Бев толкав скептик за серијава, несакав ни една епизода да изгледам. Некако после дооолго време се натерав да ја почнам ете, немав друго за гледање а сега толку се навлеков на серијава, оставам се друго само за да ја гледам на раат. Повеќе сум за некој полесни серии, незнам мислев дека нема да ми се свиѓа и сега ми е криво шо не сум и дала шанса порано. При крај на прва сезона сум до крајов на неделава се надевам ќе ја изгледам цела. Засега омилен лик ми е Ајра, мало бунтовниче има нешто посебно, уште не сум ги научила сите ама има време. А сега одам да гледам па ќе ви кажам од кога ќе ја завршам, си доби серијава еден гоооолем зависник
За последнава епизода од 4та сезона мислам... Spoiler Дека Тирион требаше и СИрси кучката гнасна да ја убие! Ама сепак е човек па си ги почитува брат му и сестра му. Ми се направи ќефот таа плавата што го натепа добро The Hound, отсекогаш сум сакала да видам жена да искрши маж од ќотек. Ми се допадна сцената со Бран што се запозна со гавранот. Приказната со Даенерис не ми се бендиса баш во кој правец замина. Санса и Бејлиш ги немаше, воопшто. Иднината е очигледно во рацете на Тирион и Ајра. И што беа оние костурите што оживеаа пред да се запознае Бран со гавранот?
Навистина финалето не беше ништо посебно.Барем за мене не. Spoiler Дали дека од спојлерите што ги прочитав претходно дека Тирион ќе ги убие татко му и курвата,некако не се изненадив.Мислам дека Бран сега ќе биде на местото на тој што го најде (моја претпоставка). За време на борбата со Бријен и Хаунд не знаев кој повеќе сакав да победи.Хаунд ми беше интересен со Арја.Денерис ми е досадна.Треба нешто поинтересно да се случува со неа.Ми беше жал за Џон кога ја палеше Игрит.
И така заврши 4та сезона.... кој ли ќе чека 10 месеци до сезона 5.... не е фер . Spoiler Станис со Џон , ми се допаѓаше како дојде Станис да ги потепа сите таму , можеби ќе видиме следната сезона како тепа некој Whitewalkers. Исто како му плесна на татко си , спијам со брат ми , на ти го . После 10 мин се качува и иде да се секса со брат и . Бран Старк , костурите или пак пиратите од карибите и тој кој и да е што седи на тронот , верувам нема да ме разочараат во 5та сезона , а тој што умре јбг , никој нема да му недостига , после толку главни утепани ликови ова е ништо . Кучето умре и тоа од женско , штета за карактерот , али умре за да оваа може да отиде во Бравос или кај и да иде . И најаката ствар од све Тирион , еее , 2 сезони со к*рвиштено беше , за да на крај сака да го убие без размислување , страшно , али очекувано од женска особа. Мислам дека ќе ја убиеше и така и вака , без разлика дали она ќе го земеше ножот . И татко му го застрела на денот на татковците со стрела додека беше во тоалетот. Страшно значи на серијава неможе ни човек да се искака на раат а да не го застрелаат . Драго ми е за Варус што го спаси , т.е му помогна и ќе иде со него кај и да идат. И Џејми некако се опоравува , али џабе , не му се простува инцестот и буткање деца од кули . Се на се одлична сезона . 10/10
Јас пак не бев толку разочарана, баш ми беше емотивна епизодата, дали дека ме дрма ПМС, цело време ми солзеа очи Spoiler Многу жално ми беше кога змејчињата се тегнеа и плачеа по мајка им, гревчиња се, сигурно нема долго да бидат затворени. Ми се допадна приказната со Брен ама некако сцената со оние ми беше малку смешна, ептен претерано некако, како некоја игра беше. Арја ми е еден од омилените ликови и мене, сосем ми беше океј што последната сцена беше со нејзе. Него не сфатив каде се упати уствари? Џејми како омекнал, некако си го засакав. Ај сега нека рече некој дека Тирион не е најтрагичниот лик во серијава, мене ми е, многу си го сакам и ептен ми падна жал што Шае уствари цело време го мотала(барем јас така сфатив). За Санса, што е до мене никогаш веќе нека не се појавува. Само мене ли бе овој Станис ми е толку мутав лик со страшно сељачка фаца Ич не го сакам. И за крај епизодата баш имаше соодветен наслов THE CHILDREN.Смртта на Тајвин од раката на Тирион(и тоа на што го фати ), Арја конечно на пат, Брен го најде одговорот, Џон спаси жива глава, Денирис си ги затвори нејзините деца, се си беше баш на место. И сега година молк, опет.
Како бе така , сега порасна девојчето , време е од глупо и невино девојченце да прерасне во заводлива жена
Прво, морам да признаам дека сум благо разочарана. Имаше предолги моменти кои воопшто не беа потребни. Spoiler Како на пример Арја и Кучето, не мораше до толку да одолговлекуваат некако. Можеа порано да ја сецнат сцената. Имаше и други такви долги погледи, или минути исполнети со празнина. Второ, очекував смртта на Тајвин да биде спектакуларна. Го замислував Тирион како ептен ладнокрвно го убива, со доза на цинизам. А и не знам зашто не го ставиле делот кога го убива, погледнува во шолјата и вика: Сепак не се*еш злато. Ептен ја чекав реченицава со омраза да ја каже. Oh, well. Spoiler Се упати во слободниот град Бравос И со Денерис некако се беше млако, ете, почнаа змејовите да ѝ излегуваат од контрола, ама пак, ништо не се случува. . И сега пак чекање. Би требало следната сезона да биде поинтересна.
Искрено се разочарав од финалето. Многу галама се крена а не се случи ништо посебно. Не дека немаше интересни моменти ама можеше и подобро. Финалето ветува многу,ќе чекаме сега една година. :/
Луѓе , мора да го развлечат материјалот , неможат све да стават во 4та сезона , работи кој требало да ги прикажат во 3та и 4та сезона ќе ги прекажуваат во 5та сезона Сега во 5та сезона ќе бидат Грејџојс (фамилијата и остало а не ко минатите сезони само 10 мин по сезона ги прикажуваа.) и Мартелс (фамилијата на принцот Оберин) како нови ликови и уште еден куп други , плус можно е и да се враќаат во минатото и таму да прикажуваат што се случувало. Неможе све да стават оти сеуште не се довршени книгите , мора да се развлечи материјалот оти ќе дојде па ќе треба да чекаме 5-6 год да се завршат книгите и да продолжи серијата , вака барем полека и стабилно се движат сезона по сезона .... Сега читав на форумите спојлери за тоа кој што треба да умре и што треба да се случи во наредните 2 сезони .... woahh , кај му текнува на авторот вакви работи , секоја чест ќе кажам
Првите три сезони беа лудница. Се случуваа такви работи што на крај памет неможеше да ни текне оти ке се случат. Шок, изненадувања, експлицитни сцени и што ли уште не. Но четвртата цела сезона некако затупи и ништо посебно не се случи, Spoiler освен на крајот џуџето што со уби таткото и толку . Се на се четвртата тапа, ај да видиме во петата може ќе се оправат.
Па тоа се чекаше! Spoiler Иако ни јас не бев нешто највоодушевена од финалето, најверојатно затоа што премногу го најавуваа дека ќе биде спектакуларно, сепак душата ми застана на место што го скинаа Тајвин...и тоа ни помалку ни повеќе - неговиот роден син на сред вц шоља За Шае исто ми беше очекувано дека ќе и се одмазди за тоа што го кажа во судницата, ама се гледаше дека му беше криво. Мислам и дека ќе ја поштедеше, ама му зовре изгледа кога Шае мислеше дека Тајвин доаѓа и кога рече "My Lion" исто како на него што му викаше. Од другово...Дејнерис веќе ми се мачи кога ја гледам, досадна е до максимум и е многу глупа што ги заклучи змејовите затоа што без нив и без цела таа војска што пополeка и се ретчи, ништо нема да направи. Треба да се реши дали сака да биде освојувач или мека душа, затоа што тие две работи не одат заедно и нормално е да има некоја колатерална штета по патот, па макар и ете некое невино дете. Мислам дека не знае каде тера и што сака, се надевам дека набрзо ќе се освести во наредната сезона. Станис ми е онака, нит го сакам нит го мразам, ама како крал не го гледам па што сака нека биде. И тоа би било тоа. Едвај чекам да видам наредна сезона што ќе биде со Арија и Бран, само они ми се така понадежни од другиве што ги затупеа комплетно.
Не знам зошто не сте задоволни од финалето. Spoiler Ми беше многу тешка сцената кога Дајнерис ги заклучи змејовите, но има меко срце и сфаќам зошто го стори тоа така да и е оправдано. Втора срцепарачка сцена ми беше со Шеин. Трета - со Арија кога го напушти Хунд. Не знам какви поголеми очекувања имавте од серијава. Башка крајната сцена со бродот ми налеа солзи, ме облеа едно такво моќно чувство пропратено со ежење. Не знам дали поради тоа што нема да има 5-та сезона цела година, или затоа што самиот крај беше моќен сам по себе. Како и да е, задоволна сум од серијава, но сакам уште и тоа што е можно побрзо! А да не заборавам! Очекував Тајрон да ја убие неговата сестра наместо неговиот татко. И кога влезе, мислев влегува во неговата соба а Шеин го чека за заедно да заминат. Кога увидов што actualy се дешава ми светна колку е саатот.
Абе читале книгите и сега сакаат да им е све исто .... За тие што не ја читале книгата им е многу поинтересна оти незнаеш што ќе се случи и слично . Неможат да разберат дека тоа што е во книга неможе да се прикаже така како што читателите замислиле .... сепак е tv show....
Јипман некои фанови не се задоволни не затоа што сакаат се' да биде исто како во книгата, туку дека од најсаканата од страна на фановите книга од целиот серијал (A Storm of Swords) направија сезона со просечен квалитет. Константното касапење и измена на основниот материјал секако доведе до тоа. Сетете се само на фамозната сцена за која се дигна многу прашина Spoiler Кога Џејми ја силува Серсеи под одарот на кој лежи телото на нивниот починат син. Самиот Мартин тоа го нарече the "butterfly effect". Со оваа сцена цел напредок во карактерот на Џејми во изминатата сезона се фрла во вода. Зачестените промени на основната приказна премногу влијаат на тајмлајнот на настаните и секако влијаат на оформувањето на личностите. Затоа често се случува да за потребите да се закрпи некоја дупка во приказната на која навремено не се сетиле продуцентите и сценаристите некое лице да постапи тотално надвор од неговиот карактер. Според мене ова е главната замерка од страна на оние што пред да ја погледаат серијата ги прочитале книгите. Финалето ко финале не беше лошо. За сезоната имам две замерки Spoiler 1. Тирион откако го убива Тајвин не ја кажа фамозната реченица - Lord Tywin Lannister did not, in the end, shit gold. 2. Од сите витези и бандити и што се' не во Седумтте кралства, баш Бриен ли мораше да го рани The Hound? The Hound е еден од најкомплексните личности во целиот серијал и читајќи/гледајќи го како се развива и трансформира е навистина интересно - трагичен негативец со потресно минато и можност за искупување во иднина. После ветувачкиот почеток на сезоната и прекрасно прикажаниот однос помеѓу него и Арја, не мораа крајот баш да го укакаат
И јас се заразив со серијава. Првите две сезони ги изгледав за многу краток период, ама си читам и спојлери не можам да издржам а да не прочитам.
За две-три недели ги изгледав сите 4 сезони. Е до толку се заразив! Сега сфаќам зошто сите се напнаа со серијава. Стварно е предобра Немав читано никакви спојлери, буквално ништо не знаев и затоа ми беше уште повеќе интересно. Поточно, знаев дека не треба да имам омилен лик дека кога-тогаш ќе го убијат. АМА сепак меѓу омилените ми се Џон Сноу, Арја и Тирион. Последните три епизоди ми беа врвни, предобри. Spoiler Мнооогу се изнервирав кога детиштето ја застрела Игрид сакав да имаат уште некој момент заедно. Things Jon Snow knows: 99% - Nothing 1% - Where to put it Колку е неодолив...ќе си приумрам Приказната со Станис и Red woman ми беше досадна. Исто и со Грејџои. Другите беа :up: Убедливо најгадна сцена беше кога му ги извадија очите на овој како и да се викаше Дефинитивно број #1 ми е серијава.