Јас едно прашање имам да поставам: Оти, ОТИ? на Маргери и скратиле деколтето? Вратете го, ми недостига. Неа ја обожавам. Уште од кога се појави со она нејзиното: I don't want to be queen, I want to be THE queen, Како добро ја знае играта и ја игра, алал. На страна што актерката е ептен погодена. Книгиве ги немам читано, ама мене Емилија Кларк ми е океј по преубавината како Денерис. Е да, делува ко глупача и ко некоја што не знае што прави, ама чим викате дека е тоа до актерката... треба да ги прочитам, во секој случај.
Лелелелеле ја отворам темава и торенти излегле. Ја симнувам сега и првата епизода се гледа веднаш. Знам дека одеднаш сите ќе ги спукам и после пак криза. Требало сите одеднаш да ги пуштат, цела сезона и мирна глава после до наредна година.
Јас ги изгледав сите , али еве да бидам фер ќе коментирам епизода по епизода , т.е денот откако ќе бидат премиерно прикажани на HBO
Вака наеднаш кога ги има, се осеќам ко да имам грижа на совест што нема ги гледам по една неделно! Ама и да сакам нема да издржам сигурно!
Да, јас ги симнав уште во истиот момент откако Елена ги постави тука во темава. Не сум пуштила, не сум стигнала уште до новиве, ама ќе биде. П.С. Не знам дали ја видовте сликава низ Инстаграм и Фејсбук, ама страшна е. Сум се превртела од смеење.
Моја грешка, превод има само за прва епизода. BS player ми даваше преводи и за другите епизоди, ама кога ги пуштив испадна дека не се тие, измешани беа. Јас ги изгледав така без превод, не можев да дочекам. Иначе снимката не е лоша, прилично океј е, ама не е скроз HD.
Winter is downloading, работава. Најкрвава сезона до сега, а? Bring it on. Spoiler: до четврта епизода Џон повторно ја оправда титулата "king of knowledge". Шала на страна, конечно покажа малку заби, што ми се допадна. Ама чесен е како Нед. Тоа му е слабата точка. Девојките на Старкс, некако продолжија по старото. Арија ја тера сопствената борба, Санса meh. Очекував повеќе од неа. Го чекав да се врати стариот Тирион, уништен е потполно. Мислам дека ќе треба да се скрши себеси, за пак одново да се издигне. Во Џејми уште еднаш се собра сиот гнев, а Серси не ми се верува дека толку брзо се фати за мамката. До 7ма епизода е готова, се кладам. Марџери, манипулатор ко секогаш, се гледа која и' е баба. Ништо, после Тајвин, веднаш ги растргнаа лавовите. Иронично како омилени куќи ми се двете спротиставени, Lannister и Martell. Сериозно не ни претпоставував која омраза се крие во Елариа, се надевам дека нема да направи некоја непромислена и брзоплета постапка. Капа долу за Доран, не ни очекував помалку. Која смиреност човеку, а кои планови ги крои. Stannis the Mannis, ептен залетал. Денерис, не ни сакам да ја споменам. Не може сама да стигне до тронот, цело време некој ја бодри. Посебно ме плаши тоа што делумно ја има поддршката на Тирион и Доран. Змејовите се љубов. Кој заборавив друг.. Бриен ја мачи истото нешто како и Џон, чесна е, не знае да игра тактички. Јас сум сериозно позитивно изненадена од Дарио (и потајно се надевам дека ќе ја остави Калиси ). Jaqen се врати, мислам дека не барам ништо повеќе до крајот на сезонава. Борбата на крајот од 4та епизода- me like it. That's all, folks.
Лелеее ќефови... Ја отворив темава да проверам дали се вистина статусите на фб и се прерадував на торентите Спуштени сите епозоди, јас далеку од дома... Може немам компјутер, но за среќа имам интернет па ќе импровизирам Spoiler
Гледанииии!! Кој ќе чека сега еден месец за нова епизода аман Spoiler: СПОЈЛЕРРР Аман Калиси! Аман! Од почетокот на серијата ми е омилена и за неа навивав до крајот на минатата сезона за да го окупира Тронот, ама сега почнува да ме нервира. Значи кој како шо ќе му речи како шо ќе ја посоветува така прави. И плус ептен ми е криво шо ги заклучи змејчињата и сега и тие против неа се свртија.. Ама Дрогон ми е Ариа добро очекувано, мислам дека ќе стани многу јака во иднина. Санса глупа ми е онака. Сите ја шуткат налево надесно па сега со онај психопатот... Џон Сноу, аххх Јонннн Омилен! И за него мислам дека допрва ќе стани јак лик! И такаааа... Не беа многу eventful овие епизоди ама се надеваме понатаму во сезоната ќе има некаква градација на дешавките.
Spoiler Овие четири епизоди се во знакот на досега понижуваните и отфрлените, посебно на Старк децата. Очекувам Санса (како прво да се врати црвенокоса) да престане да лета од мажачка на мажачка со ненормали и психопати туку конечно да почне да ја игра играта. Џон Сноу си имаше своја сцена каде се одмазди на дотогашниот угнетувач као демек знак дека сега гледаме Сноу кој нема да трпи, туку ќе се исправи како маж и ќе се бори. Ама ме нервира дека ми е реално, преромантичарски лик. Како и Лејди Бриен. таа е единствениот вистински чесен витез, и е жена. Прекрасна пародија, Сервантес да позавиди. Само Маргери, со среќа кај Серсеј. Не ми се верува со каква тактика се крена. Само, еј, реално и Серсеј беше една од тие потценуваните, па сега и неа и е време да блесне. Не успеа да се покаже пред татко и дека таа можеби би била најдобра за да го води Кралството, и би била, само да не е лудача. Сега, сама на себ,е си живее среќно во нејзиното труло кралство, ко што таа може да биде среќна, нели. Имам уште многу да кажам што ми лежи на душа Само да видам како ќе оди дискусијата овде. Сега за сега, серијата не ме разочара. Браво за тактиката за дигање рејтинг, Spoiler сега кога знаеме дека главните случки ќе почнат од петата епизода.
Епа премиерно да почнеме со првата епизода Spoiler Сега гледам на други форуми се бунат бидејќи не е многу според книгите и али според мене кој што ги немам прочитано книгите ми се допадна и би дал една 8мица .... Церси уште од млади години е кучка , Тириот ми се допадна многу заедно со Варус сцените . Баш неморав да гледам голи машки газови али ајде , и крајната сцена со Mance Rayder беше одлична , и моментот кога му кажа дека ќе гори , се виде стравот во неговите очи , сепак малце и ми падна жал , колку толку беше добар карактер и не заслужи да умре , особено крајот кога го здрви со стрелата И муабетот помеѓу Мелисандре и Џон -Are you a virgin -NO -Good .... Ова како секс сцена во најава ....
Ги изгледав првите 4 епизоди од 5 та сезона, Spoiler и некако ништо не се случи ништо не ми остави впечаток. Ај ќе видиме понатаму.
Точно, не се случи ништо значително, само го подготвија теренот за бурата што следува. Spoiler Отварањето на 5тата сезона со Серсеи беше прав погодок, од мала била права кучка, нема збор тоа, како појава ми е прејака, права жена, но ме нервира, сакам Маргери да ја срамни со земја, а богами и ќе биде така, браво за Маргери, паметни потези праве. Серсеи е една злобна и себична кучка, која незнае да сака никој друг освен себе, незнае за правда ни мир ни спокој, само сплетки, моќ и алчност. Јас веќе искрено се уморив од Калиси, аман веќе нека мрдне женава поблиску до тронот, нека забрза со минењето на километри, нека се сретне бар со џуџево или Арија. Тие тројца заедно, ми се совршена спојка, заедно со змејовите нормално. Колку ми е мило што Санса ќе се мажи за тој фрикот, нека ја малтретира, силува, кубе, толку ми е антипатична значи. И тој Литлфингр ми е фрик голем ептен. Нека го убијат аман од него. Џон Сноу Приметив дека оваа сезона е причично слаба со голотии и крв... Ми фале тоа. Паралелно и Vikings ја гледам, па у споредба со таа, ГОТ се губи на крвавото поле...
Spoiler Санса од секогаш е како закочена, и сега овде не оти ќе се одмазди никаква акција нема во девојчето. Аира баш ме интересира што ќе направи овде сега кај овие “без лица“ многу ми беше интересна кога ја смени облеката ама таа не седи мирна бунтовна е од неа може да се очекува нешто добро. Џон Сноу кога ќе дознае оти е син на кралот па во него гледавме надеж да почне битка да се бори за кралството за северот ама и он закочи на ѕидот. Марџери ми е хит сега, она ќе ги досреди Ланистерови уствари уште оваа Серси остана, ама свати Серси дека ја губи моќта. А Денерис ќе почне ли конечно некоја битка со змејовите баш да видиме. Инаку ме интересира оноа братчето на Аира и Санса што неможеше да оди кај фати?? Нели беа тргнати во минатата сезона по Џон Сноу и до кај стигна?
Spoiler: Brandon Stark - s04e10 Прочитав дека нема да го има Brandon Stark (братчето) во оваа сезона, со оглед на тоа што прават измени и не одат по книгите. Инаку стигнаа кај Three-Eyed Raven и еве што му кажа: “You’re going to help me walk again?” “You’ll never walk again. But you will fly.”
Spoiler: с05е03 Санса од едно чудовиште ќе се мажи за друго чудовиште. Иако нели сега има агенда, не е веќе толку просто и наивно девојче. Калисито каква грешка направи. Требаше да го прочита народот и да покаже милост. Сега ќе биде омразена. Џон ми е најдобриот лик во моментов, виде многу работи, беше на другата страна и се врати и сега е главен на ѕидот. Не ја прочитав 5тата книга и не знам што се случува и што е различно, ама како што читам по нетов има и ќе има доста промени. Супер е сезонава сега за сега, воопшто не разочарува.