Проблеми се за проблеми. Забава е за забава. Хоби е за хоби. Што имаат врска проблемите со серијава? Гледаноста е голема заради првите сезони (стара слава) кога беше прејако напишано и изглумено, кога одеа по книгите. Сега веќе секако сите се бунат дека многу е булшит и нелогично напишано, ама гледаат дека е последна сезона. Досега се надеваа дека ќе се вратат по старо, ама пошто остана уште една епизода, знаеме дека глупо ќе заврши. п.с. Многу народ ја гледа дека е кул во денешно време да имаш појма што се работи во серијава
Мислам дека, од прилика, знам како ќе заврши серијава Имав 'епифани' пре 10 минути.. Баш ме интересира, дали сум во право Spoiler Ова повеќе го пишувам, како потсетник за мене, него ли инфо за вас
Имаше дури и петиција од фановите за да се преснима последната сезона, но не ми се верува дека ќе ја преснимаат. ГОТ мјузикл
Мора да кажам последната епизода како и цела сезона се прав Хахахахха...хааааааааааааааааааааа! Spoiler: Anywayyy Прилично ми испадна на ок сезона ако ги гледаме фактите дека книгите не се завршени бидејќи авторот е како студент кој никако да седне на научи за испитот него цело време шета наоколу се пијанчи и прави други бескорисни работи, а директорите едвај чекаат да заврши GOT за да можат да почнат со својот нов проект Star Wars, колку и да е убава платата на Got сепак на Star wars е 10 пати поубава... Така да ќе гледаме сцени и остало што можат комотно да направат 2-3 сезони да бидат во една цела од 6 епизоди, и работи како муабетите на Тирион од типот " i don't question your loyalty i deny its existence" да се променат во "Varus no cock heheheh", некои чек горе идам, чек доле идам, чек не знам каде идам, Џон Сноу изгледа како маж што жена му донела згодни пријателки дома да се љубат а он не може да се придружи и само набљудува од страна, цела сезона ми е како набљудувач, мислам дека Ghost има повеќе акција и работа завршено него он во сезонава, дотраките час сите ги снемува, следна епизода пола ги има, како на игрица да си вадиш нови војски кога ќе ти ги утепаат старите, итн итн.... Али тоа е јбг... Ефектите, тепачките, особено за серија се преубави,како и глумците работат перфектно со тоа што го имаат пред себе, секоја чест. Особено моментите кога Денерис ги спржи Golden Company, леле таа сцена беше чиста 10ка, Golden shits easyyyyyyyy, пржи ги, и тоа со арја беше убаво. како го збрца Nigh king, јас лично сум ок да не е секогаш клише битка, најакиот добар и најакиот лош и ајде сеа финале тепајте се, нека удри некој друг, макар и цигли од замок нека се... Тоа со Денерис ми е смешно што сите се као ок кога гори вештерки, бута црнци и ги заклучува во трезори да умрат од глад, опнува луѓе на крстови да патат, гори илјадници војници, кралеви и остало, ама кога ќе почне народ , е тогаш линијата е пречекорена, толку, па уште како така да полуди, јас мислам дека тоа што и ги утепаа сите блиски наместо да се предадат додека ги молеше со убаво ја направи да полуди, фактот што некој ти тера инат упорно знае доста да биде иритирачки, а да не се лажеме пола од тука да имаат змеј до сега Скопје ќе гореше а не па да им убијат некој близок. Али браво се оствари видувањето од втора сезона, да тогаш се мислеше дека ова е снег и шетачите ќе седат на тронот ама уствари било пепел и Денерис ќе седи.... Јас мислам дека една од најубавите одглумени сцени и беше на Калиси тоа кога "полудува", можев дури и да и го почуствувам гневот што ќе го исфрли на невините луѓе, браво. Исто и како е прикажано од очите на луѓето што бегаат додека змејот гори, целиот тој хаос и гнев што е претставен во епизодата е преубаво направено. Е сега глупости као Еурон еј да не биде глупо да згинам на бродовите, ќе идам да да се тепам и згинам со Џејми е глупо, колку беше глупо тоа, немам зборови да опишам колку глупо се осеќав кога го гледав тоа. И така последната епизода, Арја ќе ја убие Калиси, ке и ја земе фацата и ке ја носи и ќе владее со Вестерос, Easy Peasy. Се на се би дал 5/10 оценка на сезонава. Гледав видео на некој што објаснува што све друго има освен Вестерос, целиот свет, ќе го постирам после да видите, holy shit , као слободно може 20 сезони по 20 епизоди да се направат, Вестерос е небитен колку е голем светот, у перспектива како Македонија да е Вестерос, небитно во споредба со проблемите и дешавките на целиот свет. Spoiler: The real winner Spoiler: ВАЖНО Исто мора да напоменам дека се гордеам со тоа дека мојата тема што ја отворив пред многу многу години е таргетирана како ВАЖНА ТЕМА, ова еден од моите сонови кои фемина ми ги исполни, благодарам. И во иднина луѓе чии теми не им биле таргетирани како важни да не ми се обраќаат и цитираат. Fucking peasants.
Кои се вашите прогнози за вечерва? Јас пред некое време прогнозирав дека Џендри и Арја ќе бидат идни владетели. Уште мислам дека тоа ќе се случи. Ама некакоми иде на ум дека Тирион можеби ќе испадне secret Targaryen, па тој ќе владее заедно со Санса. За Дени мислам дека ќе си се врати во Мирин, овде ионака никогаш не беше прифатена. Што мислите вие?
Воопшто не ми е жал што ќе заврши серијата, веројатно заради тоа што целата сезона ми беше ужас а и знам како ќе заврши (бидејќи сите leaks што излегоа се испоставија точни па веројатно и крајот ќе биде тоа)... Да знам дека не можат да направат крај кој ќе се допадне на сите. но тоа е најмалку важно според мене. Многу ликови упропастија во рок од неколку епизоди како и премногу нелогичности вклучени во приказната. Се гледа дека најмалку се замарале за оваа сезона. Останува да чекаме за prequels.
Ајде да ја напишам мојата претпоставка за крај на серијата, Џон Сноу ќе ја убие Дени во самоодбрана. И ќе назначи некој од Старковите да владее на тронот. А тој ќе се повлече на Северот или ќе оди позади ѕидот.
Факт и реалност: Чесност, искреност, слобода олицетворени преку Џон Сноу и ден денес се само во дивината далеку далеку од нас! Тажно ама вистинито! Крајот го покажа она што некогаш па и денес го живееме насекаде во светот, кој владее, кој живее во сништа, кој за власт би го предал семејството, како народот нема никакво значење за оние кои владеат со него. Затоа и сите сме разочарани од серијата не согледувајќи ја реалноста околу нас! За мене ќе остане најдобрата серија! Разочаран или не, со години ме мамеше да ја гледам, се радувам, тагувам, сочувствувам! Едноставно, БРАВО!