Кога ќе ми текне дека претпоследната епизода беше срање, не знам што да искоментирам за последната. Цело време проверував уште колку останува до крајот, зашто не ми се веруваше дека крајот може да биде волку мизерен. Од толку опции тие ја завршија серијава ради реда. Сите херои ги снема во последните две епизоди. Крајот беше дури и смешен. Смешна собиранка уште округла маса им фалеше. Тирион затвореник го избра кралот. Немаше потреба да брзаат и да ја завршат серијава. Имаше подлога за уште содржински јаки епизоди па и сезони. Можеше серијава да кулминира уште поубава од тоа што некогаш беше. И тоа е проблемот, што серијава не изгуби на квалитет и гледаност со сезоните (како што е обичај кај многу серии), туку изгуби во присилниот крај од две епизоди. А не мораше да биде така. Кај ја уништија приказната па и пари изгубија, ако направеа совршен крај од сезонава, можеа да одат на наредна, имаше доволно материјал и неразработени теми.
Толку многу недоречени работи, започнати а недовршени, пророштва прекратени, катастрофален тек на настани. Брен, најбескорисниот лик во серијава, а го претставуваа како еден од најбитните и клучните, не само за оваа сезона туку и во претходните, всушност ги изманипулира сите за да застане на тронот. Сериозно посакувам Најт Кинг да ги имаше потепано сите и да владее вечниот мрак или пак Денерис да ги спалеше сите, заедно со се Северџаниве. И двете по ќе имаа смисла, отколку ваквата завршница.
Јас имав трпение да го прочитам постов и тоа не еднаш туку два пати Го читав за мене, па им читав на други. Имаш лајкови од сите Ми рекоа да ти ставам лајк и во нивно име. Буквално од точка до точка се сложувам и сега ќе ме натераш да го гледам Westworld ама само за да читам што пишуваш Филозофски раздлабочено со одредеа доза на хумор. Но сепак ми треба време да се вратам во реалноста. После вакви трауми не можам одма нова да почнам со гледање. Дефинитивно најјак момент од епизодава (да не речам сезонава ). п.с. Заборавив да кажам дека ми падна жал за змејот кога нежно ја туркаше Денерис за да се разбуди. (Ете една емоција ми се јавила).
Spoiler Искрено не доаѓав во темава убаво да си искоментирам зошто сум лута. Мене ми беше битерсвит крајов заради тоа колку добра серија успеаа да ја заебат и дека заврши така како што заврши. Искрено со скроз спуштени критериуми кога ќе ја гледаш епизодата да, не е толку лоша, секој на некој начин заврши таму каде што требаше. Меѓутоа кога имаш таков фандом на ГОТ кој што прати детали, приказни, пророштва, поврзаности, споредби со книгите.. не можеш да ставиш ваков крај на серија. It's just not good enough. Премногу дупки. Кога почна епизодава, па се до делот на убиството на Дени ќе речев ај оваа не е најлоша епизода сезонава, иако имаше и други начини како да го изведат убиството. Плачев на делот со Дрогон, кога ја буткаше Дени за да ја разбуди, единствено нешто што изрази емоции кај мене епизодава. Ама од тој дел натаму што речи? Брен го ставија крал? Брен? Што упорно тврдеше дека не може да биде lord of anything? Што цел story arc му беше околу becoming the third eye raven? За која улога? Џон, што цела серија се криеше неговото вистинско потекло, што толку беше битно, што толку Брен и Сем се потресоа, за која улога беше тоа искористено? Небитно беше дали е Таргариен или Старк. Многу, многу fucking нелогичности. Прелоша сезона, лош крај на серијата која што имаше толку многу потенцијал. Крајот за Арја ми имаше смисла, уште пред некоја сезона збореше со таа глумицата за тоа што е West from Westeros и како никој не знае. И би гледала спин оф серија за тоа најискрено. И така ќе си ги чекам книгите, ако некогаш ги допише и објави авторов, зошто само тие ми се надеж за подобар впечаток на целава приказна.
Го гледавте револтот на еден дечко од Белград? За разлика од нашиве лејм телевизии, српската N1 во понеделникот направила цела емисија за Game of Thrones, со прилог анкета помеѓу белграѓани за крајот на серијата. Дечково е на 30:30 некаде, од дно на душа се им кажа
Душа... колку е разочаран.... А во право е, не дека не... ама тоа е, не може ништо да смени, ги заболе продуцентите дали ни се бендиса крајот или не.
Сивиот црв и вети на Мисанде дека откако ќе седни Денерис на тронот ќе заминат да живеат на островот Нат (таму е родена). Иако таа е мртва, сепак Сивиот Црв реши да замине да живее таму како што и ветил.
Барем мемињата се добри, ај да се тешиме со нешто. Не сум искоментирала во темава после трета епизпда. Најверојатно затоа што ми било мееех, недоволно возбудливо за да склопам мислење и не ја ни читав, затоа знаев што ќе прочитам, генерално незадоволство. Аматерска беше ептен последнава сезона. Исто ко да ставиле нови глумци да ги глумат истиве улоги. Поинакво беше чувството. Не зборам за тоа дали ни се допаднал или не крајот или настаните, оти реално ни Роб Старк ко го заклаја не ми се допадна плот твистот, ама таа епизода беше една од најјаките во цела серија. Значи можеше сепак Бран да биде крал, ама толку површно изгледаше сето ова, исфорсирано, ко ради реда, да се сними нешто. Она кога ќе ти помини животот во ќутење и одеднаш од нигде никаде ќе те прашаат дали сакаш да си крал: - Што мислите зошто дојдов he he he?
Денерис со веѓите кои гримаси ги прави Инаку стварно слатка и предобра девојка Значи јас нема шанси да сум актерка во ваква позната серија (ако некој мислеше да ми понуди улога де ). Две секунди откако ќе прочитам што ќе се случува во финалето, МОРА на некој да кажам и тоа пред да снимаме Знам дека договори потпишуваат, ама посилно е од мене. Секоја чест на актери и на цела екипа пошто ниеден спојлер не излезе Баш имаше твит оставено цимерот на Мејси. You all think it’s hard avoiding #GameofThrones spoilers? Try living with Arya. I’m dodging them in my own goddamn kitchen. Кутар човек Па долу коментар имаше...The kitchen is dark and full of spoilers.
Сега дека заврши серијава, темава ќе замре? Уствари некој допрва што ќе ја почне може ќе коментира Инаку читам дека Кит Харингтон (Џон Сноу) заминал на рехабилитација. Од стрес и голем притисок почнал да пие, па сам си се пријавил да дојде малку при себе. Можам да замислам под колкав стрес биле дур излезе последната епизода. Некои немаат гајле, ама некои кој знае како издржиле. И јас да бев на негово место слично би завршила
Па како да не се пропие, оној son of a bitch Тирион го намести да ја убие Дени, пред тоа Игрит му умре, па цело време беше prince that was promised a на крај ништо, го пратија сургун на ѕид што не постои да чува стража од wights што не постојат