Е сега не сфаќате нас фановите од Lost кога имавме мелтдаун за последните епизоди. Пак кај вас има шанса за солидно добра финална епизода, можеби ќе ве изненадат, сепак GoT e. И за Breaking Bad имаше вака слично, To'hajiilee епизодата беше бавна и лошо заврши ама затоа таа после неа Ozymandias е во топ 5 епизоди од сите серии, мастерпис, оргазми долго време имаше рејтинг 10/10 сега гледам 9.9/10 има. Финалето исто беше едно од најпрекрасните финалиња на серии. Али затоа од Лост финалето... Леле леле леле... J.J Abrams на тешки психоделични дроги бил кога ја режирал, друго објаснување нема. Полошо финале немало, нема и нема ни да има на култна серија. Се дури вака не ви заврши серија, на коњ сте
Сакаш да кажеш дека серијата Lost, actually имала фанови ? Јас пак да профилозофирам малце така поспана. Пред почетокот на сезонава, со другар ми збориме за финалето, он убаво рече, ќе ги победат прилично лесно мртвите, иако толкава еуфорија имаше, човек се нема соочено со такво зло дотогаш, многу очекуваа дури и Најт Кинг да победи, им беше фаворит за тронот. Поентата е дека нема поголема сила на светов од самиот човек, нема ништо поголемо од него. Светот ќе спознае мир само кога човек ќе се победи сам себе и своите амбиции, што и е реален приказ од реалниот свет. Кога денешниве политичари не би биле алчни аждаи желни за моќ, не би гледале војни, руинирани држави и ден денес и уништени нации. Многу очекуваа дека после соочување со мртвите, сите што ќе останат ќе се сплотат, со компромис ќе седне некој на трон и ќе живеат хепили евер афтер. Ама не. Покажаа дека на тест секогаш ќе се става човештвото и дека како претња за човековото постоење секогаш ќе е друг човек, а не нешто возвишено и поголемо од самите луѓе. Е сега, околу критиките за Денерис. Логична е нејзината приказна, од тешко детство, до нејзино продавање од страна на брат и, на тиранинот Дрого, бројни иживувања силувања, Стокхолм синдром I guess, го губи него и своето дете. Ги добива змеевите, собира армија на поданици, ослободува цели градови, од робови прави слободни луѓе, и сето тоа на исклучиво мирољубив начин. Доаѓа Џон и и кажува за мртвите и нивниот поход. Пак исплива нејзината добра страна, му верува на зборот и со се што има се упатува во помош. Впрочем првиот змеј го загуби во обид да го спаси Џон и неговата дружина. На Северот ја пречекуваат како најголем душман, иако она замина да се бори рамо до рамо со нив, а не против нив. Подбуцкано од Санса, која се криеше во подземникот, чекаше да се заврши се, и да излезе како победник и да продолжи со арогантна надменост. На славјето, Денерис беше третирана како невидлива, се потцени целосно нејзината помош и борба, а го величаа Џон, го воспеваа, само не знам зошто, не ми е јасно, кога беше тотално небитен лик пред и за време самата борба, па и отпосле. Ги изгуби најблиските особи до нејзе, а тие што останаа, почна да избледува нивниот жар за да и помогнат до тронот, почнаа и завери да се коваат. Ја изгуби и Мисанде и тоа на понижувачки и надмен начин. Сосема е во ред што го осуди на смрт Варис, затоа што кога првин он дојде кај неа, она му објасни како се казнува предавство а он за возврат и се заколна на верност, Тирион исто така ја предаде, нешто нетипично за него. Би требало и него да го погуби во нареднава епизода, поготово за ослободувањето на Џејми, потег кој го направи на своја рака, без никаква консултација со неговата кралица. Народот не знае за потеклото на Џон, а сите го возвишуваат него. Зошто, можеби заради самиот факт што е маж, па со самото тоа е посоодветен за тронот. Тој ист народ знае за сите добри дела на Денерис, за рушење робовладетелски системи, за мирот кој го воспостави во сите освоени градови, и пак им е недоволно, за нив сепак крал е некој кој воскресна од мртвите и не направи ништо корисно после истото. Народот добро не памети. Burn them all.
Еееее, а јас на почеток кога викав дека се одлчини епизодите... Времиња. Баш те чекав да пишеш, супер си образложил што се е погрешно во серијава и зашто има толку разочарани. Spoiler Варис, седнал и си пишува писменца, требаше да му ги даде на змејот да ги пренесе. Плус тоа што не ја дадоа Денерис откако летна со змејот, никаков израз не можевме да видиме, ништо да слушнеме. Леле, пак ќе почнам да се нервирам.
Веќе е ептен глупo некoј дa рече декa oвa е дoбрo... Инт умре пoсле шестaтa сезoнa. Серијaлoв зa мнoгу луѓе ќе ги уништи книгите, кaтaстрoфa жaл ми е зa рр мaртин.
Пошто никој не го спомна моментов, а ве прочитав сите, на исто сме. Не обрнав внимание ич а ми падна чудна сцената измеѓу двајцава.
Ве прочитав и уживав (сите кои сме разочарани), многу не има значи. @Bender Rodriguez-, ти се поклонувам за напишаното, баш срочено на место.
во цела серија омилени делови ми беа дијалозите со Тирион. сезонава ништо не видов од неговиот сарказам и игра на зборови. џон лигле. ги унаказија сите ликови.
Отсекогаш сум сакала да читам книги и да гледам серии, а кога ќе наидам на серии базирани на добри книги и со добра адаптација, тоа е посебно уживање. Според мене, единствениот и најголем проблем на сезона 8 на ГоТ е што не е напишна од писателот на книгите. Ја нема истата длабочина на ликовите, ја нема истата хемија во нивните односи, ја нема истата маестрално испреплетена поврзаност во сите индивидуални приказни. И логично е да е така, никогаш немаше да можат да ја копираат креативноста на оргиналниот автор. И да е најинвентиевен крајот на серијава, јас ќе бидам разочарана, бидејќи серијава ми изгледа како сите ликови да се собрале после 20 години матура и ја играат серијава - истите актери се, истите ликови се, сите се сеќаваат како било, ама некако се осеќа празнина од поминатото време. Исто е, ама не е исто...
https://www.fakulteti.mk/news/16052...eticija-za-povtorno-snimanje-na-osmata-sezona На кое дереџе падна серијава Од најјака серија што постоела во човештвото, еве сега петиција собираат да се синма сезонава одново. И 10 милиони да се потпишат нема шанси да се преснимува. Ако им било гајле на продуцентите ќе направеа добро финале и сега, а не да чекаат петиција. Ама ете, си имале нови проекти за Star Wars и таму ќе бидат главни продуценти, па нормално сакааат побрзо да завршат. Мене ми е жал за актерите. Колку се трудат за секој еден лик да е прикажан како во книгата, да не се изгуби суштината на карактерите, ама кога не оди не оди. Многу побитно е што кажуваат, отколку како го кажуваат.
Јас па не знам што се разочараа сите толку. А што очекуваа, нели не сакаше никој холивудска серија, еве сега во нивен стил, се случи неочекуван пресврт, непредвидливо нешто. Мислам дека сите се лути оти не им се остварија очекувањата, и мене ми беше ту мач петтата епизода но сепак тоа е тоа. Толку години ни приредуваат шоу... Факт е дека не треба за заврши како шпанска сапуница.
Мене ми е фасцинантно што толкави аналзии се прават за серија... Како стана 'побитна' серијата, од еден куп други проблеми... На што се должи интересот? Феномен е.. До сега, ни една серија немала толкава гледаност.. Евр.