За дупки и пропусти, имало и ќе има. Она што го поттикнува незадоволството мислам е тоа што ова беше долго очекувана сезона и сите имаа свои теории и очекувања кои не може ама баш сите да бидат исполнети. Секој си имал свои замисли, ама па кој и да работел на сезонава, пак во нечии очи немало да биде доволно добра. Spoiler Кој друг ако не Арја? Ја спремаа сезони уназад, прашање е дали има поспремен и повешт за убивање од неа. И на Џон тука му ставам знак прашалник. Сосема очекувано беше Арја да го смачка Најт Кинг, или еве по мое и Џон да беше ОК ќе беше. Ако беше Калиси ќе беше комедија таа да го убие, пошто е немоќна и без змајчињата одамна ќе и летнеше глава. Генерално епизодава беше ОК, според мене, сега да кажам што не ми се допадна. Спомна некој погоре, јас ќе повторам, глупо беше тоа што Арја таква цела преплашена се крие и се тресе од зомбиња, а на Најт Кинг му рипна без гајле небаре Гендри е. Од Бран ако не дадат објаснување кај бараше wifi цела епизода стварно нема смисла. Треба да му се обрне повеќе внимание. Битен лик е. Тронот е повеќе пати споменуван од Бран што има уста отворено. Џон цела епизода наваму натаму ко домаќинка гости да чека, ништо битно не направи. Барем живот некому да спасеше. Клегејн и Берик покорисни беа од него епизодава. Санса и Тирион сцената ми се допадна кога му рече You were the best of them all. Во прва сезона Тирион ми беше антипатичен, ама кога ми текна дека има смисла се што кажува ми стана омилен. Исто и Џејми колку го хејтав на почеток. За двајцава браќа ми се сменило мислењето кон тотално спротивно. Варис не е ко порано. Очигледно е дека во поглед на ликови серијава опадна последниве 2,3 сезони. Ги нема истите муабети. Некако сите се помутави него што беа. Давос инаку не знам зошто не умре. За туршија чуваат неколку непотребни ликови, што на левел статисти се опаднати. Red woman прописно ја вметнале за да и го видиме крајот, оти па ептен глупо ќе беше да заврши серијава, а да не се знае што биднало со неа. Лијана Мормонт беспотребно умре, можеа да ја поштедат, барем неа. Еве јас Мисандеи ја давам за замена, нека ја вратат Лијана. Теон беше добар, ама репликите на Бран стварно непотребни. Подобро да молчеше само да се погледнеа во очи со Теон. Бран кога треба да збори, молчи, а кога треба да молчи, зборува. Добар човек си Теон, ој сега умри а јас ќе те гледам. Не ми се допаѓа што цела сезона ја спакувале во само 6 епизоди. Добро ќе беше прво против Серси, а третава против Најт Кинг да беше последна или претпоследна епизода, ама за ова требаше да ја наредат уште минатата сезона.
Spoiler Арја немаше допир со никој нив, со никој од белите шетачи, Џон отиде на ѕидот, Џон ги виде, се бореше со нив, собираше војска против нив, Џон требаше да се бори damn it. Арја е сосема друга приказна и ќе беше таман за последната војна. За Калиси ми се допадна моментот кога падна од змејот, беше сосема немоќна, како малечко девојче, изгубено. Џора да не беше готова беше.
Spoiler Да во право си. Арја порасна во сосем друг свет. Ама кога веќе се сплотија сите заедно против еден противник, не гледам ништо лошо во тоа што Арја испадна херојот. Иако да, Џон вака ептен испадна аутсајдер. Сцените со Џон беа најлошо нешто во цела епизода. Пола епизода лета змеј в магла, другата половина трча и не знае кај тера. Мислам дека против Серси може подобро ќе го вметнат да одигра некој клучен пресврт.
Spoiler Па ете имаше Џон прилика да го убие Најт Кинг кога се сретнаа пред замокот. Али се усра малце па не знаеше како да изреагира и додека се кандиса да тргне накај него го опколија неговите, да не беше Дани со змејот ќе го посинеа и него. Ако е за така и Сем имаше утепано шетач па и тој наполни гаќи кога им влегоа во Винтерфел, очекував секоја секунда да фрли оружје и да побегне долу кај жена му. Тактички гледано Арја беше најспремна за да го изведе тоа. И во минатата епизода исто така тивко му се прикраде на Џон на истото место кај дрвото. Всушност само така и можеа да го убијат неочекувано, не беше тоа лик со кого можеа да се соочат очи в очи и да се мечуваат пола саат.
Дали сум јас единствена што сакаше да чуе барем нешто да изусти најт кинг ? На било кој јазик тамошен.
Арја сосема заслужено ја понесе титулата херој на целиот Вестерос, царка, премногу ми е мило што она го уби Најт кинг. Таков борец... Очигледно цела серија е тренирана за повисока цел од убивање на ликовите од листата. Арја до крај . Уште да ја убие Серси и Маунтин и да заврши со списокот. Жал ми е што ги снема дотраките, но прејака беше сцената кога исчезнуваа, баш ги доловија мртовците иако не ги гледавме. Џора Мормонт лојален до крај на неговата Калиси, подобар крај за него нема. Мелисандре ми беше многу јака, ја исполни својата цел и умре. Моментот кога ги запали барикадите.... Сцената со Тирион и Санса кога и ја бакнува раката многу беше емотивна, убава, тажна. Музиката предобра.Посебно пијано солото во последните сцени. Толку убаво и страшно во исто време. Секоја чест. Ја гледав по втор пат епизодата, ке има и трет изгледа.
Spoiler А зошто па да не го убие Најт Кинг, професионален убиец? Во воен потфат, тој што е најдобро обучен, ќе биде 'спроведен' до таргетот, за да му се овозможи да го убие. Нема 'кој за што беше наменет', кој е најспособен, тој ќе замавне со мечот (ножот во случајов). А и серија е... Нема да седам и да мислам дека можело подобро. Подобро секогаш можи, ама ќе гледам for entertainment .. Плус, многу ме нервираат теории и предвидувања. Шо е поентата да знаеш унапред што ќе се случи?
Начинот на кој умре Најт Кинг е глуп од проста причина што и тој има генерали кои стоеја зад него ( и 1000 зомбиња секако) и со начинот на кој умре Најт Кинг ти се чини генералите дека се вработени партиски.
Spoiler Не ми се допаѓа идејата што е Серси оставена да биде "подостоен" противник од Најт Кинг. Ако Арја успеа да го убие Најт Кинг, логиката вели дека Серси треба да ја реши многу полесно. И зарем не беше акцентот за најголемата закана за престолот и за човештвото воопшто, ставен на армијата на мртвите? Книгата "Ice and Fire" е за финалната битка меѓу мртвите и живите. Проблемот е што не е завршена. Се надевам на алтерантивен крај во книгите, оти стварно ме нервира тоа што одамна почнаа да ги игнорираат фактите во нив, а и оние од минатите сезони. Spoiler: The prince that was promised Принцот ќе биде роден и ќе ја победи темнината, смртта која ќе се издигне in the North. (Мелисандре, уште во првите сезони) Не е проблемот што Арја го уби Најт Кинг. Проблемот е што има пророштво, кое е потенцирано во текот на серијата, за да на крајот го игнорираат скроз и одлучат "ветениот принц" да биде Арја? Освен ако се надеваат дека сме заборавиле што сме гледале. Дали јас нешто пропуштам? Принцот доаѓа од линијата Targaryen и тоа го има и во книгите. Се работи за Џон. Евентуално Дени. Но вторава, ми нема логика, слаба е на меч. Да ги немаше змејовите, ќе ја немаше и неа одамна. Точно дека е ова предвидливо, но точно е и дека можеше да биде многу добро изведено. Исто, многу е возможно, ветениот принц да биде бебето родено од инцестот на Џон и Дени. Но тогаш која темнина ќе ја победува истово? И ако мислат дека направиле одличен plot twist со Арја, нека им каже некој дека го уништија со "blue eyes". Не оти бев сигурна дека ќе биде таа, ама наведува на тоа. Исто како и "not today" и насмевката на Мелисандре.
Spoiler Тоа што го уби Најт Кинг, не значи по дифолт, дека таа ќе биде 'ветениот принц/принцеза' Убиец е, работа и е да убива, не да води.. Не е лидер Арја. За разлика од овие гулапчињава, што се обединувачи на народи дрн-дрн
Spoiler Дали секој професионален убиец како Арја би можел да го убие Најт Кинг? Не е само таа профи. И нема логика, ако секој трениран асасин како неа може да го изведе истото. Затоа што не е толку едноставно да се елиминира најголемата закана за човештвото. Токму затоа има и пророштво. Принцот е наследник на Azor Ahai. Херој кој живеел илјадници години и еднаш веќе ја победил темнината. Сега, веројатно ќе го свртат пророштвото за 360 степени или целосно ќе го игнорираат. Но е такво какво што е. Принцот ја победува смртта која ќе се издигне на север. Темнината. Тоа е армијата на мртвите. Наредната битка е со Серси. Која друга темнина ќе се издигне на северот за да се оствари пророштвото на the Lord of Light? До сега, сите пророштва се остварија. Освен смртта на Серси. И тие беа очекувани, но беа еднакво добри колку и останати пресврти во серијата. Почнаа да прават сериозни грешки. Тешко да ги исправат за уште 3 епизоди.
Можи не ми смета целава работа, оти не сум баш 'побожна' и не верувам во судбини и магии Како и да е... ќе видиме во наредните 3 епизоди, што ќе ни сервираат
Ако ја имате гледано сезоната во која Арја се обучуваше во Бравос, ќе знаете дека покрај способноста за менување лица, совлада и извонредни боречки вештини и движење со шум на ветрот. Инаку Азор Ахаи мислам дека е Џон. Мртвите не се победени. Како што Брен може да патува низ времето, така може и Ноќниот крал. Тој точно знаел дека во дадениот момент Арја ќе го убие, заѕоа и се сврте кон неа уште пред да го нападне. Али тоа е нешто кое не можеше да го спречи. Затоа, во моментите кога го зјапаше Брен, пред да настапи Арја, се верува дека му ја има пренесено својата душа т.е клетва, плус Брен има лузна негова на десната рака. Брен е новиот Ноќен крал. Значи, Арја ја уби целата мртва армија, ама не и главниот. Сите ќе се упатат кон Кингс Лендинг во поход на Серси, кога ќе се вратат назад Брен веќе ќе биде претворен. Азор Ахаи, ветениот принц, според пророштвото, мора да жртвува сакана особа за да се оствари пророштвото. Џон го обожава Брен, и тука е клучното. Ќе мора да го жртвува него за да засекогаш се ослободат од злото а на тронот ќе застане он заедно со Денерис. Двајца Таргеријанци, пошто нивната фамилија има историја на инцестиозни односи и бракови, со цел да се зачува чистата лоза. Сепак ова е само теорија, али највеќе ми се допаѓа од сите. Така ќе се заокружат сите ликови и нивното животно 'патување'.
Spoiler: прашање за Арја Ако Арја е веќе толку sneaky assassin и може незабележано да се протне меѓу целата војска на Night King и неговите генерали, зошто едноставно не го убила порано - на почетокот на битката, пред почетокот на битката, уште пред да стигнат до Винтерфел...? Одговор: затоа што продуцентите мислеле дека вака ќе е поинтересно. Гледав видео за епизодава со интервјуа со продуцентите во кое, меѓу другото, ја објаснуваа (исто така нелогичната и out-of-character сцена во која Арја, одеднаш, откако убива 20+ зомбија као нинџа, станува исплашена од нив, се крие и бега пискајќи. Објаснувањето на продуцентите? -Мислевме дека така ќе е поинтересно и неочекувано, немаше да биде забавно ако едноставно ги косеше зомбињата, како trained assassin и убиец, што всушност и е. Не викам дека развојот на приказната може (или треба) да биде погоден за сите гледачи - не треба, и не е ни возможно - ама ме нервира кога прават ствари кои се целосно несоодветни за одреден лик, неговата мотивација и се’ што досега сме виделе од него - само ради sake of surprise. Додека Мартин беше одговорен за сценариото, се случуваа неочекувани работи, ама истите имаа логика откако ќе размислиш за нив и тоа беше еден од адутите на серијата и она што ја правеше поинаква и подобра од другите. Сега изгледа како продуцентите и сценаристите да ги вадат работите од гз, само за да нешто се случува. Е тоа е она што ми смета. Ако веќе сакаа Арја да го убие Night King, можеа да направат Three-eyed Raven да се префрли во некој друг, таа да го убие Брен и да го земе неговото лице и едноставно да го чека Night King у количката под дрвото и ненадејно да го убие. И сето тоа да го дознаеме откако Брен/Арја ќе го убиеше. Ама, не. Пологично беше Арја да изрипа од никаде.
fmovies.to mislam bese stranicata, ili pak simni edno programce popcorn ili stremio i dvete imaat i filmovi i serii za gledanje.