Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игра на тронови (Game of Thrones) [2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Yipman2, 22 април 2011.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Треба да пребарам по сезоните, некаде таа теорија ја имаше. Што знам многу варијанти се извртија. :wasntme:
    http://www.unleashthefanboy.com/editorial/jon-snow-robert-baratheon-son/79085
     
    Последна измена: 13 мај 2015
  2. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    @Elissa

    На 1:10 сек Роберт го прашува како се вика мајката на Џон што значи од старт гледаме дека теоријата дека е на Роберт син е невалидна .:)
    Има уште две теории ама тие не се спомнати во серијата туку во книгите .Едната е дека е вистински син на Нед со Ашара Дејн ,сестрата на Артур Дејн - Утринскиот меч (кој беше во гардата на Ерис-лудиот крал ) и откако Ашара извршила самоубиство кога дознала дека брат и е убиен ,Нед си го земал Џон со него .Ова се случува после падот на лудиот крал ,kога Нед оди во "Tower of Joy" да ја спаси Лијана ,но Лијана умира таму и последните зборови и се "Promise me Ned" ..Oд тука потекнува теоријата дека Џон е син на Лијана и на Регар и дека ветувањето било дека ке го чува Џон и нема да дозволи да се дознае дека е Таргаријен за да остане жив .Другата теорија која се спомнува во книгите е дека е син на Нед со некоја селска девојка .
    @Marossa
    Сите копилиња од северот имаат како "презиме" Сноу :)
    Во Дорн ги викаат "Санд" керките на Оберин се Нимериа Санд ,Обара Санд и Тиен Санд.
    Во Брзоречје - Rivers итн .

    Иначе и јас да си го изразам незадоволството околу тоа колку работи изоставија и изменија од книгите :|
    Отварате на свој ризик ...
    Прво како што спомна Реин Лејди Стоунхарт т.е Кетлин Старк ,второ децата на Доран Мартел - Квентин и Ариана ,комотно наместо глупата љубовна прича на Тристан и Марсела (кои во книгата се спомнуваат само еднаш) можеле да ја стават Ариана затоа што е исто битен лик и има интересна прича околу тоа како ке проба да ја круниса Марсела,трето Еларија ја направија олош а токму она беше против цело тоа лудило за одмазда.На Санса причата ја однесоа во неповрат,Ремзи требаше да го венчаат со "наводно" Арја Старк т.е Џејн Пул нискородена девојка која и беше другарка на Санса од времето во Winterfell ,Грејџојс истотака Јурон,Виктарион и Аша .Наместо Лорас Марџери требаше да ја заробат послем милион сплеткарења од страна на Серсеј .Наводниот син на Регар Егон истотака го изоставија . Свесна сум дека сепак ова е серија и дека неможе се до детали да биде исто ама волку отскокнување од книгите ми е ТУ МАЧ .:(
     
    Последна измена: 13 мај 2015
    На mamma-mia, Marossa и Elissa им се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Можно е, ете секаде разни варијанти, јас сум читала и по сајтови а и одамна беше веќе сум подзаборавила. Ќе видиме ај сигурно кога тогаш мора да се разјасни. А сестрата на Нед како беше тоа, со кој беше мажена?
     
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Со никого не била мажена.Била ветена на Роберт,ама Регар ја киднапирал и бракот не се случил,а Лиана починала за време на војната помеѓу Таргеријан и бунтовниците на чело со Роберт,Нед и Брендон Старк.
    Еве овде има убаво опишано
    http://gameofthrones.wikia.com/wiki/Lyanna_Stark
     
    На Lady Phoenix и Elissa им се допаѓа ова.
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Marossa, немаат никаква врска еден со друг, на копилињата им даваат презиме Сноу. Уфф, „копиле“ ми е одвратен збор. :doh:
     
  6. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    Нема врска, на север сите деца што се "копилиња" го носат презимето Сноу. :) А на југот е друго презиме. Баш ако имаш приметено, ќерките на Оберин не го носат неговото презиме туку имаат друго ама ич не ми текнува моментално како беше.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    На Yipman2, the.vampire.girl, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И оваа епизода ништо посебно не бидна,ако не се брои губењето на невиноста на Санса.
    Овој Ремзи е психо прва класа бре,ако добро ја размислам за Санса премија беше Тирион,злато чоек во споредба со него и Џофри :D
    Серсеи е права кучка,колку искалкулирано влече потези,па не може да не ја сакаш.
    И многу кратки ми се гледаат епизодите,54 минути,првите сезони подолги беа.
     
  9. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    Лелеее Сансооо мориии... Толку од мојата надеж дека ќе се опрае. Баш се надевав дека има смислено нешто. И цело време очекуев Теон да одлепи и да го испотепа Ремзи ама ништоооо.... Арија <3
     
  10. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    ААААААААААААААА. Само шо ја догледав шестата епизода од петта сезона и сум згрозена до смрт! Ухх да умри онај Рамзи некако јако шо ќеф ќе напрам.. Чекав она пи*ката Теон да го убие или нешто... Не знам зошто многу ме годат вакви сцени над жени пошто можам да се клам во нивна кожа скраја било пу пу пу. Серсеи почна ептен да се занесва сериозно, многу бичи е... Она старката чекам да ја подсреди. Арија најјака сеуште одвај чекам да видам шо ќе испадни од неа... Леле кој ќе чека до другата епизода.
     
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Сансо Сансо иди отепај се, уста има збор нема, што дремиш како теле некое. Џабе веќе ништо не гледам во неа, незнам зошто и ја даваат. Инаку сигурна сум оти Теон ќе го среди Ремзи наскоро. Ариа што ќе направи што би превземала пак таа?? не ми е јасно. И ме инересира што на пример би било џуџето ако се сретне со Денерис. Уште една епизода празна, освен крајот, предходните сезони беа преполни со такви експлицитни и загрозувачки сцена ама оваа ништо.
     
  12. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Wow! Епизодава беше жестока! Ми беше еквивалент на некои претходни 9-ти епизоди, кога цела сезона ништо не се случува и наеднаш се' ставаат во епизода 9. Заличи малку серијава на порано. Сега навистина не знам што ќе се случи со Тирион и Мормонт, баш ме интересира до каде ќе стигнат и што ги чека. Од Lady Stoneheart уште ни трага ни глас. Серсеи е чудо на векот. Тајрел отидоа у мајчину, а баш полагав надежи во Марџери и бабата. Ѕвер ми е таа старка, луѓе, само таа можеше на крај да излезе со Серсеи. Новово кралче е муле невидено, ама подобро муле отколку болесник како Џофри, тој ми беше too much. Многу гнасно дете. За Бејлиш не знам што да кажам. Едноставно, не можам да го дефинирам, не можам да откријам што му е целта. Многу енигматичен лик и мислам дека е недоволно ценет. Арја поштено си изеде ќотек во епизодава од еден од моите идоли - Жакен. Кога прв пат се појави и кажа кој е и што е навистина (во некоја претходна сезона), мислам дека бев единствена на која и' стана идол. Чудно место е ова каде се наоѓа сега Арја. Завиено во смрт. И конечно работите мрднаа од мртва точка - the girl is not ready to become no one, but it's ready to become someone else. И какви се тие неповратни промени што ја чекаат? Ееее, многу прашања се тоа. Џејми и Брон - во неволја, којзнае што ќе биде сега, само Брон да го остават, лудак невиден е. И за крај, нели, бидејќи тоа и беше highlight на оваа епизода: Санса и Ремзи. Не, нема поболен ум од оној на Ремзи. Не знам и писателов колку забеган треба да биде за да измисли лик каков што е Ремзи. Теон е на раб да направи глупост. Кога ќе дојдат сцените со дуо-триово, во грч сум. Тензични се до бесвест. Санса... Ах, Санса, Санса... Ќе се разбудиш ли конечно од зимскиот сон? Од сите лудаци со кои си имаше работа до сега, баш овој да ја легне (извинете, и полошо нешто ми доаѓаше да пишам, ама незгодно ми е)... Мора да се смени нешто, не можам да ја поднесам веќе нејзината наивност, глупост и депресивност. Мора да се претвори во нешто спротивно од тоа што е сега... Ќе видиме.
     
    На Lolipop23, Elissa, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    :rofl::rofl:
    [​IMG]
     
    На Lolipop23, JollyGirl, Kala22 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    хахахаха лелеел сликатаааа, е стварно ке го бараат ама ај...
     
  15. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    А нели порано одеднаш излегуваше цела сезона, зошто сега треба да чекаме епизода за епизода? :^)
     
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш си излегувале по една неделно,можеби дека си ги изгледала наеднаш,така ти се чини :D
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Последната сцена од такт ме извади, дури и претерале малку во филмов пошто ова во книгите го нема.
    Ми се згади, нервоза ме фати дури помислив веќе да не ја гледам серијава....ама тешко дека ќе издржам :?:
     
    На Kala22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Најдобра епизода сезонава!
    Уште од самиот старт чекав да ја видам Серсеи затворена, веќе со сплеткиве на нерви почна да ми оди. А тек уште што ја чека,ептен ќе биде интересно:D
    Конечно се сретнаа и Тирион и Денерис:) Мислам ноктиве од возбуда ги изгрицкав,многу ме интересира што ќе се случи понатаму. И за Санса жал ми паѓа од еден психопат на друг и баш мислев Теон ќе и помогне ама ако ништо друго мислам Бриен ќе ја спаси.
    Сезонава ми беше од почеток предосадна ама последниве епизоди се предобри!
     
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Мене се уште ми е сезоната тапа, никаква акција ниту пресврт.
     
  20. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Хохохо! Жестоко! Кога го покажаа Брон во затворот, како почнува да му дејствува отровот, да ви кажам, грч ме фати од страв! Аман, само да не умре, си викав! Еден од поинтересните ликови што останаа од почетокот на серијава. Абре, мрчатор прва класа, искулиран, ѕвер! А ќерка му на Џејми ептен му го сп*пика. Просто, да му падне криво на човек што воопшто го презема тој ризик да ја спасува. Ама и што да се очекува друго, и девојчето беше во право. Очекував Теон да ја спаси Санса, ама мислам дека немаше избор и затоа не го направи тоа (оди горе и оп - Ремзи си седи). Добив впечаток дека Ремзи од претходно дознал за сојузниците на Санса, па си преземал мерки. Не знам. И уште кога ја видов одрана бабата... Мора Санса да преземе нешто, за нејзиниот лик веќе да добие некаква вредност Моментално е само товар во серијава, воопшто. Доста беше со таа беспомошност. Си зеде нешто што може да и' служи како оружје, ама уште успешно да го искористи... Прилично жал ми падна за смртта на стариот Таргариен на Ѕидот. Не знам што му требаше на Џон Сноу да замине зад Ѕидот, се прашувам што ср*ња ќе почнат таму да се случуваат. Не верувам дека ќе се врати во скоро време. Моја претпоставка е дека до крајот на сезонава нема да се врати назад и дека големи се шансите да се сретне со Брен и другиве и тоа да биде тоа до идната година. А на Ѕидот почнуваат да се случуваат тешки глупости. (facepalm)
    Туку, мило ми е за Серсеи. Конечно малку правда. Нели забележуваше дека му даде одврзани раце на неподмитлив човек? Очигледно е дека Септонов нема што да загуби во животот, дека целосно посветен на религијата и дека порано или подоцна и таа ќе дојде на ред, бидејќи очигледно е дека почнуваат прво да се тркалаат глави на големи луѓе. Обичниот народ не е интересен. Тоа е, кој на друг гроб му копа, сам во него паѓа. Од сцената со Бејлиш и Олеена може да се очекува интересен исход. Мислам дека сепак ќе се најде начин да се спасат Марџери и брат и', ама за Серсеи ќе нема спас. Конечно ќе го дочекаме моментот на Walk of Shame. :devil: Како и да е, се надевам дека нема да умре, туку дека ќе остане жива и ќе ја гледаме како се мачи. (не сум се информирала според книги или идни сценарија како треба тоа да се одвива) Туку, сега поради Серсеи, што ќе се случи Џејми кога ќе се врати? Мислам дека е добар лик и заслужува да продолжиме да го гледаме. И конечно Калиси и Тирион се сретнаа. Ме интересира и од тоа што ќе произлезе. Сезонава е многу подобра од претходните сезона-две. Дефинитивно. Јас, напротив, сметам дека многу повеќе настани има во оваа отколку во претходните, кои беа толку досадни - вени да сечеш и да ти иде да се откажеш од серијата. Уште 3 епизоди... Едвај чекам да видам што ќе се случи. :clap: