1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игра на тронови (Game of Thrones) [2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Yipman2, 22 април 2011.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Го најде сега човекот :D
    Ако ми веруваш од тој жанр ништо, ама ни еден филм немам изгледано, (уствари еднаш почнав лотр ама заспав:tmi:) ни авенџери ни аватари ни па стар ворс:D уште не ми е јасно што има во франшизава за да се снимени преку 10 филма, и уште снимаат:?:
    Ама баш ништо не гледам што би ме привлекло во филмовиве...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Рр Мaртин си гo гледa пoследнoтo крaлствo, ептен дoбрa серијa.
     
    На poppie и LollySky им се допаѓа ова.
  3. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Дајнерис пред тронот се окези ко јас ко ќе видам хамбургер од 7 ца. Од уво до уво :D
     
    На poppie и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  4. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Leave one wolf alive and the sheep are never safe - Arya Stark.

    Дечки, тоа е тоа. Играта за престолот заврши, победници се Старк, како и што се очекуваше.
    2011 кога почна, знаев дека ќе биде нешто големо од сето ова.
    Но, не можам да се помирам со смртта на Дајнерис. Сцената Дрогон како го топеше престолот и како си ја зема со ноктето, еве уште урлам ко нездрава.
     
    На candy.cane, SelenaGomez, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Јас сабајле кога станав веднаш си исчитав спојлери, да не ги мислам :D
    Може и "Арја на Дивиот Запад" да испадне, па Џон и Гоуст во лов на пингвини" итн :D

    Јас мислам дека му се готови книгите одамна, и дека на друг начин се одвива дејството таму, само било договорено да заврши серијата пред да излезат во продажба.

    60629051_2373678236024785_8689283056776773632_n.jpg
     
    Последна измена: 20 мај 2019
    На candy.cane, Yipman2, Lolipop23 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Ох, Боже.
    Немам зборови.
    Нема зборови.
    Еве и на англиско-македонски, спичлес.
     
    На candy.cane, Harper, rhcpfan и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Добро, само мене ли сржта на крајов ми изгледа... kinda right? 8-| Како фрик се осеќам ко што читам тотално разочарани фанови насекаде, мајке ми :worried: :D

    Океј, си стојат промашените пророштва, теории, и ликови на кои изгледа како да заборавија сценаристите. Последнава сезона ми беше во доста моменти мех, со ups and downs, посебно претпоследната епизода со крајот на Џејми и Серси не можам да ја оправдам - ама со финалето барем мене ми се искупија.

    Почетокот на епизодата ми беше катастрофа и ветуваше никаков крај, Џон изгледаше ко скроз изгубен со неодлучноста и покорноста кон Дени, но почнувајќи со онаа сцена кога ја уби - имаше доста поетични и идеалистички моменти.
    Дени, како што кажав, премногу избрзано ја трансформираа во делузионален тиранин. Но кога веќе тоа го направија, не знам каков по bittersweet крај би очекувале за неа од тоа токму љубениот, Џон, да ја убие.

    Како што прочитав во една анализа, приказните на Џон и Дени баш ги завршија како на прави трагични херои. Дени заврши така како што заврши... Џон повторно со љубената мртва во раце како и Игрит претходно, но сега убивајќи ја токму тој за the greater good - си заминува на север. Колку што разбрав јас, тој отиде да живее со Free Folk, бидејќи Night's Watch логично веќе нема цел да постои. И кога ќе видиш подобро, не ми изгледа тоа како character development фрлен во вода, туку како баш таму да припаѓа. Џон ко особа е премногу pure и скромен за во политикиве и кралствава, сетете се на колажот што се врти баш сега по фб и инста од сите негови "I don't want it" низ минатите сезони - кога го назначија за Lord Commander, преку King in the North, па се до железниот трон. Плус и повторно Ghost го сретна, our boy finally got those pets he deserved, doesn't that feel right? :D

    Го заборавив Дрогон во сцената кога Џон ја уби Дени, и моментот кога го изгоре тронот, причината за целиот раздор, крв и смрт во серијата (иако можело ете и вака површно да се сфати тоа). :D
    Од тогаш почна сето она *преминување од тиранија во... донекаде, демократија*.
    Брен на тронот, искрено, и јас само во шала и mocking го замислував - но по говорот на Тирион (патем, конечно добивме пак добри монолози, па и дијалози со хумор, на негово ниво - алелуја! :D) за она со значењето на знаењето на сите приказни и грешки во минатото... почна да прави смисла. Плус, иако on screen ми/ни изгледаше толку бескорисен како лик (посебно во битката со Night King), всушност има простор за доста теории што всушност направил и во битката со неговите способности, а сценаристиве го оставија необјаснето и неоткриено.

    Санса исто сосема satisfying ја заокружија како лик, од иритантно наивна девојка со желба да се омажи за крал и да му роди принцови - до Queen in the North.

    Од пропусти - за Арја не сум баш задоволна, посебно што способноста за менување лица и сето она со Џакен го заборавија.
    И најнелогично беше со Греј Ворм и Unsullied, како толку лесно се повлекоа и си заминаа, наместо да се одмаздат за Дени којашто ја гледаа како месија.

    И така... мене вака добиен *мир*, и не ми е толку слаб крај за серијава - па и не ми беше предвидливо ова, на сето очекување на тотално devastating крај...
    Можеби доста политички и идеалистички гледам, барем @WildMk очекувам да ме сфати од тоа што ја читав и за минатата недела :wasntme: :D
     
    На candy.cane, Nausicaa, Yipman2 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1558367990263.jpg
     
    На candy.cane, Yipman2, rhcpfan и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Секoгaш кoгa ќе се случи нештo вaквo oчекувaм oдгoвoрните дa излезaт бaрем дa кaжaт декa јa зaебaa рaбoтaтa... Бaр тoa...
    Нaвистинa мислaм aкo oдбереa бaрем еден чoвек oд улицa штo јa прaтел серијaвa ќе нaпишел пoдoбaр крaј.
     
    На Elenpelen и poppie им се допаѓа ова.
  10. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    10.085
    Да ви се претставам во темава :)
    I am Miss from house Dior, firstborn of my name, sunburnt , breaker of chairs, mother of toddler :D
    прилично сум погодила, не бев одушевена со последната епизода и воопшто цела сезона ликовите не изгледаа автентично. Се изгуби квалитетот на сценариото, ама затоа имаше многу добри сцени и музика. На крај секој го доби заслуженото, единствено очекував дека ќе има уште некој plot twist. Got заврши it’s end of an era
     
    Последна измена: 20 мај 2019
    На Someonespecial, Lolipop23, Elenpelen и 3 други им се допаѓа ова.
  11. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Осум години... ОСУМ!
    Се потсетив на муабет што го правевме со колеги за време на првите сезони од серијава. Колку само теории сме измислувале уште тоа време за тоа кој ќе седне на тронот и како ќе заврши се, па колку ќе биде спектакуларна последната битка за тронот, па како ќе се разрешат сплетките... и на крај еве што се деси. Дизни крај.

    Тирион, Џејми, Џон и Серси тотално упропастени ликови на крајов. Отиде во вода се што направија во претходните сезони. Старкс имаа најголем карактерен развој, сите тројца и Брен и Санса и Арја. Двеве станаа посилни, посамоуверени, помоќни. Брен отсекогаш бил само тивок набљудувач во серијава уште како дете од S01E01 кога посматраше од кулата. Многу работи останаа недокажани за него, за 3ER, за поврзаноста со Најт Кинг, за визиите што ги имаше...

    Крајот беше до некаде очекуван, се знаеше уште од почеток на серијава дека Старкс се најпоштена куќа на чело со Нед и дека од тука ќе произлезе наследникот на тронот само прашање беше кој ќе биде тоа.

    Ме чуди од каде се појавија дотраките во толкав број, па уште и тие неколкумина што први кинисаа во бој за време на битката во Винтерфел.

    А за ѕидот искрено, најискрено во крајната сцена кога Џон тргна со Тормунд на север очекував ептен мајндфак кадар кај што некое од тие бебињата што ги земаше Најт Кинг, сега пораснато дете ѕирка од позади некое дрво во шумата, да се затвори серијата со истата сцена како што почна кога девојчето им се појави во шумата на тие од ноќната стража. Чисто заради новата серија што ја спремаат за белите, за да кажат дека можеби не е се завршено како што си мислат во Вестерос. Можеби се почнува од почеток.

    Убава серија како и да е, каква - таква мислам дека беше епска и сите ќе ја памтиме за цел живот. :)
     
    На Kitten, Nausicaa, Yipman2 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.253
    Пол:
    Машки
    МИ ЗЕ РИ ЈА, помизерно е и од тоа што очекував.
     
    На poppie и Elenpelen им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Јас сум од оние кои се целосно разочарани од серијава. Долго време пробував да ги бранам D&D ама ова пишување е страшно лошо, подпросечно, ужасно.

    Не зборам само за нелогичностите од типот Бран who no one gives a fuck about да стане крал, особено кога претходно има кажано дека нема да заземе позиција на моќ (лорд) бидејќи е триокиот гавран. Зборам за генералниот квалитет на она што го гледаме на екран.

    1. Монолозите на Денерис и Тирион
    Средно жалосни. Одете споредете го овој говор на Дени со ослободувањето на Ансалид во Астапор. Никаква моќ. Да не ни спомнувам за говорот на Тирион на судењето, во споредба со предлогот Бран да биде крал. Звучеше како писмена од осмо.

    2. Смртта на Дени

    Немам што да кажам тука, логично беше убиството, ама не е тоа нешто за пофалба, бидејќи секој друг исход ќе беше болно ужасен во поглед на литературен квалитет. Начинот на кој дојдоа до таа точка, веќе кажавме сите, избрзано, нелогично, некарактеристично за неа.

    3. Дрогон и топењето на тронот
    Морам да признаам, еден од попоетичните делови од епизодава, а и серијата. Убаво е да се види како го снемува единствениот мотив на многу ликови од серијата. Ама во исто време... втф? Веќе имаат многу луѓе спомнато за ова, ама пак ќе кажам. Дрогон не го уби Џон, јер сфати дека всушност Џон не е тој што ја уби мајка му, туку желбата за власт. Therefore, го сфати симболизмот на тронот како олицетворение на монархијата, го спржи, и замина у бољи живот. :D

    4. Средбата на малиот совет

    Што да кажам? Мајтап ли си играат? Сè беше толку... bleh, да се запрашаш дали гледаш финале на најмоќната серија на светот или обична филер епизода. И сè беше толку лошо изблендирано едно во друго. Како да седеле еден ден и да си пишувале интересни реплики што можат да се случат меѓу тие конкретни ликови и после мислеле начин како може да дојде до тоа. Шта речи...

    5. Средбата за гласање во Драгонпит

    Покрај фактот што состаноков беше благо речено, сиромашен, во секој поглед, морам да кажам дека присуството на останатите лордови од Вестерос ми беше ко нешто нетипично и чудно. Тогаш сфатив дека ниеден лорд немал уствари некоја улога во минативе сезони, сите ликови што ги гледаме се Џон, Дени и компанија. Ме натера да мислам дека и тоа е дел од опаѓањето на квалитетот на серијата. Се фокусира само на Кингс Лендинг и Вестерос и тоа е сè, ама се гледа дека фалат останатите за да ја комплетираат приказната. Ама ете, немаа време за тоа па ги пуштија во вода сите потенцијални сторилајнс што можеа да произлезат од нив.

    6. Џон
    Премногу ликови останаа неискористени. Џон меѓу нив прв. Немаше буквално ниту една причина да биде Таргеријан, на никој начин таа негова карактеристика не влијаеше на дејството. Можеше комотно да биде обичен бастард, па дури и вистински син на Кетлин и Нед и пак да се случат истите работи. И сериозно сега, последната сцена од најдобрата серија на светот беше Џон и Тормунд како одјавуваат у љепши живот. Абе ајде, буквално секоја друга финална сцена досега беше посилна од оваа. Што е Џон уствари? Каков девелопмент има од почеток?

    7. Арја
    Or dare I say, Dora the Explorer. Што знам, ова едноставно не ми личи како нешто што би се вклопило во пишувањето на Џорџ Р.Р. Мартин. Пологична варијанта за неа, right off the bat, би ми била просто да замине во Бравос да тренира нови фејслес мен, земајќи предвид дека уште од првата сезона нејзината приказна се врти околу тоа.

    8. Позитивни страни
    Единствено ми се допадна развојот и разврската на Санса и Сем. Санса мислам си ја задржа рамномерноста на развој низ цела серија и доби соодветен крај. Сем уште од првата епизода кога се појави гледав негов крај само како Grand Maester и мило ми е за тоа. (Што беше финтата со книгата? Пак уфрлена глупост без логика.). Тирион исто така го гледав како Hand of the king, ама неговиот лик го уништија наполно, така што не ми е задоволително. Уште па и со Бран како крал, со кој немаше никаква реална поврзаност цела серија, свашта.
    Вистинската позитивна работа во сево ова е кинематографијата и глумењето што беше врвно во оваа сезона, што пак in turn е голема штета, да се фрли толкав буџет на shitty writing.
    А да, и Брон си го зеде замокот. Уште еден победник во ранг на Подрик. Кудос.

    Мислам дека фановите не ја прифатија оваа варијанта на крај бидејќи
    1) Никој не го сака Бран, sorry not sorry ама цела серија седи и паламуди, никогаш не е active туку reactive, затоа е и многу unlikeble, т.е. не е херојот кој го сакавме. Д&Д како професионални писатели би се очекувало да го знаат ова, и или пред тоа да го изградат со херојски профил, или воопшто да не го ставаат за крал. (Океј можда Бран ги држел сите конци зад сцената, ама нам не ни е прикажано тоа, па затоа не го сакаме, и тоа е чиста вина на пишувачите.)
    2) Едноставно серијата не се централизира кон судбинскиот вајб што го носи Бран со себе. Постојано ги следиме патиштата на другите главни ликови, па затоа очекуваме расплет во кој тие ќе имаат клучна улога. Сфаќам дека има простор Бран да биде клучот на сè, ама зборот ми е дека серијата не си ја заврши работата за литературно да го наговести тоа. Повторно, ова целосна вина на писателите.

    Сè на сè, страшно незадоволително финале. Сфаќам дека е тешко сите да се задоволат, ама веќе стварно не е тоа проблемот. Проблемот е што пишувањето е прелошо, многу антиклимактично, не ме натера во ниеден момент да кажам уау.
    Да заклучиме: што е идејата на целава серија? Монархијата бидува уништена, сите се обединуваат пред злото. Право да ви кажам, писателите не си ја завршија единствената задача што ја имаа - да ја пренесат идејата на гледачите. Не беше во ред крајот, беше нејасен, замачкан, недообјаснет, ради реда направен, никаков. Едноставно еден лош обид на завршница, во стил на фен фикшн.

    Сумирано, знаете кога како мали во школо ќе читавме некој текст, а потоа за домашно ќе ни дадеа да го напишеме крајот. И секако, нашето пишување во споредба со она на вистинскиот автор е комично и некреативно, без вистински труд и пасија. Е баш тоа. Само со плус милиони и милиони вложени во најлошиот фенфикшн во историјата.
     
    На Mishela, DaenerysT, Nausicaa и 15 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Arya went west
    Drogon went east
    Jon went north
    And this show went south ....
    Точно.
    Џон е казнет, а Тирион лабаво, не мора. Колку пропадна инвестирањето во серијата, колку комплексни ликови уништени, приказни бесмислени...
    Брен викаше дека неговата функција е да биде гавранот за на крај да каже дека дошол за да биде крал. :drunk:
     
    На Mishela, candy.cane, Nausicaa и 14 други им се допаѓа ова.
  15. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Е слатка е фотелјата :D
     
    На Nausicaa, Elissa, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Две години го чекавме ова....мех...
     
    На poppie, Bender Rodriguez и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Во прв поглед кога почнав да ја гледам серијата добив впечаток дека не знаат кој за кого се бори, не се знае кој е кој и не се знаеше ни текот. Потоа некако се изгуби текот.
    Овде прочитав дека авторот престанал да ги пишува книгите и се било оставено на режисерски раце и мисли, а добро знаеме дека режисерските мисли на еден режисер се многу далеку од еден реномиран писател кој издал бетселери.

    1. Покољот
    Невообичаено за Денерис, што му требаше тоа на режисерот? Се обиде да ја прикаже Денерис во најлошо светло, демек една дама прави покољ во душата. Едно срце и душа стануваат камен кој се крши, а срцекршачот е Џон. Омразена ја направи, а таа имаше цел да го ослободи народот од страдањата. А всушност го прати во смрт и сега наеднаш сите се слободни освен недопрените.

    2. Тирион
    Очекував смрт на Тирион, кога го фрли обележјето очекував еден Дракарис од Денерис, зашто го чуваше толку долго кога знаеше дека кога тогаш ќе ја предаде, го чуваат за на крај како smart mind на Брен. И сега тој е казнет, цел живот да биде намесник и да ги исправа грешките? Кои грешки? Што веруваше во правда или грешките во кои ги уби својот татко, свршеницата и што го ослободи брат му. Требаше да му се даде земја и еден дворец па да живее без жена цел живот. Наместо тоа, го ставија намесник на Брен. Да не заборавиме дека е и манипулатор. Бараше од Џон да ја убие не со помисла да го спасат светот туку како одмазда за покољ. Глупо и површно.

    3. Брен
    Брен престана да биде Брен кога стана гавран, а патот до гавран му беше тежок. Нели се бореше за тоа? Не дошол да биде крал, сега наеднаш е крал. Безмислено, прашува за Дрогон и тоа останува неодговорено и вели дека може да го најде.... и ништо не дадоа околу тоа. Глупо.

    4. Дрогон
    Мислев дека ќе може да го запали Таргеријанецот што ја уби Дени ама не може. Таа може е неговата мајка, но тој е татко. Се сеќавате кога Дрогон го немаше неколку епизоди поназад, и како сега исчезна со Денерис во неповрат. Всушност, јас не добив таков впечаток.
    Сепак сцената со запалувањето на проклетиот трон кој многумина ги закопа беше една од најдобрите во цела епизода.

    5. Денерис и Џон.
    Таа му веруваше, беше спремна на се за него, го сакаше. Малку претераа во преовеличувањето на
    тоа дека се во роднинска врска, можеби ако имаше пресврт и не се дознаеше од Санса вистината за Џон би било подобро и двајцата да владеат, па можеби со тек на времето ќе се сменеше мислењето на Дени за ослободување на светот. Но, Џон ја уби кога најмалку очекуваше. И не постигна ништо со тоа, ја уби за да го спаси светот од војна и мислеше дека тој ќе биде крал, а него го протераа и го казнија. Со најстрогата казна, на куќата Старк и е судбина да биде Кралебран.

    Всушност јас и мислев дека ќе има кралства и на сите кралства по еден крал, но на чело со една кралица. Да го немаше убивството на Мисандеи ќе беше поразлично се.
    Како и да е, оваа епизода не ми остави впечаток.
    Но да не заборавам. каде замина Дрогон и зошто неподрените се одлучија за островот Нат? Се тоа остана длабока мистерија.
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Малце ја подоправија сезонава со последната епизода. Не претерано многу, сепак не можат некои глупости да се средат, ама колку-толку. Не ми беше толку лоша, како претходните 5.

    Бидејќи го мразам начинот на кој загина Серси (а нејзиниот лик доби мала предност од Најт Кинг), не ми се допадна сцената на почетокот каде што Тирион им ги најде телата. Толку лесно ги откопа, телата им лежеа врз купот цигли, покриени со неколку. Подобро да ја завршија сцената со тоа како му ја наоѓа златната рака.

    Како се одвиваа работите, се знаеше дека Џон ќе ја убие Дени. Искрено, не очекував на друг начин. Најлогично ми беше вака како што прикажаа. Да не беше она толку вљубена во него и да не беше толку слаба единствено само пред него, немаше да може ни да и' се доближи за да ја убие. А бидејќи тој момент траеше 3 секунди, ја зголемија драмата со Дрогон. Каде ја однесе, може само да претпоставуваме.

    Ми се допадна каде заврши Џон. Не ми се свиѓаше тоа што трчаше ко мува без глава во претходните 5 недели, многу му го ослабеа ликот на тој начин. Но, до крај остана жртвеник, херој кој разумно го прави тоа што мора да се направи за доброто на сите. И како и во реалниот живот што многу често се случува, така и тука најправедниот лик навидум доби казна, а според мене слобода. Едноставно таму припаѓа, сезони уназад стана дивјак и сега ја има приликата без заканата од Најт Кинг, да може да си живее слободно.

    Ми се допадна и како заврши Тирион. Низ сите сезони уназад, во колку гомна и да бил, секогаш успеал да се извлече. Ништо ново. Не само што се врати таму каде што беше, односно да биде Рака на кралот, туку реално он е најискусниот и политички најподкован лик што остана жив и кој би можел да биде на таа позиција. Патем, сцената на состанокот ми беше одлична. На масата седнаа ликови кои не се растени во политика, не им е дрвено за политики и тактики за водење на држави и одржување на тронот од само раѓање, туку ликови кои беа само борци, војници. Токму затоа и не идеше состанокот подмачкано, барем не од формален аспект. Но, веднаш се фатија за работа и почнаа да работат на своите задачи. Со самото тоа што не седнаа луѓе родени во кралска фамилија, туку луѓе кои се бореле и опстанале и на тој начин го заслужиле нивното присуство, покажаа уште подобро дека повеќе нема да биде исто како што беше.

    Само отткако ја изгледав 5тата епизода од последнава сезона почнав да мислам дека можеби Брен ќе заврши на тронот. Има логика. Го знае сето минато, може да учи од туѓите грешки и туѓите успеси и многу паметно да владее. Буквално, знае се' што било и тоа може да го искористи. Исто како и со Џон, така и со Брен не ми се допаѓаше неговото речиси непостоење во претходните 5 епизоди, но крајот има логика. Патем, 3ER значи дека освен што има 2 очи како стандардно битие (и гледа сега што се сличува, метафорички гледа пред себе), има и 3то око преку кое гледа во минатото. Она што најмногу не ми се допаѓа е што не објаснија зошто толку време се буљаа со Најт Кинг пред да го убие Арја.

    Ми се допадна и каде заврши Арја. Храбра продолжува напред. Храбро иде во непознати води. Да не требаше да стане домаќинка со Гендри? Не, не. Таман. Бидејќи очигледно никој го нема направено тоа, логично е некој храбар лик како Арја да го истражи остатокот од светот. Не само што ја донаправија fearless, туку и' дадоа предност да открие нешто многу добро и да биде единствена со тоа знаење или поседување.

    За крај, не ми се допадна крајот на Санса, иако се наговестуваше сезони уназад, односно отткако се отараси од Ремзи. Ама тоа е зошто не ми се допаѓа нејзиниот лик. Девојче што влезе у милион гомна од сопствена алчност и лигавење, за на крај друг да ја избави (Џон) и да си дојде дома и да глуми кралица. Нема ништо вредно за почит или љубов или барем страв во нејзиниот став за да биде кралица. Буквално, од што нејзиниот лик нема никаква корист, ја зацементираа таму и ете, на крај ја оставија зошто нема кој друг да владее таму уствари.

    У принцип, порака дека тркалото секогаш се врти. Старкови на почетокот беа во најужасната ситуација, за на крајот да ги преживеат и Најт Кинг и Серси и Денерис и да завршат на моќни позиции.


    Се' на се', една од најдобрите серии што некогаш постоеле. Серија која ја гледам буквално од самиот почеток во април 2011. Серија која иако имаш многу фалинки, има уште повеќе интересни заплети, дијалози, ликови и филозофии. Убава опсесија за да си потрошиш дел од речиси една деценија. Се' што ќе извадат у иднина, ќе го гледам. До сега потврдена е spin off за Најт Кинг, а и уште 2 некои за кои немам дознаено што ќе биде plot-от. Претпоставувам едната ќе биде со млади Нед, Роберт, Лиана, Раегар, Мед Кинг, итн. Можеби третата ќе биде патешествието на Арја.
     
    Последна измена: 21 мај 2019
    На Mishela, Alisa22, Harper и 4 други им се допаѓа ова.
  19. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    1.477
    Пол:
    Женски
    Заврши, ете толку, тажен крај но мислам дека на вистински начин. Жал ми е за Калиси но ако останеше жива ќе направеше пусто се како и досега, а беше толку убедена дека сето тоа е правилно.
    Џон постапи правилно според мене, некако цела сезона беше како потрчко и освен "I love you, you're my queen" ништо друго не знаеше да каже, сега се искупи.
    Старкс, е за нив плачам, ги чекавме 7 сезони да се најдат едни со други и пак се разделија, секој по својот пат отиде ;(;(;(
    Брен си знаеше се батето, дојде да си биде крал:lol:
    И на крај најмногу ми беше жал за Греј Ворм, остана без Калиси и Мисанде, душичка;(
     
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    На imbd епизодава има оцена 4.5.
    Ако беше барем СОЛИДНА ќе имаше најмалку 8...Ете колку паднала...Од најјака серија, до обично ѓубре.

    Немам ништо да искоментирам за епизодава.

    Дури сега најдов време да ја гледам, а цел ден бегав од спојлери. Уствари не знам ни зошто бегав. Ништо не можеше веќе да ме изненади пошто серијава одамна е уништена.

    Крајот е како што им кажал Мартин. Значи тие што ги читаат книгите од самиот почеток, замислете колку се чувствуваат предадено кога веќе виделе што ќе се случи на толку глуп начин.

    Никаква емоција не ми се разбуди, ни солза, ни насмевкa.
    Ќе речеш финале (facepalm) Повеќе емоции ми се јавија на реклами за памперс отколку на епизодава.

    Веќе се беше очекувано.
    Да не беше уништена од порано, сега епизодава ќе изгледаше баш кул, ама...Одамна е пропадната.

    Не за џабе сите актери беа разочарани.

    Но на крај краева дефинитивно ќе ја паметам серијава. Ќе излажам ако речам дека не ми остави голем впечаток.

    Тоа е дечки...Се читаме во поубави серии.
     
    На Alisa22, rhcpfan, Elenpelen и 3 други им се допаѓа ова.