Spoiler Јас сум запрепастена,изненадена,шокирана после новата епизода. Не можам да се вратам во нормала,не ми се верува. Многу ми е жал за Оберин,требаше да се задоволи правдата. И дали е нормален Џорџ Мартин? Џофри го убива со отров, а на Оберин му дава онаква гадна смрт. Лошо многу лошо.
Spoiler Може баш кога ќе треба да го обесат ќе дојде писмо дека е сериозна ситуацијата и дека се потребни луѓе во Црниот замок, па да го испратат Тајрион таму. Ама филмов изгледа нема врска со книгата, ако некој скока многу ниско ќе падне, сакав да кажам дека ако актерите се преценуваат и бараат повеќе пари, веднаш им измислуваат некоја забавна смрт. Да не се полакомил и Тајрион? Санса досадна е, ама има сигурно некој план со лорд Бејлиш, сака да се одмазди и она. Туку кучето нема од кој да бара откуп сега, тетка и на Арја е мртва . А цело време мислев дека ќе влезат во замокот и ќе се сретнат со сестра и. А и се разочарав кога Денерис го избрка Мормонт, иако ја шпиунираше на почеток, после човекот се заљуби и цело време чекав кога ќе падне секс помеѓу нив двајца. Во серијава највеќе ми е жал за Теон, му стана кучка на мрднатиов, му го исекоа, што не му правеа и пак како муле е, ама мислам дека штом до сега не побегна кога имаше можност за тоа, тој има план да му се одмазди на Ремзи затоа се прави наудрен. И морам да искоментирам уште нешто, нема секс бе како во првата сезона што почнаа, па нека дадат малку возбуда, заплет на приказната
^ Па се бунеа зашто имало многу секс сцени и ги намалија во последните сезони А Mother of dragons рече сакала да ја памтат поради нејзината глума а не поради градите и затоа нема веќе да се разголува .
Spoiler Тууу брутално Колку само беше симпатичен, ама се искурчи и толку фалеше. И да, и јас одма помислив на тоа дека Џофри убаво помина во споредба со Оберин. Уствари уште на свадбата си помислив дека малку му беше, нешто погрозоморно требаше да му смислат. Инаку Тирион мора да преживее и едвај чекам да видам како ќе се изведе тоа. Се надевам дека Тајвин ќе го скинат, доста му беше на старчето и треба сплетките помеѓу Ланистерс да почнат да доаѓаат од друга стана.
Spoiler Јас цело време мислев дека Оберин ќе изгуби и толку многу се израдував кога видов дека победува, дефинитивно не го очекував неговиот крај и тоа на толку грозен начин. А сега што и двајцата умреа? Ако умреа и двајцата тогаш кој треба да е победник? Тој што умре последен?
Овие спојлери што ги пишавте пред некое време, навистина се исполнуваат. Затоа и не ми беа запрепастувачки сцените, затоа што отприлика - тоа и го очекував. А нејасно ми остана дали Ариа и Санса ќе се сретнат. Што мене ми кажаа, а е од книгите е следново: Spoiler Дека Џејми ќе го пушти Тирион на слобода и дека тој ќе го убие татко му и курвата, веќе познато. Исто така во книгите пишувало дека Тирион ќе оди кај Дајнерис Шпиунот на Дајнерис мислам дека ќе се врати кај Ланистерс. Исто така, ми кажаа за Џон Сноу (my love ) дека ќе ги пушти Дивјаците во ѕидот, со цел да се соединат и заедно да се борат против Night Walkers. Меѓутоа таа идеја нема да им се свиѓа на неговите од ѕидот и ќе го избодат со меч 4 пати, од кои, последниот пат нема ни да почувстува. Не пишува никаде дали ќе преживее или не. Е сега зависно од тоа дали сценариото ќе оди според книгата или не, никој не знае, може само да погодуваме
Може некој што ги има прочитано книгите да ми пише со Санса што ќе се случи понатаму? Во лп. Ме заинтригира последната сцена со неа и сакам да знам за понатака што ја следи, не ми се чека година дена.
Е кој се бунел бе, јас не сум, чесен збор, едвај ги чекав сцените, особено тие од инцестот одзади , ако се саќавате Џст кидинг. Мене женава ми е со чуден изглед, можеле да ја направат црнка а не вака плавуша со црни веѓи, они таму војна водат, не ќе се фарбаат. Кои цицки бе, тоа на силикони ми личат ама она си знае. Немала да се разголува, хммм, а пред последнава епизода со тоа фустанот цицките и беа на изволте, како што пее Бобан. Spoiler Шпионот на Денерис, Мормонт, баш и одговараше, можеби на почеток бил шпиун ама во последно време се повеќе ми изгледаше дека е од кај нејзе и дека е заљубен во нејзе, имаше некоја хемија меѓу нив двајца. А оваа слугинката на Денерис за греотка е, во каква љубовна мака си е, она го сака, он ја сака, ама сечен му е, уште од старт осудено без секс, ама битно таква платонска љубов еднаш се раѓа. Нема секс немааа, слабо нешто А приказната ќе зависи од алчноста, барањата на актерите и желбите на режисерот, мислам дека нема да биде како во книгите, исто како што walking dead ни најмалку не е според стриповите.
^ Па женската популација се бунела , мажи сигурно не се бунат .... мајки на деца и остало , пази , не се бунат што таму на некој очи му вади или сечат органи , заради сексот.... страшно. Остај ти градите на Mother of dragons , какви такви добри се , ќе поминат на испит . Штета да за Lord of Friendzone , 4 сезони инвестиции за едно мрш да не те глеам , а Греј Ворм не се знае , можеби е а можеби и не , ќе ни покажат во 5та сезона , плус ако нема доле има долги смртоносни прсти Ќе биде како по книгите , еве со Принцот последнат сцена е иста како во книгите , само што кажаа за карактерите , тие што треба да умрат има шанси да умрат порано или подоцна него што умираат во книгите , еве на пример тој Lockе ( тој што умре од Ходор со скршен врат ) требало да умре според книгите во 9та епизода ама ете го скинаа во 4-5 сезона ... и така . А што викаш секс сцени , како кога кој со сечен , кој умира , кој во војна ... ај барем Санса ќе ја гледаме гола во 5та сезона заедно со тој педо-беар, време е
Spoiler Јас сум благо речена запрепастена и изнервирана, море револтирана сум! О Оберин, Оберин, шо и да кажам нема да те врате, за жал... Прв пат пред да изгледам епизода, не читав рецензии, сакав да се изненадам, иако секогаш ама секогаш читам што како па гледам, знам чудно и глупаво, незнам ете таква сум, сакам да знам шо да очекувам, ама оти еве ова се последните епизодички, реков не читам крај! Арно ама, додека гледав шо ново напишала Мимс, само ѕирнав несакајќи како напишала - се мислев дека Оберин ќе умре... И тоа ми даде надеж и речиси 99 посто бев сигурна дека нема да умре, и кога му ја гмечеа главата и му ги стискаа очите, се надевав некако да направе некој зафат да скокне да не умре, ама си умре човекот и бев толку изненадена во тој момент, шо одма скокнав у темава да видам како тоа се излажав од коментарот погоре Како и да е, не е за смеење, вечер тагувам по Оберин, незнам шо да кажам, оној шо го држи Тион колку е гнасен и грд, и језив и се нај лошо, а е жив, или па Санса загубената, или па Серсеи клетата и татко и им, а се некои добри ликови гинат, од самиот почеток значи, памтам исто изненадена вака и пренервозна бев кога Нед го убија, мојот непребол во серијава... Незнам шо да очекувам понатаму, таман се внесив во епизодиве, се нешо очекувам повеќе, ама премалку има, премалку се, на прсти се бројат значителните моменти И колку сум се смеела со Арија заедно, кога им кажаа дека умрела тетка и пред 3 дена, фацата на Кучето беше дури грев да те фане за него. А Денерис не требаше така да го избрка, нема значи кај неа сиво, се е или бело - или црно, којзнае шо и како имаат план за неа у серијата, ај еднаш засекогаш нека ја доближуваат и нека убрзаат малку ако веќе само по 10 епизоди годишно гледаме!
Spoiler Да, Денерис не требаше така да го избрка. Требаше малку да размисли што тој човек имаше направено за неа. Иако ете згрешил на почетокот си ги исправи тие грешки, ја бранеше со животот, ја сакаше. Најверен поданик и беше. Ми падна жал кога замина Џора, ко Таличниот Том кон зајдисонцето. Арја како се изнасмеа, ама стварно смешно беше, толкав пат за ништо. Сиротото Куче. Ама одвратно го уби Планината Оберин, одвратна сцена значи, среќа не јадев во тој момент. И што му требаше таква претстава на Оберин, направи и почетничка грешка, го потцени непријателот, а се прецени себеси. И заврши со столчена глава. Санса колку порасна некако. И она не знае кај тера, како е најдобро да постапи, непријатели од сите страни, Барем знае дека Бејлиш ја сакаше мајка и, ја сака и неа. Мада не знам каква утеха тоа може да и биде. Мило ми беше што ја поштеди црвенокосата оваа на Сем, има малку човечност во неа. Баш си одговараат со Џон.А тие ко јагниња за колење чекаат во замокон, ни стратегија направија ни ништо. Опасности од сите страни. Брен одамна го нема, нема време во серијава за сите, Станис исто, нема да видиме до каде е со одмаздата. А Теон... Ах бе Теоне, што му направи овој Ремзи.. Не знам дали ми е жал или ми е мило. Уште две епизоди само. И не ми е јасно како можат да се бунат за секс сцени при толку насилство. Па мора некаков баланс да има.
Spoiler Искрено, смрт и посакувам на Серси. Јес да е изузетно сексиљава женава, ама толку одбивна улога ми има, бљах. И колку сум се изнервирала на последната епизода, упм, овај Мартин нека оди нека се излечи. А за Оберим стварно ми е жал на каков начин умре, главата како тиква му распука! Едвај чекам да ги изгледам последниве 2 епизоди, сигурна сум дека ќе бидат возбудливи, и дај нека има повеќе секс сцени зашо некако недостигаат. Стварно кои се тие Деви Марии што се бунеле за сексот во серијава? Деца гледале. Па серијава во секој поглед не е за деца, колења, насилство, глави сечење тие за сексот се фатиле ќе гледале децата. Абе жена ако не ти заебе и една серија што ја гледаш, кој.
Еве компилација од реакции со битката помеѓу планината и принцот https://www.youtube.com/watch?v=VmetFPHF_yE И во живо
Spoiler Епа да мораше да го убијат и Оберин,секоја сезона мора да се убие добар лик Па и погадно неможеше да биде...Теон ми е толку непотребен лик во серијава,ко грев се ашка со оној психопатот,поарно уште одма да го убиеше вака незнам дали ми е мука да го гледам или жал. Санса конечно да не испадне муатава до крај,споро учи ама бар учи Ми останува Калиси омилена и Џејми и Тирион Ланистер секако Серси како некој садист,изветоперено створење,дај нека ја утепаат и нејзе одбивна ми е многу. Како и да е,добра епизода,за жал уште 2 останаа па ќе си чекаме после една година,таман да заборавам што се случило
Таа Калиси ништо нема да прави , има војска , има чуда и си седи како скисната .... па уште и си го избрка Lord Friendzone .... од сите нај нај што ќе ми седи на тронот би бил Станис или пак можеби некој сеуште неоткриен лик , не би ме зачудило и тие шетачите да ги убијат сите и да седнат на тронот ... све е можно а авторот сеуште ги нема завршено книгите ... до 7ма сезона се сигурни а за понатаму ќе видиме , 10че би било најубаво ама кој ќе чека уште 6 години , особено во вакви смртоносни времиња
^Мора некако да ги убрзаат епизодиве,да вадат 2 сезони на година,оти на крај и нашите внуци ќе ја гледаат со нас Инаку овој Оберин многу ми е секси на сликана,не нѐ оставија да го погледаме уште малку,одма го елиминираа Сега само Џејми остана згоден,другите сите испоумреа...
Аман нека ја убијат таа кучката Сирси, Серси како и да се вика, оти то е. Аман Spoiler , овој сексичот Оберин го убија, тој другиот лепотан без рака го оставија оној педеро Сноу никој не го гиба
Јас мислам дека Санса ќе седи на тронот, вака како најглупава од сите во серијата има и највеќе среќа, ќе видите. Друга надеж ми е дека Арја ќе седи ако и умре Санса ко што е смотана . Данерис гарант ќе ја убијат ко и секој добар лик во филмов. Џон Сноу ако преживее до крај на серијата изгледа нема да може да биде крал бидејќи е копиле па ќе мора Санса! Незнам кој друг би можел да биде...
Кал Дрого ми е најсекси маж на планетата, нема и нема да има помажиште од него, крај! Една другарка ми рече пред некој ден - Па нормално дека ти е најсекси, ти се такви големи волови сакаш. Еве ги во животот, нормални, иако ми е чудно како нормални ликови надвор од серијава да ги замислам, посебно Санса глупачата. http://www.dorkly.com/post/60831/pictures-of-game-of-thrones-actors-that-will-break-your-brain А и еве што вика Мартин за умрените - Нед, Роб и Оберин. Будали сме биле што не сме предвиделе тоа, демек. http://www.dorkly.com/post/63864/george-rr-martins-open-letter-about-the-deaths-in-game-of-thrones А и јас мислам дека Санса нема да умре, нај глупавата ќе ја оставе, како и секогаш, тие таквите секогаш најубавото на крај го добиваат. Се надевам дека успат, бар некој ќе ја силува искрено, ако више не умре.