Според главниот форум кај што сите пишат еве што се очекува од 4та сезона ќе ставам во спојлер , иако и тамо беше во спојлер ама љубопитноста ме утепа и видов Еве што отприлика ќе се случува во 4та сезона Spoiler Смрта на Џофри , Purple Wedding Смрта на таткото на џуџето од страна на џуџето Станис и битката за Castle Black , Џон станува Lord Comander и го одбива Станис да му се придружи Оживувањето на Caitlyn во Lady Stoneheart која ќе ги проколнува the Frays Рандом непотребни секс и мачење сцени Theon и неговото преобразување во Рик , некој си later on херој кој ќе го убијат како мравка.... Девојката со змејовите и понатаму ќе се шлае и ослободува робови и остало.
Spoiler Ако умре Џофри, славење џоа свадба три дена минимум. Не го можам, сакав во екран да влезам да го зашлапам едно 150 пати.
Еве линк преку кој можете да ги симнете книгите, на српски - ако оние од Abeja не функцинираат. Јас читав што читав и баталив, малку тешко ми одеше, плус имав и други книги за читање па решив да им дадам шанса по некој месец. Spoiler http://www.mediafire.com/download/ipc168f8xppcnhn/Pesma_Leda_I_Vatre.rar
Пред неколку дена решив да ја почнам серијата бидејќи сите ја фалат...При крај на прва сезона сум и ми се допаѓа серијата,обично не гледам и не обожавам серии со покољ и слично но оваа ми се допаѓа Oд ликовите сега за сега најголем впечаток ми оставија џуџето и Џон Сноу па за натаму ќе видиме... ))
Спојлер од 5тата книга Spoiler Џон ќе умре во крајот на 5тата книга, ама Мелисандра као ќе го оживее, така да .. не се знае. Плус еден од главните ликови е, не смее да рикне. Едвај ја чекам Лејди Стоунхарт. Ќе испозапали се! се надевам нема да ја изостават од серијата:/ Ах, кој ќе чека 2014............
Spoiler И јас се надевам дека нема да ја изостават, ама по интервјуата што ги гледав на нет изгледа тоа ќе се случи, а и Мишел глуми во Suits така да...
Браво за тебе, си шлапна туку така спојлер од последната книга без да предупредиш. Ова е тема за серијата, не за книгите! (Патем, јас го допишав предупредувањето, да не се зафркне уште некој како мене.) Се изнервирав, не ми е дочитана последната книга и целосно ми ја уништи.
Не знам што не беше јасно во тоа што го напишав. што ако си го ставила во спојлер, ова е тема за серијата, не за книгите. Јас кога отворам тука спојлер очекувам да прочитам нешто за серија за која сум ги изгледала епизодите, а не да прочитам нешто од книга која уште не ми е дочитана. Книга кој е дел од мој омилен серијал, кој го читам со години, сум чекала да излезат книгите, толку сум се соживеала, и тука да прочитам толкав спојлер! И пак се изнервирав. Па уште го ставив во спојлер, каква услуга си ми направила. Ми иде тебе да ти кажам го кажам крајот на нешто што сакаш многу одамна да го читаш или крај на некој серијал, па да видиш како е. Ај, не е битно, во вакви случаи само ми е криво што банот не е многу посериозен и пошироко применуван. Да не забегувам многу, многу, не знам само кој ќе чека сега цела година. Уште ли не собраа пари мајку му повеќе епизоди да прават...
Нема извини , сега мора жртва за боговите иначе ќе се наруши балансот на природата Уште пола година до почетокот на 4та сезона , па после 5та па 6та па 7ма сезона , па после 8ма и 9та .... Највероватно ќе се оженам додека овие завршат со серијата Се надевам никад нема да заврши и ќе трае наредни 20-30 год Само повеќе епизоди од 10 , што е тоа , мега-хит а само 10 епизоди годишно АЛО
^ Се сложувам. Или повеќе епизоди или нова сезона на 6те месеци. Или двете па,лепота. Оти еве дојде септември и со душа чекам април и си пеам "НЕ СЕ ИЗДРЖВА ОВА ПОЌЕЕЕЕЕЕЕ".
НАЈпар од сите серии кои ги гледам во моментов, им нема рамен. Многу си одговараат, ама Денерис ми е многу чудна во бринета-издание и не можам да се одлучам каква ми е поубава, дали вака или како русокоса. Многу лично девојче, кога ќе пораснам сакам да бидам како неа.
Ах кал Дрого какви фантазии ми будиш ах.... почнав да ја читам првата книга бидејќи неможев да издржам до следната сезона ама како што сум тргнала богами и нема да стигнам. сакам да си ја гледам пак првата сезона и да слушам my sun, moon and stars... ах бре дрого .... што ми направи
Иако во принцип не сакам филмови и серии со онолку крвопролевање сепак некако се навлеков на серијава, ја изгледав првата сезона, сега сум на средина од втората... Џон Сноу ми е неодолив...
http://www.buzzfeed.com/samir/this-bad- ... ng-yo?bffb Да го споделам видеово и со вас, на сите што ги знам што гледаат им го тутнав. Крајот е ептен посмешен, мора да се изгледа
Еве јас сум се` уште заглавена на втората сезона.. А дали забележавте дека во 5тата епизода од втората сезона во една сцена се појавува хрватската актерка Кристина Крепела (Ивана Мајдак од “Љубов во офсајд“ односно Барбара од “Не давај се Нина“)? Отсекогаш ми била симпатична женава, и баш се изненадив кога ја видов во серијава. Дури и два пати ја вратив сцената да се уверам дека навистина е таа...
Завршив со третата сезона, која патем ја изгледав во два дена и останав вака Се` уште сум под импресии од цела серија а посебно од последната сезона која мислам дека беше далеку подобра од првите две. И сега одвај чекам да излезе четвртата сезона...