Spoiler: S05E09 Се ќе разберам,ама тоа што Станис го направи,никогаш. Уште ме лазат морници,целата се потресов,како си ја жртвуваше ќерката.И за што? За е*аниот трон.Ами што ќе му е тој трон,кога ќе нема со кој да го дели,која среќа ќе биде таа? Ама што си зборам јас па, серијава нема допирна точка со емоции и љубов,само борбата е важна и тоа по секоја цена. А оние со малку човечко срце,полека ги снемува...
@Marossa навистина претераа. И многу отскокнале од книгата колку што разбрав со тој настан. Освен ако се работи за финансиски проблеми на продукцијата.
Spoiler Душа ме заболе за девојчето на Станис,ми остана во глава таа сцена. А јака беше кога Калиси се качи врз Дрогон,епик момент
Spoiler Stone people нели го допреа и Jorah Mormont па почна на раката да му се познава ептен тоа скаменетото. Дали ќе се спаси или ќе се скамени лелеее .
Д Spoiler а @Elissa, пред некоја епизода. Баш се прашувам што ќе стане со него, многу лојален лик е. Како ли се запира таа болест? Нели успеале со ќерката на Станис. Интересно е. Читав вчера некои работи, ама многу информации ми дојдоа, онака генерално за појавите и луѓето во серијата и книгите. Таквите болни ги праќаат во пропаднатата Валирија да умрат, ама мене не ми изгледа како да ги снаоѓа таква судбина (да не спојлам, сети се пред некоја епизода баш за настанов што го спомна ) Впрочем, се повеќе наликува на реалниот живот... Или обратно...
Како и да е мене се уште ми е во мисла кој е таткото на Џон Сноу, и дали е тој наследник. Има нешто.... http://www.businessinsider.com/game-of-thrones-jon-snows-parents-theory-2014-7
@Lady Phoenix Spoiler Нели Џон е син на Лиана, а Лиана требало да се мажи со роберт. Е сега нели нејзе ја имаше грабнато лудиот крал, така некако. Таа има останато бремена од Роберт и за да го заштити Џон зошто го роди без да се омажи за кралот, пред да почине на пораѓајот го моли Нед да го чува и гледа Џон како свој син и така да го престави пред сите. Така ми се врти мене во главата, таква теорија??? Што мислиш ти???
Spoiler: За Elissa ( како некоја ода звучи :rofl: ) И јас имам читано такви теории, или можеби гледано на youtube од некои забегантуси што навлегле во најмали детали кога ги читале книгиве. Од друга страна, сите некако велат дека Џон Сноу и Калиси на крај заедно ќе завршат. Ако се роднини, ќе си продолжат баш прописно инцестоидно да се „дружат“ Меѓу другото, шпекулираат и дека заради тоа целиов серијал всушност се нарекува Song Of Ice And Fire, нели... Од трета страна, Јипи рече дека Џон би требало да умре според книгите, кај и да е, наскоро. Од четврта страна, колку што прочитав, Џорџ Р.Р. не стигнал сеуште да напише за судбината на Џон Сноу... Којзнае веќе... Само мозгам, мозгам и на крај ќе се откажам и си викам - абе ова ќе заврши така што ќе се истепаат змејовите и whitewalker-ите, на луѓето веќе нема такви суштества да им се закануваат и така среќно за се' нешто ќе си војуваат до крајот на животот... За да биде досадно, не друго. Не знам дали може да постои добар крај за некоја серија. Каша-попара си направив од филмање, а?
Кој знае можеме да си фантазираме колку сакаме хахахаа, викаш со Денерис опааааа..Само дури да стигнат еден до друг (како што затупи движењето во серијата) колку светлосни години треба да поминат .
@Elissa, под видеово има интересни теории на тие што коментирале. Ако те интересира, можеш да ги прочиташ нивниве дебати, интересни шпекулации има.
Spoiler Мислам дека девојчево нема да умре, не прикажаа дека изгоре, можеби некои нивни богови ќе ја спасат и телото нема да и гори. Тоа беше ептен одвратна постапка, татко и сигурно само глумел дека ја сака, не може да сакаш некого и вака да го жртвуваш. А и онаа магиничарката негова е многу одвратна, таа му ја даде идејата, овој па смотан за се ја слуша. Јас уште одамна помислив дека Џон Сноу и Калиси ќе бидат заедно, овој нејзиниов витез или ќе го убијат во некоја таква борба или цел ќе се скамени, бидејќи е заразен. И како тоа ја допре Калиси за рака а заразен е, нели не треба никого да допира. Брзо ми заврши епизодава и многу ги развлекуваат. Затоа е најдобро да се симне серија кога конечно ќе заврши. За момент си помислив дека Џон Сноу ќе ја спари онаа женската од кај дивјаците на северот, што ја убија тие мртвите. Санса ич не ја прикажаа со мрднатион, па и женската витез не се ни обиде да дознае како е, дека можеби и треба помош. Арја ми е досадна веќе со тие, без врска целата таа приказна, колку само да пополни празнини.
Spoiler Моја теорија за Џон е дека е син на некој од тие targaryen фамилија , нели имаше една епизода како зборат дека кога паднала нивната династија , сите деца , жени и остало било убиено , па можеби Нед се смилувал и го присвоил Џон Сноу , плус во една епизода во Castle Black кога збореа Сам и Аемон , спомна во еден момент Аемон , The last tararyen или слично ( не ми текнува ) и во тој момент го прикажаа Џон Сноу како влегува.... Сепак сеуште не се знае оти ги пишува последните две книги . Е сега малце не треба толку да го притискаат иако има само материјал за уште една сезона бр 6 и толку , бидејќи ако работи под притисок , може да се изнервира и да го утепа џуџето . За оваа што ја изгоре , изгледа тоа бил спојлер од другите книги кој авторот им го кажал дека ќе умре само во книгите што ќе искочат. Така имаше на еден портал . А друго за Џорах што ја допре кралицата , прво таа инфекција што ја има е на другата рака и не е сеуште во критично ниво како и кралицата е targaryen , имун на оган и болести , така барем пишат на got форум. Еве и малце смешки што кружат низ интернетов
Spoiler: Спојлериште бе Сериозно ја запалија малава? Значи заслужуваат сите заедно долга и болна смрт!
Најдобрата епизода! Spoiler Во цела серија, ни венчавка ни бутур не ме потресе ко епизодава. Палењето, Дрогон, Џора... Не видов кон што го фрли копјето Џора, мислев кон мажот на Калисито, ама ептен се изненадив. Секогаш на нејзината стρана, кога ќе ја прифати неговата лојалност? Арја нема да се смени никогаш, какво девојче какви бакрачи, една е нејзината цел, да ги елиминира сите од листата нејзина и тоа е тоа. Сите се борат за Вестерос, а не ја гледаат најголемата закана која може да ги порази... Ама за Серсеи ептен ми е мило, нека скапе таму. Сама си ја копаше дупката. Дрогон ако умреше и јас бев блиску тука да испуштам душа со него. Исто како во прва сезона, Денерис ја однесе славата со земјот. Уф, Станис го заборавив. Ама што да се каже за него? Мене не ми е јасно за кого се бори кога ќе нема наследник? На кого ќе му го остави Вестерос? Луѓето обично за своите деца се борат, тој за кого се бори?
Не знам што ти е чудно и неверојатно, овде јас попаметно нешто не очекувам и да видам. Инаку отрпнав на ваквите моменти во филмот, мене најужасно ми беше на Ред вединг, кога ги убија Старкови.