Ова не е крај на серијата, само на сезоната. За идната ќе чекаме цела година, стандардно. Инаку, ако те интересира, од петтава сезона писателов Џорџ Р.Р. Мартин нема напишано сценарио за ниту една епизода, бидејќи го „форсираат“ да ја заврши шестата книга. (Човекот е релативно стар, дебел и сигурно си има и некоја хронична болест, па јасно е дека им е страв да не скине конци дур ја заврши книгата ). Петтава сезона е мешап од 4-та и 5-та книга, со некои елементи од 3-тата и во оваа сезона има најмалку отстапувања од книгите. Толку знам јас. Книгите не сум ги читала, не знам дали ќе ги читам, зашто кога ќе видам колкави се - се обесхрабрувам. Се' што знам е што наоѓам по интернет. Туку, Spoiler: еден момент кој го пропуштивме многу јак ми беше моментот помеѓу Санса и Теон, кога тој и' призна дека Рикон и Бран се живи. Моментов беше доста интимен, деликатен и интензивен, ама падна во сенка од акцијата со Whitewalkers. Се прашувам сега дали нешто, малку од малку ќе се смени меѓу нив двајца. Btw, @MayDiamonds, благодарам на појаснувањето. Знам дека валиријанскиот челик е посебен, но ова не го знаев. Инаку, сега ги читав вашите впечатоци и гледам дека горе-долу исти моменти не' воодушевиле. Пред да ја изгледам епизодата, нормално, не читам ништо, кога ќе ја изгледам - се трудам што побрзо да напишам пред да заборавам и дури следен ден ми текнува да ѕирнам по мислењава. Spoiler: За Whitewalkers Не знам дали се четворица кралеви меѓу суштествава. Мене ми се чини дека овој што на крај се симна е крал (имаше на главата и нешто како круна), а дека другиве тројца/четворица, колку и да беа, му се нешто како команданти. Ама многу се creepy. Се прашувам дали тие се тие што ја носат зимата со себе... Каде се' не ми оди паметов веќе.
Да, white walkers се тие што ја носат зимата.. Со нивното појавување доаѓа до пад на температурите и затемнување на небото, сигурно заприметивте кога Џон отиде кај дивјаците и кога почнаа да се качуваат на кајчињата дека нагло небото се затемни и воздухот отежна и потоа се појавија. White walkers се предводени од The Night's king.. Тој бил 13-от лорд командер на ноќната стража уште пред ѕидот да биде сосема изграден но се заљубил во некоја бела шетачка и се спарил со неа, ја назначил за своја Кралица а себеси за Крал на белите шетачи..
Мислев дека е најдобра серија која ја имам гледано.. Но ВАЈКИНГС(VIKINGS) ја почнав завчера и ја денеска ја завршив 2рата сезона...Ми влезе во срце..Обожавам вакви серии..Дефинитивно VIKINGS e подобра..Ви препорачувам да ја гледате
Мене ми се тука некаде, подеднакво добри. Кога ја гледам ГоТ мислам дека е подобра, ама и кога гледам Vikings мислам дека они се подобри.
AHAHAHAHAHAHAHAHAHAH исто брат.. исто .. дека последно време повеќе гледав вајкингс.. па таа си викам подобра е .. имаш некоја друга серија да ми препорачаш ??
Season 1x09 - Stark dies Season 2x09 - battle Season 3x09 - Stark dies Season 4x09 - Battle season 5x09 - ???? Инаку многу добра епизода беше ова , мислам дека ми е број еден во целиот серијал , и Џуџето со Кралицата разговорот и Таа кучката Церси што пиеше вода како куче , така ти треба , све се враќа ! Сега на ред е да умре Spoiler Џон Сноу , предаден од страна на сопствените луѓе , или пак детето Оли ќе го утепа...
^ Немој такво нешто да изустуваш, ќе те утепаат женскиве што се негови фанови. Искрено, не верувам дека ќе се случи такво нешто.
Па умира во книгата .Ќе го скинат или во 9та или во 10та епизода , фала Јипи ...... Инаку се заљубив во женскава и како и секоја друга љубов 5 мин траеше пред да отиде.... фала GoT. Многу језиво беше И срам ме фаќа за Jorah lord of the friendzone ..... али браво за упорноста.
Не ми сметаат спојлери мене, немај гајле. Туку, можеби ќе не' зафркнат, па нема да биде како во книгата. А женскава кога ја здогледав, си викам - готово, оваа ќе ја замени Игрит во животот на Џон Сноу, ама кога видов што се случи... Damn it!
[QUOTE="Yipman2, post: 2426583, member: 26491"]Па умира во книгата .Ќе го скинат или во 9та или во 10та епизода , фала Јипи ...... Инаку се заљубив во женскава и како и секоја друга љубов 5 мин траеше пред да отиде.... фала GoT. Многу језиво беше И срам ме фаќа за Jorah lord of the friendzone ..... али браво за упорноста.[/QUOTE] Спојлер....е баш фала ти
9 епизода Spoiler Малку поинтересна епизода од другите но сепак како за предпоследна слабо. Оваа епизода ми беше во знакот на Калиси. Конечно сите видоа што значи да си mother of dragons. Серсеи и Санса воопшто не ги видовме. Џон Сноу конечно ги внесе дивјаците во ѕидот, криво ми е за принцезата што ја запалија жива. Ариа го виде човекот кој го уби нејзиниот учител по мечување, но дали тој ја препозна и затоа бараше да му донесат млада девојка останува да видиме.
Сакав тука да пишам ама погрешка било во Supernatural. Многу гадна и језива епизода бр 9 , толку ќе кажам.
Spoiler: S05E09 Пааааа... Како за мој вкус, претходните 4 епизоди беа понеизвесни и многу повозбудливи и поинтересни. Дури малку и се разочарав од оваа епизода. Прилично предвидливи настани. Уште Ремзи кога рече дека му се потребни само 20 луѓе, знаев дека ќе успее во намерата. Уште Мелисандре кога спомна дека треба да се жртвува девојчево, кое, патем, беше ретко добар лик и интелегентно за своја возраст, знаев дека и тоа ќе се случи. И како сега да навивам за Станис? Всушност, никогаш и не бев за тоа тој да застане на тронот, колку сака нека било тоа легитимно. Прво, за тој трон си го уби братот, второ Мелисандре му го сврте умот, па сега и детево... Константно донесува неисправни одлуки и гази се' пред себе за да седне на тронот. Не дека другиве не го прават тоа, ама овој е посебен. И како лик никогаш не освои ниту мои симпатии, ниту предизвика некои поинакви чувства кај мене. Едноставно глуп е. Дали е до глумецот или до самиот карактер - не знам. Калиси конечно си го дочека детето, да си го види. „Ела кај мама“ беше работава. И змејов конечно веќе прекина со тоа тинејџерско однесување. Се прашувам дали ќе преживее. Ама конечно почнаа да заличуваат сцениве со Калиси на нешто. Мислам дека змејовите имаа премала улога во серијава. И Дрогон прилично слаб испадна некако. Очекував повеќе оган, повеќе спржени тела. А другиве останаа да се чудат и да се спасуваат кој како знае. Е сега, моментот кога Џон Сноу дојде со дивјациве пред портата на Ѕидот. Колку што бев во неизвесност и грч, толку и смешно ми беше по малку. Гледа со тој негов „смотан“ поглед нагоре и се прашува дали ќе ги линчуваат од горе или ќе им ја отворат портата. И мислам дека заборавив да кажам колку ми е интересен џинот. Ама некако ми изгледа дека тоа детето Оли ќе направи некое ср*ње. Брон ми е стандардно смешен и интересен, ја размрдува серијава. Се прашувам само, дали ј*бачицава на Оберин и ќерките навистина му се покорија на нивниов крал или само глумат. Искрено, се замислив дали Арја пак ќе изеде ќотек од Жакен, зашто тој човек се' знае, па очекував дека ќе ја открие и ќе ја истепа. И да, Санса и Серсеи не ги видовме. Само ме интересираше една работа што заборавам од пред некоја епизода да ја прашам, а ме мрзи да барам на нет: што со оние Stone people од Валирија? Ми текна кога ја видов ќерка му на Станис, бидејќи ја добила, нели, истата болест, па едвај ја запреле. Веројатно не заборавив нешто. Ако ми текне, ќе пишам пак.
Spoiler: 6та и 7ма еп Оф леле Санса. Ремзие маста и ја извади. Не знам зашто ми се чини дека во книгите беше попаметна, Знам дека не заврши она со психопатот таму, ама не ми текнува во детали што се случуваше. Штета што Џони бој ја одби пламенката, може ќе родеше сега некое мало пламенче да им помогне. Денерис е тотално изгубена, заборави за што се бори и кон што цели. Досадна некако ја направија.
Spoiler Зар стварно толку е глуп Станис па дозволува една небитна вештерка да го манипулира? СТВАРНО ГО НАПРАВИ БЕ ТОА??? ИДИОТУ ЕДЕЕЕН знам дека се лесни мажите ама до толку не мислев да ти се плукнам во мажот.