Феноменална серија, останав ваква Одлична глума, супер содрижина, прекрасна музика едноставно неможев да најдам нешто да штрчи. Планирам и книгите да ги набавам. Инаку ме плени Џејсон Момоа како Кал Дрого, ѕвер е нема тука што да се зборува. Спојлер Да прашам бидејќи сум од тие по љубопитните дали ќе го има понатаму во серијата Дрого, во наредните сезони, знам умира но по некое чудо ќе се врати ли
Мене ми остана уште 10-тата епизода, си ја цепкам онака, со мака, зашто знам дека откако ќе ја изгледам, ќе се нервирам зошто толку треба да чекаме за втората сезона. И убедливо најинтересни ликови ми се Денерис и Дрого. Кога и да гледам, постојано викам - дај бре нека ги дадат малку нив! Кастингот е добар, ама Дрого дефинитивно ги шие сите. Тука нормално помагаат и шминката и костимите, ама глумецот е многу моќна фацка.
Да, и мене Денерис и Дрого ми се најинтересни. Спојлер За жал Дрого умре И многу ми беше моќно кога се испилија змејовите. Уф кој ќе чека следна сезона. А во јули излезе нова книга, ама нема шанси да се најде кај нас. И не ми е јасно како ваков серијал може да не го преведат. Или сега шпкрај популарноста на серијава може ќе му текне на некој
Јас си ја симнав сезоната и седнав да гледам и ја изгледав прва епизода ама некако тешко ми е да се вклопам.Инаку ми се допадна уште првата сецена, а и музиката е одлична.Многу, многу ми се допаѓа, ефектите, ликовите, времето, кралствата...абе баш се, посебно зошто ги обожавам филмовите за овие времиња. Само би сакала да ја прочтам книгата, првата за да можам да се вклопам...ми требаат повеќе информации за да ги сврзам сродствата, вака има многу ликови и ми се испомешаа. П.С.Ја има ли од некаде да ја симанам, на македонски, пошто ја немам сретнато кај нас во библиотка за да си ја земам.
Книгата ја нема преведено кај нас. Jа има на нет на српски ако сакаш да ја симнеш на www.baneprevoz.com ги има сите делови и прашај ако нешто ептен те кочи
Ги смачкав...неможев да одолеам изгледав 7 сега чекам уште 3 да ми се симнат пошто беше лоша сликата на тие што ги имав инаку и тие ќе ги гледав. И пак ќе кажам предобра серија.Омилени ми се Денерис и Дрого...тие од племето какви мажишта се, ама не се лоши да бидам искрена.Дрого која фаца ја има А Денерис е преубава, колку убави очи има, потсетува на некоја самовила од бајките со таа коса и убавина.Од Старкови ми се допаѓа Арија како лик и секако Сноу и жал ми е што го третираат така.Најмногу ја мразам кралицата и оној незин педерастичен син, уф колку е грозен само А џуџето баш ми е интересен лик и не го мрзам не ми изгледа злобен како другите негови одвратни роди. Одвај чекам да ги видам змејовите баш ќе и личат на Денерис како домашни љубимци
Пак јас, три поста по ред...ама морам да си кажам.Предобра серија.Се наежив на последната сцена со змејовите,колку беше моќна.Сега Денерис е најјака, да видиме сега кој ќе се Спојлер к*рчи Единствено жалам за Нед уф колку само ја мразам онаа педерастична, вонземјанска фаца од крал.Пу одвратно суштество. Нема смисла што толку треба да чекаме за нова сезона.А и не ми е јасно зошто книгите ги нема преведено, јас сега ќе почнам да ги читам, ама верувам дека се одлични, стварно не ми е јасно како може да преведуваат некои книги безвеза, а за овие дела на никој не се нафатил.
И мене не ми е јасно зошто никој не ги превел.Јас пред неколку години ги зачитав, имав среќа да ги најдам преку другарка што ги купувала од Белград. И се заразив од тогаш едвај чекав да земе некоја нова. Серијата е преинтересна, ама сепак, не може да се мери со книгите. До детаљ се е опишано, секој лик си има поглавје. Си имаш од позади историја на куќите да не се буниш кој е и од каде е. А серијата била многу скапа за снимање, па затоа и ќе чекаме толку за нова сезона. Ама ако, бтно нека снимаат
И мене ме заинтересира серијава в крај! Ама интернетов ми е ограничен, ќе имам проблеми со спуштање. Голема е веројатноста за некое време да има во продажба на дивите тезги на пример по 10 епизоди.. не знам како оди и колку е сигурно :/
упс, по грешка отворив нова тема за серијава ако има такви кои уште не ја гледале еве ви линк за онлајн гледање со македонски превод http://kinoteka.mk/?p=1203
Јас најискрено сега дознав дека имало ваква серија исто и за книгите. Ама премногу ме заинтересира. Се чудам како не сум видела порано. Многу интересно ми звучи според вашиве мислења, баш е така во мојот омилен стил, од утре почнувам да ја гледам интензивно Исто имам желба и книгите да ги прочитам, како им е насловот на српски?
http://www.baneprevoz.com/autori/George ... artin_724/ Eве тука ги имаш книгите на српски да ги симнеш ако сакаш. И серијава да ја гледаш, навистина е добро направена и е сосема според книгата Со душа ја чекам другата сезона, ама ќе си почекам
Денес ја дочитав првата книга од петиот дел, фантастично, немам зборови едвај чекам да ја пуштат втората книга, браво за HBO, немаат утка со сериите
Јас сум заљубена во филмов Серијата е предобра и едвај чекам да излезе 2 сезона.Доста имаме за чекање до Април 2012 но,вреди.Толку е добро направена и професионална воопшто не е аматерска со некои тапа ефекти и плус што ми се допаѓа е тоа дека е ист како книгата,не крателе работи и не ги менувале,со што би се загубила смислата. Омилена ми е Калиси ја обожавам глумицива и многу убаво си ја глуми улогата.А она кралчено аууу неможам да го поднесам одвратен
Стварно е прекрасна серијава. Едвај чекам да излезе новата сезона А деновиве планирам да ги читам книгите. Поздрав: http://www.youtube.com/watch?v=_KYp4nUAqEs
СИТЕ книги ги прочитав уште летото. Едвај ја чекам втората сезона да видам како ќе ја реализираат. И луѓе?? April is coming...
Ааа ме заразивте и мене Ајде од денес и јас официјално се приклучувам во групата љубители на Game of Thrones Само што ги симнав книгите , едвај чекам да почнам ! Ги изгледав трајлерите за серијалот, умираммм да ги изгледам но ќе се воздржам, кај мене важи правилото - прво се чита книгата, па потоа се гледа филмот Сакам да си направам филм во глава додека ги читам, а потоа да го изгледам филмот и да споредам, обратното не ми се допаѓа :geek:
Па ни еден линк не работи ... File removed , File does not exist .. Ај ве молам линкче од првата епизода, на ова www.kinoteka.mk ги има со превод, ама првата епизода не работи ..