Се согласувам дека не им требаше ваква епизода што пола беше ко filler, многу се нераспределени и убрзани настаните... Spoiler: S08E04 Дени колку што сѐ повеќе оддава mad queen vibe, толку и ми е жал за неа. На целата фешта кога славеа, освен онака љубоморно, изгледаше и осамено, отфрлено. Сега ги изгуби и Мисандеи и уште еден од змејовите , а советниците ѝ се мислат дали да ја предадат. Ова мислам ќе бидат дефинитивни тригери за да се претвори и таа во тиранин... Џејми најголемо разочарување , се надевам има уште време да се оправи и всушност да оди да ја убие Серси, па да се исполни барем тоа од пророштвата и тоа буквално - повеќе сум за оваа опција, отколку Арја со неговото лице да ѝ пресуди. Гендри и Тормунд го заменија Џора во френдзоун улогата Трагикомични meme моменти ми беа со нив, а за Бриен и тоа што Џејми ја остави бев баш pissed off Тирион стварно го направија мех (освен хуморот и оние моментите со Санса), не знам што очекуваше од преговарањето, како да не ја познава Серси каков монструм е... И секако да не заборавам, за Џон што така го остави Ghost Останува да ѝ веруваме на Емилија Кларк за 5тата епизода дека ќе ги поправи работите
Spoiler Нормално дека Џејми не отиде да и се врати на сестра му, не ми се верува дека ќе го уништат целиот напредок што го направи како лик. Поверојатно ми е дека сакаше да ја повреди за да не го следи. Тирион веројатно во повеќе наврати има кажано дека сестра му е чудовиште и сега најде да и се обрати како на човек? Многу нелогични моменти.
Мислам дека Џејми тргна со намера да и се врати на Серси, све што прави го издава дека сеуште ја сака. Он е добар човек, со една единствена слабост- а тоа е сестра му. Милион пати има донесено нерационални одлуки поради нејзе, зошто не би и сега, кога дозна дека животот и е на коцка. Кога ќе отиде во Кингс Лендинг и ќе ја види со лудакон од кој што носи и дете, ќе ја убие, и така ќе се оствари пророштовото. Денерис.. Баш ко што кажа Специ. Низ што све мина за да дојде до тука, жртвуваше цела армија и своите деца змаеви, за да сега ја третираат како невидлива да е. Со оглед на се што и се има издешавано и што и се дешава, се повеќе верувам дека ќе ја добие титулата mad queen, што и е разбирливо до некаде.. Џон, млитав како и секогаш. Ни таму ни ваму, секогаш негде на средина, во двоумење, на два ума. Едвај ја чекам наредната.
Арја ќе има клучна улога, не знам зошто се си мислам дека зомбито Сер Грегор, Арја и Хаунд ќе се борат. И мислам дека таа ќе умре, бидејќи холивудски манир е да се воспеее па да истолчи.
Мех. Spoiler: 8x04 Jас сум разочарана од оваа епизода..Да јасно е дека целата сезона е избрзана,но најмногу ме нервира што повеќето ликови се сосема уништени...Џон како го игнорираше Гоуст беше нешто сосема бесмислено и тажно, ме изнервира премногу За Регал знаев дека ќе му се случи тоа, за жал Денерис навистина им помогна многу во последната битка, но реално требаше да ја послуша Санса. И како можеше така слободно да зеде со себе повреден змеј Џејми...Бриен не го заслужи сето тоа и јас искрено немам никаква надеж за него. Мислам дека целиот тој development ќе падне во вода. Се надевам дека грешам но... Претпоставувам дека ќе умре заради Серси. А Денерис со право ќе ги запали сите сега.. Мисандеи ми беше една од омилените D&D и нивниот сексизам, нема да коментирам воопшто во врска со тоа но во оваа епизода ептен беше истакнат... Како се движат настаните, мислам дека Џон ќе заврши на тронот но ќе ја среди Дени прво, откако таа ќе уништи се во King's Landing.
Баш ме бендиса епизодата, едвај ја чекам наредната Spoiler Брен гледа во минатото, така му кажа и на Тирион оваа епизода "Mostly I live in the past"
Spoiler Ми се допадна епизодата, само малку фалична ми беше сцената меѓу Џон и Денерис. Ако се сеќавате Серсеи рече дека е бремена од Џејми, па сега од овој грдиов. Бидејќи е манипулаторката мислам дека веќе не може да има деца, а од овој и се гади. Баш ми е жал за Мисандреи, но таа го повика злото тоа и беа нејзините последни зборови. Всушност смртта на Дракарис ( со оган да ја изгорат). Бриен - кога кршиш едно срце се крши и твоето, карма ис бич. Жал ми е, но само Џејми има удел кај Серсеи. Ме загрижува Планината... што му направи тој волшебникот толку што го направи посилен од се. Мислам дека тешко ќе ја добијат оваа битка, прашањето е како да се уништат оружјата со кои ги убиваат змејовите. О не, змејот? Ако се сеќавате едно време беше исчезнат еден змеј па се врати? Мислам дека има врска со ова...каква не знам поточно, но ќе дознаеме наскоро. Варис сам себе си пресуди, користољубливо животно. Не и бил верен на Денерис туку само глуми да си го спаси газот.
Spoiler За мене, Варис е најпаметното створење во серијата. Ако Денерис е спремна да убие милион луѓе, поради желба за одмазда... тогаш не треба да биде кралица.
Ама Серси, ако е трудна, детето е од Џејми. Таа успеа, не еднаш, дури трипати да го излаже Роберт дека трите деца што ги има се негови. Не дека тој не знаеше чии се. Истото го прави и сега, само за да добие сојузници за да остане на тронот. Јас па мислам дека Грејворм ќе му пресуди на зомбито за да ја одмазди Мисандеи и притоа ќе умре. Имам такво чувство. Можда и грешка сум.
Spoiler: Сезона 8, епизода 4 Дени е на работ на нервите, а Серси одлично знае на кој начин да ја игра играта, за да ги предизвика импулсивните гени кај "Mad Queen". Ми падна малку жал. Некако сите ги изгуби. Мисандеи, Регал, Дотраки. Ако Дени се развива во овој правец, верувам дека ќе го изгуби и Џон. И тука се согласувам со Вајлд. Ако сака да убива невини поради одмазда, па дури и поради преголема желба за престолот, не го заслужува истиот. Мислам дека на Џон подобро би му прилегал престолот. Но, полека и сигурно, му го уништуваат ликот. Она со волкот, не личи на Џон и беше многу безмилосно. Серси е бремена од Џејми. И тоа е "новина" уште од минатата сезона. Само не ми е јасно зошто Јурон не се запраша од каде Тирион знае за бременоста. Зарем е толку наивен и после тој муабет верува дека бебето е негово? Не е тој толку наивен, колку што е наивно напишано сценариото. Арја и Хунд ми се одлична комбинација, дотолку повеќе што и двајцата имаат "unfinished business". Првата со Серси, вториот со Mountain. Но тоа е очекувано, а продуцентите милуваат да прават изненадувања, па не би ме чудело, повторно да се случи некој нелогичен "plot twist". Не се сеќавам, дали Хунд беше на листата на Арја? Мислам дека од таа причина го остави да умре кога беше повреден. Џејми. Од него и друго не се очекува, освен да се фрли во прегратките на својата сестра и да изиграва потрчко на најголемата манипулаторка во серијата. И покрај сознанието дека Серси го нарача неговото убиство. Па мора да е луд. Во глобала, епизодата ми беше досадна, избрзана, секој се наоѓаше веднаш на местото на кое требаше да се најде. Нешто што воопшто не личи на ГОТ, но тоа е. Ме потсети на првите две епизоди од сезонава. Вниманието ми го привлече негде пред крајот, останатото, благо речено, катастрофа. Да, знам дека стално мрчам. Веројатно оти уште не можам да се помирам со тоа колку ја уништија серијава.
Ако некој го убие Грегор, тоа ќе е дефинитивно The Hound. Не преживеа за џабе 8 сезони, се наговестува уште од почеток, инаку нема друг начин да му се заврши arc-от на The Hound.
Spoiler: Сезона осма, епизода четврта Сакав да напишам нешто за епизодава, ама штом D&D не се замарале да напишат саглам сценарио, зашто ја да се замарам и да пишувам? Така да, еве ви review преку мемиња. 
Spoiler: Лејм предикшнс - Мислам дека змејот не е мртов, видејќи кога Серси го праша Еурон за него, овој и' рече дека го виде како паѓа во водата. Што некако не ми е доволно доказ дека 100% е мртов. Башка, мислејќи дека е мртов, ќе бидат полабави и нема да го очекуваат и гарант у најправиот момент (као што праат редовно) ќе се појави. - Второ, одамна мислев дека Џејми ќе ја убие Серси, сеа уше поубедена сум. Никој не може да и' се приближи (освен Арја, ама нема логика сите она да ги потепа), освен можеби Џејми, во емоционален пристап од сето заедничко минато и поранешна љубов, тоа е момент на емотивна слабост која Џејми би ја искористил. Сепак ја мрази зошто поради нејзиното влијание тој беше лош човек и направи толку злодела за кои сеа се кае. - Клејган дефинитивно ќе го убие брат му, тоа највеќе има смисла. - Грејворм веројатно ќе го убие Еурон, зш он ја киднапира Мисандеи. Евентуално Џара ако се врати, за да му се одмазди за нејзиното киднапирање. - Арја веројатно ќе заврши сепак со Гендри, поради она на почетокот од серијата шо Роберт му го кажа на Нед: "Ја иам син, ти имаш ќерка, ае да ги споиме". Делува баш soupe-opery, као шо и стана GoT у последниве пар години. Само ме интересира која му е мајка на Гендри. Да не испадне Серси дека е, а Генди нејзиното прво момче што демек починало. У најмала рака, Брен може да отиде у минатото и да види која му е мајка. - Не знам која е unfinished business на Арја во Кинг Лендинг. Може не иде таму, може иде у Бравос. - Дени ќе откачи уше поише од сеа што е, ќе стане ко татко и'. Џон веројатно ќе ја убие, зш нели секад е воден од праведноста, па да биде драматично. - Можеби Тирион ќе го убие Варис, језда тоа ми е straching, чисто да им дадам крај и на нив.
Не завршената работа на Арја во престолнината е да ја убие Серси, бидејќи само таа и остана на листата.
Ама според психологијата на Џејми, тоа е негова работа, бидејќи веќе се осеќа дека она е виновна за сите негови злодела. Не гледам простор дека Арја би ја убила. Не е серијава само за Арја.
Spoiler Па во минатото да не отиде за време на борбата со the white walkers? Имаше сцена каде што се префрла на чавки и гледа до кај стигнале мртвите, тоа е сегашност. Што значи дека може да гледа сегашност и минато, а не иднина.