Вчера ја изгледав епизодата, и некако немаше ништо посебно, или барем не е толку очигледно. Факт е дека во оваа серија треба да ги забележуваме малите и сосема небитни работи, како што е еве пример со тоа ланчето. Spoiler Како прво, мислев дека Санса го отрула Џофри, но сега кога ги видов сликите од бабата - се е јасно. Мислев дека Санса конечно преземала нешто, но не. Девојката е исплашена, престрашена. А кој и да и замери?! Секс сцената со Серсеи и Џејми. Оф леле, инцести, гревови, па и покрај мртвото дете ли бе?!!? Некако Џејми почнува да ми станува симпатичен, типот се опамети после сите патишествија, и не би требало да го повреди Тирион. Во трејлерот навестија демек Џејми и Тирион ќе бидат добри другари, па незнам. Да ја искоментирам Денерис. Зошто ви е досадна?? Ја даваат по 5 минути најмногу во една епизода, а баш си ја бива за придобивање на луѓето. Страшна ораторка е. Мислам дека партали ќе прави се со змејовите и масивната војска. И, за крај... Breaker of chains.
Слика на годината Серијата е супер , чим милиони луѓе низ цел свет се радуваат кога некој ќе умре .... Starks израмнуваат со смрта на Џофри Starks 3-3 Lanisters (Џофри и тие 2те 15-14 год деца што ги убија во затворот ) 3-3 ( Роб , Мајка му и Нед) Утре нова епизода , на замунда неможеш да дојде на ред да ја симнеш од што луѓе чекаат во 3 саат кога ќе искочи одма симнување
Хахаха епа ме обзема некоја еуфорија за Game of thrones секоја недела, барав нешто и видов негова слика, па реков да прашам да не се сеќава некој.Многу ме интересира
Не не, овој беше во ноќната стража и многу го сакаше Џон Сноу,но го снема од серијата, а не се сеќавам како.
Да отиде во дивината и не се врати , т.е се врати неговиот коњ само .... највероватно е мртов(whitewalker) или се крие во некоја дупка .....
Последнава епизода беше солидна, од аспект што скоро сите беа застапени по малку(само Ариа фалеше). Spoiler И ете на крај дознавме кој е убиецот на Џефри Spoiler бабата со помош на Littlefinger Многу е заплекано и колку и да мислиме дека нешто сме сигурни на крај ќе испадне нешто трето, а тоа ми се допаѓа. Две работи битни за серијава се- Никогаш не се приврзувај за некој крал бидејќи незнаеш во кој момент може да умре и најбитното според мене секогаш споредниот лик на крај има главна улога.Деталите се битни најмногу. Ќе почнам со крајот Значи белите јавачи не ги убивале бебињата како што мислев, туку ги претварале како нив а тоа значи дека така се создаваат(само можеби побрзо растат од нормалниот човек). Што мислите, зошто Џејми ја прати Брини(плавата висока жена) да ја бара Арија, за да ја заштити и нејзе од сестра му или има некоја друга цел? Ајде бабава кај е опасна ама и внука и е права нејзина наследничка, му се пикна во кревет на малиот принц со намера уште од старт да го придобие и да го сврти контра мајка му. Џон Сноу како и секогаш храбар, сакам следно да оди во тоа селото кај што има само жени и да го спаси брат му. Калиси само на почетокот ја покажаа, моќна и безмилосна(но според мене праведна).Е сега не разбрв тој црниот роб-борец дали тоа што го кажа дека цел му е да ги убие господарите важи и за Калиси?! Санса небитна како и секоја епизода а џуџето нешто ми вели дека брат му ќе му помогне. И за крај се изнасмејав
А оној дебелкото што е заедно со Џон Сноу во зидот, му кажа ли на Џон дека го сретна братчето негово дека го бараат Џон???
Теорија за братот на Нед Старк, споменат погоре: http://www.vanityfair.com/vf-hollywood/ ... l_facebook * Има спојлери од книгата!
Да, Сем му кажа на Џон дека му помогнал на Бран да го помине Ѕидот. Баш во последната епизода двајцата на кратко го споменаа тоа. Инаку Бран не го бара Џон преку Ѕидот. Го бара гавранот со три очи, оној од неговите визии. Во врска со Бенџен Старк. Тешко е да се даде одговор на тоа прашање, освен дека е изгубен некаде позади Ѕидот. Има теории за тоа што му се случило, меѓутоа сцената од книгите на која се засноваат овие теории не беше прикажана во серијата. Така да, можеби продуцентите нешто ќе сменат. За оние што ги интересира теоријата, побарајте Coldhands.
Добра теорија за Coldhands , сум го слушнал од спојлерите кој бев слаб и морав да кликнам на нив .... човекот правел многу јаки работи ама тоа повеќе ќе биде во 5-6 сезона изгледа ... Али ете се изненадив од 5тата епизода , не очекував дека Тетката и Littlefinger ќе се тие кој уште од прва сезона ја поставиле сцената .... секоја чест на серијава никако да предвидам што ќе се случува .... Али ми е драго што скоро ни тие што читале книгите незнаат што ќе се случи , има некој ликови што требало да умрат касно умираат сега на некој начин кој го нема во книгата и така им мешаат све
Дали сум единствената на која што петата епизода и беше најинтересната од цела сезона? Кој би рекол дека Littlefinger ќе биде оној кој ќе ги влече сите конци во играта за тронот? Според мене тој само ја користи сестрата на Кетлин, сигурно спрема нешто многу поголемо, можеби се спрема и за тронот. Кутрата Санса, тетка и не ми изгледа баш во ред. И како го сфативте моментот со Ходор? Дали малиот Старк му „даде“ сила? Не сфатив баш. Во моментов омилен лик? Оберин, не знам зошто , но човекот ми изгледа единствен праведен и чесен во моментов.
Санса многу ме нервира Само ја маткаат наваму натаму,за овој ќе ја мажат,па за друг,трет,аман веќе Брендон Старк има некои моќи како што разбрав досега,може да влегува во мозокот на други,или така нешто Знам еднаш гледаше исто како и еден гавран,а еднашка се најде во телото на волкот негов. Сигурно имаат кажано во претходните епизоди,ама дека многу се дешава,не памтам веќе Арија си ја обожавам,се надевам ќе ја гледаме до крајот.Девојката има храброст,сила и мозок,уште вештина и фали и ќе ги сруши сите. Литлфингер кова нешто,ама мислам дека навистина се грижи за Санса,само прашањето е дали поради лејди Кателин или дека сака да ја легне Оберин си го обожавам,супер лик ми е досега,ама мислам дека колку и да ги мрази Ланистер,сепак ќе скова некоја зделка со Серсеи,за личен интерес. А омилен лик,сега и во вечни векови,Тирион Легенда е џуџето,му нема рамен. Инаку и Џејми Ланистер ми е нешто подобрен,само да не се фукаше со сестра му,и супер ќе беше.