Spoiler Таман серијата станува се поинтересна и сфаќаш дека сезоната завршила и треба да чекаш 100 години за да излезе нова. Сума сумарум, добра епизодичка. Тирион ми е еден од поомилените ликови. Значи како им плеска се` во фаца на овие неговиве. Мислам дека е единствениот што може Џофри да го спушти на земја и да му покаже каде му е местото. Не знам дали е до мене, ама многу ми се досадни (богами и одвратни) сцените со Теон. Поголем психопат од оноj што го мачи нема. Нека му го пресече вратон и нека му ги скрати маките. Не можам веќе да го гледам таков распнат ко Исус, аман. И за крај, последната сцена. http://www.youtube.com/watch?v=GLp6LYBvtGc
Spoiler Леле ги убија Старк! Жалосно, колку се сакаа само Роб и таа жена му. Ете што носи вистинската љубов и почит. Најголема несреќа. Несакам да е така. Не смее да е така. Во животот само ЛУКАВИТЕ успеваат да уживаат. Тажно, но вистинито.
Патем една од милионите реакции на фановите за Red Weadding http://www.youtube.com/watch?v=dmFWPG_-o4c
МОЈА ТЕОРИЈА ЗА СЕРИЈАВА, ОКЕЈ СТО ПОСТО НЕ СУМ ЕДИНСТВЕНА ШТО ВАКА МИСЛИ Spoiler Моја теорија за серијава е дека Jon и Khaleese ќе бидат заедно. Оригинално книгите се викаат A Song Of Ice And Fire, (Ice - Jon, Fire - Khaleese) такааа даа мислам дека ќе бидат заедно ОМИЛЕНИ МИ СЕ <3
Јас ја почнав оваа серија пред 2 месеци и првата сезона не ми остави некој впечаток (освен последните 3 епизоди) и цело време си мислев, добро што е толку посебно во серијава, зошто ја воздигнуваат? Има многу споро дејство и тоа некако ме иритираше. Но... Има страшно добри ликови и страшно добра глума. Одма во срце ми влегоа Тирион, Денерис и Кетлин и заради нив продолжив да ја гледам серијата. Како што продолжував да ја гледам, така сфаќав дека се` повеќе чувства ми буди. Во никоја серија или филм толку не се потресував, радував, гадев. Браво, секоја чест за глумците и за приказната, иако би сакала да биде побрза, но сепак сфаќам дека мора да биде така зашто е реална. Навистина не би помислила дека серија од ваков жанр ќе биде толку реална, сите ситуации што се случија може да ни се случат и на нас, дури и ова време. Одлична е серијава, сите се согласуваме во тоа Кога стигнав до Red Wedding... WTF!? Spoiler Цела недела бев во шок и неверување и многу ме повреди сцената со масакрот, не мислев дека толку боли да ти убијат еден од омилените ликови, не мислев дека толку ќе се потресам и ќе се изнервирам Еве ваква бев Смртта на Роб ја предвидов уште во втора сезона кога се ожени за Талиса, ова е војна и треба да си одржува зборот, зашто ќе заврши мртов и ме разочара како лик, испадна многу глуп и правеше грешка за грешка. Ама не мораше да ја убијат Кетлин, уште тогаш си замислив како го води Северот, Арја и Бран во војната, победуваат и слично. Ништо, илузии, само илузии :'( Заклучок за Red wedding: Последната епизода од 3-та сезона беше многу слаба и досадна да не кажам, ме разочара. 4-тата епизода каде каде беше повозбудлива и личеше на крај на сезона, а не оваа. На крај сакам Тирион да го земе престолот. Или Денерис, но за неа имам чувство дека ќе стане луда како татко и. Марџери мислам дека е многу итра, сака да биде the queen, што автоматски ја прави лукава и манипулаторка, за таа цел мислам дека до некаде си игра со Санса, но сепак ми се допаѓа што и покрај тоа сепак се грижи за народот. Серси и Џофри многу ги мразам и сакам да ги убијат што поскоро. Џејми исто го мразев на почеток, но почнува некако да ми се допаѓа, иако уште го нејќам. Секој лик си има своја мрачна и добра страна, што дополнително ја прави серијата уште подобра. И сега кој ќе чека цела година за нова сезона :'( Ќе треба да ги почнам книгите Дали има уште некоја тука што сака да го види Гендри целосно гол?
Spoiler Премногу наивна и романтична теорија според мене... Можеби John не е Stark, но сепак Ned му е татко, а со оглед на тоа што Роберт со помош на Нед ја бутнале од престолот династијата на Khaleese, они двајца не треба да се сакаат
Па добро, не ни ја раскажувај книгата, ние тука претпоставки си правиме за да ни биде поинтересна серијата, знам дека сте ја читале но тие информации за себе ги чувајле или за лп
^ Па мислењето поради тоа е и ставено во спојлер. Затоа што открива дел од содржината што следува. Ти ако не сакаш да знаеш предвреме што е и како е, нема потреба да го отвараш.
Извинете, но сигурно Џон нема да биди со Денерис. Spoiler Џон е најверојатно син на Лијана(сестрата на Нед) и Ригар Таргериен(братот на Денерис). Затоа таа го молеше Нед пред да умри за нешто(не е кажано за што) и можно е тој да е Принцот кој е ветен, но Ригар рече дека змејот има три глави. Можно е да се Џон, Денерис и Егон(синот на Ригар и неговата жена Елиа од Дорн) кој е сеуште жив. Сепак сеуште не се знае дали Џон ќе преживее. Четвртата сезона ќе го обработува вториот дел од третата книга и не се секирајте. Црвената свадба помина, а сега е време за Лилавата. Ја читам петтата книга и иако Теон ме живцира не го заслужува тоа што Ремси(искрено ме плаши ) му го прави(тоа е преинтересен сторилајн, ама има доста грозни моменти, мислам сепак зборуваме за Ремси Сноу). А и за Болтон има јака теорија, дека тие потекнуваат од некоја си кралица што за маж имала од оние замрзнатите зомби. А таа Талиса(во книгите Џејн Вестерлинг) ја мразам(во серијата се поднесува) Таа наводно потекнува од Меги(многу моќна вештерка) и му направи нешто на Роб, иначе зошто тој би оставил се за една жена во која се заљубил откако го излекувала(и тоа на прв поглед). Не е ова книга од Николас Спаркс, сепак Сигурно Болтон/Фреј/Ланистер му ја наместиле. Затоа во книгите е жива и здрава,а Роб
Луѓе абе јас пробав од овие линкови да ги симнам книгите, ама не ми се отвораат...знаете ли од каде можам да ги симнам сите книги може на српски или во краен сличај на англиски.Имам огромна желба да ги прочитам, а ги нема за изнајмување, а не пак за купување кај нас.
^ Провери дали имаш инсталирано Adobe Reader, можно е заради тоа да не ти ги отвара. Инаку на друго место, не верувам да ги има, барем јас не сум видела. На еден друг форум читав дека ги порачуваат преку интернет, ама не се баш ефтини.
Abeja имаше поставено линкови, јас од таму ги симнав сите 5. Пробај од тој линк, ако не - ќе ти ги пратам јас. На српски се, мене ми е многу чудно додека читам, ама сепак филингот е далеку подобар и како и обично, приказната е многу поразработена од онаа која ни ја прикажуваат низ серијата.
Ќе си умрам колку е добра серијава. Многумина ми имаа кажано да ја гледам, јас се си одложувам а може и подобро, вака една недела, три сезони, очи си оставив на екран. Ама вреди и тоа како. Дефинитивно најдобра од сите серии што моментално ги гледам, а и во општи рамки ми е ептен високо. Има апсолутно се, со одлична динамична приказна. Иако епизода трае 50 минути, некои мене ми поминуваат за 10. Ја препорачувам на сите, кој има жалби одма да се откаже од нив. И пред малку го видов ова, абре да пукнам што не сум од Дубровник http://www.hajdpark.mk/se-baraat-statis ... f-thrones/. Да ја завршам серијата и сакам да им се посветам на книгите. Навистина вреди. Фаворитен ми е дедово, се изнасмеав на клипчево http://www.hajdpark.mk/se-baraat-statis ... f-thrones/
Женски ви пишувам во име на татко ми ахах он ја гледа серијава јас не ај ве молам кажете ми кога нова епизода вика долго време немало си помислив на пауза да не е ама незз не сум во тек со оваа серија па ве молам за одговор позз
^ Тековната сезона заврши и нова епизода ќе има дури догодина, т.е. четвртата сезона ќе почне да се емитува во 2014, а кој месец - не знам, не можам да најдам информации.
Најдобра серија,се е одлично ОСВЕН 10те епизоди годишно.Стварно нема смисла ова што го прават,и без разлика што епизодите се по 50 и нешто минути(заразлика од другите серии)Барем 20 епизоди да даваат,додека да дочекам ја 4 сезона се ке заборавам што се дешавало во 3ва. срамм да им е