Игра на тронови (Game of Thrones) [2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Yipman2, 22 април 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.237
    Допаѓања:
    67.745
    Пол:
    Женски
    Леле колку сум бесна за епизодава, лелелеееее:@:@:@
    Колку испуштени шанси за епски моменти, како можеа вака да ја уништат серијава.;(
    Цела епизода гледаме како Денерис пали и толку. Џејми стигна за секунда, а му требаше цела епизода да стигне до Серси, одеше прободен, нема врска што, малку го боцна де. И за ништо, за ништо отиде на север Џејми, се беше за ништо, колку интересно да е де, да се случува нешто.:@
    Дури жал да му падне на човек за Серси, никакво соочување не направија, никаков дијалог.:@
    Подобро да не пишувам.:@
     
    На Lianna Anna, candy.cane, Elenpelen и 11 други им се допаѓа ова.
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.417
    Пол:
    Женски
    Епизодава.. Најискрено не ми се ни коментира, само ми е криво што толку време изгубив на серијава. Може ќе се вратам да промрчам повеќе да ми помине бесот.
     
    На Lianna Anna, Elenpelen, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.237
    Допаѓања:
    67.745
    Пол:
    Женски
    Никогаш, ама никогаш толку не сум се изнервирала од серија. Не можам значи.
    Ја направија како пародија!
    Колку беа опасни демек стрелите и сега одеднаш пу пу не се важи. Туку така ги спали, а пред тоа нееее, ептен закана огромна. Не да не направија глупи, туку и подолу од тоа. Какви не теории се извадија, толку мозгаа фановите, леле, немам зборови.
     
    На Lianna Anna, Elenpelen, Bender Rodriguez и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Не знам ни јас што да кажам веќе. Премногу антиклимактично. Ужас. Моменти што се чекаат од прва сезона се случија на најужасниот начин.

    Најлошата точка мислам дека беше дефинитивно Џејми. Му го уништија ликот од корен, back to square one го однесоа во буквално една епизода. Каква смрт беше таа на Серси? Најголемиот негативец што треба да се победи умре на ист начин како секој рандом екстра што се најде во Кингс Лендинг. Комотно може да направат да се сопне по скали и истата тежина ќе ја имаше. Ликот на Тирион исто уништен потполно. По 15ти пат веќе решава да преговара со Серси иако знае дека не успева. So much за најпаметниот лик. Мислев дека кога Џејми ќе стигне до Серси на некој начин ќе сфати дека е злобна beyond repair сам ќе ја убие, а после тоа и сам себе за да биде поетично. Ама ете, изгледа да ти падне камен врз глава е пологичен крај. Пророштва, какви пророштва?

    Исто фалеше завршна сцена меѓу Денерис и Серси. Технички Денерис ја уби, ама немаше никаков емоционален интензитет во тоа.

    Клигејнбоулот беше најсветлата точка во епизодава, а тоа доволно кажува за епизодава во целост. Барем тука имаше малку поетичност. Овојпат Хаунд го вовчлече него во оган, супер, ама и ова не беше доволно интересно со оглед на тоа што и ова е нешто што се чека уште од почеток.

    Дени изреагира импулсивно, а тоа веројатно ќе се разрешува следната епизода кога сите ќе си помислат дали уствари ја сакаме Денерис на тронот? Се надевам Тирион нема да го убие, само за него ми е гајле веќе искрено.

    Мислам дека разочараноста на сите (вклучувајќи ме и мене) во епизодава е што целиот прогрес од почетокот на серијата до сега отиде во вода. Денерис што беше all for love and pеаce без двапати да помисли изгоре цел град, Тирион чиј лик е поставен врз рационално размислување, се однесуваше целосно емотивно епизодава, најмногу кон сестра му која е причина за сите негови страдања во животот. Џејми што се беше откачил од токсичниот love interest, пак се врати кај неа и умре во нејзини раце. Повеќе девелопмент имаше во втора сезона отколку сега. За Серси кажав веќе какво разочарување е. Место да замине како краљица со нож во грло или нешто така, таа умре плачејќи во подрум. Арја исто ништо не направи во епизодава освен бегање натаму-наваму, комплетно спротивно на нејзиниот лик.

    Стварно ми е жал што ја уништија серијава, не заслужуваше ваков крај. Останува уште да видиме за последната што ќе им истекне, ама не ме чуди и Подрик да седне на тронот at this point, и онака ќе има повеќе логика од сè што се случи досега.
     
    На Nausicaa, Lianna Anna, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Мене најтраги-комични ми се сите интервјуа на двајцава дудуци со сите детални нивни 'филозофски' објаснувања за сцените и идеите/смислата зад сцените во сезонава :) Видов дека и на Мартин не му се свиѓа како му ја унаказија серијата. Еми, чорба. :) Најубавото нешто во оваа серија беа конверзациите. Такви бисери имаше, мудрости... мистеријата со трагчињата што ги оставаа..еволуцијата на ликовите..а бе, овие се' уништија:))) Кај баш овие се најдоа да ја прават серијава:))))
     
    На Nausicaa, Lianna Anna, candy.cane и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Но комент, ама сепак е ГОТ се дешава тоа што не очекуваш...
    Лудачката ако ја убиеше и Ајра не знам веќе што ќе беше. Значи фати се по ред запали. Како ќе се спасат од неа сега во една епизода не знам. Џон сигурно нема да сака да ја погледне, ниту пак никој од северот. Немам никаква идеја како би завршило ова. И многу повеќе ми се допаѓале од секогаш сцените со зидот, со Винтерфилд со Брен, битката со Најт Кинг врв, отколку со Денерис :!:. Ама уште една епизода за жал.
     
    Последна измена: 13 мај 2019
    На Hellobeautiful, LollySky и poppie им се допаѓа ова.
  7. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Ќе направат да не ни недостига серијава, туку да замислуваме каква можеше да биде...
    Протрчаа низ уште една епизода, а дејството можеше полека да се надгради изминативе епизоди, па и сезони. Некако и не ми е битно веќе кој ќе седне на тронот.
    60209755_889804564695106_5743668243206242304_n.jpg
     
    На Lianna Anna, Elenpelen, Bender Rodriguez и 7 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Реков јас.
    Го беа викнале гостин да е во серијата, да се појави во некоја епизода.
    Им одоговорил: "Не можам, зафатен сум, морам книгите да ги пишувам.". Yeah, right :D
     
    На Lianna Anna, candy.cane, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Само мене ли ми се допадна епизодава ? :wasntme:
    Бесот и гневот на Денерис, поради се што изгуби, тоа што ја третираа сите од ред како пиунче, поготово Северџаните, предавства, омразата кон Серси, логично е да биде тригер за генот од нејзиниот татко, she lost it.
    Од почетокот имаше ваква теорија, не знам зошто фановите се изненадени, според мене баш на добар начин и се заокружува ликот.
    Ако ништо друго за Џејми погодив од моите сите милион теории, а тоа е дека ќе умре во обид да ја спаси Серси.
    'She will be the end of you ' - Паметна Олина Тајрел. :D

    E сега,Арја и пророштвото за зелени очи. Серси отпадна, останува Денерис, плаво зелени..
    Последната сцена со Арја беше наговестувачка. Дури и мислам провидно малце. :)
     
    На Lianna Anna, candy.cane, Harper и 13 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.237
    Допаѓања:
    67.745
    Пол:
    Женски
    Народот никогаш не бил важен во серијава. Сега епизодава на прво место беше, се да се заштити народот, ха. Па уште и мајката со девојчето кога ги дадоа, да се знае кој ќе умре и за кој треба да ни биде жал.
    Колку просто само, уште не ми се верува. Арја милион пати требаше да умре, ама нормално дека не умре, па уште и коњ имаше, таман тука се најде.
    Бидејќи беше премногу ненадејно, бидејќи серијата помина премногу време во тоа да направи херој од неа. Воопшто не беше како што треба прикажан патот до нејзиново полудување, едноставно не останаа доследни некако на ниту еден лик, ги уништија сите.
     
    На Lianna Anna, candy.cane, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  11. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.626
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допадна. :$
     
    На Alisa22, lovestoneddd и WildMk им се допаѓа ова.
  12. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    5.623
    Пол:
    Женски
    До сега сезонава ми беше тапа, ради реда гледав, ама последнава епизода ми беше од лич на, ептен ме потсети на ГоТ што го сакав. Мислам дека убаво психолошки заокружија неколку ликови, ништо не беше out of character ако се погледне подлабоко, и освен борбата one-on-one што беше за мој вкус мех, се ми беше на место. :)
     
    На candy.cane, lovestoneddd, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    А, бе, и мене ми се допадна и прошлата, еве и оваа епизода. :) Али ми се допадна заради стварно моќните сцени, особено во оваа епизода :) исто и тоа што Ајра испаѓа со битна улога, што Џон се губи во овие епизоди ради неговата емотивност, што Серси ќе заврши ко шо ќе заврши,ко и Дени..али, разврската до овој момент, приказната како беше раскажана ептем не чини. :) Можеше да биде скроз истиот крај што го замислиле али можеше приказната да ја направат далеку помоќна. Едноставно не ги бива за пишување и раскажување. Браво али за сите оние кои работеле на сцените од камера до светло до ефекти. Ептем браво. Дудуциве нек се занимаваат со сапуници во иднина.
     
    На Lianna Anna, candy.cane, Harper и 10 други им се допаѓа ова.
  14. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.626
    Пол:
    Женски
    Баш ме живна епизодава.
    Мило ми беше за Варис, ме нервираше ликот и цело време како лисец, демек во име на кралството.
    Најсветлата точка беше борбата меѓу браќата Клегејн, а поготово смртта на Кајбурн овој како го фрли и го смачка :rofl:
    Воопшто не ја очекував борбата Јурон - Џејми.
    И, воопшто не ми е жал што оваа ги спржи сите в Кингс лендинг!
    Сивиот црв и војниците негови се виде дека се жедни и тие за крв поради Мисанде и не признаа предавањето на златните трупи и исто не ми е жал што ги испоубија.
    Мемето со Нед Старк си е супер, од тогаш јас влечам гнев кон луѓево во кингс.л. и затоа не ми беше жал што ги спржи.
    Стратегијата на Дајнерис беше супер, да спржи се каде што има шкорпиони стрелци.
    А и мислам дека Дајнерис знаеше дека ако со камбаната прогласеше победа само, Серси ќе избегаше.

    Е сега, следна епизода, сигурно ќе ја смакнат Дени или сама ќе си се смакне. Дали Џон, дали Ајра, некој ќе и е*е матер. Но, дали таа пред тоа ќе му е*е матер на Тирион?
    Изгледа Старк ќе бидат победници во играта за престолот. Т.е старк - таргериен,(Џон) двете куќи кои пробаа да ги уништат.
    Leave one wolf alive, and sheep are never safe.
     
    На sanja.burgundy, Alisa22, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допадна eпизодава. Претходнава не толку, ама оваа ми беше солидна.
    Убаво Емилија Кларк рече дека оваа ќе биде појака.

    Сепак на Денерис татко и е the Mad King. Имаше многу теории дека кога тогаш ќе полуди. Некако не се зачудив кога збесна...ми текна кој и е татко.
    Сто пати помислив дека Арја ќе умре и си реков нека се гонат сите, ама среќа преживеа па изгледа ја додаде Денерис во листата за убивање пошто преку к.р и дојде.

    Се сложувам дека глупо умреа Џејми и Серси.
    Со Серси требаше некој да се изживува, да пати, па да умре, а не толку лесно да се затрупа.
    Арја од пред 100 години кажува дека прва на листата и е Серси и искрено заслужуваше да ја убива полека и брутално.

    Џон го прават емотивен и добар човек (го подготвуваат за тронот), а Денерис ја полудеа за да ја мразиме.

    Мартин е лут пошто му ја уништија серијава, и воопшто не ја гледал.
    Тој кога не ја гледа, па зошто ние да ја гледаме? :D Си твита за други серии, а оваа ја игнорира. Толку ли лошо му изгледа?
    Им се нудел за да им помогне, ама почнале да го одбиваат и тој се наутил.

    Исто и актериве ги прашуваа во интервју што би кажале за финалето без да изнесат спојлери, и сите превруваа со очи. Не беа задоволни од последниве епизоди...Посебно Peter Dinklage (Тирион).
    Некои директно, некои индиректно кажуваат дека не им се свиѓа.
     
    На Lianna Anna, candy.cane, Elenpelen и 8 други им се допаѓа ова.
  16. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.728
    Пол:
    Женски
    Одлично изгледаше палењето на King's Landing да, ефектите со змејот, рушењето на објектите...
    Али дека ја зезнаа, ја зезнаа итоа најјако на крајов.
    Како друга серија да е последнава сезона.

    Единствена достојна недовршена приказна што се влечеше цела серија и заврши задоволително ми беше помеѓу Hound и Mountain. Очекувана ама и напната и интересна сцена за гледање.

    Останатото тиња.
    Ги уништија ликовите на сите од кланот Ланистерс. Тирион во солзи? Што беше тој шпанска теленовела момент кога го ослободуваше Џејми?! Страшно, немам коментар. Глава сечам дека актерот што го глуми се чудел wtf се случува со неговиот карактер додека снимал.
    Џејми исто папак го направија, сентиментален патетичен со плачење со се.
    А кога ќе ми текне какви јаки стабилни и интелегентни ликови беа и колку се надмудруваа меѓу себе со татко им во првите сезони.

    За Серси па да не зборувам. Таман кога помислив дека не може ништо полошо да заврши од убиството на Најт Кинг, ете ти ја глупавата Ромео и Јулија смрт на Серси, лик кој предизвикуваше страв и трепет последниве епизоди.
    Барем да дадеа шанса за средба и некој дијалог помеѓу неа и Денерис. Сигурна сум дека имаа што да си кажат. Серси не беше лик што туку така ќе се предаде и ќе бега како мува без глава во сред хаос.
    Толкава војска спремна за најважната битка, толку им влеа страв на сите и на крај се предадоа во последен момент, змејот спали се живо и не можеше никој да го совлада а другиот умре бизарно од две стрели.

    Се изнервирав до тој степен што не ми се ни гледа финалето.
    Сеедно ми е, а и од привјуто се знае веќе како ќе заврши.
    Штета... предобра серија ама тоа е кога ќе падне одлуката за сценарио во погрешни раце.
     
    На Lianna Anna, Elenpelen, Bender Rodriguez и 9 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    @WildMk беше у право неколку страни поназад.

    Епизодава врвна, ми се допадна.
    Прво да ви кажам и се замрзна срцето на Денерис, кога ја видов скршена, очајна, беспомошна, премногу го сака Џон и затоа избра страв. Тој можеше да омекша, но тој не е таков и колку и да сака не може поради својата совест. Затоа и таа веќе немаше голем избор, сфати дека колку и да му удоволуваш на народот нема да биде задоволен.

    Се согласувам со коментарот дека серијата е убрзана. Скокани се кадри и има дупки, па не ставија во мисла за бел коњ.

    Џон не можеше да верува дека Дени се претвори во чудовиште, дека нејзината желба за владеење е огромна и се ќе стори за да си го врати домот. Покољ направи, но Тирион 2 пати ја предаде, но поголемо предаство доби од Џон. Навистина, не мораше да и каже на Санса, а таа од безобразие да биде кралица раскажа на Тирион. Не би рекла дека е 100% сменета бидејќи и на почетокот беше у тој фазон да биде кралица на Кралебран.

    Не очекував покољ , Денерис сакаше да и ја исполни желбата на Серси. Кога ја уби Мисандеи, не покажа милост за неа, па еве сега Дени да и врати, да и покаже како изгледа од страна. Сите ја предадоа, дури и војската но тоа не беше доволно.
    Серси за прв пат беше слаба, во очите се гледаше страв и веќе знаеше дека нема излез.
    Кога ќе размислам боље да и кажеше самиот Тирион за тајниот влез во палата, ќе имаше подобра стратегија и може народот ќе беше спасен. Но, така би рекле сите клише е.

    Џон засекогаш го смени мислењето за Денерис и Варис имаше право, за жал таа го загуби Џон.

    Арја требаше да избега, крвнички остана, но што стана со зелени очи?
    Многу дупки има, што остана за крајна епизода?
     
    На ane.bella и poppie им се допаѓа ова.
  18. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.417
    Пол:
    Женски
    Значи не може ти лик да градиш цели 7 сезони како спасува луѓе, робови, кога напаѓеше и освојуваше викаше да не се повредуваат старите и децата, отиде на северот да помогне пошо не и беше сеедно за луѓето, збореше како она нема да владее со пепел ко татко и, и сега наеднаш ај пу пу не важи, овие се невини луѓе ама ми умре Мисандеи и сите ме изневерија и ќе ги палам. Преглупаво беше, ама така е кога сакаат да полудат лик во две епизоди. Плус да не збориме колку е предвидливо што Дани е Мед Кинг 2.0.
    [​IMG]

    Мислам да знаевме дека до тронот нема да се стигне со мир, меѓутоа имаше многу многу непотребни глупости епизодава. Прво Џејми. Му било гајле за луѓето... Чекај малку што?! Па целиот негов арк беше како он си го прекршил ветувањето и го убил кралот само за да ги заштити луѓето :^) Уништување на лик нереално лошо, да не збориме за тоа што се врати по Серси... Па тепачката меѓу Еурон и Џејми скроз исилувана, непотребна, демек супрајз ефект, а прелоша беше. И врвот на неговата смрт со Серси. Озбилно толку глупа смрт и дадоа на таков извонреден лик?Каков villain беше Серси, а како умре.. Па фановите да ја пишуваа епизодава ќе беше илјада пати подобро. Толку неверојатно интересни теории прочитав, а овие што направија со епизодава?! Да не заборавиме како Дени ги запали сите шкорпиони додека сите војници беа собрани на една демек ќе го пукаат змејот |( Тирион плачеше бе, п л а ч е ш е. Џон греота цела епизода, шокиран од се што се деси пред него. И Арја, океј преочигледно е дека ќе ја убие Дени сега. Единствено океј епизодава ми беше борбата меѓу браќата, мада и тоа се знаеше дека ќе умрат и двајцата, ама барем беше задоволително. А да и криво ми е што Варис умре и не дознавме што слушнал во огнот кога бил дете. Многу вакви работи ќе останат недоискажани. А да не збориме за предвидувањата што у оваа сезона скроз ги заборавија.

    [​IMG]
    И не ми се гледа последнава епизода стварно.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Lianna Anna, candy.cane, Elenpelen и 11 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.237
    Допаѓања:
    67.745
    Пол:
    Женски
    Варис, Варис... Каков лик, какви не сплетки, што се не преживеа. За вака да заврши. Мизерно. Башка го спали змејот и тишина. Нема врискање, агонија, нада. Толку мрежи имаше исткаено и сега така глупав испадна.
    Која беше целта што Тирион го ослободи Џејми? Веќе виде дека нема да се предаде. Тирион ја мразеше Серси, зошто би сакал да се спаси, зошто? Знаеше дека ќе победат во битката. Тирион начисто го уништија. Ама начисто. Покрај Денерис неговиот лик најмногу настрада. На Арја што беше целта што ја гледавме како се ашка натаму наваму?
     
    На candy.cane, Bender Rodriguez, Alisa22 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Катастрофа. Мене многу ми беше досадна целата епизода...

    Не знам од каде да почнам, што да кажам.. Никогаш не сум била фан на Денерис но таа не го заслужи ова..Нејзиниот лик не требаше да заврши вака,без разлика што нејзиниот татко беше The mad king..Џон беше буквално невидлив. Џејми и неговиот charachter development исто падна во вода.Знаев дека нема ништо да и направи на Серси но мислам дека тој беше тој што требаше да ја убие,како во пророштвото. Но изгледа заборавија на тоа, па направија да има јадна и глупава смрт...Не ми се верува колку бедно умреа и двајцата уф.Арја избра живот и спасување на невини а не одмазда. Тоа беше единственото нешто што ми се допадна, како и борбата меѓу Hound и Мountain. Малку беше смешно што потешко беше да се убие the Mountain отколку The night king но добро...Премногу нелогичности, избрзано дејство и се друго..

    Следнава епизода претпоставувам вака :rofl::rofl::rofl:
    Дури сум сигурна дека слично ќе биде...
    [​IMG]
     
    На Lianna Anna, Elenpelen, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.