^ Ја има на kickass, мене сега ми се симнува, полудев веќе дур се полни. http://kickass.to/game-of-thrones-s04e0 ... 66828.html
Spoiler Арја! Фала, молам и пријатно! Бед ес, кил дем ол! Најдобри сцени, првата и последната. Арја беше врвот во епизодава. Калиси незабележлива, кога го видов овој Дарио Нахарис, сфатив колку фали: http://m.youtube.com/watch?v=TKXvzVxmqEA Принцот ми изгледаше ко да плаче за одмазда на сестра му во разговорот со Тајрион . Супер почеток!
Препрепредобра епизода. Одличен почеток. Е за ова се чека толку време. Spoiler Новиот Дарио не ми се свиѓа некако, си беше добар стариот. Ама ај, тоа е. Џејми Гревниот треба да го викаат. Машала змејчињава пркнале. Треба да си припази Мајкава како се однесува со нив, да не си го добие. Принцот Оберин мора да се спомне, одличен актер и ептен солидна глума. Санса е таму каде што ја оставивме, сожалувајќи се себеси и чекајќи некој да ја спаси. Same old, same old. За разлика од сестра ѝ која нема страв, има само храброст. Арја најдобра како и секогаш. Најмило ми е што си ја зема Иглата назад. Поливор, едно име помалку на списокот. Брццццц, ајт. Имаше добри дијалози и смешни моменти епизодава. Почетокот со мечот беше достоен за почеток на една одлична сезона. Едвај чекам следна.
Јас пак не сум толку воодушевена дали дека долго ги очекував со нетрпение . Имав и малку проблем да се присетам кој беше кој . Spoiler Сцените со Ариа ми се допаднаа , очекував малку повеќе сцени со Калиси па може затоа бев разочарана. Санса досадна исто и маж и и неговата љубовница .Што се однесува до Џон мислам дека натаму ќе биде возбудливо со the wildlings и the white walkers се надевам дека конечно ќе ги видиме . И овој принцот не е лош , го прикажаа како сталожен и мажествен само утнаа што веднаш геј го направија Чекам нова се надевам поинтересна ќе биде .
Spoiler Добра,добра епизода.Арија ми е омилен лик после Тирион,која борбеност и гнев ја има,се си мислам дека она ќе ги докрајчи сите,лека полека,еден по еден. Калиси ја немаше многу,ама ќе си има мака со децата во иднина така ми стои работата Оној Џофри 2 минути го покажаа,ама ко вечност да го гледам,какво одвратно створение Џејми пак сакаше да си се врати на старата шема со сестра му,ама таа не го рецка веќе,всушност никој од фамилијата не се замара за него Санса ми е најникаков лик од цела Старк фамилија,целата напатена,принцезовски поставена,седи во престолнината и чека спас. А изгледа ќе има нова војна на Северот,како што збира Менс војска и тие чудовиштата таму ќе прават фрка Наизглед,ќе биде добра сезона.Додуша немаше лоша досега
Солидна епизода. Допрва станува интересно Се надевам дека нема да одат ептен off canon, затоа што...... Spoiler Еден од најинтересните ликови е дефинитивно принцот Оберин - малку го претераа, ептен го направија бисексуалец, иако во книгата никаде отворено не се зборува за тоа, освен дека е подоста промискуитетен. Ќе го размрда поштено King's Landing. Тирион ептен гревче го направија - де ги моли Dornish , де ја моли Санса. Сепак, ја учи играта на троновите и полека станува еден од главните играчи. Еден од моите омилени ликови. Брон си е Брон Не може да не те насмее. Актерот кој го игра 100% го доловил. Новиот актер кој го глуми Daario и мене ми е потапа од претходниот. Тој претходниот повеќе го имаше доловено духот и карактерот на ликот. Иако, ај да не судам од една епизода. Да му дадеме шанса. Убедливо најдобар дел е тој со Арја и The Hound. Иако помеѓу нив има зла крв и Арја особено го мрзи поради синот на месарот, понекогаш животот ни го сервира најнеочекуваното. Најдобар дијалог The Hound: You're a talker. Listening to talkers makes me thirsty and hungry. Think I'll take two chickens. Polliver: You don't seem to understand the situation. The Hound: I understand that if any more words come pouring out your cunt mouth, I'm going to have to eat every fucking chicken in this room. Polliver: You lived your life for the king. You're going to die for some chickens? The Hound: Someone is. Не ја хејтајте ептен Санса, млада е и полека ја учи играта на троновите. Млада да, ама не и глупава
Доста солидна епизода. Мене многу ми се допадна. Делот со Арија најмногу, омилена ми е од самиот почеток. Spoiler Овој новиов што е, принцот, добар е, ама не ми се свиѓа мене, иако ме радува што "ќе го размрда" King's Landing. Џејми не го сакав на почетокот, ама од кога и го спаси животот на Бриен во 3та сезона, оп ете ти ги симпатиите Марџери со баба и се лисици невидени. Едвај чекам да видам што матат. Данерис освен убава не ми е ништо посебно, барем оваа сезона Колку беше подруга во прва и втора сезона ама толку. Во третата се иск*рчи, се исфорсира и сеа како што кажа некој "ќе се шлае и ќе ослободува робови". Нека и го вратат сјајот, како да се губи во улогата на Мајка Тереза. Инаку, што станува збор за Санса... Ние што не ни се читани книгите од тоа што ни е видено до сега во серијата имаме донесено таков заклучок, дека е принцеза, татина и мамина маза што чека да ја спасат и да ја управат во животот. Многумина го имаат речено истото, дека е рано да се зборува за Санса оти понатаму било поинаку. Ама нам ни останува да видиме. Едвај чекам понеделник за нова епизода!!!
Девојки една молба,кој ги има читано книгите да пише во инбокс што отприлика ќе се случува. Многу сакам да знам како ќе се движат настаните,немоажам да дочекам да видам... Иначе епизодата беше солидна, скоро одлична.Само ми се плаче кога ќе ми текне дека за 2 месеци ќе ги дадат сите 10 епизоди и ќе треба пак да чекаме година дена....
Феминки, една убава вест. Game of Thrones ќе добие и 5 и 6 сезона Не си го расипувај изненадувањето Многу неочекувани работи ќе се случат. Можам да ти ги пратам најважните настани, ама можно е некои работи да ги променат во серијата. Затоа што доста работи се различни помеѓу книгите и серијата.
Принцот Оберин фантазија ... ахх Глумата одлична , каква болка се осети во неговиот глас кога збореше со Tирион за сестра му . "Tell you father I am here, and tell him the Lannisters aren't the only ones who pay their debts.". Заебан лик ,мајке ми ... Oдвај чекам да видам ,што ке се случува понатака со него . Џуџето ми е ептен смарт асс ,еден од омиленте ликови . Арја ... омилен лик .Највероватно тек сега ке почне парче да праи . Сцената со Кучето ми беше истовремено пресмешна и многу моќна .Поубаво неможеше да заврши епизодата . Џофри веќе не се трпи .. ајде ваљда наредна епизода Spoiler ке биде свадбата , и тоа мало гомце ке умре веќе еднаш . Жал ми е што Серси многу малку ја имаше во епизодава .Женава ја ОБОЖАВАМ . Како ладнокрвно го пречека Џејми .Лека полека Џејми ке почне да сваќа каква во каква кучка бил заљубен ,и мојте претпоставки се дека ке олади од нејзе . Денерис - боринг,боринг ,боринг ... Лејди Олена хмм .. женската верзија на Тајвин Ланистер .Опасна жена . Сакам повеќе разговори помеѓу нејзе и Тајвин ,муабетите им се епик . Марџери игра многу паметно , и ја би исто ( да бев на нејзино место ) .Ма да има и кој да ја подучи . Ајде нека дојде побрзо понеделник ...
Луѓенцааааааааа...!!! На нет се врти теорија за потеклото на Џон Сноу, која звучи доста интересно, би било многу кул да е стварно така Повелете линкче: http://highlighthollywood.com/2014/...f-thrones-s4-opener-highlight-hollywood-news/
Мислам дека се претера со тоа колењето и сечење глави во филмот Предходно Стормборн ми беше омилен лик, но сега некако не ми е интересна. Баш ме интересира новата свршеница на кралот (дебилен) Џофри, што ќе направи. Има таа некоја цел, со бабаи ќе средат работа. А што читам погоре, Spoiler Џофри ќе умре или? Инаку џуџето ми е хит, најомилен лик, тој многу се нервира од сите негови роднини, и баш има посебна душа, мислам дека и Џејми ќе го смени однесувањето, и нема да биде веќе лош како на времето. Ајра е најхрабра од сите, таа е пример за сите. А братчињата дали ќе го најдат Џон Сноу. И Џон е исто еден многу добар и позитивен лик.
^ Серијата е ептен изрелаксирана во однос на body count. Ги прикажува само најважните убиства. Подоста вознемирувачки детали се изоставени Од друга страна, со сексот претераа Да. И тоа на крајно поетски прекрасен, carma is a bitch начин Ова е една од неколкуте теории за тоа кои се родителите на Џон. Повелете линк http://awoiaf.westeros.org/index.php/Jon_Snow/Theories
Јас одамна прочитав за теоријата за потеклото на Џон Соу и се надевам дека е така . И ете уште еднаш ќе се потврди дека Нед Старк е навистина чесен човек кој си го загрозил и бракот само да го заштити внукот . Јас плачев кога го погубија . Тука чиви деца се Калиси и брат и ? Знам дека се потомци на лудиот крал ама поточно ? Јас мислев дека се негови деца , ама сега ме збуни принцот Оберон што рече дека двете деца ги убиле . За нив мисли или други се ? Едит : Сега видов дека мисли на синот на кралот .
Даенерис и Висерис се брат и сестра на Раегар Таргариен. Снаа за брат им е сестрата на Оберин, Елиа. Татко им е Аерис т.н. Луд Крал. Мајка и' e Раела Таргариен, која воедно е сестра на Аерис. Традицијата на династијата Таргариен е да кралевите се венчавале со своите сестри за да ја зачуваат чистотота на линијата.
Да да јасно ми е дека така одржувале потомство . Па по нивен пример и Џејми и сестра му одат . Само што се збунив за кого зборува ,имав подзаборавено што и како беше , многу се испреплетени .
Да, да. Вските помеѓу ликовите се ептен исповрзани. Знае да биде збунувачки Инаку, стариот маестер во Црниот Дворец на Ѕидот, маестер Емон е чичко на Аерис, значи пра-чичко на Даенерис А претходниот Главен Командант на Ноќната Стража е таткото на Џора Оној стариот што го убија пред Сем и Гили да побегнат со бебето накај Ѕидот. Едит : Оберин говори за децата на принцот Раегар и Елиа, внуците на Даенерис.
Знаев за стариот мастер ама еве сега гуглав да видам која беше Џора . Јас го знам како командантот на Калиси ... Фала Еленор за објаснувањето . Затоа толку долги пазуи не се добри .
Уфф, каков почеток на новава сезона... браво. Не ни очекував нешто помалку со оглед на тоа дека почнуваат од пола книга каде работите се најжешки. Најпрво новите ликови, подобро не можеле да ги одберат. Баш му одговара house sigil-от на Оберин - сонце, ќе биде ватрено. Во исчекување сум на добри сцени со него, Тирион и Серси - Фројдовите Ланистерски За Џејми луѓе мои, немате поим колку жал ми падна. Како што и рекол на Серси единствено се чувствува целосно во борба и во кревет, и сега кај го осакатија каде што највеќе го боли па уште и го отфрлаат сите како некое кученце... Уште од почетокот најинтересни ми беа Ланистерови(со исклучок на тиќето од крал), особено близнаците, ама како течат епизодиве Џејми баш ми прирасна на срце. Spoiler Сцената со Џофри ме извади од кожа... значи не го можам, органски не му ја поднесувам појавата. Па уште и како цинично му се обраќаше на Џејми... ама ајде ќе се издржи, valar morghulis. Интересен лик ми е Санса. Некако очекувам дека нешто ќе се случи, дека ќе има доста важна улога, а и ни дава поглед од друг агол на настаните од KL. Од првите 3 книги имам читано некои поглавја и нејзините ми беа едни од поинтересните, иако не сум некој фан на Старкови. Spoiler За разлика од неа, ликот на Дани некако тапкаше во место. Многу се издолжи тоа ослободување и правење армија, додека најде бродови и стаса до Вестерос овие ледениве може веќе пуздер ќе имаат направено...Новиот Дарио според мене е подобар, а змејчињата машала машала... Што се однесува на северот, до втора сезона никако не ми беше интересен, ама сега баш добри дешавки има таму. Џон, браво, како храбро си призна, и му се исплатеше.. само да се надеваме дека нема да оди со храброст и чест до тие крајности како Нед што одеше.. И последната сцена како и секогаш беше епик, и тоа колку епик. Арја конечно го пушти бесот и си ги најде Needle и коњ, а со The Hound комбинацијава им е double trouble Spoiler Кога сме кај врските помеѓу ликовите, јас во првите епизоди бев тотално изгубена. Некои ги гледав по два пати за да ги сфатам, ама после тоа се навлеков и се зезнав почнав да си читам на тоа вики-то, сакав подетално да прочитам за некои поинтересни настани што имаше.. и сега на омилените ми ликови знам што ќе им се случува до 5та книга :/ И тоа за џабе си направив спојлери кога ништо не беше опишано како што е во книгите.. Така да совет, НЕ ГУГЛАЈТЕ! За врските еве еден дијаграм, со поважните сродства и врски http://cdn.pastemagazine.com/www/blogs/1000words/2012/05/17/GoTInfographic_2000px.jpg А еве и еден друг дијаграм којшто во серијата е многу појасно прикажан Spoiler И уште нешто интересно, во случај да не сте го виделе http://www.buzzfeed.com/tomphillips/charts-only-people-who-live-in-westeros-will-undestand Толку од моево троа подолго мислење, ама од 2011 немам пишано на темава така да мислам оправдано е
Покомплицирани фамилии од оваа серија немам видено Ме интересира кој е тој Дарио,нов лик? За оној советникот на Калиси мислите?