А штo стaнa пaк сo гoуст вoлкoт... Јaс не знaм штo мaјкa бaрaше тaму нa пoчетoкoт нa епизoдaтa... Штo мoже oн дa нaпрaви без дрaгoн глaс... Единo aкo бил нa зaбaр и педикир.
И јас мислам требаше Мартин да го почекаат да ги доврши книгите Едноминотно молчење за жртвите...(иако ги очекував повеќе).... Моментот кога... Spoiler Тион си знаеше дека ќе умре, ама сепак со последни сили тргна накај копилето Инаку Брен wtf???? Знаеше дека Night king ќе дојде по него, па зошто побогу го жртвуваше Тион и останатите? Требаше сам да дреме под дрво и да го чека...И што беше сцената кога леташе со гавраните? На Тион душата му падна бранејќи го него, за што? Фак офф Брен....Уствари сега тој ќе биде следен Night king? Дени и Џон заглавија низ бура и со саати ги немаше. Мачни и мрачни ми беа сцените со нив на небо. Очекував дека повеќе ќе ги прикажат....Не сфатив дали едниот змеј умре? Моментот со Арја ми беше прејак...Хероина Само се прашувам како дојде до Night king? Оние околу него се слепи? Мелисандре Она кога Џон кога си помина покрај Сем кога го давеа вокерите Ок сигурно не му беше сеедно, ама баш беше ладнокрвен Сем очекував секоја секунда од епизодава да умре И Бриен НЕ умре А мислев ќе умре пошто претходнава епизода беше емотивно прврзана за неа. Епизодава општо ми се свиде и цело време бев напната дур ја гледав. Малку ми беше темна сликата и едвај гледав што се дешава, ама читам дека кај сите била така Прочитав теорија за оваа епизода дека можно е Night king прво да отиде кај Серси, да ја убие цела нејзина војска и на оној арогантниот, па и нив да ги донесе во борбава како вокери Тоа ќе беше зафркнато, ама не се случи... п.с. Е сега почнува борбата за престол
Добро скоро цела епизода не можев да сфатам што се случува од што беше темно и не можев да видам кој умрел Spoiler: 08х03 Добро бе озбилно толку брутално ми ја убија Лиана Мормонт Мелисандре знаев дека ќе има битна улога епизодава, ама скрос не очекував дека плот твистот ќе биде со Арја. Инаку дали дека биткава во епизодава ја споредуваа со битката на Helms deep од LOTR па очекувавме сите толку многу, ама у главно пак ќе кажам дека сум задоволна. Очекував повеќе мртви од побитниве ликови, ама допрва ќе има битка во кингс лендинг, така да следуваат уште емоционални тешки моменти. Цела епизода се осеќав напната, исчекував да видам како ќе се одвиваат настаните, ама не заплакав. Гоуст го имаше само на почеток, не трошеле пари на него И секако заборавив да спомнам, колку беше очекувано дека ќе станат мртвите во криптите Џон и Дени у епизодава скоро небитни, си леткаа. Дотраките седум сезони ги носат, на крај први ги жртвуваа и за 2 минути ги снема. И така жал ми е за овие што умреа, смртта на Теон највеќе ме погоди, меѓутоа беше очекувана. Ама епизодава остави толку многу прашања, се надевам ќе бидат разјаснети. Гледам во наредната еп Дени оди во напад, ама скроз нејасно ми е со која војска Ама ќе си почекаме до наредна епизода. Претпоставка дека Јара ќе и помогне, а можеби и младиот тип, што го остави во slaver's bay да чува мир, да дојде со некоја војска.
Spoiler: S08e03 Епизодава не беше најдобра, иако во мое мислење, неопходна. Што не ми се допадна е шо 80% од времето јас не гледав шо се случва. Како и да е, јуначки ја догледав и три пати вратив да видам како Аја убива Најт Кинг. Во исто време ми е криво зошто умре, баш сакав да застани на тронот, ама од друга страна Аја ми е еден од ликовите кои многу ги сакам, и мислев дека ќе умри и ова ми беше најзадоволувачки пресврт.
Не зезајте бе, мене ми беше солидна епизодата, очекував повеќе убиени од главните ликови ама сепак напната бев цело време Spoiler За Арја уште кога рече Мелисандре "you've killed brown eyes, green eyes, and blue eyes" се насетуваше, али она кога го уби Најт Кинг беше доста неочекувано и... лесно Дотогаш стопати мислев дека ќе ја растргнат, ама на крај испадна херојот на епизодата Најболна беше сцената со џинот, R.I.P. Лиана Барем имаше нај badass смрт можеби во цела серија, каква што беше и она, убивајќи џин Тирион и Санса кога се криеја, не знам зошто али на момент мислев ќе се самоубијат Многу ми се sweet и underrated, Тирион го обожавам од почеток и баш ми се емотивни дијалозите меѓу нив. Џон и Дени ништо посебно, се мачеа цела епизода со змејовите Meлисандре се искупи за сè од порано Греј Ворм, Бриен, Тормунд, па и Џејми мислев дека ќе умрат, сосе сите во криптите И да, мислев дека само мене ми била толку темна снимката, пошто my impatient ass не може да чека даунлод туку гледам на првата можна онлајн страна Едвај се следеше поголемиот дел од битката
Spoiler: Спојлер Не знам зошто сите се толку разочарани од епизодата и мислат дека е антиклчимактично, но имајте на ум колку беше подолга од другите епизоди и всушност мнгоу се случи. Инаку тоа со Арја беше доста очекувано, бидејќи таа помина сезони учејќи како да се бори, да убива, да биде како мачка и слично. Дури и на почетокот на оваа епизода во сцената во библиотеката можеме да видеме колку брза и тивка. Имајте на ум дека тие зомбињата не размислуваат туку дека Најт Кинг ги команда, па тие беа на пауза ставени во тој момент. Мислам дека беше една од најмоќно направените епизоди посебно со тоа што беше темно. Имајќи во предвид дека ова не е битка со две цивилизирани армии туку со нечовечки суштества, баш доловија колку е тешко да се бориш против некој кој што не се плаши од смртта и колку се побројни и надмоќни. Некои беа разочарани како Џон не го убил Најт Кинг, па тој толку направи да стигнат сите до тој степен да можат да се борат со него и не мора секогаш тој да биде херојот. Инаку на тронот сакам Санса и Тирион како пар да застанат, бидејќи и двајцата се добри владетели кои размислуваат и се грижат за луѓето, и не се освојчувачи како Денерис или пак бранители како Џон.
Spoiler Се разочарав, очекував повеќе. Во една битка заврши она што го форсираа 7 сезони. На крај ќе испаде Церси пострашен противник од Најт Кинг, и најпаметен, бидејќи џабе им беше цела војска. Таа барем си ја сочува својата војска.
Spoiler Ме интересира со која војска сега Даенерис ќе ја нападне Серси? Мислам дека има само еден змеј, дотраките ги нема, ансалид можеби во ептен мала бројка, дивјаци и нешто од северов?
Мислам дека мал дел од војската остана во заливот на змејовите. Исто така не го заборавајте Даарио Нахарис, кого го остави да владее со Марииин. И таму има војска.
И кнезот од Орлово гнездо, нигде не го видов ? Династијата на Мартел т.е тоа што остана од нив од Дорн исто така би сакале против Серси да се борат чинам.
Него и кнезот што одби да го спаси Литлфингр. Сигурно и таму има војска. Како и да е, ќе се насобере. Она што го знам е дека после биткава со смртта, битка со ланистеровата војска и златните трупи ќе ни се види скроз безстрашна.
Сама се потсетувам на сцените од небо со Денерис и Џон, и се се смеам Знаете кога имате комшар, па не гледате убаво, па малги околу вас, се е темно, само слушате звуци, а не знаете од каде доаѓаат... па летате на небо со змеј??? Е такви беа овие двајца цела епизода Сега кога ќе ми текне...WTFFF??? Што правеа по ѓаволите? Како можеа толку да се заглават и да бидат небитни? Наместо да ги спржат овие долу, тие кутрите во друг универзум заминаа Spoiler: RIP п.с. Ходор се појави некаде? Од темницата ништо не видов... п.с.2. Се потрудиле, не викам не.
Spoiler Дали Ајра ќе ја убие и Серси? brown eyes- Волдер Фреј, blue eyes- Најт кинг, green eyes- Серси Што мислите м
Мене епизодата ми беше топ топови. А поучена од вас тука, си опнав брајтнес на максимум и гледав како човек. И се убив од пцуење по сите. Spoiler Џон и Дени изгубени над облаците. Стратегијата нивна со змејовите не им беше најосмислена, ама ок... All odds were in their favor. Да видиме до кога. Имаа факинг среќа, само тоа.
Spoiler: 8x03 Јас мислам дека епизодата беше супер, ептен добро направена. Очекував повеќе во врска сo The Night King и мртвите, мислам ги чекавме толку сезони и очекував дека ќе ги има до крајот на самата серија ама ете ги средија во една епизода. Во секој случај не сум разочарана. Очекував дека Џон ќе биде директно вклучен во битката, но тој одлучи да си го јава змејот..Мислам дека Night King правеше нешто што и им отежнуваше на Џон и Денерис додека беа на змејовите, затоа се изгубија толку. Премногу беше темна целата епизода, едвај гледав.. Смртта на Лијана и Тион ме погодија најмногу, Лијана загина како најголем badass ever. Mислев дека повеќе важни ликови ќе умрат, но очигледно не чуваат за крајот. И Ариа, мојот омилен лик уште од самиот почеток. Буквално вриснав кога ја видов како скокна врз него. Ептен ми е мило што таа го среди и ја заврши целата работа.Најсмешен момент ми беше кога Денерис се обиде да го запали The night king а тој само и се насмевна и исто кога Џон се сврте кон змејот и почна да вришти Не верувам дека Ариа ке биде таа што ќе ја убие Серси, колку и да сакам да е..