Серијава е истовремено најкомплицираната, но и најсовршената серија што постои. Во однос на новава сезона, ауууу ќе биде забавно. Оберин ми е многу интересен лик, очекувам интересни моменти со него. Џејми, не е можно тоа колку го мразев на почетокот, а колку го сакам сега. Само Џорџ Р.Р. Мартин може да го направи тоа,генијалец. Не ми се допаѓа новиот актер за ликот на Дарио Нахарис. Единствено тоа ме разочара. Претходниот беше многу пошармантен и посекси. Ќе ми недостига.
Аммм едно блиц прашање.... Што се случи со Гендри, знае некој? Се нема појавено од сцената со црвената вештица. Не сакам да го нема, баш ми се допаѓаше ликот и улогата
Со оглед на тоа дека во поглед на Гендри серијата е целосно различна од книгите, тешко е да се каже дали ќе го има сезонава. Иако мислам дека поради неговото потекло е релативно значаен лик и продуцентите нема да дозволат цела сезона да помине без него
Леле колку се искомлицирани сите.Крај не им се фаќа, овој брат на тој, син на овој, го протерал од кралството оној. Јас наеднаш ги изгледав трите сезони во една недела и уште не ми се јасни некои работи. Па морам еве да читам овде дообјаснувања. Како и да е сепак е интересно ептен.
Добар почеток богами, иако многу ликови не ги дадоа во првава епизода. На пример малиот Старк, Теон, Црвенава вештерка и сл. Знам дека нема минутажа за сите, ама тоа е уште еден доказ дека премногу ликови се натрупаа. И мене ми е збунувачки на моменти и затоа сакам да почнам со книгите, ама ми е страв да не ми се расипе впечатокот за серијата, затоа што како што зборите, премногу работи се изоставени и проеменети. Арја ми е фаворит лик уште од почетокот и за неа типувам дека нема да ја скинат уште долго време. Не читам спојлери, ама ете така си претпоставувам. Од друга страна знаев дека на Дајнерис ќе и се удрат од глава змејовите, затоа што колку што може по нејзин кеиф да ја контролираа таа нивна разорна моќ, толку и нема да може за некои работи. Ама ајде да видиме што ќе се случи. Бабата на Марџори ми е ѕверка, ми фалат повеќе сцени со неа. Остроумна лисица, ја обожавам. Како и да е, едвај се чека нова епизода. Сезониве како се развиваат, така се' повеќе ветуваат.
Значи не знам дали некој лик од серија или филм ми бил поодвратен од Џофри.Значи ми врие крвта кога го гледам. Мило ми е што се омажи за Марџари мислам дека таа е одличен играч и дека таа му ги скрати „маките“. Заедно со баба и ми се одличен тим и сигурна сум дека ќе имаат голема улога во серијава. Поодвртно нешто не можеше да направи на забавата.Гад. Многу ме е жал за Шеј, баш ја сакав актеркава и ми беше прекрасна. Инаку се нервирам што Денирис не ја има во кадар често.Знам дека тоа е за да не стават во исчекување, сепак. Дали јас сум единствена која мисли дека на крај во унија ќе останат само Џофри, мајка му и дедо му и дека двајцата негови вујковци ќе се свртат против него?
Не се секирај ич... Spoiler Џофри во оваа новата епизода ќе отиде,изгледа ќе го отрујат па ќе се спасиме од него
Spoiler Јас пак напротив, мислам дека серијата без таков одвратен лик како Џофри не би била тоа што е. Баш би ми било жал ако е така, навистина.
Не отворајте ако не ја имате гледано денешната епизода! Spoiler Да да јас за новата зборев, пишав му ги скрати маките.Ја гледав и се испонарадував.Мене ептен ми е мило, баш сакав да видам како ќе се одвиваат работите без него.Само се надевам дека нема да го обвинат Тирион А кој вистина го отру?Марџари или некој сосем друг?
http://www.solarmovie.tl/link/play/2517900/ Или симни ја,еве ти http://kickass.to/game-of-thrones-s04e0 ... 92283.html
Spoiler Реално, сите имаат мотив освен мајка му. Ама еве, јас се кладам на Oberyn Martell. Инаку во книгите, Тирион пред свадбата ги фаќа Шае и татко му во кревет. Жива среќа го прескокнале тој дел, оти ептен ќе го докрајчеа.
Леле леле луѓееееее!!! Spoiler Fucking Joffrey is dead!!!!!! Аааа помодрената негова фаца вредеше да се гледа, вечерва пак ќе си ја пуштам епизодата. Е сега...убиец? Виното или питата? Од кого? Санса, Марџери или старата? Тајрион секако не е. Ахххх конечно копилето е мртво. Не чекавме цела сезона за неговата смрт. Си имаше посебна парада во негов стил, и умре среќен што го исмеваше Нед пред Санса. Пати копиле едно!!
Јаооо добра епизода, уф конечно. Туку сега се плашам да не му направат на џуџето нешто. Инаку ич не ги покажаа ни Калиси ниту Џон Сноу ниту Ариа. Spoiler Лелее Џофри дегенот каква фаца имаше, така и му треба оти веќе не се трпеше детиштето
Не е така. Spoiler во книгите Тирион ја наоѓа Шае кај Тајвин после сите овие неастани, и плус уште неколку други кои ќе следат ама да не ви го расипувам изненадувањето Моментот кога ќе ја открие го прави нејзиното предавство уште пострашно Може една мала анкета Што мислите кој ... Spoiler стои позади убиството на Џофри? Онака да се позабавуваме дури не стасаат до таа епизода
Конечно солзи радосници за прв пат во серијава Инаку, (ако не сакате да си расипувате за понатаму не отварајте) Spoiler На мобилниот си спуштив една апликација, Game of Thrones Wiki или нешто така, зашто сакав да прочитав поубаво за ликовите дека ми беа подзаборавени па да се потсетам. Апликацијата всушност била подетална одколку што мислев и дур трепнам веќе сум стигнала до 3та книга Затоа, според тоа што го прочитав, Џофри е отруен од Марџери а Тирион ја фаќа Шае со татко му точно но после свадбата т.е додека се обидува да побегне за да не го убијат. Душава ме боли вака што знам некои работи однапред што ќе се случат, ама пуста нека е радозналоста во мене ете не издржав.
^^ Јас како што сум радознало па одма го отворив спојлерот. А баш се сомневав во сите за Џофри, немаше кој го сака, освен мајка му, па и за неа не бев сигурна дека го сака. А највеќе се сомневав баш во тој што го отрул. Spoiler А за Шаи со татко му што ја фатил, жал ми е само за Тајрион, каква глупача, толку време не можеше да сфати дека и мисли добро со тоа што сака да ја оддалечи, и самата ги гледаше колку нездави и алчни се. Кога ја вреѓаше демек и ја отфрли од себе, толку беше наивна па поверува. Па не му треба таква бе а и таа ми е некако продадена душа, се може да се очекува од нејзе. Се сомневав дека се качила на бродот а ете и во спојлер дознав дека е така, ама сега уште нешто ми е нејасно, зар и платеникот на Тајрион така ќе го издаде, па тој му кажа дека е сигурен дека се качила на бродот? А Марџори беше јака цело време на свадбата, кулираше, уживаше а овој смотаниов Џофри па љубоморен зашто да ужива, секоја забава ја прекинуваше. Ама и се гледаше одбивноста кон него и ладнокрвноста, знаев дека нема да го трпи, не ми е таков лик. Туку сега кој ќе биде крал. Дали Ланистер стариот или синот без рака, можеби сестрата на Џофри се омажила во меѓувреме. Кога сум веќе кај сестрата, гостинот принц мислам дека кажа дека сестра му на Џофри била на место кај што силувале и убивале. Добра е серијава, се нешто се случува, напнато е, возбудливо, никој никого не штеди, секој секого ебе.
Spoiler Тоа за Шае што се качи на бродот ме збуни и мене, затоа едвај ја чекам наредната епизода да видам што ќе се случи.
Јас мислам ќе го исфрлат делот со Шае, не ми се верува да испадне толку голема глупача, ако испадне ќе се разочарам крајно, мене ептен ми беше драг лик. Spoiler А за тоа кој го отру Џофри, мислам дека е Марџари со питата, зошто таа знаеше дека само од неа тој единствено прв ќе касне, па упорно му буташе во уста.Само да не ја обвинат неа, баш е кул.