Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игра на тронови (Game of Thrones) [2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Yipman2, 22 април 2011.

  1. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    WTF?
    Ле-ле ! Откако ги видов сликите со Џон Сноу со превртени очи очекував да е warg да се префрли во некое тело и слично,ама ништо од тоа.Не е ваљда дека е мртов стварно ;(:@:o
    Ова со Станис сосема неочекувано ми беше па и онаа кучката Мелисандре како си побегна...Не го сакав него ама не очекував дека ќе умре.И Тион ме изненади што реши да се спасува :D Тие што ја опкружија Денерис какви се,што се?
    Серси не ја мразам ама ова беше претерано што и го направија.И ова за ќерката нејзина ептен ме шокира ама тој бакнежот ми беше сомнителен :^) Е сега ќе не убијат со чекање,најмногу ме интересира со Џон и со Арја што ќе биде..
     
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Имајте на ум дека повеќето од овие cliffhangeri ако може да ги наречам што ги оставија треба да продолжат со излегување на новата книга , така да нивните судбини не се познати бидејќи сеуште не се ни напишани ....

    За финалето
    9/10 , не најдобро али не е и најлошо , Неколку работи видовме Станис го пукна карма и сите жени му избегаа , потоа и Рамзи го сомеле , штета не ја видовме целата битка . Мислам дека не е мртов бидејќи не го покажаа на сцена , сигурен сум дека ќе помага таму да се спаси Санса.
    Теон , зашто ја утепа бе , мн си ја сакав таква психопатска девојка па уште како изгледаше секси со стрелата, али нема везе , се извади после 2 сезони мачење ....
    Серси серси серси , браво за мајка на 3 деца и мачен живот имаш тело одлично :D , не ја жалам , заслуженото си го доби .
    Жал ми е за Марсела , отровен е женскиот бакнеж и најлошото на крај , не подржувам убиство на деца али Оли ако го запалат следната сезона нема да се бунам.


    Тука се спојлери што прочитав од форум.
    Што ќе има 80% сигурно во 6та сезона
    Значи тешки спојлери се и отварај на свој ризик.
    1. Џон сноу преживува , Мелисандре ќе го врати од мртвите.
    2. Теон ќе умре
    3. Бодигардот на Серси ќе утепа све живо и диво
    4. Арија ќе го утепа Томен и ќе му ја земе фацата за да ја утепа и Серси (ова може и 7ма сезона да биде)
    5. Враќањето на Blackfish, можеби и другите двајца Грејџој браќа (ако решат да ги кастаат)
    6. Умирањето на Рамзи заедно со Тато
    7. Малиот прстич шета наоколу и толку.
    8. Калиси станува повторно кралица на Dothraki и почнуваат подготовките за освојување на Westeros
    9. Умирањето на Балон Грејџој


    Се на се за крај би рекол дека нема да има 7 сезони како што кажаа напочетокот , ова влечење на епизодите и според тоа што го кажуваа на форумот тие што читаат книги ми изгледа дека ќе има барем 8-9 сезони сигурно .
     
    На Mishela, anuskaNESTLE, Kaetana и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Поглупо и едноставно убиство од ова на Џон немам видено, дури не ме ни потресе. Значи туку така за пет секунди го избодија и ај пријатно. Е за што па тогаш и живееше до сега Џон, што направи во целото постоење на ликот, ништо, за туку така да умре и да нема ниту еден пријател во близина за да му помогне. За Серси малку ми беше безвеза, колку и да грешела сепак е кралица, синот и е крал а така ја оставија надвор гола пред цел народ, толку нема кој да заштити кралица и од срам и од грев. Ќеркаи ја отру онаа забеганата, баш се чудев зошто ја избакна толку. Ариа зошто ослепе кој знае дали оти на овој му ги извади очите. Се надевам оти нема да и наштетат, девојчето се изнапати сама по светот. Санса и Теон фала богу заминаа ама да се надеваме оти лудиот нема да ги фати некаде. Инаку за Калиси кога и испадна тој првиот човек на коњот одпозади исто како Кало Дрог ми личеше, се стресив. Па си мислам да не се од тоа племе некои.
     
  4. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Јас не можев да издржам до попладне додека да ја гледам последнава епизода (морам да го чекам мојов), па решив да прочитам спојлери. Искрено, се надевав дека нема да дојде до тоа, ама изгледа премногу сум била оптимист, а? Како и да е, не губам надеж, иако се' некако укажува на тоа дека нема надеж. Некако, ова ми беше многу јака сезона, во однос на претходнине сезона-две. Откако беа The Rains Of Castamere веќе серијава не ми беше тоа-тоа. Така што, очекувам веќе се' (сега Џорџ не виновен, туку продуцентиве или што и да се, ако останат доследни на последниве настани) и не се потресувам веќе толку. Само, не би сакала да ја развлекуваат толку серијава ако остане се' како што тргнало да биде.

    Ајде, ве предизвикувам на нова серија: Penny Dreadful.
     
  5. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    885
    Многу се изнервирав за Џон Сноу, премногу.Ќе читам спојлери за 6 сезона и ако не го вратат не ја гледам. Уфф ама се потресов, а ја видов вчера сликата од Џон ама 100% бев сигурна дека нема шанса да го убијат:@.
     
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Не се нервирај, можеби е трик. Прво, писателот нема одлучено за неговата судбина, а второ, заради публицитет и слични други маркетиншки трикови (ако можам така да ги наречам), знаат да рашират вакви дезинформации и да прекинат договор со актер, па после да го обноват. Не губи надеж!
     
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа вториот спојлер. Ептен интересно.
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Сериозно, разочарувачко финале! Очекував многу поќе. Она Мелисандре прва си замина се спаси се надевам ќе ја снајди и неа нешто. Станис не е мртов гарант. Санса и Тион фала богу нешто направија.. Ариа wtf?! Сериозно? Шо се дешава... Серсеи си го доби заслуженото, ама сепак незгодно ми падна дури ја гледав сцената... Калиси си ги најде дотраките, Дрогон намерно мислам ја однесе кај нив оти нели тој таму е пораснат... ВО ред се тоа добро.. Ама Џон Сноу??????? Зошто? Не можам... Се вознемирив. Сите Старк ги отепаја не е фер. Многу се разочарав. Ама добро сепак ова е Гејм оф Троунс и се е возможно... Кој ќе чека една година......
     
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    За џонибој
    За Џон има неколку такви мали ситници кој беа прикажани во минатите епизоди , така да ако се запазат ќе се види дека ќе умре и пак ќе се врати и дека ова не е некој голем шок , туку веќе беше очекувано.

    За умирањето еве на пример цело време буцкаа со детето како љубомори и му контрира , се знаеше уште од трета епизода уште кога го избраа за командир истотака имаше љубомори и чуда...

    А за враќањето еве немора ни да е спојлер од тие што читале книги

    Еве неколку работи што би прикажале на тоа ....

    1. Кога имаа Сам и Оли муабет , имаше реченица каде што сам вика
    "Dont worry about John , he allways comes back"

    2. Моментот пред да умре дојде во замокот црвената лепотица , а предходно знаеме дека служи на богот кој може да врати луѓе од мртвите .

    3. Жртвувањето на девојчето , т.е нејзиното палење ништо не донесе на Станис , што значи дека можеби не било за него туку за Џон .... Се виде збунетоста на вештицата кога почнаа све да се распаѓа....
     
    На Mishela, B.Bulka, do-re-mi и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Стресови ми прави серијава,ќе се разболам :D
    И не отворив ниеден спојлер досега,чисто прво да ја изгледам епизодата.
    Многу работи се случија,не знае човек од каде да почне.
    1.Се знаеше дека Станис ќе изгуби бидејќи направи лош потег со девојчето,па никој нормален нема да поддржува таков водач,затоа му избегаа половината.Некако се сомневам дека е мртов,бидејќи баш тогаш не ја покажаа сцената,а знаеме дека Мартин не пропушта да ни достави целосно крваво уживање :D

    2.Мило ми е што Санса и Теон конечно преземаа иницијатива,само се прашувам кај ќе оди девојчето,што ќе прави без никој на овој свет? Ај барем ја кутнаа она Миранда,на живци ми одеше.

    3.Во продолжение со 2ката,зошто Џон?? Иако бев прилично сигурна дека ќе умре,нели спојлери и слики и се по ред,имав мала надеж дека се е грешка.И се набрзина се случи срцето ме заболе,посебно на неговиот поглед кон Оли.Не сум многу фан на Џон Сноу,ама бидејќи еден е од ретките со срце,се надевам ќе го врати Мелисандре,сигурно жртвата за Богот на Светлината не беше за џабе.

    4.Дејнерис си летна и си избега,ми отиде илузијата дека стигнала во Вестерос :D Ама си ги најде своите повторно,едниот на Дрого ми заличе,пуста желба.А добро јас не памтам,како се раздели она од нив?

    5.За Мирсела ми беше тотално неочекувано и ја преплакав бидејќи имаа стварно убав момент со татко и. Ама се разбира Мартин не не остава да се радуваме,му умре во рацете;( Стварно гревче човек.

    6.Арија направи она што се очекуваше,ѕверка дете,таа сцена со задоволство ја гледав,ич не ми беше гадно.А зошто ја ослепеа,најверојатно за казна? Ама сакам да се здружи со сестра и..

    7.И последно,се разбира најочекуваната сцена,walk of shame на Серсеи.Тотално си заслужи се што и се случи,ама очекував да ја погубат или ете барем да ја дознаат за аферата со Џејми.Сепак достоинствено чекореше се до крајот,сега ќе готви одмазда,се живо и диво ќе испоубие.
    Ама какво тело,човече,бомба е типката :D


    Како едно целосно резиме на сезоната,имаше некои бум епизоди,ама многу брзо ми помина и секогаш останувам гладна за повеќе.
    Многу ја влечкаат бре..Не дека се бунам,ама доста веќе убиваа,нека решаваат нешто,па нема за кој да навивам.
     
    На the.vampire.girl и Yipman2 им се допаѓа ова.
  11. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Јас како што имам читано по фб и по нет спојлери наводно во една од своите огнени визии вештицана не видела ништо друго освен Џон на снегот, па не може тоа само туку-така да и е дојдено.
    А мое мислење, не знам дали некој ќе се согласи со истото: можно ли е со спасувањето на Џон од страна на вештицана тој да стане нешто како следниот Азор Ашаи, или нешто слично?
     
  12. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    You want a good girl, but you need the bad pussy :rofl:
     
    На anuskaNESTLE, mims-89, the.vampire.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.110
    Пол:
    Женски
    ;(;(Јас се изнаплакав за Џон. Еден од најомилените ликови ми е и во серијава и во книгите.Знаев дека ќе се случи нешто кога Оли го викна, па и со таков глупав изговор. Малограѓански работи, таква заслепеност, никако да не се види поголемата слика, да не знаат кој е вистинскиот непријател. Ама што и да се очекува од Стражата, да беа паметни луѓе немаше да бидат пратени таму. Со исклучок на неколкумина. Прост, прост народ. Заслужуваат сега најстрашното да им се случи.

    Станис си го доби заслуженото. Не знам како мислеше нешто добро да произлезе од палењето на сопственото дете.

    Серсеи исто, требаше неа со ножеви да ја бодат, курво, жбрц, ороспијо, жбрц, и ај чао.
    За Мирсела ми беше жал, ама очекував дека ќе се случи тоа кога ја бакна вештерката, не се предава таа лесно во никој случај.

    И сега пак една година.
     
    На Marossa, the.vampire.girl и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.593
    Пол:
    Женски
    Каков глупав завршеток на сезонава. Сите карти останаа отворени, освен Станис се друго остана нерешено и треба да чекаме една година да видиме што ќе се случи.
    Го убија најголемиот водач меѓу нив-Џон Сноу, шок како кога ги испоклаа Старкови. Остана да се надеваме дека ќе го вратат од мртвите, во спротивно серијава ќе изгуби смисла.
    Кој беше новиот војник во гардата, дали Планина? Мислам дека спизди Серсеи и наредна сезона ќе ги истребат овие од сектава. Тие имаа добра намера, да ги исчистат од неморалот, ама ако е така треба пола народ да испоубијат по тоа како се понашаа кога оваа одеше гола меѓу нив.
    Приказнава со Арја е досадна, менување лица, труење па сега што и направија.
    Мислам дека ќе следат многу негативни критики и ако не го оживеат Џон ќе им падне гледаноста.
     
  15. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    And now his watch is ended.
    A man needs therapy.
    A man does not know what to do with his life.;(
    Си се изнаплакав за Џон Сноу. Навистина ми беше еден од омилените ликови и не заслужи да го убијат сопствените луѓе и она злобно детиште Оли. Дај боже да дојдат white walkers и сите нека ги испоубијат.
    Stannis Baratheon and the Terrible, Horrible, No Good, Very Bad Day:D
    [​IMG]

    Станис си го доби баш тоа што го заслужи, така со 100 луѓе се освојувал Winterfell,таа негова алчност го уништи. Исто и Серсеи, убаво ја понижија, испоплукаа тоа и го заслужи. Ама сепак Мирсела не беше крива за ништо за неа исто ми е жал.
    Тион конечно се освести, живи се со Санса сигурно ама психопатон Ремзи ако ги најде ќе ги одере живи. Денерис е скроз изгубена, а нејзиниве приказни ми се најмонотони и таман се појави Тирион сега уште овие Dothraki фалат.
    Иии ептен ми е мило Варис што се појави,ептен фали во серијава!
    Не ми се чека цела година:sweat:
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Да ве поздравам и јас со мојот review за епизодава

    Valar Morghulis: All men must die.

    Како тргнале, овие од GoT решиле да си ги изгубат сите фанови. Како да не им беше доста со Red Wedding изгледа. Од тогаш наваму доста луѓе се оладија кон серијава. Ама како и да е... life goes on (за некои де).

    Не знам што да кажам. Jon Snow really knows nothing, damn it! Што да кажам, доста работи кои ги претпоставив изгледа се исполнија. Станале предвидливи, а тоа не е добро. Единствено само се надевав дека Џон Сноу нема да умре (и сеуште не губам надеж, особено со Мелисандре во Castle Black, кој, патем, стана хотел-промаја). Станис, како што предвидев, не успеа во Winterfell. Знаев дека нема да му се исплати тоа што си ја уби ќерка си. Мило ми е што Бриен го закла, ја обожавам жената. Од друга страна, како што и мислев, Бриен е блиску до Санса и уште има надеж да ги сретне со Теон и да ги спаси. Ремзи е неуморен. Психо над сите психовци што сум ги видела до сега и само чекам да видам како ќе умре. Конечно Теон се освести, а оваа Санса е чудо од човек - остана тутурутка до крај на сезонава. Арја беше закон! Што убаво го испобрца, мерак ми се направи. Само ќе ми остане мистерија нејзиното ослепување. Можеби кога ќе ја научи лекцијата, ќе и' го вратат видот. Тоа ми е една од поинтересните приказни во серијава, да бидам искрена. Енигматична, поучна, комплексна приказна. Се извадив од памет Жакен да не умре, одамна ми е еден од омилените ликови. Делумно бев во право кога реков дека тој се' знае. Да бидам искрена, едвај ја чекав сцената со Walk of Shame, ама кога ја гледав - ми се гадеше. Некако, криво ми падна за Серсеи, за чудо. Сето тоа што се случуваше ми ги покрена цревата. Изгледа не сум човек што може да гледа како страдаат дури и луѓе кои тоа го заслужуваат. Нејсе, ја прежалив кога стигна во палатата и кога the Mountain ја зеде во раце. Повторно се појави таа злоба во нејзините очи :devil:. За Марсела што да кажам: не беше премногу експонирана за да се врземе со неа, ама не ми беше сеедно, особено после тој сентиментален муабет со татица. Реков јас дека ќе гледаме војна со Dorne. ]:) А Серсеи уште кога ќе дознае - „ќе фрштат огномети“. Со Калиси не разбирам што се случува. Зарем Дотракиве не знаат која е? Зарем им е непријател? Што е работава? нешто сум заборавила изгледа. Змејов - мртво пувало, да ми извините, ама немам други зборови да го опишам. Три пати го избодеа и готово, ќе испуштеше душа. Инаку, и мене ми е мило што се појави Варис. Само уште Бејлиш ми фали во приказниве повеќе. Абе мислам најдобрите дијалози го вклучуваат Варис, лудак е :D. Како што реков и претходно, не верував дека Калиси ќе замине за Вестерос, не, има уште капацитет да го тупи. |(

    Сума сумарум: In GoT dies every character related to Ned Stark. :swear:

    Btw, @Yipman2, tnx за спојлерите, јако ќе биде ако е така како што си пишал. (y) (знам дека ќе ги заборавам до идната година, ама сепак фала :lol:).

    Како што реков, денес ви ги изначитав впечатоците и сите можни спојлери и некако полесно ја поднесов бесмисленава епизода. :lol:

    И то.
     
    На Mishela, 1209, rhcpfan и 2 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.110
    Пол:
    Женски
    Стварно. Плус, никако не ми беше јасно зашто во минатата епизода долу стоеше, што не си леташе фино лепо и палеше одозгора? Зошто се постави како мета?
    Премногу прашања останаа отворени, ама немаше како поинаку, неизвесна е судбината на ликовите и во книгите.
    Мене Оли не ми е злобно детиште, само незрело, неискусно, едноставно е дете. Родителите му ги убиле и не може да расудува логично. Тоа е тоа.
    За Арја ми беше смешен и самиот обид да биде нешто што не е. Премногу омраза, горчина и желба за одмазда има во неа, нешто што никогаш нема да го заборави.
     
    На Elena69221, anuskaNESTLE, Tiki-lolipop и 3 други им се допаѓа ова.
  18. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Сепак умре....Јас сега се надевам дека таа одвратната вештерка ќе го врати повторно во игра и ќе си играме на ти го, дај ми го 8)
     
    На rhcpfan му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Тоа во спојлери е твоја претпоставка или? Пошто книгите уште не се завршени, а 6та сезона не е почната да се снима така да никој сигурно не знае што ќе се случува понатака.