Мене ми е најјако кога ќе убедам некој нов да ја гледа серијава, па ми кажува теории како мисли дека ќе се одвива дејството понатака. Роб или Нед ќе бидат на престолот, Џофри ќе им прави проблем, Денерис ќе ја снема, и вознемирени се од сцената со златната круна и братот на Денерис...Еј, зар глави ликови умираат? Како да им кажам дека допрва ги чекаат трауми од типот на сцената со Нед Старк, red wedding, purple wedding, Hodor, ќерка му на Станис...
На НBO - GO гледам и јас. И плус има за ликовите рецензии, за куќите... Зад сцената даваат. Јас мислам дека Најт Кинг е Таргаријен.
Јас мислам дека приказната за Најт Кинг ја чуваат за на крај, бидејќи тоа е моментално најинтересното во сетијата и сите чекаат на тоа. Најт Кинг како што реков и погоре, е Старк, а не Таргеријан. Пред да почне сезоната, од продукцијата, т.е. кажа и Мејси, дека на крајот ќе ја поделат публиката. Ќе се случи нешто неочекувано, што ќе ја подели публиката.
Некако не ми се вклопува таа теорија во приказната. Најт Кинг имаше шанса неколку пати да го убие Џон Сноу, ама не го стори тоа. Особено кога Џон ги пренесуваше дивјаците преку езерото. Некако многу лесно му се измолкнува при секоја средба. Нема таков што се сретнал со Најт Кинг повеќе пати од Џон и успеал да остане жив. Мислам дека намерно го остава да избега. Да му беше Џон татко и да сакаше да го спречи своето раѓање ќе го убиеше одамна. Немаше да чека да го прави со Денерис, за после да се убие сам себе во бебешка верзија. Ама бидејќи Најт Кинг обожава бебиња, се' си мислам дека ќе го земе или бебето на Џон или бебето на Церси, а можда и двете бебиња. А каде се бебињата откако ќе ги претвори во шетачи? Демек тие бебиња растат? Или можеби не ги претвора во шетачи, туку во нешто друго, слично на него, пример во негови синови. Најт Кинг наместо да чека да се зацврсти мразот за да ги убие Џон и екипата, можеше да фрли со тоа копјето по нив како што направи со змејот.
Таа делба јас ја разбирам како борба меѓу Денерис и Џон, еден против друг за тронот. Бидејќи тие двајца се миленици на гледачите, па како би се поделиле гледачите на друг начин, ако не со навивање за својот миленик?
Тие бебиња се всушност Wights, војсководците на night king, тие со бела коса и сини очи. Секогаш се на чело на армијата и баш сега и беа прикажани како се подредени пред Winterfell на крајот на 2 ра епозода.
Денерис беше веќе миленик на гледачите. Веќе не е од 6та и 7ма сезона. Повеќе би било помеѓу Најт Кинг и Џон. Тие се сега миленици на гледачите.
Не, тие деца се од тој таткото на жената Сам што ја зема (т.е и нејзиниот татко)и нејзиното дете, е детето нејзино дека машко требаше да е на Најт Кинг, Нели ако се роди женско го чува за инцестуозен приплод, ако се роди машко го жртвува на Најт Кинг со цел да го остави намира да живее позади ѕидот.
Детето на Гили е мало, а овие се воздрасни. Ајде можеби дека се од првите деца на Кастер, па пораснале. Тогаш каде се оние со приближна воздраст на малиот Сем?
Акo мoже дa се вклучaм вo дискусијaвa... Мoетo мислење oкoлу Нaјт Кинг се темели бa змејoвите... Пoштo сaмo Тaргеријaн мoже дa летa нa змеј никoј друг... А зa крaјoт кoј ќе седи нa трoнoт... Мислaм декa Џoн ќе јa убие Дaни пoштo oнa ќе скрене oд мoќ, a oн ќе зaгине спaсувaјќи некoј... И ќе зaгине зaсекoгaш тaa куќa... А нa трoнoт ќе биде Гендри Бaрaтеoн. Знaм имaм гoлемa имaгинaцијa хaхa.
Јас мислам дека Серси ќе си остане на тронот, откако ќе ги испоубие сите. Мислам дека војската нејзина ќе ја претвори во зомбиња, како што е Sir Gregor, и борбата ќе биде мртовци против зомби
Некако чудни ми беа двете епизоди,доста комични моменти имаше,што не е својствено на ГОТ. Се гледа дека приказната е осмислена од филмски сценаристи и дека малку ги искомерцијализирале ликовите...