Серијава ми ја препорача зет ми, лани летото и паметам дека ми кажа: Гледај, но мој совет ти е, не се врзувај за ниеден лик! Spoiler И јас пак се врзав, не за еден туку за цела фамилија.Значи бев со отворена уста кога видов како ги убиваат Старкови, не ми се веруваше, на крајот и заплакав, најпрво за нив, па за жената на Роб, за Ариа што не си ги виде и на крај за волкот Претажен момент.А мајката насети нешто ама беше прекасно. Ми останаа уште Jon Snow и Daenerys Targaryen (јас си ја викам Калиси) за фаворити за престолот.Мислам дека Калиси топрва ќе жари и ќе пали и дека полека но сигурно си гради пат до тронот. Дали може некој да ми потврди кога буцкото со девојката и бебенцето ќе ги нападне Белиот јавач или кој и да беше, ножот дали буцкото го зема или го остава?Најнаивен ама кај него е правото оружје Многу ми е жал за Санса, уште од почетокот нема среќа, сега и ја омажија со џуџето Но од друга страна џуџето е најдобро од Ланистерови. Ме изненади(позитивно) Џејми Ланистер кога се врати по жената.Се гледа и друга карактеристика освен ароганција и себичност кај него. Новава жена на Џофри, Margaery мислам дека е многу попаметна од тоа што изгледа и дека има некоја цел. И на крај најантипатични ликови ми се Џофри и Теон(кој си доби што си заслужува) И ве молам феминки да пишувате во споилери бидејќи на 2-3 пати се зезнав и прочитав што ќе се случи и се изнервирав
Еве едно интересно клипче, компилација од реакции на луѓе гледајки ја последнава епизода http://www.youtube.com/watch?v=78juOpTM3tE Јас за последнава епизода ќе останам без коментар, одвишок би бил...
Таман ќе се навикнеш на некој лик го кољаат сместа. Spoiler Кај све Старкс ги тепаат, не очекував дека баш Роб ќе го убијат зашто само што почна да освојува, сега мора да се врати Џон Сноу и да ги продолжи битките, нема кој друг од нивното семејство, другиве се мали. Spoiler А Џон Сноу зашто ја остави женска му? Не ми се верува дека поради тоа што го уби стариот. Да немаше претходно книга по филмов, ќе си помислев дека ги убија зашто си ја кренале цената, дека барале повеќе пари од другите. Ама за ова има книга па веќе од филмот не очекувам дека некој сегашен лик ќе победи, можно е да се јави уште некоја нова личност. Spoiler Мислам дека Тирион Ланистер ќе го освои тронот на крај, а малава Ариа ќе ја убие Церсеи. Ама па Ариа може ќе умре во втора или трета сезона (според бројот на одиграни епизоди) Имаш право бе Јипи се опседнавме со серијава како бабиве за турски серии
Затоа што отиде што побрзо да ги предупреди другите дека овие напаѓаат . Знае дека нема да му ја повредат , честа е поважна од љубовта i guess Да и другите гледаат истата серија и сме се собрале на скајп дискутираме како можеле така , па зашто , се напињаме и нервираме
Spoiler ^^ И јас не можам да се соземам вчера ја гледав серијата, уште сум у шшшооккк, не очекував дека така ќе ги искољаат набрзинка, па Ариа не ги ни виде. А Џон Сноу кого ќе предупредува, па они сите се разотидоа, се поделија, дебелкото со онаа, другиве поима немам, неговата фамилија се растури, останаа само полубраќата и полусестрите. Баш ме интересира кој ќе биде сега крал на северот, можеби тој (којзнае што му кажа гавранот, може го извести за смртта на Роб Старк). Кога му ја отсекоа главата на Нед Старк стварно ми беше без врска си реков кој ќе глеа нема да биде интересно сега, а па вчера кога ги испоубија ми се скрши филмот. Џофри не можам више да го гледам, иритира. Не знам зошто ти е фаворит Станис, мене он ми изгледа како во сенка, споредна фаца а и таа црвенокосата е претеризам со тие магии и сенки, не им требаше тоа. Важни се и љубовта и честа ако баш сакаш да знаеш Можеше да ја земе и нејзе кај што појде, од негова страна беше. p.s. сте правеле скајп конференција? (преку камери плачевте? )
Добре бре, сте заборавиле за спојлери? Одма по епизодата без спојлери да се пишувало, а богами и тоа какви спојлери. Има луѓе што ќе прочитаат не сакајќи. Замислете вие случајно влегувате во темава и читате, па цела епизода отиде во ку*ац. Само со спојлери понатаму! Spoiler Јас го очекував ова, на овој дел се убив од плачење во книгата. Кејтлин... Не трепнав за време на епизодава, ужасно ми е жал за Роб. Ама мутав си беше некако, му го зеде љубовта паметот. Оф, едвај чекам следната епизода.
^^ Знам дека се однесуваше на моето мислење тоа со спојлерите, ама тоа од содржината на серијата си беше во спојлер, е сега кој како си го сфатил изгледа. Немаше ништо да отиде у курац, јбг, ако не ја гледал човек серијата.
Па веројатно луѓето се свесни дека ако отворат серија како оваа или било која друга дека во нејзе ќе има некој што ќе каже спојлер или два. На главните форуми како Game of thrones што е има тамо уште во насловот ставено предупредување дека има спојлери и чуда. Можеби и тука треба така да има предупредување
Ги најдов сите книги од Game of thrones во пдф формат на српски јазик. Ќе ги ставам линковите во спојлер, ако е забрането нека ги избишат. Spoiler http://www.mediafire.com/download/hcht2flnpk0pzi1/Pesma+Leda+I+Vatre.rar http://www.mediafire.com/download/23li8 ... majeva.pdf http://www.mediafire.com/download/61isz ... _2.dio.pdf Ако се забранети вакви линкови, пу јазк, тогаш контактирајте ме преку лп.
Абеја, ај пуцај што сакаш да те частам, зашто се убив од барање изминативе недели и мојата потрага по било која книга на српски беше безуспешна. Ќе биде интересно. http://www.youtube.com/watch?v=qJ4paRnLmWI
Абеја, сите мислења беа без спојлер, не само твоите. Инаку прочитајте си под насловот на темата што пишува за откривање на содржината. Може некој уште не ја гледал епизодата, а ќе види ново мислење и по навика ќе ја отвори темата. И јас така се имам зафркнато неколку пати. Мислам дека десетава епизода ќе ја помине и деветата. Се надевам барем.
Која штета е што само по десет епизоди годишно се снимаат. Се повеќе и повеќе ме навлекува оваа серија, иако на почеток бев рамнодушна, сега е друго. А книгите уште не биле довршени, како што разбрав, така? Тогаш ќе се изначекаме за крајот.
9 епизода од 3 сезона значи BIG SPOILER Spoiler what a fuck just happened????? шок на годината е ова навистина не го очекував не ми се верува бе еј немам зборови секоја чест на писателот еј му се клањам , мислев дека џон сноу ќе умре ама вакво изненадување , колеж , масакр не претпоставува во никој случај патем излезе и 10 епизода ќе се гледа вечер....
Spoileri od season 3 episode 10 Spoiler Ја гледав и последната епизода , ми падна жал за Роб и како му се испонашаа а све имам чуство дека џуџето ќе убие некој , или Џофри или татко му , како му зборат цело време ,нож у фаца ќе им забие .... Станис дознава а во 4та сезона и ќе дознаат другите највероватно за шетачите . Пред се добра убава сезона со многу пресврти и солиден завршеток . Во 4та ќе има многу повеќе умирање и војни и да ја дочекам да ја видам таа Lady Stoneheart што толку сите ја спамуваат
епизода 10 од сезона 3 Spoiler очекував многу повеќе од епизодата но добро беше посмирена со голема најава за тоа што ќе се случува наредната сезона. последната сцена со калиси ми беше врв секоја чест за тоа. џон се надевам ќе преживее the bitch го заеба.