Не. Можеби некогаш ќе ги прочитам. Ама според оние што ги прочитале, серијава до петта сезона е според нив. После тоа сценаристите во соработка со Мартин ја пишуваат приказната. Затоа последниве сезони се...meh.
Леле епизодава. Spoiler: с08е04 Како, како можеше туку така да го прати Дух? Како можеше така да замине? Се разбеснив на сцената, зошто Џон, зоштоооо? Некоординирана епизода, сега се тука, сега се таму, сега се ваму, овие веќе војна водат, едни не стигнале, друг допрва трга. На Денерис бесот и беше опиплив, ама како да не биде? Сакаше и со добро, не дека не, ама змејот и го утепаа, за разлика од Џон она си ги сака децата. Мисандеи пред очи и отиде, од колку одамна е со неа. И да не биде бесна? Па самата Мисандеи и рече да ги спали сите. Некако не беше баш епизодава. Се изнервирав и кога не ја дадоа реакцијата на Арја и Санса, како можеа тоа да го скратат? Пола саат се ѕвереа Тирион и Серси еден во друг, не можеа да дадат толку важен момент! Уф!
Spoiler: 08х04 На минатата не заплакав, ама на оваа на почетокот кога се збогуваа со мртвите пуштив некоја солзичка. Океј епизода беше, ама очекував повеќе. Арја и Гендри, колку и да сакав да бидат заедно, не знам он што очекуваше, дека ќе му каже да за да си биде госпожа во замок? Ама жал ми падна Исто и за Тормунд, колку жално гледаше, срцка. Толку време се трудеше да ја освои Бриен. А Бриен ја изгуби невиноста, и Џејми испадна пак идиот. Не знам што си мисли веќе стварно. Брон најголем искористувач евер. Жал ми е за змејчето, ама и за Мисандеи. Знаев во моментот кога се фатија за рака на бродот дека нешто ќе се деси, мислев дека некој со стрела ќе погоди некој од двајцата. Ама се виде дека Дени веќе почна да полудува. Варис и Тирион ќе ја предадат, мислам за Варис веќе се знае, он работи за real-мот, ама мислам дека Тирион ќе сфати дека она полудува и ќе застанат на страната на Џон. Санса па ама знае да чува тајни, одма го предаде Џон. А и Тирион најде со кого да сподели Ама мораше да биде така, зошто дејството има уште две епизоди. Ептен убрзано е, мислам дека заслужувавме повеќе епизоди за последнава сезона. Жал ми беше и за ghost, Џон го напушти Нареднава епизода изгледа поинтересно според промото. Најсреќна ќе бидам Џон ако седне на престолот. Ама не верувам дека таков среќен крај ќе имаме.
Па... Уште од првата сезона има разлики од книгите и серијата, за да ја направат по likeable. И во одредени ликови има измени уште од почеток, за да може да ги засака публиката, оти едно е преку серија да се врзеш со лик, друго е преку книга. ДМ ја има гледано серијата додека не почнала ептен да се дели од книгите Не сум го прашала кога е тоа (ги има читано сите). Јас не сум ги читала, а и серијата престанав да ја гледам во склоп на околности (не се сеќавам на која сезона). Никогаш не продолжив. Не ме чуди што им се meh последните сезони. Претпоставував дека ќе пробаат да ја разводенат и да ја направат лимонадка. Немам ни желба да ја гледам веќе. Книгите ќе ги прочитам, кога им дојде ред. Некогаш...
Место да го напикаат дејството во шест епизоди, можеа да направат нормална сезона со десет епизоди за да ги свариме сите настани како што треба. Во првите сезони еден настан беше цела епизода, а сега... Избрзано многу.
Имам чувство дека на крај ептен ќе биде холивудски. А не сакам класичен хепиенд, не би ни требало да има, не е таков тип приказна. Едно време се токмев да ги читам книгите, ама некако оставив за понатаму, не се дојдени на ред. Не ме ни привлекуваат веќе да ги читам, што знам. Дали серијава ми ги направи одбивни, или што, не знам. Spoiler Стварно без врска беа некои сцени. На крајот како да сакаа повеќе да дигнат тензија од што требаше. Доста работи останаа недоречени. Ама тоа е. Им се брза да завршат, на штета на серијава.
Искрено, најмногу затоа не сакам да ја гледам серијата. Книгите не ми се дојдени на ред оти едвај успевам да прочитам нешто. Не сум за таков залак. Одлучив серијата да "ми е одбивна" баш од таа цел, да не ми се изгуби желбата да ги читам книгите затоа што знаев дека ако ја гледам никогаш нема да ги ставам на дневен ред. Не мислам дека ќе има холивудски крај (ваљда нема да ја уништат до толку).. ваљда...
Не знам како да се осеќам за сезнава... можеле барем 10 епизоди да направат и да не ги брзаат толку случувањата. Spoiler Брен the f*ck dude... најнебитен лик во сезонава. Зашо не го искористија него и неговите способности да знаат за војската на Серси и за неочекуваниот напад... Не сфаќам за што тогаш толку време изгубено со запознавањето на триокиот гавран, коа типов ништо корисно не прави освен што снима... Многу predictable беше тоа што Серси не прифати помирување. Џон со Ghost... неам коментар. Мислам дека подобро би било серијата да завршеше со војна против мртвите, отколку вака. Затоа што сепак серијата почна со тоа како се тие вратени... Сума сумарум, преизбрзано, пренатрупано, преочекувано. Само да не заврши како типично холивудско клише.
Јас ќе ги читам книгите, ми се допаѓа приказната и сакам да видам каква била оригиналната замисла. Знам дека не се довршени книгите, претпоставувам дека таму дејството ќе се одвива сосема поинаку. Spoiler
Многу пропусти епизодава. Како може со толкицка група Ансалид да иде пред Серси ? Лол. На епизодава имаше чаша од старбакс, и еден од мртвите што ги палеа дишеше
Точно и јас ова сакав да го пишам. Ликовите летаат, одат, се телепортираат за две секудни кај сакаш. Во минатава сезона имаше мноогу вакви пропусти и еве сега продолжуваме пак. Spoiler Инаку Тирион можат да го направат поочаен лик? Стварно мислеше дека ќе ја убеди Серси со лажни солзи и празни зборови? Серси вистина е монструм, ама не е глупа. И не е толку глуп Тирион, доста ми го уништуваат ликот да ми тресе зелени во кои ни тој сам не верува Барем ми се свиѓа хуморот што го имаат вметнато во сезонава. Одредени ликови кажуваат глупости колку да се насмееш, а секако добрите дијалози и логиката се изгубени уште од пред неколку сезони. Освен такви нелогични проспусти, горе долу арна си беше епизодава. Emilia Clarke во интервју кажа дека 5та епизода ќе бида мнооогу појака од 3та, па ај баш да видиме
Многу ме изнервира Варис, по се изгледа ќе шушка за Серси информации, пошо нели тој служи на кралството и битни му се тие луѓе таму околу Серси што таа ги жртвува а ним им покажува демек ги заштитува. Очекувам Арја да ја килне Серси. Но, кој ќе го килне Сер Грегор? Греј ворм?
Spoiler: S08E04 Колку и да не сакам да признаам, се гледа дека се изгуби квалитетот од крајот на шеста сезона. Приметив баш во говорот на Џон, беше плиток и досаден, нешто што Џорџ Р.Р. Мартин никогаш не би го напишал. Епизодава на почеток беше ко love letter to the fans, со мимовите на Подрик, Тормунд, Хаунд, Бриен... Ептен ми е жал за Мисандеи и Регал (омилен змеј ми беше). Сепак, ептен многу дупки има во епизодава и генерално во пишувањето овие две сезони. Како фан фикшн да читаш, секој се појавува кога им треба, секој се наоѓа таму кај што треба. Пример Брон од кај изникна? Како помина низ Винтерфел и влезе баш во собата каде идеално седеа Џејми и Тирион. За Џејми да не правам муабет, ми се бљуцка кога ќе помислам дека можат да му го убијат цел character development. Ми стана еден од омилените ликови, па сега ако загине за Серси не знам еве. Единствената светла точка која ја очекувам ми е Клигејнбоул, го чекам уште од прва сезона, жими сè. Време е мечкана да умре. Едит: Аман знаеме за старбакс чашката, ајде уште шеесет илјади пати кажете.
Spoiler Џон отиде на Југ да се бори, а Тормунд отиде позади ѕидот 'каде што му било местото'... и Џон му кажа да го земе волкот со него, демек посреќен ќе бил таму. И имаше сцена каде што се разделуваат, а Џон не го ни погали ни ништо, а волкот ко да го чекаше...
Spoiler Мене ме интересира кој ја исцинкари екипава на Дени кај Серси за да бидат така пе*eрски нападнати?! Џејми мејби? Знаев дека никогаш нема да се откаже од сестричката. Уште кога пристигна на почетокот се осети неговата одбивност кон северот. Сума сумарум потрошија уште една епизода на досадни дијалози. Пола епизода беше пијанчење и секс во Винтерфел.... ептен битни сцени како за две епизоди пред гранд финале. Многу холивудска сезона... многу. Гледаш гледаш и наеднаш као огномет ПУФ сцена кај што некој умира, демек драма да се дешава. Nope. Се изгуби магијата...
Spoiler Алоууу уште 2 епизоди има а пола епизода у ексирање вино и сексот на Бриен и Џејми помина. Сеа ќе набутаат све и свашта у последните две и ќе ја сјебат серијата.