Калиси Spoiler Калиси не знае ништо сама да смисли и да направи, толку не ја бива незнам веќе, се чека совети од другите и никаков став нема, до кај ќе тера вака баш да видиме. За тој што го уби баш згреши премногу.
Си направив маратон за еден месец изгледав се, од с1 до с4 после уште еден мини с5е1-е4 чекам сега други инаку ги гледам online на filmovita.com супер се и квалитет и превод има на сите
Гледајќи ликови кој не умираат во книгите да умираат тука и поставување сцени кој немаат никаква врска со книгите (така барем пишат на форуми , јас незнам не сум ги читал книгите , евен нека потврдат тие што ги читале книгите дека фалат еден куп луѓе и сцени како и некој од сцените и приказните се тотално изменети) мислам дека се на тенок мраз , може да им успее ова а може и да биде едно од најголемите разочарувања.
Ееее, хелоу , да се пријавам и јас меѓу гледачите и следачите на GoT. Што да кажам, некако после фамозната свадба веќе не е тоа-тоа серијава. Првите две сезони ги изгледав во еден здив (ако не се лажам, после долго убедување почнав да гледам и во рекордно време ја изгледав прва сезона, а втора сезона после редовно ја гледав, тоа зашто секогаш сум со предрасуди за серии) и навистина беа интересни. Ама Старкови ептен ги сотреа и ми се скрши филм малку. А сезоните после таа (особено 3-та и 4-ва што е во тек) доста се разводенети. Не сум ја гледала најновава епизода сеуште, вечер да ја изгледам, па ако има воопшто што да се коментира - ќе навратам да си кажам мислење.
Јас да си кажам во спојлер што не се случи, а сакав да се случи од книгата. Spoiler Лејди Кејтлин ја нема. Не знам како и зашто, ама мене ми е пропуст. Друго не знам, последната книга не ми е прочитана, серијава ми ја отапе желбата да ја прочитам. Spoiler Бриен ко кутре, не се предава никако, верноста пред се. Ја гледам вчера епизодава, Џон Сноу мора да ја закопа секирата со оние со кои ѕидот војувал со години, само за подобро утре. Хех.
Мене моментално, освен Тирион и Арја до некаде, омилен лик ми е Бриен. Ѕвер од жена. Сакам женски ликови кои се олицетворение на сила (не само емоционално), туку и физички, бре, да парира на маж и да го победи. Инаку, Spoiler и јас некаде прочитав дека Кејтлин треба да се врати како лејди Стоунхарт (имав желба да ги читам книгите, ама немав време и ми помина желбата), така што секоја епизода сум во очекување да се случи тоа. Којзнае, може ќе се случи на крајов на сезонава, или 9-та епизода, како што знаат да направат, или пак ке остане за следна сезона. А во последнава епизода ми се допадна начинот на кој почна да делува Џон Сноу. Санса некако и понатака глупа ми останува. А со камениве луѓе и Валирија...се надевам дека ќе има повеќе од таа приказна, интересно делува. Јас изгледа само се надевам за нешто, ама ај... Некако не сакам да прифатам дека серијава ја расипаа и само си фантазирам што и како може да се случи за да биде поинтересно. А Калиси... Мачно ми е кога доаѓаат нејзините сцени. Некако, од самиот почеток никаков впечаток не ми остави и така и си остана, само што стана уште подосадна. Во делот со Дрого беше интересно и толку.
Spoiler Сезонава ми е најслаба досега.Далеку од тоа да ми се досадни епизодите,секогаш има нешто интересно,ама не е којзнае што. Конечно Џон доби некои муда,колку и да е нелогична соработката со дивјаците,поарно на негова страна,отколку оние страшилата да ги преземат. Ми се допаѓа и што го покажуваат Дорн,преубаво кралство е,сигурно следната епизода таму ќе има некоја акција со грабнувањето на Мирсела. Тирион уште си е истиот,сарказам до коска,ама редно е да се сретне со Дејнерис,ете поминаа веќе 5 епизоди.И Ариа малку да ја забрзаат во акција. Санса пак ќе се мажи,3 пат,може среќа ќе и донесе И никој не успеа да ја легне,ама изгледа честа ќе ја има психопатот Ремзи Инаку и Теон ми изгледа нешто променет од кога ја виде,може ќе се оправи некако,ќе си го убие газдата.А децата Старк оти не ги покажаа ич? Барем да видевме што се случи со оној гавранот. Дејнерис ја изгуби контролата и мене не ми е интересна за гледање.Од друга страна,Дарио ми е многу интересен,за плакнење очи де Многу секси мажи умреа, добро Џејми е тука,ама ме одбива помислата дека е заљубен во кучката Серсеи. Серијава има простор за сезони,ама темпото е пребавно,вака 20 сезони нема да им стигнат и на крај на тронот никој нема да седне,ќе бидат утепани сите
Spoiler Каде се ќерките на Оберен? Ја нив ги чекам Ќе биде јако со нив, иако мислам оти ќе си загинат, преискрени борци се (како мене де, затоа ги сакам) ќе треба манипулации за пробив.
Spoiler Колку што знам, децата Старк воопшто нема ни да се појават сезонава, така да попрво ќе заборавиме што се случувало со нив. А стариот Даарио (иако, спротивен на оној во книгата) некако поасален ми беше мене. Како и да е, работа на вкус, де. Инаку, не е за допаѓање, ама јас сум изненадена од ликот на Ремзи. Бре, поболен човек одамна не се појавил. Мислам дека ни Џофри не беше толку изопачен. Тој само многу суров и бескрупупозен беше.
Spoiler Иако сезонава е побавна искрено никогаш нема да ми се здосади серијата. Сум гледала МНОГУ серии повеќе од што памтам и сметам дека ГОТ е една од најдобрите. Калиси на почетокот ми беше најомилен лик во серијата, сега некако ја иступи работата. Прво ме разочара шо си ги затвори змејчињата така И сега ја мразат... Се надевам дека ќе се подобрат нивните односи. Бтв Дрогон змејот прејак ми е!Уххх сигурно нешто битно ќе се деси со него. Санса ми е веќе ретарда. Значи туку ја манипулира некој цело време и сериозно онај Рамзи преболен е he gives me the creeps. Се надевам нема да се мажи ни со него. Како шо му тргнало стара чупа ќе остани хахаха. Ариа сакам да ја покажват поќе многу ми јака. Можам да кажам дека моментално ми е најјак лик. Јон Сноу си е класика. He know nothing Не бе го сакам. Ќе видиме како ќе биди со слободните луѓе. И така. Чекаме нешто јако да се деси.
Искрено пет епизоди тапа. Spoiler Оваа петата па посебно досадна ми беше, никаква дешавка да нема затупија. Калиси ич не ја бива арно и кажа таа помошничката оти никогаш нема свое мислење и секогаш чека другите да и кажат за пак да не им прифати. Само очекувам Теон да го отепа овој идниот маж на Санса, мислам оти тоа ќе биде следниот најинтересен потег. Џон Сноу иако допре до некоја висока позиција сепак не ми е на ниво и мислам оти поинтересно ќе беше да дознае чиј син е. Другите ликови избледија некако, да се надевам оти ќе ја вратат серијата во нормала со оние сцените за инфаркт.
Јас надеж во Санса не губам. Сеуште се надевам потајно дека ќе се случе нешто јако со неа. Не ми е воопшто за потценување. Хајлајт до сега ми беа сцените со Арија и според спојлерите што ги прочитав по интернет едвај чекам да видам што планираа со неа понатаму. И, се согласувам со првиот спојлер на Rainbow, пропуст е да. Ако се држат до книгата, прејако ќе биде. Иако гледам до сега застраниле малку па ќе видиме.
Spoiler На кралот првиот што беше на Серси мажот и, како се викаше Роб ли не ми текнува. Па тој е единствениот наследник вистински а не оние децата од инцестот. Нели кралот и Нед Старк беа многу добри другари, и кога се родил Џон, за да го заштитат кралот го дал на Нед Старк да го гледа како негов син, нели демек копиле беше. ама ги убија и двајцата и ете детето неможе да просперира, а и не ја знае вистината.
Само да кажам дека овде во спојлери треба да се пишува само за досега излезените епизоди од серијата, а не за спојлери од книгите оти ние што ги немаме прочитано несакајќи си го уништуваме искуството. Порфавор.
Да се приклучам на темава Некако поделено мислење имам за до сега излезениве епизоди, не ми се лоши, ама не ми се ни доволно добри. Типувам многу на Сноу и на Арја иако и Санса која ужасно ме нервира како лик, мислам дека ја чуваат за добро одиграна одмазда. Омилен лик дефинитивно Бриен оф Тарт, убедливо добро визуелно средена за улогата, па се до психолошки лик, кој и избива на површина проади нејзината лојалност која се поретко ја има во серијата.
@Marossa Spoiler: Okолу Џон Сноу Се шпекулира дека е син на Лијана Старк и Регар Таргариен ,друга варијанта е дека е на Нед Старк син со непозната жена ма да прилично повеќе држи вода првава теорија . Во никој случај не е на Роберт Баратеон (кралот што беше на Серсеј мажот) ако се сеќавате некаде во прва сезона Роберт го прашуваше Нед како се викаше мајка му на Џон Сноу .. @Elissa ти ја гледаш ли воопшто серијава ,јас стварно незнам одкај го тресна ова
@Cataleya Spoiler Епа затоа се зачудив,бидејќи колку што ја пратам серијата,немам забележано да имаат кажано чиј син е. Инаку,овој Ремзи Болтон,нели вика дека е копиле,Сноу. Имаат врска со Џон или пак самиот факт што Џон Сноу е копиле,сите копилиња се нарекуваат Сноу??(ко фраза нешто?)