Уште 3 епизоди и завршувам со 3та сезона. Јас навивам за Денерис, како го изигра тој господарот од Асгард.. И ги ослободи сите робови, срце има и заслужено и е се што има.. (знам имам уште цела сезона за гледање, којзнае што се ќе се деси али засега...) Теон знам дека е предавничко копиле (наше копиле не нивно ) али толку мачење виде, жал ме фати ептен..греота стварно, па Џофри сто пати полоши работи направи.. Нека не страда веќе... Џереми почнува да ми се засвиѓува како човек... Испаѓа не е толку лош ко што го претставуваа. И само мене ли ужасно ме нервира Игрит, девојкава со Џон што е? Зошто о зошто се ќези стално со тоа устата и фаци праи ми иде бокс у фаца да и мавнам...уф ич не ми се допаѓа. А Роберт и таа неговата не ми текнува име ми се супер. Исто и Џереми и Бриан Yipman2 ајмо пак да ми појасниш уште нешто Зошто Денерис се преправаше дека не знае Валириски, кога договараше за Асгард? Или нема везе чисто колку да е поинтересна серијата.. И како тој типот бил као оживуван од богот на светлината 6 пати...што бесмртен е? Се работи за некоја финта или едноставно така е филмот, богот може да ги оживува
Ги немам читано книгите али можам да ти кажам од тоа што јас го сватив гледајќи и слушав други муабети ... Денерис прави на тошо за да не ја сметаат за закана , машките се загрозени од женско што знае многу и ете виде си ги зезна и ги поуби сите , ако ја фатеа дека знае највероватно немаше да добие од спогодбата. Типот бил оживуван бидејќи таква е серијата . Некои свештеници или слуги на богот на оганот имаат такви моќи. Да раѓаат црни чудовишта , да оживуваат луѓе итн.
Јас пак сеуште Роб не можам да го прежалам Едвај чекам финале. Spoiler Искрено Игрит ме изненади многу.Очекував да го пукне Џон уште во моментот кога го виде.Мислев дека го мрази ама ете не било така...Не ми е нешто многу жал за неа,смртта и беше онака...Е за Оберин многу ми беше жал.Некако знаев дека нема да му успее во двобојот. Многу ме интересира како ќе заврши...Се надевам дека од замокот ке успеат да се спасат.Тирион не верувам дека ќе умре а ако умре јас дефинитивно не гледам веќе.И таман направат да биде интересно и се и оп крај -.- Премалку епизоди се за една сезона :/ Овој писателов дефинитивно е мрднат
^ Вчера ги гледав 9та и 10та. Spoiler Леле леле леле, иако знаев дека Роб ќе умре кај и да е, пошто spoilers everywhere, а јас љубопитната.. не очекував да е вака брутално, од нешто најубаво венчавка, спој на двете фамилии, во нешто најгрозно. Си умре Роб како татко му, од што е чесен и праведен. Ги победи сите битки, но ја изгуби војната. Го немаше она лукавото во него како Ланистерс...Греота стварно.. Многу го сакав и него и Кет, па и Талиса..грешка голема направи што се ожени со неа...али тоа е сега.. Има излезено торент од 4та сезона али сите епизоди наеднаш? Не можам да ги најдам епизодите од 4та сезона.
Вечер е финалето од 4та сезона утре би требало да искочи 10тата епизода на замунда а нешто подоцна да искочи цела сезона со сите епизоди и преводи и чуда. Кој ќе чека до утре у 6 наутро ќе се гледа и плаче , не се шалам , се договорив со фамилијата и братучеди и сите ќе земеме утре заедно да гледаме , пуканки и све спремно за утре . Ни на фацебук , ни на фемина не се ставам неќам спојлери , т.е веќе знам кој ќе умре и како али пак .... Само се надевам нема утре да има некој брутални сексуални сцени , сепак едно е да гледаш сам а друго е со фамилија
Дали некој има live stream каде што можам да ја гледам епизодата во моментот додека ја даваат на hbo?
^^Јас се утепав барајќи некаде директно да ја гледам,ама сите се лажни линкови. Стрпението ми е на крај,ништо чудно и сабајле во 6 да барам торенти
Уште во 4-5 наутро ќе биде поставена на замунда Сега пазете се , помина финалето и на фацебук и насекаде на форуми тие што гледале во живо , врие од спојлери ....
На twitter се уште нема спојлери и коментари, уште не е почнато. Тие што имаат HBO ON demmand дома сигурно веќе ја гледале.
Ништо не отварам,ќе си легнувам и сабајле прво што правам е симнувам Пред други епизоди си читкам спојлери,ама за финалево нема шанси!! Леле луѓе,толку возбуда за една серија
Сега видов на HBO on Demmand ја нема епизодата. Планирам вечер да ја гледам на HBO, ама кажете дали имало секс сцени и голотија. Најверојатно ќе гледат и моите.
Нема ништо посебно од голотии Само што ја изгледав... Незнам не беше нешто толку невидено, жал ми е што заврши ама ништо посебно не беше епизодата... Кој ќе чека цела годинааааа
Ништо спектакуларно во епизодава немаше, а толку можни сценарија си извртев во глава. Добра беше, но не и за финале на сезона. А, може и толку навикнав на ритамот на серијава, што веќе ретко нешто да ме изненади. Генерално, целава сезона како да беше ниво под предходните: праволиниска приказна со по некоја сензационалистичка сцена (колку да има за што да се крева прашина - потсетувам на сцената покрај телото на мртвиот Џофри). Единствено мерак ми направи претпоследната епизoда - толку нетипична зa GoF. Ајра останува омилен лик. Нејзината приказна ветува добра петта сезона. ( I hope sо)
Заврши уште една сезона.. Spoiler Искрено,не знам зошто толку фама се дигна за финалето,кога беше просечно,барем според мене.Не можам да речем дека не очекував да умре Тајвин,му се готвеше тоа одамна,после Џофри,за неговата смрт ми е најмило. Ме изненади Станис со покорувањето на дивјаците,и прилично голема војска имал тој,а го игнорирав низ сезоните,го потценив комплетно. Џон Сноу најверојатно ќе си остане на Касл Блек,или ќе работи за Станис,инаку очекував негова смрт ова финале Со Дејнерис ништо интересно и мистериозно,си ги затвори змејовите,ја изгуби контролата и и отиде цела предност,а ја имаше најмногу. Со Ариа се планира нешто,таа и Тирион ќе бидат доста важни следната сезона,се надевам нема да ги елиминираат,оти најмногу си ги сакам. И Брен сигурно ќе има некоја важна улога,барем конечно откри кој е Гавранот со 3 очи и се разјаснија некои работи. Се на се,беше одлична сезона,мада до сега сите ми беа супер,серијава ми е 1 на листа омилени
Јас очекував кој знае каква завршница, ама ова излезе баш ништо посебно. Spoiler Тајрон ги среди Шае и таткому, ама јас се мислев и сестраму дека ќе ја среди. Како и да е братму се истакна ептен, знаев оти нема да го остави така и ќе му помогне. Ариа не знам зошто побегна од оваа плавушата а и не очекував дека толку рамнодушна ќе биде за овој сопатникот нејзин. На братчето му кажаа дека ќе има сила да лета, па тоа дури во следната сезона ќе видиме што ќе биде. Инаку Стормборн што знам некако со неа ама баш ништо не се случува, се тоа па тоа, освен што ги стави во зандана змејовите. Санса не ја дадоа ич, а и уште многу ликови не видовме во оваа епизода. Или пак веќе се намалија. Џон Сноу, без око да му трепне појде да преговара, но него гледам надеж.