Одлична епизода 10/10 Spoiler Само секаде се пишува спаси ги дрвата , чувај ги дрвата , овие цела шума ја запалија .... Одлична битка , особено џинови со стрели , OMG , како го собра страшно беше. Не умре никој посебен , али исчистија сите small uselless ликови , за другите незнаев али за детето дека ќе ја убие знаев , не за џабе го прикажуваа таму , штета за девојчето , баш беше убава и секси црвенокоса ... ај барем Џон си ја има за женска во Real Life. Сега ова е првиот бран , така да ќе гледаме и следната епизода уште повеќе А најдобриот момент
Оваа епизода со ѕидот си ја поминавме Spoiler Интересна битка, ама сепак мислам дека оваа девојката немаше да го убие Џон, мислам оти повеќе сакаше да биде со него отколку да го убие. Ама ете како и сите и нејзе ја фати судбината, а џиновите и мамутот, баш беа добри. Баш ми е криво што не го видовме ниту џуџето ниту Калиси ни Ариа ни Санса. Ептен безвеза. Ама што ги покосија оние на ѕидот што се качуваа, е тоа беше врв во епизодата мислам, језиво.
Spoiler Абе луѓе, како изгледаше Манс или како и да е?Јас воопшто не се сеќавам на неговиот лик, дали го немаат дадено досега или меморијата ме лаже. А епизодата и покрај тоа што се одвиваше само на едно место, беше одлична.Дури некогаш се прашувам дали со мене нешто не е во ред зошто се смеам на начинот на кој ги убиваат, пример со она на ѕидот Ама моќно беше, мајката како ги покоси.Џиновите беа ептен грозни, стварно, морничави.Мене ми е жал за двајцата другари на Џон и Сем што умреа, а некако и за црвената ме е жал.Ју ноу натинг Џон Сноу. Џон порано ми беше толку блед и безначаен лик, сега добро е го оправија малку. Просто не ми се верува дека има уште една епизода, некако предходните сезони ги чекав и баш ми го направеа ќефот на крај, ептен работи се дешаваа, сега некако како ништо значајно да не се случува.Дефинитивно треба да има повеќе епизоди или барем повеќе да траат оти вака за многу дешавки нема време да се случат.И зошто најдобрите епизоди ги оставаат за крај, да не мачат година дена после. Финалето ќе биде одлично, сиргурна сум во тоа.
Spoiler Уффффф... Тешко ми падна за Игрит. Јас сум ги заборавила книгите некако, ми се помешале, се мислев дека ќе остане жива и очекував да остане жива, па ептен се изненадив кога умре. Оние ќе се убиваат крал кој да биде, а од ваму која опасност ги демне. Треба и дивјациве и шетачите да им се слеат, па да не знаат што ги снашло.
Spoiler Кој што сака нека каже но подосадна и помонотона епизода до сега немале. Мене интересно за серијава ми беше највеќе што даваше сцени од повеќе места,се префрлаше цело време а по тоа беше и препознатлива и се разликуваше од другите серии.А не 50 минути да гледам едно исто.Ги нападнаа де добро се одбранија,па у 10 минути можеа се да вметнат па и 20 нека се а не 50 минути. Аман ја усраа предпоследнава епизода,барем според мене.10 пати прекинував и се мачев да ја догледам со сила,колку да се рече.Се надевам финалето нема да го унаказат али ништо чудно како тргнале..
Spoiler Мене ми беше супер епизодата.Мора во тие 10 епизоди што ги прават да ни вклучат некоја битка,малку акција,вака се со сплетки и заговори си имаме работа Одлично се снајдоа Чуварите,ама нема никаква шанса да се спротистават на толкава војска,освен ако Џон Сноу навистина успее да го убие Мансе.Знае он како треба,раздели па владеј Жал ми е за Игрит,мислам дека немаше да го застрела,ама ете тоа е. Не знам како ќе ја средат финалната епизода,ама оставија многу половични работи,следува нова битка кај ѕидот,па Тирион како ќе бега,а и средбата на Санса и Арија,мора да ги сместат некако Ох,после како ќе чекаме цела година,стварно не е фер..
Spoiler Јас едвај чекав да видам Санса како ќе се оправи у животот.. ама испадна за во наредната епизода А и за Тирион ме интересираше, и од тоа ништо. Ај можеби нема да го убијат. На почетокот многу ме нервираше, ама сега некако ми жалче. Епизодава беше одлична, мора малку акција, онака се некои договори и сплетки.
'Game of Thrones' showrunners promise: Best finale yet http://insidetv.ew.com/2014/06/09/game- ... e-4-tease/ Мрзам вака , сеа и да биде и да не биде , ќе се заљубиш во серијата , ќе те напушти и ќе остави голема празнина цела година и после една цела долга година ќе се врати како ништо да не било и пак така
+ 1 фан на серијава. Веќе со години е мега популарна али не знам зошто никогаш не ме привлекувала да земам сама да ја гледам. Можеби е така бидејќи не сакам и не гледам серии, освен легендарната Friends друга немам гледано. И не планирам, многу ми е како обврска и губење време Али аман од што сите ја напнаа толку со серијава решив и ја да гледам, да видам што е толку посебна. И видов. Најдобра серија евр! Да не се повторувам речиси секој коментар е ист, најдобра серија, одлична глума, многу комплексни ликови..се си е така. Многу ми беше тажно кога ми умреа омилените карактери. Едард Старк и Дрого ми се непреболени особено Старк. Па и понатака колку добри умираат Али веројатно непредвидливоста е тоа што ја прави толку добра серијата, тоа што секој може да умре. Макар што сепак мислам Денерис и Тирион никогаш не би умреле, Денерис ради лепота, Тирион ради хумор Тирион многу ме потсеќа на Dr. House кога збори, таков сериозен и саркастичен Со оглед на тоа што почнав пред една недела да ја гледам серијава, само што завршив со 2ра сезона така да до пола сум. Имам прашање за крајот на 2ра сезона (9та и 10та епизода поточно) Spoiler Нели Серси ќе седи на тронот со синчето и ќе му збори нешто, и на крајот сакаше да му даде да пие од едно шишенце, али влезе татко и со луѓето и и падна шишенцето на земја. Дали тоа она сакаше да си го отруе синчето? И со Џакен што беше работата? Што е со тоа Валар Моргулис? И пред да си замине после муабетот со Арија нели, си го смени лицето..wtf? Веројатно ќе ми се објасни се покасно...али сакам одма Иии со Денерис..нели беше врзана со змејчињата од страна на тој ќелавиот магионичар, што се помножуваше што сакаше он од неа, да си ја чува како затвореник заедно со змејовите? И оваа го кажа магичниот збор - Дракарис, и ајмо змејовите добија сила и го спалија... не ми е јасно.. Ако може некој да ми ги разреши нејаснотииве би му била благодарна
Не прашувај гледај ќе ти станува јасно полека полека. П.С не се сврзувај многу со ликовите (за да не ти биде после мака) не знаеш што те очекува во следните епизоди. Изненадувања од миг во миг. Пријатно гледање
Да сакаше да си го отруе синот бидејќи знае што ќе се деси ако Станис успееше да го заземе градот . Валар Моргулис е нешто што ќе го дознаеш во 5-6 сезона .... А тоа со лицето е една од нивните работи кој можат да ги прават , assasins во права смисла. Змејовите добиваат поголема моќ и посилни се кога Денерис е во нивна близина и тој магионичарот сакаше да ги чува за да и он добива поголема моќ , а дракарис е на нашки е*и им животот и овие ја слушаат мамичка и го спалија .
Стави во спојлер бе Spoiler Браво за болдот Па и да победеше Станис, веројатно ќе ги убиеше да, али што поубаво е да си го убиеш сама сопственото дете? Можда е, не знам. Аха, значи that's their thing, може после убиствата да си го менува ликот, да не го запамтуваат.. Да, пошто не можеа они сами да го запалат, мораше она да им каже..смотани Не се врзувам за ликови, само за Старк бев највеќе во прва сезона дека беше тоолку срце и праведен, а јас сум секогаш од страната на добрите.. Практично врзана сум за сите добри ликови.. Моментално ми се Џон Сноу и Денерис мислам дека е безбедно да ги сакам, верувам не би требало да умрат во скоро време.
^Мене ми требаше цела година да ја преболам смртта на Нед Старк,за него најмногу жалев. И за син му ми беше мака,ама како да не се приврзеш,тоа ти се епски ликови. Тирион ако ми го убијат,ќе ги тужам,имам речено
А знае ли некој што стана со Blackfish , се изгуби човекот , многу мрзам така кога ќе стават некој карактер и нит знаеш дали е жив или мртов или што се случило со човекот , така направи серијата со чичко му на John Snow , така и со овој ....
Последно го видовме на Red Wedding,ама не беше убиен,барем не покажаа.После тоа му се изгуби трага. Мислам дека им е пропуст и го занемарија,како и неколку други ликови,едноставно премногу се
За во недела(наше понеделник) ветуваат невидено финале. Незнам што уште не сме виделе... Само се надевам дека конечно ќе им се случи нешто убаво на the good guys Арија,Тирион,Санса и сличните. Арија мислам дека конечно заслужува да си легне во убав кревет 3 сезони девојчето го малтертираат по планини, реки и долини.
Жал ми е за Игрид ама јбг... Уф го чекам со душа финалето, да видам што толку најавуваат. После се што изнагледавме во изминативе сезони, човек си помислува дека ништо веќе не може толку да те изненади и зачуди. Башка ќе трае 66 минути, мх мх. Па и богами кога веќе прават само 10 епизоди барем нека одвојат пристојна минутажа за едно достојно финале какво што и си заслужува сезоната.
И јас синоќа ја изгледав 9тата, и многу ми се допадна, многу! Одличен почетокот на крајот би рекла. Сепак фалеше нели една ваква битка во ГОР, фалеше крв на сите страни, насилство. Џон Сноу беше за чудо неиритирачки, дури и некако најсобран од сите беше, добро командуваше, и добро се бореше, не е прдло како дебелиот му другар кој се криеше повеќе од времето, Сем де. А за Ингрид некако мило ми е, многу нафурана ми беше, јака пи*ка, она на сите им се спротиставува, незнам, не ми остави впечаток девојката. Најјезиво од се, и од сите ми беа џиновите Човече, како никој не ги спомна од вас, па нели ви беа убиствено страшни? ...Посебно тој со носот голем на крајот последен шо умре, со грпката на лицето го викам јас, језив, грд и одвратен. Цела се наежив додека ги гледав, и тој мутантот од слон. Баш да видиме во следната епизода шо ќе напраи Џон, мислам дека многу храброст не е на арно, ништо чудно да му го свиткат и него вратчето, ама мислам дека нема сепак, јаките работи мислам дека ќе се случат кај Ланистеровите и Денерис, едвај чекам!!!