Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игра на тронови (Game of Thrones) [2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Yipman2, 22 април 2011.

  1. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    @Bender Rodriguez не ми текнува дали се гледаа околу него тие обичните, јас не ги приметив, само тие како да ги видов па заради тоа прашав.

    Да ви кажам право, whatever ми е после ова :)

    Воопшто не се замарам дали вака или онака искочило, го гледам зашто ми е entertaining. Ако почнеме да разглабаме теории, ќе најдеме милион дупки во приказната.

    Признавам дека и јас бев во шок, и тоа не од епизодата, туку од начинот на кој убиството беше изведено. Толку ми беше тоа неочекувано да се случи, дури не ни поврзав кога и рече „плави очи“. Мислев дека мисли на оние обичните вокерс.
    И кога го збрца бев: „Толку?
    Така само го уби? Заврши у 5 секунди?“ Меххх...

    Не бев задоволна од епизодата ама ич. Ама ствааарно неам живци да барам објаснувања, само ќе се нервирам за џабе. :rofl:
    Се надевам ќе се извадат со нешто до крајот на сезонава. Емилија на едно најт шоу кажа дека 5 епизода is bigger than Battle of Winterfell.
     
    На Lolipop23, WildMk, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Знам и за оваа и за многу други теории на die hard фанови, кои со сета сила се трудат to make sense of what happened и да измислат некоја логика у настаните и некако да ги оправдаат. Можеби и ќе се појави некој кој ќе измисли доволно добра теорија, ама за жал, така стојат работите у моментов - гледачите спаднаа на тоа сами да си измислуваат теории, за да омилената серија, осакатена од bad writing, можат да си ја направат поподнослива.

    Продуцентите, D&D, т.е. Dumb and Dumber, како што ги крстија фановите :D, и самите кажаа во интервјуата за новава сезона дека многу од одлуките се донесени затоа што „мислеле дека ќе биде поинтересно“ или „сакале да биде неочекувано“, односно дека ставале plot twists for the sake of plot twists, а не затоа што така било претходно планирано или е некакво логично продолжение на оригиналната приказна и замисла на Мартин.

    We can only hope. :D
     
    На Nausicaa, WildMk, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Азор Ахаи, повеќе нема смисла. Арја не може да биде негова реинкарнација, не е родена "among smoke and salt", ниту под "bleeding star". Џон е. И почесто се потенцира неговото раѓање. Зошто? Џон е Ice (Stark) and Fire (Targaryen). Ги игнорираат сите симболи, скриени пораки, факти, се она што уште одамна ни беше прикажано.

    Точно е дека Мелисандре грешеше во пророштвата, ( иако многу повеќе за драматизација) но и покрај тоа, нема апсолутно никаква логика Азор Ахаи да биде Арја. И ова е најголемата грешка која можеше да биде направена во серија како ГОТ. Не мораат ни со Серси да смислуваат стратегија, едноставно ја праќаат Арја и решена работа. Премногу едноставно испадна. Можеа и било кој faceless асасин да донесат да го убие Најт Кинг. И во книгите, Мелисандре и Арја, никогаш не се сретнуваат. Јасно е дека нема верна копија на оргиналот, но барем да не беа грешките толку евидентни.

    Иначе, јас сум фан на Арја и ми е апсолутно омилен лик. Но тоа не значи дека ќе одам против логиката кон која целеше серијата и безусловно ќе го бранам уништувањето на ликот на Најт Кинг, кој дефилирал во 7 сезони, толку многу години, на ваков смешен, несериозен и од цртан филм изваден начин.

    Најт Кинг е лик кој живеел повеќе од 8.000 години, карактер околу кој се врти целиот наратив на серијата. Сега, сценаристите одлучуваат да не внимаваат повеќе на квалитетот, туку исклучиво поради забава, да гледаме нелогичности.

    Ѕидот е изграден со магија и имаше единствена цел, да го сопре влезот на мртвите. Серијата заслужува повеќе. За мене е завршена уште во 6-та сезона. Од 7-ма почнаа грешките, во последнава се закопаа. Ќе ја завршам, само поради тоа што се уште се надевам на пресврт.

    Иначе, околу Арја, не важат теории. Тоа фановите во обид да оправдаат ваков крај. Сценаристите веќе се изјаснија оти сакале да не изненадат. Нема потреба од изненадувања. Нека ни дадат логичен крај, оној на кој почнаа да ја основаат целата серија. Она што ја правеше различна од другите.

    Иначе, и покрај "дупките" епизодата беше ок. Ми се допадна. Држеше внимание и имаше тензија. Барем за разлика од претходните две.

    А што се однесува до теоријата на Лавстоунд, одлична е и реално е најдобрата верзија која треба/би можела да се случи. Но тоа важи само за умот на Мартин, не и за сценаристите на ГОТ. Очигледно го немаат тој капацитет, та дури и се гледа како тераат без книги. Ова е премногу за нив. А за книгите, се уште има шанса.
     
    На Nausicaa, Lolipop23, Lella и 11 други им се допаѓа ова.
  4. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Па да ви кажам право, најпозитивното во целава работа откако D&D ја осакатија серијава е тоа што ова е последна сезона.

    Добро што не им текна за кеиф на фановите да продолжат уште десетина сезони па да гледаме Беверли Хилс. Т.е. да не гледаме, ќе се откажеа сите од серијава ако продолжеа да снимаат вакви холивудски сцени до недоглед.

    И јас исто...
     
    На Lianna Anna и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Арја Старк имаше нај театрални тренинзи, настапи и битки. Џон Сноу ми потрфли како лик. Колку и да се коси со логиката и следството на серијата, многу повеќе ми има смисла Арја за победа. Затоа што е добар логичар, стратег и воин истовремено. Тоа е токму она што се бара, тие се квалитетите, наспроти сите досегашни пророштва. Типувам за неа. Општо околу финишот на битката, предобро направено. Сценски, со ефекти, епохално. Одлична епизода, воодушеви сценската возвишеност, it was breathtaking. Нема да мрчам, од мене толку. Едвај чекам следна епизода.
     
    Последна измена: 4 мај 2019
    На Harper, rhcpfan, MarigoldA и 3 други им се допаѓа ова.
  6. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Nausicaa, poppie, 1209 и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.786
    Допаѓања:
    19.617
    Пол:
    Машки
    Ај кажете што мислите и како би победила?

    [​IMG]
     
    На the.vampire.girl, zhap4e, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  8. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Ako веќе навиваме...
    Инаку, лесно е, ти текнува како со само еден змеј за пет минути ја спржи цела ланистеровска војска минатата сезона?
    Само јас мислам дека Дени ќе стане mad queen па на крај битката ќе биде помеѓу неа и Џон, или Џон ќе сфати дека полудела па ќе ја убие, остварувајќи го nysa nysa пророштвото...
    Најсоодветна за кралица ми е Санса, евентуално Џендри, можеби па двајцата заедно.
     
    На doutzen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.786
    Допаѓања:
    19.617
    Пол:
    Машки
    Ама таа стрелата го повреди змејот на Даенерис, сега ќе има повеќе такви стрели и така повеќе шанси да го убијат змејот.
     
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Е, и тоа држи вода.
     
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Не е проблем. Они си ја имаат Арја. :rofl:
     
    На MarigoldA, theowndemon и Stark им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Исто ми се фаќа како ќе биди.
    Тие парите ќе ги 'лапнат' секако...

    Него... ќе спиеме вечер, или ќе ја гледаме новата епизода?
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допадна епизодава. Супер беше немоќта на почетокот. Безврска што мојот убав народ загина прв:)) ама убава сцена. Куп убави сцени, не толку битни конверзации но, добра беше.
    Ми се допадна и обидот на Дени и Сноу да го убијат Најт кинг.. и што испадна Арја таа што го уби. Мелисандре требаше да издржи уште некоја ноќ. Едноокиот имаше глупава смрт. Можеше малку по..епска да биде сцената и сето тоа. Ама, се' на се'...ок.
     
    На lovestoneddd и WildMk им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Како што веќе имам речено:
    Ништо посекси, од разуздана орда Дотраки :D
     
    На lovestoneddd и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Видов две ликнати сцени и... :(
     
  16. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.786
    Допаѓања:
    19.617
    Пол:
    Машки
    Добра идеја, потоа може да направат за Мелисандре и богот на огнот, за Берик па и за Дотраките. ^_^

    (малку сарказам искористив)
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Гласам за Џон Сноу...
    Госпожа, дефинитивно ќе го заемни татко и'
     
    На MissDior и Annath им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Не ми се бендиса епизодава. За Тормунд ми беше најмногу жал :wasntme: не успеа кај Бриен. Ама затоа Џејми... И будала ќе излезе на крај, осеќам.

    Нејсе, и јас мислам дека Денерис ќе тргне по стапките на татко и, сепак генетика е во прашање, плус дете од инцест, нема шанси да не е на него метната.

    R.I.P. Rhaegal :( и Мисандеи. Штета. Серси има голема предност. Ај да видиме како ќе изигра Денерис, следната епизода треба да е ептен интересна според најавите. Оваа млака ми беше.

    Криво ми е што Мартин не ги заврши книгите. Мислам дека сосема поинаку ќе се одиграше сево ова.

    А да, Арја остана доследна на своето, си тера по списокот. И следната битка може како претходната да заврши, повторно Арја да биде јунакот. Ама Mountain ми мати памет...
     
    На Alisa22, MarigoldA и WildMk им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    оф-топик: Ги имаш прочитано книгите?