Конечно и јас ја изгледав серијава и тоа за 5 дена! Значи буквално по цел ден пред лаптопов дремев Секогаш кога ќе почнам серија не ја оставам додека не ја изгледам ама со оваа рекордот го направив.. И нормално дека ми стана no#1. Инаку омилени ликови ми се Ариа и Тирион
Јас се извинувам што вака ви упаѓам. (у позадина: родендееен, мала забавааа. еве дојдов без да ви се најавааам) Јас стварно се потрудив да ја гледам, но не успеав. Симнав дури три сезони, пуштам прва епизода. Гледам таму расечени тела... у себе си викам: Издржи Елено, кукли се! Во кечап ги мачкале. Океј, ги пребродев куклите. Наредна сцена - едно девојче, со убиствен поглед. У себе викам: БРИШИИИИ! Испоштракав по тастетурата, не можев копчето ескејп да го најдам. Пи.ча ти ќорава. Упс, пардон. Али ова девојчено уште ме гледаше, ми припрпа. И така ги избришав сите 3 сезони. Алал ви чуфте, али ја неам желудник да гледам. Сеа ќе си пуштам Бумерганг ја. И млекце ќе си зеам.
Сабајле читав некои теории за Џон Сноу чив син е, која му е мајка итн... И сеа кажуваа дека уствари не му е син на Нед Старк туку на неговата сестра и на Регар Таргариан. Прашањето ми е, дали некаде се спомнува ова или нешто така прикриено во серијата затоа што пред некој ден ги изгледав пак првата и втората сезона и ништо такво не приметив, а по втор пат ги гледам. Му кажувам на дечко ми и ми вика па да де, ти за џабе ги гледаше пак епизодите не сфати? Значи сепак се само теории не кажале дефинитивно дека не му е син на Нед, а сепак дечко ми како сфатил??? Појма неам ако кажале нешто или ако се случило нешто како сум го пропуштила тоа. Знам дека Нед кога го испрати на ѕидот му рече дека кога ќе се видат нареден пат ќе му ја каже целата вистина за него... Може ли некој поопседнат да ми го објасни ова? Еве го линкот кај што гледав иначе, интересно е. http://www.fakulteti.mk/news/14-08-...majkata_na_dzhon_snou_vo_game_of_thrones.aspx
^Само се шпекулира која е мајка му, инаку ништо не се знае со сигурност. Ниту во книгите не е откриено, така што може само вака да кружат теории.
Ја имав изгледано само прва сезона и тоа делумно, а потоа стана мејнстрим и исфорсирана- или барем јас така мислев, па ја прекинав. I have never been so wrong in all my life. Претходната недела, другарка ми постојано ме убедуваше, едвај се наканив да ја почнам повторно од почеток, ааама во еден ден ја смачкав цела сезона. Другите три ги текнев, се' до пред неколку часа кога го изгледав и финалето на 4та сезона. Веројатно сум една од последните луѓе на земјава што серијата ја завршува токму сега Чудно е како си наоѓаш нова занимација and all of a sudden it's all gone. Се каам за сите изедени г*мна во врска со серијава. May the Gods forgive me, the old ones and the new, as well. Сезоните се предобри, секоја наредна е подобра од претходната, ама со финалините епизоди ја претераа веќе. Ги прават совршени, до тој степен што не знам што да искоментирам 5мин подоцна. Како и да е, посебно и' се восхитувам на најмалата Старк, Арија. Ама и понатаму, all time favorite лик ми останува Тирион. Еден ден неговиот сарказам ќе ме убие. Како да кажам ама, посебна љубов имам и кон близнаците. Џејми т.е Николај го мањачам во секој негов, нов филм, а Лена ми е совршенство. На страна надворешниот изглед, посебно им ги сакам и ликовите, кога ќе го изоставам инцестот, нели. Жени како Серсеј имам обичај да ги мразам, ама толку е борбена и заштитнички настроена кога станува збор за нејзините деца, I just can't help myself. Лена е создадена за оваа улога, суровоста, ладнокрвноста и злобата на кралицата, ја носи на прав начин на тв- екраните. Се' на се'- House Lannister. Hear me roar. Не ме растргнувајте на парчиња, ама дали само јас сум на цела планета, што не ја сака Денерис? Емилија Кларк како актер одлично си ја врши работата, мене ме нервира самиот лик. Од почетокот, па се' до сега, е премногу смената и одлично цели кон тронот, тоа не го негирам. Туку откако ги има змејовите имам впечаток дека да не беше сер Џора покрај неа, немаше да успее никако. Ни Санса не ми е многу по ќеиф, остана глупава, Арија ја шие во памет и снаодливост. Со душа ја чекам смртта на Бејлон Грејџој, Волдер Фреј и Ремзи Сноу. :evil: За малку ќе го заборавев и ова. Толку.
Не можев да се воздржам а да не искоментирам Мојот дечко е виновен што станав зависник од серијава (како и за секој филм што сум го гледала), една до две епизоди на вечер се како добра ноќ Уште од самиот почеток се соживеав со целата серија и со ликовите...за да сфатам дека филмот не претставува ништо друго туку само реалноста Добрите и праведните луѓе секогаш страдаат, додека оние кои газат се живо и диво пред себе го добиваат тоа по што тргнале... Жално е тоа што им се случи на Старк-овите, никој (освен Кетлин) не заслужи да умре како што умре. А она (Кетлин), уште од првата епизода правеше сплетки настрана, а последиците сите ги сносија (од почетокот ме нервираше). The mother of Dragons е потполно заслужна за тоа што го прави и по тоа што цели, затоа што ако тргнеме од тоа што и се случило на нејзинотот семејство, како тие го изгубиле тронот, па дека нејзе ја продадоа како стока....само се надевам дека ќе биде праведна до крајот, да не ја удри малку славата во глава А за Ланистерите немам зборови, како што кажав, газат се живо и диво....Џофри е нивно олицетворение останатите, кој помалку кој повеќе значаен, си зборуваат сами за себе...ова е само една генерална слика што јас ја имам за серијата
Cersei ќе имала некоја сцена каде што ќе бидела целосно гола , стварно ова ? Ги видов глумците за сезона 5 , еден од нив ми се допаѓа што ќе игра Jonathan Pryce , ми се допаѓаше кога играше во Red Alert 3 , па сигурен сум дека и тука ќе помине супер Конечно ќе ни ја престават и последната земја , како и фамилијата на Принц Оберин .... ќе биде интересно. Инаку еве што би требало да биде во сезона 5 значи спојлер е Spoiler Ама ти викам спојлер е и пак отвараш , зашто толку слаб карактер? ае еве ти 1. Catelyn Stark се враќа како Lady Stonehart и ќе убива и уништува 2. Џуџето ќе се најде со Friendzone King каде што би требало да го прати по змејовите и Khalesi 3. Тепачки насекаде и секс 4. Контрола на новиот крал и неговата нова жена додека мајка му на џофри полудува 5. Whitewalkers 6. Џон Сноу треба да умре , предаден од своите луѓе , само незнам дали е сигурно 5 сезона или пак ќе го преместат 6та да биде. 7. Ариа почнува со тренинг за убивање
^ Spoiler Во четвртата книга се случува тоа,ја судат Серсеи за инцест и ја тераат да шета гола низ плоштадот,ептен е потресително како ќе ја измачуваат. Инаку последните две книги 4та и 5та ќе се обработуваат во петтава сезона,зашто дејството се одвива паралелно.. Според книгиве очекувам добра и напната петта сезона
луѓе ај ве молам објаснете ми за што се работи во серијава ? ја гледав првата епизода ама не сфатив ништо ... може малце кратка содржина ? прочитав дека се водело битка помеѓу владетелите на седумте кралства .. кои се тие седум кралства .. ги има на планетава ? малце се осеќам глупаво ама ме интересира , фала ви однапреед
Ги нема, измислени се кралствата. Во првата сезона е се ОК, никој не се бори нешто посебно за тронот затоа што на него веќе седи кралот Роберт, кој го освоил од семејството Таргериан. Битките ќе почнат одкако Spoiler ќе умре кралот, а тронот ќе го наследи неговиот син. Ќе се случат многу убиства, кралството ќе се распадне и куќите ќе почнаат да војуваат за тронот. Куќите се всушност фамилии што владеат со одредена област, можеш да забележиш кога почнува филмот се е убаво прикажано. Ќе ти набројам неколку куќи неможам да се сетам на сите: Ланистер, Таргериан, Старк, Баретеон... Кралствата се наоѓаат на една страна и има направено ѕид на северот помеѓу нив и дивјаците. Така ги нарекуваат луѓето што живеат од другата страна на ѕидот, ќе ти се разјасни гледајќи ја серијата. Вака на кратко што можам да се сетам ти напишав без да ти откривам делови од содржината, јас веќе ја заборавив чекајќи ја новата сезона Дефинитивно вреди да се изгледа серијата, многу е добра, невообичаена и непредвидлива. Ниедна епизода не е досадна, малку ќе се намачиш на почеток додека сфатиш кој е кој, што е што ама ќе ти се разјасни.
Јас само ќе се надоврзам на спојлерот од Tiki-lolipop, за Cersei. За тој што го интересира поопширно што ќе се случува. Се' уште не можам да поверувам како ќе ја изиграат. Фразата, He who digs a pit will fall into it, никогаш не била поадекватна. Токму нејзиниот лик ми е еден од омилените ликови, ама колку глупаво ќе постапи, алал нека и' е. Spoiler Ќе сака да ја заебе Margaery со тоа што му кажува на главниот свештеник дека таа спиела со некој од kingsguard. Во истиот момент му ја предава пола војска на црквата, па таа повторно добива огромна моќ во King's Landing. Ја заробуваат Margaery, ја пикаат во затвор и тука Cersei изводи нешто како: Дете мое, тешко ти е знам, ама издржи. Се караат, Margaery и' вели дека таа намерно ја наклеветила, за да ја отстрани и да се прикрие самата. Во моментот кога свештеникот треба да ја испрати Cersei од одаите, ја внесува во друга, каде што со окови на раце го држат човекот со кого наводно легнала Margaery. Во тој момент тој признава со зборовите, That queen I fucked, па така ја земаат и Cersei. На сред ноќ во затворот и' праќаат луѓе со порака, покажи каење. На почетокот ќе биде јака, како тие мене не можат да ме скршат, јас сум лавот. Ама ќе ја столчат. Ќе оди да се исповеда, ќе каже за инцестот, дека децата се на Jaime. Ќе му напише писмо на близнаков, да се врати и дека го сака, ама после зборовите на Tyrion, Jaime нема да сака да ја погледне. Ја бричат, ја слекуваат и ја качуваат гола на кола. Ќе го издржи цел пат, на почетокот достинствено со она "I am the lion", ама како што се доближува до крајот ќе опаѓа. Како и да е, мислам дека кога ќе биди сцената со Walk of Shame, ќе плачам, сериозно. Не ме фаќајте за збор, другарка ми ми кажуваше, некои работи ги имам и заборавено, битното е тоа. Читав во Дубровник имале проблеми да ја снимат сценава, а нели со снимање на 5та сезона завршија. Имате сознанија дали е снимена? Не ми се верува со оглед на тоа дека е битна сцена да ја изостават, ама... Едит: Најдено. Им одобриле најпосле. Spoiler http://www.dailymail.co.uk/tvshowbiz/article-2739382/Game-Thrones-finally-gets-green-light-Lena-Headys-Cersei-Lannister-walk-naked-Dubrovnik-pivotal-penance-scene.html
Ги изгледав конечно сите 4 сезони, прв пат... се вклопив колку толку ама има уште работи шо не ми се разјаснети, така да има време до Април до новата сезона ќе ја изгледам уште неколку пати Читав нешто ама не знам колку е вистина дека Даенерис можно е да умре, јас првенствено за неа почнав да ја гледам серијата.. Khaleesi, Mother of Dragons ја обожавам.. Баш вистински карактер на кралица ми покажа во серијата и дефинитивно од сите таа најмногу го заслужува Железниот трон. Не знам колку е точна теоријата дека Џон Сноу припаѓа на династијата Таргариен ама ако е така ќе ми се скрши срцето зошто ги очекувам Даенерис и Џон во пар Не очекував кога почнав да ја гледам серијата дека Тирион ќе ми стани омилен лик, го почитувам капа му симнувам.. Но никогаш нема да преболам Роб плакнев очи на „младиот волк“, само што ќе ми текни на него се палам ама добро е барем Џон остана да плакнеме очи.. Очекувам и некој интересен пресврт со Марџери, се гледа од почетокот дека игра некоја игра само неможам да ја првалам.. ми се бендисва нејзиниот лик, многу ми е убава и отмена.. Исто и Мелисандра „Црвената дама“.. иако е злобна, преубава и многу мудра. Тоа е тоа.. останува да чекаме до Април..
Абе се ми е измешано некако. Ај некој да ми даде линк или нешто каде се објаснети сите ликови и кралствата кои се сите, кои се членовите, синови - татковци, се тоа за да се потсетам убаво некои работи како у магла ми се. И кој е Friendzone King ? Од постот на Јипман го видов овој. Инаку ја играм играта Quiz up и синоќа изгубив буквално на секое натпреварување у врска со серијава, со ликовиве кои како се поврзани, потесниот круг мислам, затоа Јипман или компанија чекам да ми дадете добар потсетник пошто сега моментално сум у потрага по нова серија, се изгледав шо постое, и сите нови епизоди од сите серии и во депресија сум.
Нема некој многу добар guide за серијава на јутуб најдов нешто што прилично е ок и добро го објасниле карактерите и слично. само 1-3 сезона , за 4та нема сеуште искочено. Ако и после ова не ти се јасни сите , слободно прашај ме ќе ти објаснам дел по дел и онака ги имам изгледано 5-6 пати
@anuskaNESTLE Анушка, еве некои линкови со графикони и шеми: http://gameofthrones.wikia.com/wiki/Category:Characters http://www.usatoday.com/story/news/nation-now/2014/04/13/game-of-thrones-family-trees/7399299/ http://hauteslides.com/2011/05/game...-guide-to-houses-and-character-relationships/ http://gamesofthrones.com/2011/05/2...nes-charts-maps-and-infographics-no-spoilers/ http://www.chartgeek.com/wp-content/uploads/2014/04/game-of-thrones-family-tree.jpg
Eве повелете за сите љубители на серијава! Типкава предобро си има објаснето се во видеава. Малку да се размрдаме додека трае паузава
Секогаш прават волку долги паузи? Како излегуваат епизодите после паузата - секоја недела или како? Јас одеднаш ги изгледав сите епизоди, па затоа нека ме упати некој.
@Elena69221 Помеѓу секоја сезона има цела година пауза,чекањето е болно дури Кога излегуваат епизодите најчесто се секоја недела,некогаш скокнуваат една или две,ама во тек на април и мај цела сезона се емитува,барем така памтам.