Добра ти е идејава Кат. Но, каде да ги купам? И дали мислиш дека би можела да се водедам во ситуација да следната сезона не ми се допадне, токму поради тоа што ќе ми се расипе впечатокот со оглед на тоа дека ќе знам што да очекувам? Тебе како ти беше?
Ги има во Икона во сити мол. Иначе, не знам ни јас што да очекувам за се, затоа што се делат од сториите во книгите. И за мене имаше некои "спојлери" со дешавкиве што ги видов сезонава. Во секој случај, какви и да се, јас никогаш нема да се откажам да ги гледам.. Четврта и петта сезона ги гледав а при тоа знаев во главно што ќе биде. Екстаза ми беше да видам работи на екран и да ги споредам со мојата фантазија. Пример, the Viper vs. the Mountain, беше така добро доловено, што кога ја гледав епизодата, знаев што ќе биде, ама пак бев таква наежена и на штрек, и толку емотивна што рикав...
Ех уште вистинска да беше веста дека во Македонија доаѓаат....убаво ќе беше не викам не Не поверувавте ваљда во тоа.
Следната година во април ќе излезе, исто како и сите сезони што излагаат. Инаку уште не се почнати со снимање, сега летово ќе почнат може за месец дена
Ги изгледав сите 5 сезони во две недели, вчера последната епизода и така дур уште ми е тазе да си пишам еден така подугачок пост Spoiler За Џон Снежниот, срце ми се искина кога го избодеа на таков педерски начин, бар да си умреше во борба со вајт вокерите поштено...Има теории дека ќе се врати, оваа вештицава дека ќе го оживее или Брен со тие од шумата, сигурно има некоја приказна позади него, не е разјаснето неговото потекло дали е стварно бастард или е пола Таргеријан од сестрата на Нед и Регар, не може да го скинат туку така.Брен и Рикон нигде не ги дадоа, освен кога враната му рече на Брен дека ќе може да лета сега наместо да оди. Санса и Риик сигурно се живи у 3 метра снег рипнаа ама Ремзи пак ќе ги упеца сигурно и ќе ги мачи.Од Санса по глуп лик нема како жива остана до сега не знам, освен ако Бријен не ја видела свеќата и да ги спаси.Станис не верувам дека е мртов, ама Мелисандре дека утна со ќерка му, утна се си мислам дека нејзината жртва ќе го спаси Џони, и дека ради тоа оваа се врати ради тоа во Кесл Блек. Калисиво многу глуп лик стана, 4 сезони го тупи у 3 града досега со 3 змеја требаше да го освои КингЛандинг више, па и последнава епизода во ливада ја оставија со Дотраките, пак некој говор мотивационен ќе држи, сигурно ќе дојдат овие со неа во војна.Џора више ептен у френдозоне дај нека се спанџаат и онака ќе умре овој кај и да е. Серсеи пак се спаси ама убаво и го направија тој срам во следна сезона ќе му ебе матер на цел град со тој франкештајот.Жал ми падна за Мирсела, не верувам дека ќе ја спасат, сигурно и Томен умрел ама не го прикажуваат уште.Арја не верувам да е мртва, слепа евентуално ама со тие фаците кој знае што ќе и се здеси. На крај краева ако сите од последнава епизода се умрени останаа Серсеи, Џејми, Калисито, Арја, Тирион, Варис, Белиш и вештицата нема смисла само со нив да се тера серија.
Ја завршив сезоната конечно, не знам ниту дали да пишувам во спојлери, се` сте напишале веќе, ама речиси сум сигурна дека нештата кои ги напиша @Yipman2 ќе се случат и тоа сигурно. Мелисандре ми е омилена од негативците - ако можам така да ја наречам. Уште кога се појави и замеша прсти, знаев дека е посебна. Да видиме што ќе понуди следната сезона, стискам палци и се надевам дека ќе дадат одговор на сето она кое го оставија да лебди во воздух до следниот април.
@Yipman2 што мислиш дека ќе се случи со Денерис и овие што ја кружеа? Една теорија читав (нема везе со ова прашањево туку општо Денерис и Џон) Spoiler Џон ќе се борел против Денерис, со тоа што ќе бил на страната на Вајт Вокерс и ќе имал негов змеј, ќе ја ректнел и така ќе завршела серијата. Што знам од сите на оваа најмалку и верувам ама па со оглед на тоа дека е ГОТ не би ме чудело и ова да се случи.
Сигурно ќе се омажи за новиот Кал или како и да се викаат тие главните на Dothraki , и после со змејовите и еден куп војски ќе иде да се тепа со шетачите и ќе дознае дека Џон Сноу и е брат и заедно ќе седнат на тронот и ќе владеат со цел свет. Тоа е мојата теорија а други теории има милион , така да ќе чекаме да видиме која ќе се оствари следната сезона....
http://www.fakulteti.mk/news/15-07-...kastingot_za_statisti_na_game_of_thrones.aspx Без пари ќе одам само да се појавам ко статист во ѕверската серија, а не уште 50 евра на ден да ти дадат Го исполнувам условот..имам долга коса. Сега уште да појдам и јас во редот....
Не сум ја гледала серијава. Поточно не сум филмоман, но знам да загледам некое добро филмче. Во целава оваа збрка, згода и незгода во врска со последната епизода ми се чини минатиот месец, сфатив дека сите зборуваат за серијава. Еве дојде време и да почнам да ја гледам, Арно ама, уште првата епизода, уште првите 10 минути имаше сцени кои јас не ги обожавам... цел филм ли е со такви убиства, колења и слично? Да знам дали да се откажам уште пред почеток ако е така, не планирам да не можам да спијам со денови после тоа (таква сум јас, после се тоа ќе ми се причинува во околината)
Па првите 2 сезони се крв ,кавги и цицки , 3 и 4 сезона се убивања , мачења , прскање на глави и цицки , и 5та сезона е лабаво.
Изгледав три епизоди од првата сезона, ќе видам до кај ќе терам Сега за сега е добро, се издржува ( со исклучок на првите 10 минути )
За некои да се посмееме, а од некои да се изненадиме. http://off.net.mk/galerii/igra-na-tronovi-na-mladi-godini#1