Тирион ќе спаси глава, само се чудам кој ќе биде оној кој тој ќе го избере за да се бори за него.Колку добар му беше монологот, ужасно ме натажи и восхити истовремено.Шае, гуска скапана, ни не очекував дека ќе го предаде на таков начин, многу, премногу беше жално кога и рече ‚‚ Шае, донт‘‘ ми се идеше да го гушнам и да бегам со него Денирис, колку и да е добра, ја нема онаа острина која треба да ја има еден владетел за да успее.Јас ја сакам, ама треба да слуша совети, млада е. Станис си кажав, мува без глава, без сер Давос е никој и ништо. Џејми ептен ми е омекнат некако, баш ми станува драг во последно време. Колку само све е изманипулирано и злобно, страшна работа. Добра беше епизодава, иако не се случуваше ништо посебно, освен судењето.Не ми се верува дека има само уште 3 епизоди до крај, само што почне сезоната, одма завршува, ептен ми е малку.
Одлична епизода , уште од старт со Станис , видовме и колку Теон е ментално уништен , сега е како куче ... За Тирион мислам дека ова му беше најдобар настап сезонава , особено сега кога се налути и знам што ќе следува наредните 4 епизоди јбг ги прочитав спојлерите 10/10 епизодава
Џуџето легенда, а бе закон е, а онаа љубовницата негова кој ја среди за да го обвини така. Инаку и братму на џуџето конечно застана зад него и баш убаво. Санса па веке само ја мафтаат сите, без врска. Теон, лелее која трансформација, ама ете тражили сте, добили сте.
Колку сезони и да прават,кој сакаат нека убијат,ама Тирион да не ми го чепкаат Човекот е легенда,кој говор им го даде,најпоштен е од сите таму. Мислам дека во моментот највреден лик е,што има и храброст и достоинство,знае ем со зборови ем со меч. Станис си е пропаст невидена,збор не знае да сврзи,без Давос е само еден обичен војник,а не лидер. Денерис како што рекоа погоре е премногу мека,ама мислам дека поради тоа народот ќе сака да се бори за неа,се додека научи да ги контролира и змејовите. Принц Оберин е прилично интересен лик,забавен,пресметлив и прилично паметен.Очекувам повеќе акција од него во следните епизоди. И верувам дека редно е да умре Тајвин или Серсеи,не е фер само од тимот на „Добрите“ да умираат луѓе,мора да се направи баланс Ох,многу брзо летнаа епизодиве,после пак цела година ќе чекаме.
Мое мислење е дека прво брат му ќе сака да се тепа за него , али поради раката ќе иде некој друг , али кој , дали Брон или Оберин , на трејлерот за 4та сезона се гледа како Оберин се тепа , така да можеби он ќе биде
Говорот на Тирион е дефинитивно најдобриот говор во серијата до сега. Навистина ми беше жал, но како и секогаш го користи умот и најде решение. Мислам дека Џејми ќе сака да се бори, но мнооогу сакам Оберин да се пријави. Шае мислам дека ја имаат уценето, не верувам дека сака да се одмазди. Беше паметна девоја и многу го сакаше, не верувам дека го сака мртов, Серси има замешано прсти. За Денерис, многу ја сакам како лик, но не се вклопуваше во серијата со тоа што секогаш работите излегуваа во нејзина полза. Мислам дека беше време малце и таа да ја изгуби контролата, само за да биде поинтересно.
Јас сум нова жртва на Game of thrones и многу ми се бендисва серијава. Моментално сум на средината на втора сезона. Исто така морам да кажам дека многу смрдени ми делуваат 80% од личностите.
Нели новата епизода одлична бла бла итн. Да не се повторувам. Сакам да прашам за претходната , на кое писмо мислеше сестрата на Кетлин ? Она кога Литлфингер ја замолчи ?
Ако добро разбрав мислеше за писмото од прва сезона прва епизода кога и пишаа дека Ланистерс и го убиле мажот , а уствари она била , кутрата Санса , кај и да иде све психопати Иначе еве спојлери што ќе се случува во наредни 4сезона 7,8,9 и 10 епизода , кој ќе умира а кој што ќе прави Spoiler Curiosity got the best of you ehh.... 1 Тетката на Санса умира , т.е ќе ја фрлат од замокот 2. Џуџето ги убива и Шае и Татко си и го протеруваат засекогаш 3 Џорах или LORD Friendzone ќе биде откриен и протеран... 4 Змејовите ќе убијат невино дете и ќе бидат заклучани или слично 5 Принцот Оберин ќе умрел ... 6 Ќе се тепаат кај Castle Black , станис ќе го спаси лорд сноу и ќе праат муабет и слично...
Мене баш не ми изгледаше така. Серсеи и да ја имаше уценето Шае не мораше да оди до толку детаљи и со таква сласт да лаже. Не, не, чиста одмазда си беше тоа, ептен ја повреди, а она е сепак само курва.
Значи спојлерите на Yipman се остваруваат. Одлична беше епизодата и многу ми е жал што се ближи крајот на сезонава. Spoiler Мислам дека Оберин нема да победи, а баш би ми било криво ако го убијат, мене ми е еден совршен лик. Санса, о Санса напатена душо.Што да кажам веројатно ќе остане со лорд Бејлиш, не ми делуваше како да не и се допадна бакнежот.А тетка и колку одвратно суштество, среќа што леташе. Дали само мене ми изгледа како Денирис да потфрла со глумата?Некако не ми е толку добра како што беше во другите сезони, а и некако не ми е веќе толку симпатична што знам. Ако испадне дека стварно сер Џорах е издајца многу ќе се разочарам, баш го сакам како лик. Многу ама многу ми е жал за Тирион, стварно ќе ми биде мило ако го убие татко му, а по можност и Серсеи, уф милина. А и уште оној заповедникот на Ѕидот ми е злоба, едвај чекам некој да го скрати за глава...
Yipman2..........шта речи.............. Иако ги сакам овие предвидувања , однапред да знам што како ќе се случува ова беше премногу.
Spoiler Значи Санса не можам органски да ја поднесам.Таков мртов,никаков лик,овој стариот ја бакнува она стои,а заборава дека е сопруг на тетка и.Таа пак одвратна,арно си летна во дупката Ариа ми е одлична,како ладнокрвно го прободе оној,алал да и е.Се надевам дека ќе се здружат со сестра и во Eyrie до крајот на сезонава.Оној Хаунд ми стои дека ја засакува,можеби пак ќе се премисли за продавање За Тирион душа ме боли,ама баш ми е мило што се најде Оберин да се бори,иако како што викаат предвидувањата,најверојатно ќе умре. И јас мислам дека Дејнерис потфрлува со глумата и чекам да се оправи ,а се надевам и дека Џорах не е предавник,уште од почетокот си го сакам како лик.
Хахахах , значи пишува се спојлери и тоа што љубопитноста ваша преовладува и кликнавте на спојлерот и после јас сум крив .... абе ајде.. Иначе до сега оваа сезона не ми потекоа солзи , али после разговорот помеѓу Оберин и Тирион стварно се натажив ... Секоја чест на глумците . Sansa Bitch slaping little boys
А што ви текна за Џора дека е предавник? Spoiler Како леташе онаа лудана, ако ѝ е. Пореметена глупача. Ја среди Бејлиш. Ќе ѝ се заканува на Санса, ццц. Уште малку и оваа сезона ќе заврши. Па не е фер стварно.
Ааааа Оберин го обожавам. Се надевам дека нема да го убијат! Тетка Лиса леташе конечно, не можев да ја поднесам жената. И не сфаќам зошто сите ја мразите Санса? Според мене таа е еден од најтрагичните ликови во целата серија. Да ја издржиш тортурата од Џофри не е мала работа. Сега мислам дека Лорд Бејлиш ќе ја заштити, со оглед на тоа што ја сака, а и сите мислат дека е единствен жив наследник на Северот.