нА НВО ја има бесплатно првата епизода со превод со се... некако многу ликови измешаа во серијава каша попара стана. првата епизода сите по 5 мин ги дадоа и за никој не се случи нешто посебно.
Јас искрено немам нешто премногу за кажување,и некако многу кратка ми се виде епизодата Spoiler: S06E01 Ми се допадна што Џон не го закопаа,што му го чуваат телото,некако ми стои надежта дека ќе го оживее Мелисандре. Патем не знам зошто така се вика епизодата,Мелисандре 5 минути дали ја имаше,плус не ми е толку шокирачки фактот што е стара со векови,некако нормално ми е. Тирион го покажаа исто 5 минути,Дејнерис,Ариа,Серсеи,Ссанса,всушност мислам дека првава епизода се потрудиле скоро сите ликови да ги вметнат, да видиме до каде се Мака ми падна за Дорн,ги убија и двајцата наеднаш,а сигурно ќе има војна,Серсеи ќе ги сотре сите. Друго се си беше нормално,само ме интересира што зборуваа Дејнерис и оној лидерот на Дотраки? Пошто руски ми е преводот одоздоле,ништо не разбрав.Изгледа не знаеја која е,после она дури се претстави.
И мене многу кратка ми дојде епизодава, ама тоа што се случи во неа, толку настани немаше во минатата цела сезона. Spoiler Епа, добар почеток на сезонава. Иако потајно се надевав дека Мелисандре ќе го оживее Џон Сноу, испадна дека сум грешела. Мислам дека тапа малце ќе биде без него. За Џејми и сестра му се прашувам што ли ќе освојуваат откако изгубија се' што имаа од род. Ме изненади Мелисандре со одразот во огледалото. Ме интересира што мистерија се крие позади тоа. Санса и Теон спасија жива глава. На време се појави Бриен и на мое задоволство ги покоси сите. Со Калиси останува да видиме што ќе се случува. Овие двајцава ќе ја најдат, само се надевам дека тоа нема да биде во последната епизода. Во Дорн отиде се' по ѓаволите. Елиа нема да се смири, мислам дека до толку можевме да сфатиме. Доста клета е, заедно со ќерките. Најмалку мислам дека разбирам што се случува во Браавос. Очигледно Арја и понатаму ја тренираат. Како и да е, добра беше епизодава, ама многу ја крателе. Мислам дека некаде прочитав како се ближи крајот на серијава. Морам да признаам дека малку сум разочарана. Ама тоа е. Многу ја развлекоа и некако изгуби на интензитет и на квалитет, заедно со смртта на доста клучни ликови.
Spoiler Од лани до сега...го заборавив па, кога ги фатија Санса и Рик не ни претпоставив дека Бри е таа што доаѓа напомош. После ми текна дека чекаше таа да запалат свеќа на прозорецето од кулата Безврска ми беа случувањата со Мартел.. да збрцаш нечиј череп онака,да копјето продре одзаде напред..мало морген на тој начин, таа близина. Разбирам да сакаш крвишта да ми прикажеш,ама..секаде на друго место да го збрцаа по ок ќе ми беше. Ок, цепидлака.. друго позначајно - ништо. Ништо посебно немам за кажување,дискусија... мех. Да видиме понатака што ќе биде.
Добар старт на сезоната. А за црвенокосата уште од кога ја видов, знаев дека е таква, каква што ја покажаа. Не ме чуди. Доран глуп и слаб лик беше ионака.
И јас ја гледав вечерва. Spoiler Добра баш ми беше епизодата. Со оглед на тоа дека скоро сите клучни ликови ги покажаја да не ги мислиме до другата недела. Серсеи ја чекам да збесни то ќе биди јако. Иако не ми е мила, многу нормално, оние бичојте од Мартел ужасно ме иритираат многу се некако full of themself. Сакам да ги сотри. Доран- очекувано. Арија загреота хаха. Ама очигледно е дека уште ја учат ја тренираат. Мислам дека ќе стани прејака потаму. Санса фала богу избега си реков ако ја вратат сега пак упм. Кој ќе се нервираше. Тион полека се свестува кој е што е баш ми е мило. Иако никогаш нема да ја заборам сцената со сечењето на неговиот полов огран. Преболна сцена. Ама мило ми е шо се врати со умот. Калиси се подзаеба. Мене не ми е јасно како ја остај онај змејот така... Цело време очекував да слета од негде да ја спаси. Сега ќе ја пуштат кузнај каде со вдовиците да седи. По логика би требало или Дрогон да ја спаси или оние двата шо тргнаја по неа некако да ја спасат. Џон Сноу ми е непребол. Уште имам надеж дека некако некако ќе се случи да се врати. Ахх. Со Мелисандре логично ми беше како се одви приказната. Има смисла. Сепак беше во голема мера крипи. И цело време си мислев која баба се согласила да се слечи онака гола за она да се сними хаха- ако воопшто е вистинска жена. Се на се добра епизода, одма ми помина кефој сум дека почна Гејм оф Троунс. Значи сериозно е предобра серијата и баш заради тоа дека се случват неочекувани работи е интересна. Иначе за исто па исто има милиони серии каде што од почетокот можеш сто пати да предвидиш дешавки. Гејм оф Троунс рулзззззззззззззззззз
Spoiler Овај калот на дотраките, се запали за неа, бела жена, убава, син ќе му родела дрн дрн... Ама она му кажа нели дека е Таргериен Стормборн... Он и рече дека таа веќе е никој и ништо туку само негов роб... Тогаш Даенерис спомна дека нема да биде со него а и дека била жена на кал Дрого. Овој тогаш ја погледна и кажа дека демек било забрането да се спие со вдовица на друг кал и за нив имало некој посебен храм. И така ништо од синот Овие змиите у Дорн на живци ми идат, се надевам дека ќе ги сотрат набрзина. Инаку таман си мислев дека ова говедото од маж на Санса има малку човечност он "it's a perfectly good meat, throw it to the hounds"... Него да го фрлат После првата епизода многу се разочарав кога не го вратија Џон, ама негде прочитав дека Мелисандер го тргна ланчето за да има повеќе сила после, така нешто и демек она ќе се жртвувала за Џон. Иначе ми се чини дека последната сцена со Мелисандер беше нај јако зафркнување за цел машки пол
Spoiler Реално ништо посебно не ми беше епизодата а не ни очекував повеќе.Се виде дека многу работи беа скратени а буквално се беше предвидено освен крајот и кога змијата го прободе Тристан во черепот (барем на мене) . Знаев дека ќе умре ама така не очекував.Одвратни ми се и баш ми беше жал за Доран. Не може фини и поштени да опстанат во серијава Се надевм дека Серси ке ги среди. За Џон цело време си се надевам дека до крајот на сезоната ќе го оживеат некако, не можам да прифатам дека е мртов, не ! Искрено многу работи имав и заборавено од финалето. Бран конечно го гледаме во наредната епизода. Денерис никогаш не ми е била нешто посебно интересна,само нејзините змејови ми се интересни и баш очекував дека ќе се појави од негде и ќе запали се живо ама ништо.
Spoiler И мене на живци ми одат тоа бичојте, @s1a1n1d1r1a1 чекам сега нешто да им се случи. Не сум ги прочитала книгите па, немам поима што и како ќе се одвива особено со нив,мада знам дека не се држат цврсто до приказните во книгите. @Victorian ме изнасмеа за Мелисандре..зафркнување на машкиот род, бе Статијава е за Мелисандре... кој е од читачите,тие кои сакаат да копаат повеќе информации лево-десно, бујрум. Јас само последниот дел го прочитав, околу можноста Мелисандре да е вратена од мртвите..нешто како Лејди Стоунхарт(?) во книгите. Па очекуваат дека Мелисндре ќе се жртвува за Сноу. Мејби. http://uproxx.com/tv/game-of-thrones-five-things-melisandre/3/
Мене ме нервира што креваат фама, последната книга не излегува као демек се уште не е довршена... А сето тоа е за да доживее ненормален успех серијата... Што убаво ми беше до петта сезона си пратев...сега...тапа...
Последните две три сезони серијата е без прогрес, никакво предвидување за некој од ликовите да успее нема. Сега за сега сите стагнираат, статус кво. Никој ниту освојува, ниту е толку моќен ни ништо. Ако не сменат во оваа сезона нешто ќе затупи скрос филмот, премногу пасивно е.
Сега јакото е што нема книга,и овие сценаристите на серијата пишуваат оригинални приказни за развивање.А можеби има книга,само за јавноста не ја откриваат А не ќе е лошо,сосема да сменат терк,да се дешава нешто конечно,доста долго вртеа во кругови и убиваа,редно е да се постигне нешто,некој да се качи на тронот,да има битка,заледенки наваму натаму Инаку прочитав дека се планирало нели само 7 сезони,ама како што ми изгледа ќе има и 8ма и 9та. Со вакво темпо,и до 20 ќе стасаат
Оваа сезона според мене би требало да биде најдобра до сега. Очекувам и да има војна со White Walkers.
И кој остана да се тепа со нив, Џон Сноу или Оли . Како и да е тргнати се тие вокерсите во поход, ептен ми се забавни.
Мене се уште не ми е толкаво затупување. Не беше ништо нарочито оваа првава, ама па и немав посебни очекување. Некој рече,бар видовме малкуцка за тоа,каде ги оставија повеќето од ликовите. Ќе биде интересно,ајде.. нема како да не е. Кога очигледно по случувањата во оваа епизода е дека ќе следи ред војна,можебиред други работи. Плус, Шетачите Сакам да видам онаа, женската, мајката на двете девојчиња..дал ќе ја покажат.Толкав фокус имаше прошла сезона на неа во епизодата, откако ги качи ќерките во чамците, па стана и она дел од Шетачите.
Има многу. Џон Сноу е еден од нив. После Калиси, Тајвин Ланистер (Џејми и Серсеј Ланистер), Станис Баратеон, Давос.