Дечки, ајде официјално, иако претпоставувам дека сте во тек со новостите: http://on.net.mk/on-info/14122/djon-snou-e-ziv Мислам дека сега ќе можеме без премногу мрчење да продолжиме да ја гледаме серијава.
Ма јас знаев и без да ни потврдат. Кај се видело ГОТ без мутлето „ју ноу натинг, Џ.С.“ П.С. Ова „мутле“ е онака нежничко кажано - баш ми е симпатичен. Таков ми е Џон Сноу, нежно мутле.
Мора да е жив, според теориите на крај Калиси и Џон Сноу треба да седнат на тронот. А тие двајцата брат и сестра ли ќе излезат или први братучеди . Од многуте теории вака така прочитав дека од трите драгони на Калиси еден и припаѓа нејзе за тоа и го јава само едниот а другите два на други личности, и сега до крајот треба да видиме кои се тие, демек едниот бил на Џон Сноу а другиот најверојатно на она малото братче на Санса, Брендон. Толку финти има во филмот па богами можеме да се филмаме со теориите колку сакаме. Како и да е дај ај нека го дадат порано веќе ги заборавив фаците, аман цела година чекање.
Јас не сакам да се роднини Калиси и Џон,а баш би било убаво да седнат двајцата на тронот,,некако најчесни останаа од сите. И Тирион и Арија до нив Мада имам чувство дека на крај може и да испоумрат сите и тронот да го земе оној заледенко Леле а до Април уште колку многу има,само теории да се редат и да се прегледуваат поминатите епизоди,ама тешко дека ќе погодиме нешто,ни Мартин не знае
Мене Џон Сноу и Калиси ми се идеален пар. Hе знам дали се заедно во РЛ, ама ете ако не се, апел до нив да се фатат побрзо зашто се најмили и прекрасни. Топење.
Абе шо сте и вие чудни. Дали биле роднини или не... Шо има везе? Овде се дозволени и инцестоидни врски, па и да се братче и сестриче, највише ќе си се сакаат. Таман, ќе остане лозата на тронот.
HBO не тролаат на велико, ги изгледав сите можни интервјуа и секаде е јасно потврденo дека John Snow is deader that death Можни комбинации за „фамозното враќање“ има до бескрај, не би сакала да верувам во ниту една од нив подобро ми е да оставам онака blank space затоа што сакам Дејвид и Дан да изненадат.. Почетокот полека тивко се приближува, 5 месеци не делат.. Баш го сакам овај период на исчекување.. Дали можеби некој знае кога ќе биде излезена 6тата книга?
Ма мора да биде жив Џон Сноу, како инаку серијата ќе има смисла? Џон и Денерис се баш оние централни ликови во целата приказна, колку и да е клише, верувам дека ќе направат нешто за да го вратат, инаку не знам кој би бил оној кој ќе седне на тронот - сигурно не аждајата „шејм-шејм“.
http://www.express.co.uk/showbiz/tv-radio/585643/Game-of-Thrones-season-6-Macedonia-film-location Прочитавте ли?
Ова мислам одамна беше објавено,и статијата гледам е од Јуни,инаку не верувам да се исполни,после тоа немаше ништо конкретно кажано.
Баш убаво што се активира темава. Абе не се саглам со паметот продукцијава, кај се видело од година на година цела сезона одеднаш, дур искочи новото се старо си заборавил.