Spoiler За жал И јас се надевам дека некако ќе го врати ако не се врати нема да ми е иста серијата без него..А цело време додека траеше тој момент чекав нешто со очите да му се случи ама ништо -.- Ме подлажаа со сликата,само да се надевам За Серси Spoiler
Ова е од форумот што коментираат , имај на ум дека сеуште има малце материјали останато што не ги прикажаа во 5та сезона и највероватно ќе ги стават во 6та. Џонибој 2 дел теории Spoiler Напочетокот вештицата викаше дека видела во огнот како горат Болтон , и таман пред битката да почне ,си избега во Castle Black , знаејќи дека Станис не е тој што ќе победи и дека била грешка , друго Аемон викаше на џон да го утепа момчето за да се создаде мажот(така нешто беше) , и на крај дотолку Џон се врати од мртвите , бидејќи умрел и неговата стража е завршена , ќе може да си шета кај сака , а плус ќе има 5 илјади wildlings кој ќе го следат , и погоди кој замок ќе биде прв на листа за освојување . А друга теорија е дека пред да умре wargnuva (нели го презема умот на друго животно) во Ghost , и таму се задржува се додека Мелисандре не го оживее . И да најдоброто нешто што се случи според мене и што ми го разубави денот , Varus i Tyrion повторно заедно , дуото од 2ра сезона , ако некој од нив утепаат е епизодата кога стварно ќе престанам да гледам серијава...
Мислам дека претераа со овие сериите да се чека цела година, сега ако има 10 сезони 10 години ќе чекам, абе ај.
Ееее, драга моја, ние мислиме само со GoT не' мачат, ама кога ќе размислиш, со повеќето серии кои сме ги следеле порано, исто било. Ама еве, не одете подалеку, сетете се само дека пораснавме (е сега, не знам кој која возраст е баш, ама еве јас конкретно) со Dr. House, на пример. А дека е многу да се чека една година, факт е. Али шта чеш кога си зависен од некоја серија. А замислете јас што следам повеќе серии паралелно, па до оваа година излегуваа отприлика во исто време, па месец ипол-два имам исполнета недела гледајќи ги, а после 9-10 месеци чмаам и се нервирам . Како и да е, после Red Wedding си ветив дека нема да дозволам веќе серијава да ме става на страдање заради ликовите и засега добро ми оди . Ама како што сум непомирлива по природа... Не знам колку ќе издржам . Јипи, јаки зафрканции си ставил погоре. Трололоолоооооо!
Spoiler: Проклет спојлер Ме потресе смртта на Џон, и само ако се кретени нема да го вратат во живот. За Серсеи пак ми беше искрено малку жал. Ептен деградирачки е онака да те понижат. А богами и за нејзината ќерка Марсела, не заслужи девојчето да умре никако. Сепак ми останаа недоразјаснети две сцени. Првата со Калиси. Кои беа оние на коњите што ја опкружија? Дали тоа значеше дека оној кој го уби не беше вистинскиот, туку само го претставуваше своето друго лице, и зошто ја ослепеа?
Spoiler Мене за Серсеи може би ми било жал кога ќе дознае дека ќерка и умрела (освен ако не ја спаси татко и на брод, ама не верувам баш)...неа никој не ја спомна, тотално заборавија сите на неа а и таа кутрата е греотка. Ама нели тогаш кога била девојче Серсеи таа гатачка, или што и да беше, и кажа дека ќе се омажи за крал и ќе роди три деца ама сите ќе умрат пред неа...значи и Томен ќе умре. Таа прави лоши работи ама на децата им се враќа.
@Valerin Spoiler: Одговор Тие со коњите беа Дотраките, а што ќе и' направат - ќе видиме. Во спојлери погоре имаш теории. Ако мислиш на Жакен, тој не се самоуби, туку и' приреди лекција на Арја. Очигледно е дека уби друг човек кој го носеше неговиот лик, па Арја ги вадеше лицата и кога наиде на своето - ослепе. Најверојатно ја ослепе за казна и можно е дека ќе и' го врати видот кога ќе си ја научи лекцијата. Мене ми е многу веројатно и дека Жакен е the Many-Faced God или нешто блиско до него, затоа што е главен во целава работа.
Spoiler: Спојлер Ако мислиш на тој педофилот на кој му ги ископа очите и го закла на крај - според мисијата што и' ја даваше Жакен, да, уби погрешен човек. А инаку генерално, воопшто не е погрешен човек, зашто тој беше првиот на нејзината листа за убивање. Ама очигледно, според проценката на Жакен, не беше спремна да си ги остварува своите мисии, туку сеуште да ги следи неговите. Можеби и затоа ослепе на крај, како еден вид симболика за тоа што му го направи на Pedo-bear.
Уште треба во спојлери да се пишува? Spoiler Инаку не знам дали тој што ја зеде Серси е Моунтајн. Тој командите ги зеде од докторот: се сеќавате на таа сцена кога тој чуваше човек во неговата лабораторија? Жив човек кој почна да мрда? Мислам дека направил нешто со него, го мутирал, експериментирал. Затоа е целиот во оклопи, да не се гледа дека е чудовиште.
Lelele leelee daa http://www.express.co.uk/entertainm...tion_type_map=["og.shares"]&action_ref_map=[]
Јас уште не сум почнала да ги гледам епизодите од 5-та сезона, така да, незаинтересирано ги скокнав страниците и дојдов само да го ставам ова. http://www.express.co.uk/entertainm...e-of-Thrones-season-6-Macedonia-film-location Интересно.
Не, не сакам да чекам цела година. Сакам да се случи некакво чудо, за веднаш да излезе шеста сезона. Бетер од оние недозреани тинејџери сум со серијава, ама стварно ми прирасна за срце, и ми разбуди силни емоции. Би го прегрнала продуцентот, мајке ми.
Читни ги книгите. Јас така од што не можев да издржам отидов ги купив и во еден здив ги прочитав. После (и сеуште) пекав за следната книга.... Инаку, оваа сезона во споредба со другите ми е најлејм. Извинете, ама така е. Ок, се радував на "паралелните приказни" и "дивергенција" од книгите, ама сето тоа е направено без имагинација. Сувопарно, на моменти желни за рејтинг со насилие и слично. Да не го тупам ама она што го има креирано Мартин како свет и фабула, е грандиозно во споредба со обидиве да се вдахне "нешто ново и интересно" во серијава. Секоја чест за битката со Вокерите.