right in the feels Spoiler: S08E02 Бриен за првпат ја видовме да покаже емоции, посебно да се насмее и да изгледа среќна. Ептен емотивен момент, а Тормунд па како аплаудираше... Многу wholesome лик е, ме пресмеа со приказната за џинот. Арја со Гендри ептен awkward беше за гледање, интересно е колку брутална е како лик и колку души уби досега, ама за сексов сите некако уште ја перцепираме ко дете. Каква тензија и ривалство се осеќа меѓу Дени и Санса, малку дадоа надеж дека ќе се смират ама ништо... И изгледа инцестов ко добро утро стана во серијата, ни Џон ни Дени не помислија на сродството кога ја дознаа вистината за неговото потекло, туку на тронот. Многу bittersweet сцени имаше кои изгледаат ко збогување со ликовите и по нет ги толкуваат ко foreshadowing - Бриен, Мисандеи и Греј Ворм со соништата за понатаму, Лиана Мормонт и Џора, Тион кој инсистираше да го пази Брен... Ќе биде тешко наредната епизода, за никого не би ми било сеедно. Spoiler: Spoilers without context :D
Spoiler: С08Е02 Дормунд е закон лик со неговите муабети за Бриен, ме насмеја ептен . Имаше многу добри дијалози епизодава Санса и Денарис, Сем, Џон и Едисон последните преживеани од ноќната стража. Бриен за витез многу убава сцена, заслужи конечно, моментот беше посебен што Џејми ја назначи за витез. Денерис е во конфликт сега сама со себе и со Џон. Мислам бура и се случува во главата. Изреагираа луто, а и како кога конечно е толку блиску, а опасност и е некој што го сака и кому дошла да помогне. Мислам дека ке има некој пресврт тука, на крај можеби борбата ке е меѓу нив двајцата за престолот, некој ке премине на страната на Џон, некој ке остане со Денерис. Денерис со Дрогон, Џон со Висерис. Или пак Денерис ке се претвори во Лудата Кралица и Џон ке ја убие за да ги спаси луѓето. Во секој случај мислам дека нема да заврши со битки помеѓу луѓето и белите шетачи, туку помеѓу луѓето.
Spoiler Емотивна епизода, не припремаат за тоа што следи...45 мин од епизодата ќе биле битката со The night king a вкупно ке траела 80 минути Најемотивниот момент ми беше средбата на Тион и Санса,исто така кога Бриен стана витез. Сцената на Ариа и Гендри предизивика ептен бурни реакции на твитер, дури некои ја прогласија за нешто највознемирувачко што се случило во серијата Од инцести, силувања,убиства,најнормална секс сцена ги вознемири скоро сите, не можам Според мене сцената не беше ништо погрешно, решија да ни покажат некоја човечка страна на Арја, а не само желбата за убиства. Претпоставувам дека во наредната Бриен,Гендри и Тион ке умрат...
До толку ми има влезено серијава под кожа што веќе сум анксиозна, гледајќи ја втората епизода, а изчекувајќи ја третата . Вторава ни ја покажа "душата" на серијата, а третата ќе ни го земе сонот. Ежење момент беше пеењето на Поџрик и сцените, најсмешен беше Тордмунд со млекото лол сум се пресмеала.
Spoiler: Сезона осма, епизода втора Уште една „мех“ епизода, но сепак подобра од првата. Reunions, смирувања, зближување, простување од животот, awkward секс-сцени... Сериозно, нема човек кој не беше вознемирен од сцената со Арја и Гендри. Можда причината е што ја знаеме уште од дете - претпоставувам дека би ни било непријатно и од ликови од Хари Потер у експлицитна steamy акција - ама мене највише од све ми сметаше тоа што сцената не беше воопшто природна, ниту пак имаше некаква логична прогресија и развој на приказната. Како да беше убацена само за да предизвика реакции и генерира traffic на социјални мрежи. Имаше доста генерички и cringy моменти, меѓу кои и сцената у која Џон драматично ја чека Дени да дојде и да го најде како стои пред гробот на неговата мајка - за да и’ соопшти дека се related. И сериозно, првата и едниствена работа која и’ текна на Дени е дека тој е (по)легитимен наследник на тронот? Ни збор за тоа дека се роднини, а имале секс. #noregrets Мислам, не е дека инцестот е вообичаен, дури ни за Вестерос - Џејми и Серсеи се криеја, а луѓето наголемо ги осудуваа за тоа. А сега, одеднаш, it's not a big deal, don't worry about it. Него, со тронот шу праиме? Тирион, со пунењето на пехарите, и Тормуд, кој несакајќи го измисли феминизмот и еднаквоста , се единствените ликови кои донекаде ја извадија епизодава од просечност. И песната на Подрик, одлична за boost на моралот. Океј, можеше да биде и полошо, можеше да се појави Ед Ширан да ја запее. У однос на настаните кои ни претстојат - не верувам (т.е. не сакам да верувам) дека се’ ќе заврши со нешто толку генеричко како битка против доброто и злото - White Walkers да бидат поразени и сите да живеат среќно до крајот на животите - стварно не очекувам LoTR крај. Сакам да бидам изненаден, ама не само ради sake of surprise, него да има некаков осмислен и логичен, а сепак нечекуван пресврт. Тезата дека The Others сакаат да го уништат Брен затоа што тој ја има колективната меморија од целото човештво ми беше... не знам. Како да ја измислиле на пауза за кафе. Многу мрчам, знам, ама криво ми е што серија со огромен потенцијал и одлична приказна спадна на просечно ниво, и се’ тоа затоа што Мартин го мрзеше да ги допише книгите. Сепак, надежта останува, има уште 4 епизоди до крај.
Инаку, мислам дека Дани ќе увиде дека не можат да го победат Најт кинг, многу од најспособните ќе умрат, и колку што се може луѓе ќе се товарат на змејовите да се повлечат на железните острови кои што ги спрема Тара. Можно е и Дајнерис да умре и на сите да ни ебе матер серијава што не прави анксиозни. Дрогон ќе се бори против Висерис, а Гоус против Самер. Најмириа исто така очекувам да има улога при оваа борба заедно со цел чопор пред се бранејќи ја Арја. Исто така очекувам и појава на Мелисандре и мислам дека таа клучен момент ќе има у одбраната. Како и да е, овие ликови што ги видовме сега во овие 2 епизоди, ќе бидат повеќето мртви, а вистинската борба ќе биде Серси и Најт Кинг.
Spoiler Најт Кинг го има Висерис, Дрогон и Рејгар се живите змејови. Емотивна ми беше епизодата, иако имаше неочекувани ситуации. Затишје пред бура, се знае дека следи најважната битка. И чудно, како сите се спремни да умрат. Ама Денерис ми оди на нерви. Тронот и е секако најбитен, колку и да сакаше да ја увери Санса дека е тука за да му помогне на Џон. Само сака да го тргне Најт Кинг од патот, после на раат да си го земе тронот, оти Серси не е достоен противник. Барем таа така мисли. А Серси ми е типичен пример за човекот на денешницава, опортунист, себичен и саможивен, од секоја ситуација гледа да искористи за себе, по секој цена да остане на врвот. Сепак, очекував многу повеќе.
Исто така, светот на GoT е огромен, не е дека Iron Islands се едниственото место на кое може да избегаат од Вајт Вокерс. Во серијата стигаме до Essos и Qarth најдалеку, а има отприлика уште толку од тој континент, плус цел неизстражен континент доле, Sothoryos. Реално, не е дека нема места за бегање.
Да, но, се се совпаѓа со тоа што Тара отиде да ги преземе, алудирајќи на тоа дека најбезбедно е таму да се повлече кралицата при неуспех. Нема време серијата да развива и покажува нови места веќе, освен можеби ако Мелисанде и Греј Ворм избегаат за Наат. @John Snow , по 1 рог за сите на 1 змеј може и 5 автобуси на 1 змеј хаха. П.с, зафатено е името Jon Snow или си го утнал никот ?
Не би го ставила следново во спојлер, пошто само се некои тези и теории, кои до некаде имаат смисла. Се согласувам со @1992g во врска со Мелисандре, дека ќе се појави кога битката ќе биди речиси загубена и ќе се направи пресврт. Lord of the light против злото. Мора да има некакво значење вториот живот на Џон Сноу, не го имаше Мелисандре вратено од мртвите, само за да се плеснат со тетка му и пак да почине. Ќе одигра многу битно нешто а тоа е мислам следново. По оживувањето М. му имаше кажано меѓу другото, кога ќе дојде времето, да се запали боговската шума, заради живите. Брен имаше средба со Најт Кинг на истото место, и сега пак го очекува таму. Најт Кинг не умира од змејовиот оган, пошто имаше сцени нели каде без проблем минува преку огнот. Теоријата е дека тој ќе умре, а и целата негова војска од мртви, кога шумата ќе изгори, заедно со се дрвото, на кое беше врзан првенствено и претворен во ова што е сега. За таа цел, жртвено јагне ќе биде Брен.
Spoiler Буквално затишје пред бура. Уживав во епизодава пошто знам дека во следната најмалку 2ца фаворити ќе заминат. Сезонава некако со многу повеќе хумор се служи. Досега беше посериозна серијава, а сега има вметнато хумор во секоја сцена по малку Тормунд не го можам веќе Нема сериозна сцена со него Дијалозите и некои без врска сцени се каде каде подосадни за разлика од првите сезони, и може затоа хуморот го засилиле. Прочитав теорија... Spoiler: Теорија на заговор На крај нема ни вокерите, ни Серси да биде негативец, туку за жал Дени. Таа како му е напната на тронов, што нема шанси да попушти па ќе настане војна помеѓу неа и Џон. Во првата епизода нели двајцата летаа на змејовите. Таа секогаш си лета само со едниот, а овој другиот не може да го контролира, епа ете Џон го јавна. Сцената сигурно на тоа алудираше, дека и змејовите ќе се поделат еден со Џон, еден со Денерис. Ќе се поделат и луѓето. Кој ваму, кој таму на крај Џон ќе победи. Гледајќи како се однесува Денерис во последно време, може ќе има нешто и од оваа теорија што ќе се исплони. Среќен крај сигурно нема да има за сите. За сцената со Арја сите пишуваат дека додека ја гледале се чувствувале како да ја фатиле родената помала сестра во такво издание
https://www.google.com/amp/s/www.ny...es-season-8-premiere-dragon-jon-snow.amp.html https://www.bustle.com/p/who-can-ri...ore-complicated-than-you-might-think-17131157 Eдна од главните премиси во серијата е дека само Таргариенци можат да јаваат змеј, и по тоа се познава кој е вистински Таргариен. За тоа што викаш, дека било кој може да јава змеј и дека сите јавале змеј, не се сеќавам. Ќе ја погледнам пак последната епизода од седма сезона, ама не верувам.
Грешка, на Регар мислев. Инаку туку така Џон да загине не верувам, не за џабе го вратија од мртвите, за да пак загине туку така. Ке има многу битна улога јас мислам од едноставно борење со армијата на мртвите. И јас мислам дека Мелисандре ке се појави и ке има битна улога во битката, да не беше така ке ја егзекутираше Џон во 7ма сезона или Сер Давос.