А да не давате спојлери од книгите тука ќе може ли? Темава е за серијата, не за книгите. Може теории да се разменуваат, ама што и како се случува во книгите понатаму не е за тука.
Леле,стварно не давајте спојлери за книгите,љубопитноста ми е преголема за да не ги отворам Spoiler Цела епизода го плукав Џофри,па конечно ја добив сатисфакцијата да го видам мртов.За жал мислам дека премногу лесно умре,јас би му приредила нешто слично како на Теон кутриот,без машки орган и нокт по нокт би му вадела За кој го отру,90% сум сигурна дека е бабата на Марџори во заговор со неа,таман после свадбата Марџори да остане кралица и вдовица. Инаку и потајно се надевав Ариа дека ќе го убие Џофри,со нејзиниот меч,директно во срце.. Тирион кутриот,пак он крив,а едноставно не е способен да го убие брат му,колку и да не го сака.Ако е вистина тоа што пишувате за во книгите,баш ќе ми биде жал,греота го уништија човекот. Премногу се концентрираа епизодава на свадбата на кралот,не ја покажаа ниту Дејнерис,ниту Џон Сноу,ама добро премногу ликови се во серијава,не може сите наеднаш
Spoiler Јухуууу Џофри го нема веќе За ниедна смрт не сум се радувала толку колку сега за Џофри.Инаку не знаев дека ќе умре, мислев дека се преправа со виното, дека пак сака да го понижи вујко му ама на крај кога му ја покажаа фацата си остана одвратна до самиот крај. Ми фалеше Џон Сноу во оваа епизода, тој ми е следен фаворит за престолот. Ја немаше и мојата омилена Калиси. Инаку додека ја гледав епизодава си помислив колку би биоло убаво да нема крај, па макар и некогаш да претеруваат и да бидат досадни не е битно, ама знам дека на тој начин нема да бидат најдобра серија на сите времиња!
Оберин говори за принцезата Мајрсела која кога Тирион беше Рака на Кралот ја испрати во Дорн. Таму треба да се омажи со внукот на Оберин, синот на неговиот постар брат. Spoiler Инаку ова меѓу редови им кажува на Ланистерови дека знае кој ја убил сестра му. Се надоврзува на разговорот со Тирион од првата епизода. Се е до тоа кој колку добро ја игра играта на троновите. Замислете табла шах и играч кој ги поместува фигурите.
Spoiler Во врска со труењето на Џофри Слики како се случило во серијата, а може не сме забележале Spoiler http://www.buzzfeed.com/ryanhatesthis/heres-exactly-how-the-biggest-jerk-in-all-of-game-of-thrones
Јас уште не можам да сватам Spoiler ај кристалите со отров ама како го отруја Џофри бабата допре ли нешто со отровот.
Не знам дали забележавте, ама Spoiler кога Џофри оти да ја скрши питата со гулаби, Тирион ја остава чашата со вино на масата. После го гледаме на неговата маса до Санса. Во гужвата со кршењето пита и гулабите кои летаат, сите очи се вперени во Џофри. Олена мошне незабележливо може да стави било што во оставената чаша. Или Марџори Или ....
Имам теорија!! Погледнете во видеото http://www.youtube.com/watch?v=A5ScY2o3rpI Во 1:42 Санса има лилав кристал на ланчето, а во 2:21 кога му ја дава чашата на Тирион кристалот го нема. Сигурно тоа е отровот кој го убива Џофри. Тоа објаснува и зошто свадбата ја викаат #purplewedding. Според мене Санса има многу причини да го убие Џофри.
А бе која Санса, таа глупачка сама не може газот да си го избрише а не па да го убие малиот дибек. Гледавте ли убаво кога бабата го скина кристалот лилјаков од ланчето на Санса? И не за џабе е The purple wedding. И погоре го има тоа добро доловено во слики Сања што го постирала и се гледа јасно дека Санса нема допирна точка со целава работа, и плус ја страв да мрдне, а не па да труе наоколу, без разлика што има најмногу мотив, мутава е, не е храбра, незнам како уште живее она, незнам. Јас мислам дека бабата заедно со внуката, новата кралица Марџари стојат позади убиството (сигурно имаат скриени мотиви, итри лиски се тие две, посебно мудрото бабе), ама искрено, ич не се замарам да погодам кој го уби, едноставно уживам у фактот дека конечно е мртов Џофри, тоа грозно и грдо лице веќе нема да ми ја гнаси омилената серија!!! Тирион е душа човек, еден и единствен од тоа проклето семејство Ланистер кој има морал и човечко срце. Иако ја мразам Санса, дај нека бидат среќни со човечево, он си заслужува, а грејниот има таков тажен живот, со бедни луѓе околу себе, а е заробен, и само си собира, и си мудрува наоколу, кешки некој да примеше бар доза мудрост од него. А за Шае се надевам дека безбедно си стигна кај шо треба, мислам дека доста претрпува грејниот Терион. Серсеи колку и да ми е убава, не е свесна колку е проѕирна со постапките, дојде крајот на нејзиното владеење и мислам дека Марџори добро ќе ја суреди, едвај чекам да видам што ќе биде понатаму. И морам да кажам, овој што му е десна рака на Тирион ми е комедии значи, страшен сарказам има.
Туу зарем јас прва ќе ја коментирам епизодава? Додуша за малку и јас ќе заборавев, продолжениов викнд малку ме извади од колосек, па заборавам кој ден сме Како и да е Spoiler Малку ту мач беше сцената помеѓу Џејми и Серсеи. Силување и инцест покрај мртвиот инцестоиден син Санса си остана глупача ипол и таква и ќе си умре кутрата, ја мафтаат како сакаат, појма си нема од животот. Џабе трошат сцени со неа, има далеку поинтересни работи да се прикажат. Тајвин е стар опасен лисец, како си ја врти водата накај него алал да му е. Ептен е дипломат, знае како да го добие тоа што го сака, само и на него ќе му се најде крајот. За Тирион имам чувство дека ќе се извлече, премногу е паметен за да дозволи да падне на ваква намештаљка, само дали вистинскиот кривец ќе отиде надоле за убиството тоа не сум баш најсигурна. Во главно епизодава беше собирање на материјал пред опасна кулминација. Сите се насочени да соберат што поголема армија од нивна страна, едвај го чекам судирот помеѓу сите, па да видиме кој е најмајчин Калиси засега делува најмоќно, ама мислам дека таа моќ ќе и се удри од глава, најмногу преку змејовите.
Ја пронајдоовв, повторно ја смениле страната во замунда.нет јас барав на замунда.се, благодарам во секој случај
Spoiler Калиси им одржа еден митинг на луѓето. Северот ми е толку досаден, па уште кога ќе почнат на Сем да му обраќаат внимание. И сцената на епизодата: сексот покрај мртвото тело на Џофри, полудачка сцена - здравје.
Стварно се нервирам многу од оние последни минути на секоја епизода, сакам повеќе да траат и не е фер што Денирис има толку малку кадри, стварно Инаку епизодава, што знам добра беше, уште ја нема возбудата од колуминацијата.Уште немам поим кој уствари го уби Џофри, сметам дека не е вистиска теоријата која е објавена, ама мислам дека тоа е сепак беше бабушката. Тирион нема да умре сигурно, мислам дека ќе го спаси неговиор пријател, кој патем ми еден од омилените ликови во серијава, заедно ќе избегаат некаде и ќе се придужат на други сили и ќе си живеат среќно Станис ми е како некоја мивка, ептен мизерен лик ми е мене, не го сакам на тронот, не го сакам ни во серијава.Давос ми е супер за разлика од него и баш е штета што нема некоја поголема улога сега за сега. Дивјаците ми се ОДВРАТНИ, се надам дека нема да стигнат да испоубијат се живо и диво Серијава гарант ќе заврши со 10000000000000 мртви тела и бел чичко на тронот.
Spoiler Супер епизода. Ги изгризав ноктите. Сцените со Тирион и Данерис (иако ми стана антипатична веќе) најдобри а таа со Серсеи и Џејми тоталлно непотребна. Санса ми станува миленичка малку по малку, овие дивјаците неверојатно одбивни суштества и мислам Сем дека згреши што ја однесе Гили во борделот. Се изнасмеав погоре со мислењето на една членка за Станис, дека е најголема мивка. Се согласувам, нема друг збор што би го опишал поубаво!
Еве линк ако сакате да видите кој го уби Џофри и како. http://www.buzzfeed.com/ryanhatesthis/heres-exactly-how-the-biggest-jerk-in-all-of-game-of-thrones Денеска излезе нова епизода на HBO?