Како и го спопика на Серсеи Тајвин. А колку му се ситеше на Тирион, ако и е. Тирион и Санса, пар снова. Интересно се развива сезонава, некако ми е поинтересна од првите две, мислам дека се движат во одличен правец.
Тајвин ми е многу добар негативец, се надевам дека нема да го скинат сезонава. Малку ми се нејасни некои работи, премногу ликови има во новава сезона, а во еден час не можат да им дадат квалитетно време на сите. Чекам да ја видам битката на крајот од сезоната. Нема да се знае кој од каде мава и со што Дајнерис иако ги има змејовите и армијата, сепак мислам дека нема толку лесно да помине и да освојува како што намислила.
Добра епизода, само фали Денирис не ја дадоа, се помалку ја има, очигледно спремаат жесток крај со неа. Ми се допаѓа бабичката на Марџари, многу остроумна жена, како му плесна в лице на овој Тејвин. Конечно Џон Сноу има некоја подобра улога во серијава, ако не друго барем убав пар се со дивјачкава. Него кога ќе го скратат за глава Џофри аман што мака му беше сега црвенокосава па така ја изрешети.Жал ми е за неа, добра беше. Трион како и секогаш одличен ми е, колку ми беше жалче кога се думаше како да и каже на Санса пред неговата љубена, убаво го наместија...сепак мислам дека нема да испадне ништо од бракот. Арија, мислам дека таа ќе биде онаа која ќе им ги скрати маките на Џофри и дружината, така ми личеше според она што го кажа вештерката. И сега уште 4 епизоди, не е фер само што почна веќе ќе заврши.
И јас ја почнав серијата. За некој ден ќе завршам со прва сезона па ќе можам да ви се придружам во дискусијата. Прашање: По која цена можат да се најдат книгите на англиски?
И јас почнав да ја гледам од пред некој ден, денес ќе ја догледам третата епизода, вчера заспав. Интересна е ма да се ми е натрупано, имињата уште не можам да им ги запомнам на сите и кој со што како. Книгите не сум ги читала, можеби затоа не ми се јасни некои работи. Многу крваво почна, со отсекување глави, па не го ни слушнаа човекот што има да каже, не му поверуваа дека ги видел белите шетачи, а сите знаат дека постоеле. Ја убија волчицата Лејди само зашто идниот принц беше мочко и плачко. Ама ми се допадна како волците ја бранат фамилијата, одма за врат го кинат непријателот И многу секс сцени бе, до сега само доги стајл, па и тоа женските, све ги бирале згодни јебозовни, а и така глумат, мислиш порнич гледаш Тие близнаците во реален живот баш си одговараат како пар ама у филмов кога ги гледам у секс сцени некако одбивно ми доаѓа,инцест е премногу за филмов, се си мислам дека на крај ќе испадне дека не се брат и сестра, како во некоја шпанска серија.
Филмов е перфекција. Пред недела дена почнав да го гледам. Сега сум втората сезона и вчера останавме со дечко ми до 3 после полноќ за да изгледаме три епизоди. Омилен лик ми е оваа што спие со брат и, кралицата на крал Роберт. Значи женава е извор на лошото. Се разбира не ми е за тоа омилена туку дека глуми одлично. Како вешто го доловува ликот алал нека и е. А и ептен ми е убава и целата таква секси. Спротивно од неа, брат и плавушот ми е крајно антипатичен. Џуџето досега ми изгледа како да не е толку злобно како овие гореспоменатите ама може и тоа му е само маска за да успее. Ама несомнено е дека е паметен. Семејството на Нед според мене навистина се пример за чесноста и лојалноста која постоела во тоа време. До сега секоја нивна постапка е издржана и праведна. Може и тоа ќе ги однесе сите во амбис. Малечкото дете кое не може да оди ми е најслатко, а и Арија - сакам вакви девојчиња машкуданки. Волците им се уф. Дајнеирис чувствувам дека има некои јаки фрустрации кои ги влече од татко и mad King и брат и. Едвај чекам да ги видам тие белите луѓе. Малку им ги памтам имињата на ликовите.
Грејџој си го добива тоа што го заслужил,како можеше да помисли да го заземе Винтерфол и да ги убие сите таму со кој израснал. Тие што го мачат се од Северот, тој главен што им е, е кполе на Болтон( Болтон моментално е десна рака на Роб Старк ). ќе се случат интересни рабти таму да не ви го расипувам филмот со додатни информации
Wow леле каква беше последната епизода прејка жими се поопоо Денерис е најака жими се ги обожавам епизодите со неа.. Spoiler Знаев дека онај нема да проба да ја убие и она шо му е помошничка многу ја сакам срцка е вкрај...за Санса ми падна многу жал ама ко ке глупа ко не замина онај кралот одвратно детиште клето пи*ка во душата ама ке го заколат него кај да е Леле она психопат колку е ја заборајв со наметката црвена мене страв ме фака само ко ке ја гледам онај па ко земен е по неа
И јас сакам Денерис да ми ја даваат почесто, најинтересна е некако али факт е дека се премногу ликови и неможе да ги вклопат сите во една епизода, па чак и во две ги нема по некад. Убедливо најубава улога ми има џуџето Таирион, одлична комбинација на хумор и интелегенција, но и односот кон Санса последнава епизода му беше прекрасен Мој омилен лик дефинитивно. А најубав ми е Џон Сноу и баш ми се мили со џенска му (да се надеваме дека нема да го зезне на крај). Одвај чекам нова епизода. Малце ми се мене тие нивни 55 минути, сакам уште! Следната епизода е на 2 јуни, претпоследна А да, и me, me
Нема, ќе прават пауза од две недели. И после две епизоди и толку. Уф, ама ми е мило за Теон, предавничко и алчно копиле, ако му е. А оној на Денерис новиот..
Па Grayjoy го нападна Winterfell и уби две деца , и сега го мачат поради тоа што решил да се заебава со северот , Nobody fucks with the north ! , Тој па Ramsay е психопат жив ..... како што викаат на другите форуми ќе гледаме уште доста од тоа , Poor Theon Инаку ми се допаѓа све повеќе и повеќе серијата , сега тоа со црвците изгледа тие 3 имиња што ги спомна Станис ќе умрат ако добро мислам .... али ќе видиме , сега наредна епизода е Red Weading како што ја викаат каде што ќе е една од клучните епизоди за оваа сезона (Секоја сезона има клуч во првата 9 Епизода Нед што го убија , во втора 9 епизода битката со станис и сега Red Weading ) Друго што убаво направија Sansa да биде кучка , со прерасуди за џуџето , голем дел ја мразат на другите форуми како и јас .
What the hell just happened? Spoiler Ова дефинитивно не и требаше на серијава. Јас сум се`уште под импресии, не можам да се соземам од епизодава. Па добро бе, зошто секогаш Starks се жртвите на се`? Таман си реков се` се врати во нормала, нема да има никакви проблеми, овој си зеде убава жена и оп ете ти неочекуван крај. Па стварно нема смисла.
Одамна ме нема.. но на оваа тематика не одолеав да не пишам... Прво... земам здив... и викам.... санофаган! Што се случи? Останав без зборови... Кој ќе дочека до понеделник следната недела? А послем кој пак ќе дочека до следната сезона??? Земам книгите и тоа е тоа летово. Немам трпение до следната година. Инаку, дефинитивно малку е хаотично со фамилиите, а мора да се прати секој детаљ. Секој збор, секој дијалог е значаен, дури и да изгледа така... пролазно... Барав на интернет на јутјуб и налетав на еден канал на комикбукгрл19, каде што девојката прави резиме за фамилиите... тоа доста ми помогна за да навлезам подетално... и оној кој ги нема читано книгите може да дознае интересни извадоци кои што не ги прикажале во сериите... само што го има извадено дел 1 за Старк.... интересно... Едно знам - другарка ми ги има читано книгите, и ми кажа дека сезона 3 и сезона 4 (тоа се една книга) ќе бидат феноменални со страшни пресврти! Едвај чекам....
Spoiler Дали ова стварно се случи поооо прејакооо не го очекував воопшто Старк секогаш страдат жал ми е најпојке за жена му на Роб преуба ми беше
Неможам да се соземам. Spoiler Ја мразам епизодава. Сцената кога оној дебилот ја прободи на Роб жена му ич неможам да го сварам. Се тресам од бес и се надевам дека на Фреј му предстои бавна и болна смрт. Ама Кејтлин има светски шамар тоа сигурно.
Spoiler Мене ми беше јасно дека ќе умре Роб уште кога Црвенокосата ги фрли црвците во оган да прснат и изгорат. Ама рачунав нешто како ќе изгорат или ќе умре од некое сениште или слично. Бог да чува тој нити во Хари Потер не го сакав нит тука .... а баш сакав и девојчето да стигне на време и да ги види сите оно пред очи ги покосиа .... Ништо сеа уште Џуџето и Станис ми останаа како фаворити ....
Spoiler ^Јас разбрав од братучед ми него книгите му биле читани. Ама не знаев дека волку брутално ќе биде бре! Мене додека не ми ја чепкат Денерис јас ќе гледам!