Поише им се радувам на мемињата у понеделник, него ли на епизодиве у сезонава so far. Spoiler: Мемиња со можни спојлери
Последната епизода не ми се допадна, катастрофа. Денерис толку лавовски се бореше цела серија за да во една епизода изгуби се, посебно змејот. На кој мудар човек му текна да го убие Регал на таков преглуп начин? Се изнервирав, ги обожавам змејовите, ама да умре на таков начин не не. Друго, Денерис со нив тројцата па и двајцата беше најмоќна во цел Вестерос. А и сега е.Можеше до сега комотно да ја спржи Серси. А излегува послаба од неа и Јурон. Булшит на квадрат. Искрено и сакам да се претвори во Мед Квин и на сите да им ја покаже својата вистинска сила, додека е праведна и добра и го убија змејот и Мисандеи. Го губи и Џон се чувствува, а полека и своите советници. Не го заслужи тоа воопшто. Не требаше вака да се одвива дејството. Каква им беше таа глупост со Серси и Тирион? Ке преговара со некој кој ја дигна септата во воздух, ги извиси кога им вети војска и помош...Мислам ајде ја знае многу добро Серси, ке се бори до последен здив по секоја цена. Булшит број 2. Џон глупчо најде кому да се довери на Санса бе. Особа од поверење. Реши да ја тргне Денерис, а ми се чини и ке успее. А не знам зошто и толку смета? Ете ке си остане Лејди од Винтерфел секако. Само ме интересира кој ја издаде Денерис за планот дека ке одат во Драгонстоун? Тирион му кажа на Брон дека ке јаваат на југ, ама не и за Драгонсотун. Ваљда е Џејми или Варис и неговите мали птички. Се на се катастрофа од епизода. Освен што, колку и да звучи сурово, ја убија Мисандеи. Ја сакам и многу ми е жал, ама мислам дека нејзината смрт ке е поттикот за нешто жестоко од страна на Денерис. А многу сакам да гледам како ги пали со Дрогон. Јас сум за BURN THEM ALL DAENERYS! Be a dragon! Се надевам дека ке ми го приуштат ова задоволство.
Серијава веќе не заслужува 9,5! Буквално ја доживувам како мемето со коњот! Место да кулминира, затупува, почнувајќи од 5 сезона наваму. Кога ќе ми текне какво чувство ми будеше, сега никакво, освен-ај да видам што ќе им текне сега... Каква јачина беа првите 4 сезони, wow, што е ова сега бре... Па уште и на оваа Денерис кога и се обраќаат со Дени колку ми е очајно и слабо! Каков лик беше Џофри, каква глума таткото на Серси, Ремзи... Сега ко некој обичен филм да гледам, Седмиот син,на пример И не, не сум хејтер, баш продуцентиве ми се Dumb and dumber...
Оваа сезона е најдобра од сите сезони за серијата до сега. Тоа што сите фанови го чекаа сите овие 7 сезони, дојде во 8 сезона.
Spoiler Кога Џон не го погали Ghost се дерев дека сепак е копиле. Кога умре Рејгал квичев зошто замина уште еден змеј. Не можеше да умри шознам Џон и/ли Денерис. Овие шо пишат ко да немат миленици.
Како „загревање“ за утрешната епизода, еве еден долгометражен и одлично аргументиран rant за 3 епизода. Типот толку се посветил што не само што ги посочил сите нелогичности во контекст на самата епизода, туку се навратил и на дешавки од минатите сезони. Да вложеле D&D барем пола од трудот, можда немаше да добијат толку хејт за глупостиве што ни ги сервираат. Spoiler