Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игра на тронови (Game of Thrones) [2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Yipman2, 22 април 2011.

  1. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Како да се уништи најдобрата серија во само три епизоди? :clap:
    Таленти...:puke:

    Подобро да завршеше со седма сезона и воопшто да не снимаја 8-ма.
     
    На candy.cane, Elenpelen, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Единствено што вредеше во епизодата беше тепачката меѓу Hound и The Mountain.
    Ајра Старк, која поседуваше вештини пропратени со рамнодушност и губење идентитет за ,,поголемо добро" беа преточени во страв, нетактичност и покор. Крајната сцена колку - толку го подобри впечатокот.

    Никогаш нема да ги преболам змејовите. За нив душата ми е распарана на милион парчиња. За нив двајца па за Ајра и на крај Тирион. Ги упропастија. Многу негатива разбуди последнава епизода, се чувствувам предадено, изневерено и тажно. Ни во спојлер не ми се става. :)

    Нема да коментирам повеќе, излишно е. Било што да напише некој од нас би било непотребно. Катастрофален епилог. Очекував многу повеќе. Требаа битката со The Night King да ја остават за крај.

    Ајде барем Ајра ќе победи. Се за кауза.
    Оф, животе. ;(
     
    Последна измена: 13 мај 2019
    На Lianna Anna, Elenpelen, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Серијата да се преименува во Game of Disaster и да врви по патот...
    Немам желба да гледам како ќе заврши оваа глупост. Ноуп. Едноставно стана wrong on so many levels и одбивна ми е.

    Епизодава циркуз, турли-тава.
    Единствен јак момент беше тоа што Серси продолжи да биде Грујо со тапија и иако буквално и' се рушеше таванот над глава, она не и не, не сакаше да си признае дека сè е готово и дека дојде судниот час.
    И следната сцена - низ тунели и тајни патеки, рака под рака со глупакот Џејми (немам соодветна пцовка за него, ова е лика и прилика на ПРОПАДНАТА личност БЕЗ СВОЕ ЈАС. Името Џејми комотно може да се користи во замена за некој погрден збор. Наместо да му речеш некому глупак, торко, ропак итн, кажи му Џејми и чиста работа.
    И да се вратам на бајката - си трчкаат гулапчињата по тајни подземни патеки, додека Џејми Ропакус крвари како од кофа нели, ама пуста љубав па губиш малку ориентација дека треба да цркнеш, и та-даааам во кулминацијата на The sweet escape, ти паѓа плафонот и RIP to the little lovebirds.
    Си умреа заедно и зачекорија кон портите на пеколот.
    Прекрасна љубовна приказна. :inlove::inlove::inlove:
    Not.

    За сите гадости што ги направи, Серси заслужи да умре побрутално. А не како од латиноамериканска сапуница. Ми фалеше соочување со Денерис, па да ја реши во пола потег. Вака...очајно испадна.

    Денерис...и го уништија ликот. А можеше да го поштеди целиот град кога почнаа да одѕвонуваат камбаните, да се упати накај Серсиевата тврдина и да ја џишне. Ама не, нели, луѓето (демек) сакаат драма, искри, не знам што, булшитови. Настрада ликот на Денерис, а кога веќе ги уништија чудесиите, оружјата, флотата и се по ред, можеше така достоинствено да се оттараси и од Серси. Но не...

    Не ми се допадна тој дел. Разбирам дека тој бес акумулиран со сезони и сезони мораше да избие од некаде, ама не мораше да игра на „запаличу пола града“ - карта. Можеше да им го удри крајот со стил.

    За ликот на Џејми нема потреба да зборам, да не се повторувам. Трол на столетието.

    Срамота, срам ми е што го гледав ова.

    Следен гаф нека биде смоткото Џон (каков што нели го унаказија во име на серијава), да ја рокне Денерис и да заврши оваа куклена претстава.
    Искрено немам желба да гледам како ќе заврши серијата, најпаметно ми е да продолжам да си ги читам книгите и да се надевам дека кај и да е ќе излезе последната па да се насладам.
    Не би сакала да ја удостојам серијата со повеќе внимание.
     
    На Nausicaa, Lianna Anna, M.B. и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Што да кажам... Очајно e исфорсирано она "if you think this will have a happy ending, you weren't paying attention" и убрзана трансформацијата на Дени од силен, праведен лик кој се грижи за обичните луѓе и ги спасува од други тирани (она со егзекуцијата на Нед дека навивале не ми е доволен изговор, сепак се невини луѓе) - до mad queen, тиранин како оние против кои се бореше. Кога такво нешто е збутано во две епизоди, не може да е позадоволителен резултатот...

    Доста нелогичности имаше, прво баш и јас си помислив во претходната епизода кога леташе Дени и ненадејно ја пресретнаа, зошто ништо не можеше да направи - а сега со Дрогон за 5-10 минути ја изгоре цела Iron Fleet.

    Жал ми падна за Тирион, мислам дека за Џејми повеќе се грижеше, а не за Серси, убаво рече дека само тој човечки го третирал од семејството. Има тој некоја емотивна страна отсекогаш, уште од оној епик говор на судењето за Џофри - само начинот т.е. дијалозите се многу паднати во квалитет сега. Не ми беше толку лоша таа сцена, повеќе ми смета колку стратешки грешки направи досега.

    За Џејми, шта речи... И јас се надевав дека сепак тргна да ја убие сестра му, но го направија заслепен од неа до крај.
    Смртта на Серси беше нај лејм, како толку истакнат негативец требаше да заврши или на некој суров начин можеби од Арја (бидејќи ѝ беше последна на списокот) или од раката на Џејми (уште едно пророштво падна во вода, тоа дека ќе ѝ пресудел еден од браќата).
    Арја и Џон цела епизода изгубени, останаа низ ршумов да гледаат очај и ужас меѓу кутриве луѓе...

    Не ми беше до толку лоша епизодата, но и далеку од тоа што се најавуваше... како и цела сезона.
    За финалето не знам што да очекувам, со оглед на тоа дека сите теории (многу појаки од ова што се случува уствари) паднаа во вода...
     
    На Lianna Anna, Elenpelen, KateKane и 8 други им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.611
    Пол:
    Женски
    Тешам разочарани луѓе од GoT во инбокз.

    Цена во поштенско сандаче.

    Ај сега да бегам дури не сум изела ќотек оти ви спамирам во светињата :D
     
    На Lianna Anna, Elissa, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Кога веќе сите се жалат :rofl:

    [​IMG]




    :rofl: Ја видов сликата за Ѓурѓовден во македонската група и сама си се изнасмеав :lol:

    [​IMG]
     
    На Elenpelen, KateKane, Bender Rodriguez и 7 други им се допаѓа ова.
  7. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Вакво разочарување искрено не очекував. Во 7ма и 8ма сезона Тирион, Денерис и Џон ги упропастија beyond repair. Тирион претставен како најпаметен лик, генијалец, што се покажа кога беше хенд оф д кинг во Кингс Лендинг, последниве 2 сезони не направи ништо конкретно да и помогне на Денерис,посебно сега можеше да изигра паметно затоа што го знае многу добро градот. Џон стана лик без свој став, кога е во близина на Денерис е далеку од тоа што беше. За Денерис не ми се збори затоа што ме боли уште срцево.
    Арја во епизодава беше дојдов да си одам, градот се распаѓа Тирион си се движи лагано без ниедна гребаница. Џејми, лик кој ми е омилен од самиот почеток, очекував еден добар character development, место тоа го вратија ликот како што беше на самиот почеток да ја спаси жената што му нарача на Брон да го убие пред 4 епизоди. Серси најомразениот и најзлобниот лик во серијата умре на најидеален начин за неа.
     
    На Hellobeautiful, KateKane, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  8. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Не предупредиле одамна:rofl:
     
    На Brinetka и poppie им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Досега не сум видела подобра депикција на ужасот кој го носи војната.

    Ме заболе срцето за она што е човекот, и колку штета си нанесува сам на себе.
    Колку големи страдања предизвикуваат желбата за одмазда и желбата за власт.

    Нема ништо глупо во епизодава.. барем за мене...
     
    На Ladyyyy567*, Harper, SelenaGomez и 7 други им се допаѓа ова.
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
     
    На oblace1 и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    :D

    Capture.PNG
     
    На Hellobeautiful, MarigoldA, Elenpelen и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.783
    Допаѓања:
    19.612
    Пол:
    Машки
    Ниту тактички нешто да речиме спремно, ова дрогон делуваше супериорно ко 3 змејови да го опколија градот и да се збунети (стрелите по кого да пукаат), исфорсирано малце. Искрено ми побуди чувства, намовнување и солзи, ама истворемено и разочараност за серијата до кај стигна..
     
    На Elenpelen и poppie им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Колку ги упропастија сите ликови. Џон, обожуваниот Џон, кого сите наводно го сакаа за крал, испадна таков слабак, обично пиунче кое се држи за фустанот на својата кралица. И покрај тоа што дозна каква е Денерис, дека е желна само за тронот, дека е спремна да го спали градот, тој испадна најголем ропак, нема изгубена фигура. Тирион иако знаеше каква штета ќе направи Денерис, го издаде Варус, а тој јадниот од кругот на предавства мораше да изгори како последна алка. Интелектуалецот Тирион ја направи најлошата грешка до сега. Па и војската силуваше жени, деца. Малку беше што ги спалија па и да се изживуваат над нив. Откако кулата падна, што кур бараше Денерис да лета како брлава со змејот и да пали уште луѓе. Зошто не се заинтересира да ја пронајде Серсеи па лично да ја убие. И како капак на се, Денерис ја палеше и својата војска меѓу кои беше и Џон. Или потајно се надеваше дека и тој ќе умре и ќе и го ослободи патот до тронот.
    А Арја, не ми се верува дека така лесно се откажа од намерата да ја убие Серсеи. Упорната храбра Арја се откажа иако знаеше што ја чека.
    А Серсеи не е мртва, ќе направат дека преживеала. Толку долго опстоја во серијава и толкумина сакаа да ја убијат што не ми се верува дека ја уби цигла по глава.
    Некако ужасна и непотребно прекрвава епизода. Нетрпеливо го чекав крајот, ме нервираше епизодава. После ова целата ситуација ми изгуби смисла, иако сеуште ја очекувам Арја на тронот.
     
    На Lianna Anna, Hellobeautiful, Elenpelen и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.799
    Пол:
    Женски
    Како да упропастиш добра серија во 6 епизоди - така би ја нарекла серијава во последнава сезона. Досега не беше нешто wow, не верувам дека на крај ќе ја оправат.
    Беспотребно крвава епизода. Ама буквално, некои работи беа навистина непотребни, ставени колку да им се запечати судбината на одредени ликови. Баш ме интересира, на кој трон ќе седне Денерис? Се' изгоре, прашувам со што ли ќе владее?

    На крајот мислам дека Арја ќе ја убие Денерис.
     
    На Lianna Anna, Hellobeautiful, Elenpelen и 10 други им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам. Нема поопасен човек - од повреден човек, и епизодава совршено го доловува истото. Бесот бил и е најопасната човечка емоција, движечка сила од почетокот на времето па и ден денес.
    Буквално во моменти на очај покажаа емоции, толку време сурпресирани од самите ликови, кои не сме навикнале да ги гледаме во последно време во такво светло, ама ете се вратија на она што се во суштина. Секој еден од нив.

    Мислам дека фановите, меѓу кои и јас, сме многу привржани за серијава и очекуваме fan service, секој од нас има своја замисла која ја мислиме за перфектна и праведна, а правдата е различна нели за секој. Не може на сите да им се угоди.
    Едино се согласувам дека е преизбрзано све, можеа бар уште една две епизоди и се да си падне на свое место.
     
    На dayla, KateKane, TheGoldenPeach и 5 други им се допаѓа ова.
  16. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    1.646
    Пол:
    Женски
    Баш ми се допадна епизодава, не знам зошто толку разочарани има, што очекувате?
     
    На oblace1, WildMk и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  17. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    И за мене беше супер.
     
    На WildMk и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Unpopular opinion, ама мене ми е толку многу интересно што Денерис бива Лудата Кралица, како татко и. Таргариенци со генерации наназад размножувале преку инцест и ете претходна сезона се најдоа Џон и Денерис. Се повторува историја и мене ми е фасцинантно како е напишано.

    Толку ме потресе епизодава, како што некој веќе кажа, срцето ме болеше. Вака не ме возбудила епизода во долго време - иако лоша возбуда.

    Мене ми се многу допадна. Вау.
     
    На Harper, WildMk, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Еее, а кога ќе ми текне дека на почетоков на сезонава ви се извинував за хејтот и мрчењето... :D Да бидам искрен, бев у искушение и ова review да го напишам со мемиња, затоа што мемињата се несомнено најдоброто нешто што излегло од оваа сезона.

    Веќе сме на самиот крај и ги претпоставуваме сите потенцијални завршетоци на серијава and that’s fine. Искрено, нема да се лутам ако не бидам изненаден – не ни очекувам да бидам, очекувам само задоволителна разврска на приказните на ликовите и на самата серија. Арно ама, D&D како да се на мисија да ги ИЗНЕНАДАТ гледачите по секоја цена, без разлика дали изненадувањето прави каква било логика. Не знам како да им кажам, ама out of the blue, нелогични изненадувања се карактеристика на шпански сапуници, а не на добри серии.

    [​IMG]

    Тирион и Варис: двајцата најпаметни и најлукави луѓе во цел Вестерос испаднаа прилично глупави и наивни. Тирион одеднаш почна да им верува на сите на жими мајка и лабаво го предаде Варис (иако овој претходно буквално му го спаси животот). Варис, од друга страна, исто така изигра причично смотано. Ако веќе веруваше дека Џон треба да е крал и дека има полегитимен claim врз престолот, можеше едноставно да избега и да се потруди да ја прошири вистината за неговото кралско потекло на што е можно повеќе луѓе во Вестерос. Вака испадна дека едноставно чекаше да умре.

    Арја: девојчево како да е биполарно. Од безмилосен и вешт assassin се трансформира во беспомошно, уплакано девојче кое бега за да си го спаси животот додека да трепнеш. И целосно правеше логика Арја да ја убие Серсеи (наместо Night King, на пример) – да размислиме зошто.

    Буквално уште од првата сезона, Арја се заколна на одмазда против сите кои му згрешиле на нејзиното семејство, ги повторуваше нивните имиња секоја вечер пред да заспие, отиде во Волантис за да тренира и стане assassin, го батали тренингот и се врати во Вестерос, тргна накај King’s Landing со цел да ја убие и... The Hound ѝ кажа буквално две реченици и целосно ја премисли. Молам? Да не правиме муабет дека буквално 30 секунди откако Арја реши да си замине (и го фрли целиот character development низ прозор) Серсеи наидува на The Hound.

    Браќата Клегејн: Дури и извиканиот Cleganebowl ми беше антиклимактичен. Го убација како fan service, сфаќам, ама изгледаше како ич да не се потрудиле да направат возбудлив и напнат дуел. Како едвај да чекаа да завршат со сцената, за побрзо да се вратиме на Арја како талка по улиците и сведочи на страдањето на луѓето. Патем, The Mountain без шлемот стварно изгледаше како Darth Vader без шлемот. :D

    IMG-cb6d85b53eb81c721fce53d4d677bc46-V.jpg

    Серсеи и Џејми: Серсеи, еден од најсилните (од аспект на карактер) негативци у целата серија, у епизодава пракитчно не кажа и не направи ништо. Одбиваше да го напушти Red Keep и баш кога се надевав дека се одлучила to stand her ground и да се соочи со Дени – таа избега.

    Џејми, од аспект последнава епизода, сфативме дека не доживеа никаков character development за 8 сезони. Беше и остана типче со добра душа, кое прави лоши работи поради љубовта кон сестра му. Redemption arc, што беше тоа? Тепачката со Еурон беше целосно непотребна, да не збориме за тоа што Џејми, иако смртно ранет, после неколку сцени трча со Серсеи.

    Нивната смрт беше целосно pointless. Можеа да направат барем Џејми да ја прободе Серсеи на крајот – за да ја поштеди од тоа да биде потрупана жива – и плус за да се исполни пророштвото. Кое пророштво, се прашувате? Е кое де?

    Дрогон и Дени: Дрогон, како да кркал од кантите со протеини на Влатко Лозановски, како Дени да му внела invincibility cheat – не беше воопшто налик ранливите и кревки суштества на кои досега се навикнавме дека всушност се змејовите. Ја запали целата флота на Еурон во еден здив (човек да се запраша зошто Дени не го направи тоа претходно, кога ѝ го убија другиот змеј), but that’s okay, затоа што леташе од правец на сонцето, па не ја видоа (sure thing). Ги запали и сите шкорпиони на ѕидовите, разурна камени ѕидови (демек, со ракети ги гаѓа, не со оган!), ги запали сите од The Golden Company и singlehandedly успеа да ја порази целата војска на Серсеи. Океј.

    Дени, од друга страна...

    IMG-ae5b2a633759a9d70e9cc43866f8e4c2-V.jpg

    Реков и претходно, генерално немам проблем со замислата Дени да биде hero turned villain, интересна идеја е, ама начинот на кој го извеле тоа... Ако веќе планирале да го прават тоа, трансформацијата требаше да биде постепена, двосмислена, да ја направат поконтроверзна, за да гледачите можат барем да ги сфатат, ако веќе не можат да ги оправдаат нејзините постапки.

    [​IMG]

    Можеа да направат дека го пали King’s Landing додека луѓето викаат „Ring the bells!“, пред actually да почнат да бијат камбаните. Да внесат барем мала доза на двосмисленост во нејзината одлука да го запали и уништи целиот град (кој, патем, го направиле нејзините претци). Да не биде дека буквално решила да уништи цел град со луѓе кои веќе се предале. Ама не. Решиле да ја направат да биде cartoon villain. Објаснувањето? – She’s batshit crazy. Онака, одеднаш. Као The Mad King да бил супер крал и еден ден да му светнало дека треба да ги запали сите.


    Поентата на книгите/серијата, барем за мене, беше дека иако во фокусот цело време беше престолот, интригите и махинациите на различните куќи во борбата за моќ и превласт, заканата од Night Walkers требаше да покаже колку е бесмислено сето тоа, колку се ниски нивните човечки амбиции, колку е сето тоа (вклучувајќи го и престолот) небитно кога човештвото е соочено со својот опстанок. Можеби како аналогија за global warming or something.

    Битката со The Night King требаше да биде финалето (можеби во King’s Landing), а не само антиклимактична увертира во крајот. Вака, испадна дека White Walkers беа само minor nuisance, а она што навистина е важно (најважно, да бидам попрецизен) е чиј газ ќе седи на престолот. Супер.

    Јака му душа на оној кој ми го дочита rant-oв до крај. :D
     
    Последна измена: 14 мај 2019
    На Nausicaa, tace73, Lianna Anna и 24 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.799
    Пол:
    Женски
    Јас те дочитав @Bender Rodriguez :D многу можеа, ама не направија. Иначе технички беше супер
    [​IMG]

    Па како прво, да не ги упропастат ликовите.
    Можеби поради тоа што скоро сите што ја гледаме имаме свои теории за тоа како ќе се одвива понатаму, разочарувањето е големо. Ниедна друга серија не дава ваква слобода за теории, не била толку непредвидлива и напната. Барем за мене. Можеби поради тоа сме разочарани.
    Никој не очекуваше хепиенд, ама ни одење во друга крајност.
    Точно е дека бесот и очајот го вадат најлошото од човекот... ама не... не вака.

    [​IMG]


    Најјаката сцена :D
    [​IMG]
     
    На Lianna Anna, Hellobeautiful, Brinetka и 11 други им се допаѓа ова.