Само едно мало потсетување дека Подрик Пејн ја преживеа серијата. #WhosTheRealHero Не ми се ни коментира сериозно, блех.
Можеби немаше да биде толку лоша сезонава да не се обидеа нешто за кое реално треба 2-3 сезони, да го сместат во 6 епизоди.
Spoiler Па и во 15 епизоди да го ставеа овој крај поглуп неможеше да биде. Џон ја уби Дени само за Санса да биде кралица и да го спаси Тирион, па он сега нека живее по планините они нека се шират. Единствено за Брен ми е мило оти тој беше мојот омилен лик, но сепак безвезаааа...
Пророчица да будем Само што ја изгледав епизодава, да средам импресии и ќе дојдам да пишам пак. Многу bittersweet.
Многу спојлери има по инстаграм и фејсбук, не требаше да отварам почетна уопште. Видов една сцена, се натажив жими се, а се немам натажено на ништо од филмско платно откако знам за себе. У исто време едвај чекам да ја гледам епизодата а и нејќам.
Spoiler Ми има логика Џон што ја уби Денерис, само можеше да биде многу поубаво прикажано што доведе до лудилото на Денерис. Успеаа да ја полудат за една епизода, место да го прикажуваат тоа постепено низ сезоните. Успеаа карактерот на Тирион да го унаказат, Серси да ја сведат на цела сезона помината на балкон, а Џон се шуткаше лево десно низ епизодите. Освен тоа што го видовме во 6-та сезона за Најт кинг ништо друго повеќе не беше објаснето и фалат некои делчиња кои поубаво ќе ја завршеа таа приказна. Али тоа е што е, при толку ликови и ограничен број на епизоди, не ни можеа да им посветат крај каков што заслужуваат побитните ликови, а не пак помалите кои воопшто не ги ни видовме.
Сакале да пренесат на платно, менување на систем (пример: од кралство, во демократија), ама многу неуспешно.
Spoiler Прво да кажам дека го читав сценариото што им ликна, се испадна така а кога го читав викав нема шанси вака да заврши. Значи немаше никаква логика и поента Брен да седи на тронот (уствари не ни има трон ама ајде) кога он имаше сосема друга улога и приказна, 7 сезони го градат како 3ЕR на крај не ни кажаа подлабоко што е уствари тоа, во битката со WW апсолутно ништо не направи на крај доаѓа Тирион и ти вика ај да го гласаме седнати ко пред селска коперација, Санса вика Северот независен ќе биде овие ни а ни б, збор не кажаа Тирион врши предавство го ставаат за Hand ко ништо да не било, а Џон го праќаат на ѕидот, пази исплашени од Греј Ворм што си отиде тоа што е Таргаријен, Азор Ахаи не значи ништо, го фрлија низ вода буквално само потрчко испадна. Дени уствари и реално беше да има таков развој на ликот, ама ова да се дешаваше во една две сезони, а не во две епизоди и да беше убиена од Санса или Тирион ќе беше пологично. Санса бар ја погодија соодветно на ликот, нешто поразлично и не требаше да се деси, на Арја приказната остана недоискажана меѓу многуте други, иако тоа што си отиде беше доследно на нејзе. Вака се на се крајот за повеќето ликови и беше логичен за нив (освен Брен и Џон што се тотални утки), ама толку дупки и недоследности во приказната им требаа барем уште 2 сезони за да биде целосно објаснето и развиено, да ги довршеа приказните за WW, 3ER и Азор Ахаи, Серси, Џејми и Варис да не умреа на толку дебилен начинама очигледно им станаа побитни кинематографијата и визуелните ефекти, ова не се споредува со првите сезони, ај ваљда старчено ќе ги доврши книгите па ќе добиеме достоен крај. That's all folks, се читаме во некој prequel, sequel или шта год ќе снимаат.
То си помислив и јас: Овај крај, им дава отворени врати за приквели и сиквели, колку им душа сака.. Може и затоа брзаа да ја завршат серијата, па да направат франшиза...
Spoiler Колку сезони уназад го отупеа за тој ветен принц за на крај да не го спомнат? Според мене, добар беше крајот и беше смислен уште многу одамна според визиите на Дени и Брен. Ми се свиѓаше тоа што сите завршија таму каде што припаѓаат. Се осеќав малку непријатно за време на малиот совет, смешно многу Убав крај на приказната кој можеби требаше да биде опфатен во две сезони. И за крај едно прашање, за што служи ѕидот кога веќе знаат дека ги уништиле the white walkers?
Spoiler Искрено, мене Малиот Совет, ми беше најјаката сцена 'Си играме држава' - буквално мајтап беше за сите власти во цело постоење на цивилизацијата, ever!
Самиот Џорџ има изјавено дека имало повеќе сценарија спремни за следни проекти, едно и било спремно за снимање, е сега дали ќе биде продолжување на ова, дали за Robert's rebellion, WW или за Таргеријаниве ќе видиме, ама секако било што од серијава им е златен рудник на ХБО
Епизодава е патетики. Стварно, како овие двајца се избрани да пишуваат. Шо искуство имаат луѓево зад себе? Без пари ли им бил ангажманов, шо?
Ако не се лажам, Мартин има напишано книга за Таргеријан. Се што било пред fire and blood. Можеби ќе има адаптација на истата. Ма да, ако бидат истиве сценаристи, нема ни да гледам. Очекував пресврт на крајов, нешто што буквално "вади мозок". Требаше да престанам да гледам кога заврши 6-та, евентуално 7-ма сезона. Ќе најдам време да ги дочитам книгите, во надеж дека Мартин ќе ги заврши последните две, со крај каков што доликува на ГОТ.
@Lianna Anna D&D се отпочеток, ама дур имаа материјал да си тераат по него си ја вршеа работата, после 5та сезона одкога ги поминаа книгите почна серијава да паѓа, секако кој и да беше на нивнато место немаше да биде на тоа ниво на изворниот материјал, ама овие ептен холивудско сценарио затераа, акцентот беше ставен на визуелните ефекти (Марвел сценарио) а никој на почеток не ја гледаше ради тоа туку заради реалните дешавки и игри на обичните луѓе.
Стварно, што е фамата со Марвел стилот?? Почна да ме нервира тоа што и сај-фај жанрот губи на иновативност, заради палени суперхерои и измислени светови.
Да. И покрај изворниот материјал и Мартин го консултираа. Разликата од почетните сезони и последнава, е енормна. Мартин не кажа ниту збор, два за истата. Си твита друго. Да сум на негово место, би била разочарана да ми уништат вакво ремек дело. Цели две години имаа за сезонава. Страшно. Капацитет за пишување еднаков на НУЛА. Освен тоа, една од книгите ја поделија на две сезони, а последнава сезона ја исфорсираа во негативен правец. Уште не ја гледам потребата од истото.