До април ќе поцркнеме додека излезе новата сезона.Ќе кренам петиција по 30 епизоди на сезона да стават Ми фалат Денерис и змејовите,малата Ариа и of course
Серија со најкомплексни ликови, непредвидлива, возбудлива и со крај кој те остава со отворена уста! Дефинитивно моја омилена серија!
Во серијалот "Game Of Thrones", според книгите на Џорџ Мартин, крв се пролева во изобилие, а некој љубител на овој серијал одлучи да ја одбележи секоја страница на која што е опишано по некое убиство. http://zazabava.com/kolku-likovi-kje-umrat-vo-serijalot-game-thrones
Ја гледав и оваа серија. Мислам дека изгледав 2-3 сезони и прекинав. Ми се допадна уште од првата епизода, ме заинтересира. Единствена замерка за серијава што има too much sex and violence.
Во рок од две недели ги изгледав сите три сезони (можеби и побрзо ќе ги изгледав, ама кога имаш семејство, мало дете, е тогаш е друго). Уф... не знам... ептен сум под импресии, и уште повеќе ми се зголеми желбата да ги прочитам книгите (најефтини изданија на англиски јазик можете да најдете во Академска Книга, мислам дека беа по 349 ден. една, а за комплетот не знам точна цена, но сигурно е поевтин од другите книжари каде што не е под 50 евра). Инаку, првите епизоди не ми оставија некој посебен впечаток, но како што одминуваше дејството, сè повеќе ме заинтригира приказната. Немам посебно омилени ликови, меѓутоа имам симпатии кон сите оние кои се борат праведно и фер (јас праведната ). Ми се допадна еволуцијата на Денерис, од наивна и немоќна фигура во рацете на сопствениот брат, одеднаш станува моќен предводник поради тоа што навистина паметно изигра. Толку лесно си најде војска и луѓе што ќе се борат за неа, само затоа што ја сакаат. А нели појака е војската што се бори за тебе затоа што сака, а не затоа што мора. Па едвај чекам да оди преку морето да им покаже таму на сите кој е вистинскиот владетел Мислам дека и Тирион игра прилично паметно, ама тоа ќе видиме на крај... сметам дека не е воден од истите побуди како останатите Ланистерови. А за Џофри, и јас не сум исклучок, едвај чекам некој да му го пресече гркланот, и се надевам дека тоа ќе биде Арја. Ако ништо друго, си ја заслужи одмаздата девојчето. А сестра и Санса - па што да се очекува од 14годишно девојче кое цел живот го спремале да биде принцеза. Првата сезона ми беше ок, втората млитава, ама затоа третата сезона е убедливо најдобра... особено деветтата епизода која ми беше прилично неочекувана, ама ете... немаше да биде интересно ако беше поинаку. Сакам да има повеќе епизоди, ама искрено, не мислам дека немаат пари за повеќе, туку намерно прават толку епизоди за да задржат интерес кај гледачите, оти со повеќе епизоди многу ќе ја расцепкаат приказната и дури може да стане досадно. А вака, држат некоја тензија и плус, бројот на оние кои ја следат серијава се зголемува од ден на ден. Затоа и прават нови сезони. Негативното е што додека да почне новата сезона, се забораваат некои работи од претходната, па додека се надоврзеш на новите случувања... ај ќе видиме во април
Зошто не март, зоштооооооо ѓ Секоја нова сезона има се подобра и подобра најава, секако секоја нова сезона е подобра и подобра...едвај чекам
Кој црн хумор е ова, навистина невкусно ама ... рикнав. Џон Сноу и Кристен Стјуард или како и да беше типката од Твајлајт, сигурно би биле одлична спојка.
Да ви кажам јас почнав да ја гледам серијава пред некој ден ама искрено за мене е ту мач...Ај што не можам да сфатам кој како,што,зошто, туку и многу гадна ми е! Стигнав до 5епизида од првата сезона,абе не можам да ја гледам некако одбивна ми е,а гледам сите ја фалите дека е прекрасна дека убави настани има ама ете не можам да ја гледам! Се надевам дека не сум единсвена!
Mногу е интересно, читнете го ако имате време. http://mashable.com/2014/02/06/game-of-thrones-facts/?utm_cid=mash-com-fb-main-link П.С. Знаев! Знаев дека Тheon ужасно многу ме потсеќа на некој. Многу си личат со Лили Ален, не знам како не ми текна до сега да прогуглам за ова.
https://www.youtube.com/watch?v=5s6UDQCURAQ Џејми со нов фриз и вештачка рака. Џон Сноу се враќа дома. * БТВ во понеделник излегува 15-минутен клип, еве што ќе содржи: http://www.youtube.com/watch?v=orL73Y2qmKM Ајдееееее малце по малце, да се загрееме.
Релативно добра серија. Всушност една од подобрите во последниве неколку години. Ја гледам уште од самиот почеток и досега нема некои поголеми забелешки. Иако морам да споменам дека книгите се далеку посупериорни во однос на серијата. Кој има можност да дојде до нив (има ефтини сетови на Амазон или пдф од некој од торент сајтовите) нема да зажали. :geek: Џорџ Мартин е мајсторот т.е. кралот на интригите, шемите и дворските игри. За оние на кои им пречи насилството, сепак треба да имаме во предвид дека Вестерос е базиран врз средниот век. Тоа најдобро се огледа преку општествената структура, облеката, начинот на војувањето, оружјето и др. А средниот век не бил баш цвеќенца и песнички. Не за џабе се викал Thе Dark Ages. Не дека оправдувам насилство на телевизија, ама овде е клучно за приказната. Мене најмногу ми пречат непотребните сцени на голотија. Она што се вика gratuitous nudity and sex. Не придонесува апсолутно ништо за дејствието, а ставено е само како подарок кон гледачите. Меѓутоа после успехот на Спартак продуцентите сфатија дека комбинацијата од насилство и секс пали и кај жените (претходно беше повеќе машка категорија). А тоа ХБО и продуцентите на оваа серија апсолутно го користат. Ми пречи најповеќе затоа што на сметка на некои непотребни секс сцени по борделите и сл. се крати дел од оригиналната приказна и многу прекрасни сцени од книгата се исфрлени од сценариото. Најдобар пример е суб-заплетот во поглед на односот помеѓу Санса и Сандор. Не дека во книгите нема такви сцени, има дури и повознемирувачки сцени на сексуално насилство , ама тие се во позадината на приказната. Секако не доволно важни за да заслужат неколку минутни сцени. А најголемиот дел од овие сцени, особено околу Littlefinger се измислени за серијата. Можеби најдобар пример за реална серија каде има и насилство и секс ама тоа не одвлекува од главната приказна е Battle Star Galactica. На почетокот се надевав дека продуцентите ќе се приклонат кон BSG начинот на пристап, ама очигледно голотијата и сексот најлесно продаваат во денешно време. Серијата има фантастични костимографи. Сцените на борба се добро изведени. Кастингот е исто така фантастичен. Освен Лорас, кој воопшто не наликува на она како што е опишан во книгите, сите други се солидно одбрани. И да се насмееме
Сега се возбудив, како ли јас да заспијам?! Серија над сериите, КРАЛИЦА НА СЕРИИТЕ! Значи ова е серија по сите мои највисоки стандарди, едноставно 1ва и единствена. Уште многу малку, ајдеееееееееееееееееееееееееее !!! Еве го 15 минутниот клип. Господе, какви сетови за снимање имаат, во 4 земји, какви пејсажи, каква и колку многу храна има значи да си дел од тимот на продукцијата, режирањето, па дури и пасивен набљудувач е просто неверојатно, умирам да сум таму макар и на еден час само, прекрасно е се. Дури и чудни ми се кога ги гледам вака во опуштено издание, поинакво од тоа во серијата, ладно, воздржано и стрикно држејќи се до своите ликови и карактери. Арија е преслатка, колку е позитивна, а Денерис е секс бомба! Сепак Серсеи, ми е убавица невидена, е сега тоа што во серијата е лева и дрска, некогаш ја праве уште посекси, а некогаш одвратна. Тој новиот што го дадија, не е лош, освен што муцето дома си го заборавил. Џон, тапа за газ, дури и кога дава интервју е истата посрана фаца, мутле. Сега кога го видов делот со прашањето која им била најтрагична смрт во серијата, за мене морам да кажам, непребол ми е Нед Старк, НЕПРЕБОЛ! Можеа жена му да ја умрат, многу ме нервираше, можеа Сноу, можеа Санса, ама Нед ми беше еден предобро разработен лик и сеуште не ми е јасно зошто го убија, серијата ќе ми беше многу подобра со него, не можам да го заборавам уште. The good guys are coming back this season, вика Арја. Ајде да видиме. http://www.youtube.com/watch?v=J5iS3tUL ... e=youtu.be
^Редно е да се вратат добрите,сите ги испоубија Смртта на Нед Старк дефинитивно најмногу ме погоди,си го обожавав ликот.Ама кога ги убија Роб и жена му,липав буквално,ептен болна сцена,а најлошо од се што Арија виде се... Омилен лик дефинитивно ми е Тирион,неговата досетливост и манипулација со зборови го прави најпогоден за крал. А Дејнерис е прекрасна,редно е да си го земе местото што го заслужува. Епа едвај чекам да почне,по видеото ќе биде интересна сезона
Знам дека сезона 4 уште не ни почнала да се емитува, ама верувам дека ќе ве израдува дека Игра на тронови најверојатно ќе има и 5-тта сезона http://www.hypable.com/2014/01/08/game- ... l-huisman/ Тоа беше и за очекување со оглед на фактот дека 3 сезона е базирана на првиот дел од третата книга. 4 сезона ќе биде базирана на вториот дел од третата книга. А серијалот има 5 книги, шестата е во најава.