Еве, и јас ви се придружувам во овие дискусии. Серијата ми ја препорача дечко ми и ја као ајде, ќе изгледам една епизода. Првата епизода никако не можев да ја сфатам, но потоа... Како и да е, ги изгледав сите три сезони и жедно и гладно ја чекам четвртата. Ништо не е апсолутно овде, ничиј живот не е сигурен па така и ако ја убијат Дани нема да ми биде чудно. Но, ќе биде болно за 99% од фановите. Мој омилен лик е Денерис, како и Џон Сноу и Тирион, сметам дека овие три лика се посебни и во нив има нешто навистина необично. Имаше некакви компарации на Денерис и Џон Сноу дека би можеле да се нешто во сродство, а не би ме чудело доколку е така. Овде се е заплеткано, па затоа треба добро внимание и разбирање. Мислам дека со ова оживувањето ќе се вратат многу ликови, а најмногу би ме израдувал повратокот на Дрого, супер пар си беа. И, еве едно сликче од мене што многу ми падна смешно.
Да, замислата на Мартин е сагата A Song of Ice and Fire да биде составена од 7 книги. Досега се издадени 5 - A Game of Thrones, A Clash of Kings, A Storm of Swords, A Feast For Crows и A Dance with Dragons. Шестата книга The Winds of Winter е во најава, иако неколку поглавја веќе се објавени. Последната книга ќе биде A Dream of Spring. Секоја наредна книга е се' поголема и поголема, така што Мартин смета дека последните две можат да имаат и преку 1500 страници. Што се однесува до серијата, истата скоро сигурно ќе има повеќе сезони отколку што се книги во сагата. Имено, третата книга е поделена на два дела и е обработена во 3 и 4 сезона. Четвртата и петтата книга обработуваат настани кои се случуваат истовремено, едната во Вестерос а другата во Есос. Двете заедно имаат 1,824 страници со што повеќе од сигурно е дека ќе бидат обработени во најмалку две сезони. Дали сите книги ќе бидат екранизирани на крајот сепак ќе зависи од рејтингот на самата серија. Ако серијата го задржи горе-долу истиот рејтинг, несомнено Игра на тронови ќе ја гледаме уште неколку години
Еве го вториот трејлер за новата сезона! Аууууууууууууууууу прејако! https://www.youtube.com/watch?v=d2ZNaLQD60Y Најслаткото за на крај го оставиле, поздрав од принцот на белиот коњ!
http://www.youtube.com/watch?v=UKM75XrS5XM Ииии се ближи 6ти, а со тоа и мојата радост Новиот трејлер за сезонава е безобразно фантастичен. Аll man must die
Значи, не постои серија со покомплексни ликови! Навистина човек не знае што да очекува. Во играта за тронот секој може да умре, ама буквално секој! Ги читав коментарите и многу ме радува што велите дека ќе има уште неколку сезони, од серијава стварно никогаш не е доста. Сега се чека 6 април, биче весело.
омилен ми е Jack Gleeson исто и Emilia Clarke. а иначе новата сезона, со душа ја чекам новата сезонааааа <3
Пред неколку дена почнав да ја гледам и веќе сум на трета сезона, таман ќе ги почнам и новите серии да ги гледам сега. Мене Кал Дрого ми беше нај згоден и убав. Кога го најдов кој глумец е и кога му ги видов сликите на гугл .Баш ми е криво што умре толку брзо. Инаку серијата е феноменална многу убава и интересна.
Конечно. Одличен почеток на сезонава, според него очекувам дека ќе биде бурна и уште повеќе крвава. Ариа, ах Ариа, знаев дека ќе има голема улога во серијава, одлична е. Не би да дискутирам сега зошто уште е почеток ќе се јавам за 2-3 епизоди.
Дајте торент луѓе, не знам со замунда што се случува, има само еден од 5 и нешто гига, другите не функционираат. А на kickass ја нема уште.