Нема никакви индикации дека има таква крв, него фановите прават сеа теории колку сакаш. Али сепак сигурно ќе јава некој од змејовите, а Бран уште кога почна да warguva се "знае" дека во последни епизоди од серијата ќе си земе некој змеј да потепа наоколу тоа шетачите. Друго , почнаа со заебанциите
Во книгите се спомнува за „заладениот однос“ помеѓу Тајвин Ланистер и Лудиот Крал, и има инсинуации дека Лудиот Крал ја „онадел“ жената на Тајвин, и заради тоа се родил Тирион со деформитет. Но антагонизмот може да биде и последица на тоа што Тајвин ја стокмил Серсеи за Регар, а тој ја зеде Елиа од Дорн. И на самата смрт на Тајвин, кога Тирион го застрела седејќи на шолја последните зборови на Тајвин се: You're not my son. И уште една дилема ме мачи - ако R+L=J, тоа значи дека Џон Сноу е првороден син на Регар и легитимен наследник со поголемо право од Денерис. Но, нели Железниот Трон му припаѓа на тој што ќе го освои? Во случајов, Џејми Ланистер го уби Лудиот Крал - што значи Тронот би требало на Ланистер да припаѓа.
за змејовите Spoiler според петте излезени книги има тројца живи Таргариени ( Денерис, Егон и Џон Сноу) и логично е тие тројца да ги јаваат змејовите а теории на фанови има и за Тирион и за Брен останува да видиме како тоа го скоцкал Џ.Р Мартин
@ЈеленаЏиш и мене ме мачи тоа дека може Тирион да биде Таргариен и така никој од Ланистерите не го почитуваа како Ланистер башка тоа рамислував и јас дека му иде Џон да е првороден на Регар, тој првин ја сакал сестрата на Старковите ама нели бил ветен на Серсеи па ја обљубил неа а ја зел Елиа од Дорна значи тие децата од Елиа се помали од Џон и Џон легитимно е наследник на тронот
Да, во книгите пишува дека Егон е жив, што значи дека и тој има повеќе право на тронот од Денерис. Но ако се сеќаваш, во книгите додека пловеа по таа реката, Егон и неговите помошници и тутори беа нападнати од Камените луѓе, а во серијата Тирион беше нападнат од истите. Не знам дали е тоа паралела, мислам дека серијата драстично се смени од книгите, мислам дека има сосема друго сценарио. Исто така, која е улогата на Џејн Пул маскирана како Арја Старк во Винтерфел, оставена на милост и немилост на Ремзи, а Санса е безбедна во Високата кула во Ири со Литлфингер. Останува да чекаме.
е добро де кај нив и така се земаат меѓусебно за да остнат на тронот инаку серијата ептен отиде од приказнта во книгата дали за да заврши побрзо па многу работи одмакнаа или сметале дека не се интересни за публиката или пак нешто друго е во прашање ни останува да чекаме...
Да, ама Џон е сепак повеќе Старк, а тие не се земаа роднински. Леле, ја развлековме долга и широка, а врска немаме. Можеби нема ни да преживее Џон Сноу до крајот на сезонава.
Мора и ние малку да си правиме филмови Не сум ги читала книгите, ама на интернет имам доста читано за некои работи што ме заинтересирале. Се чини дека тоа што е во серијата не е ни една десетина од книгите, па очекувам да направат некој спин-оф во кој би се обработиле и некои други настани од историјата на Вестерос.
И на крај, како тргнал Мартин, ќе седне на тронот некој што ни на крај памет не сме го помислиле, како на пример Samwell Tarly. Искрено и повозбудливо ми е да гледам такви jaw-dropping сцени во серијава, кога се случува нешто неочекувано, нешто што не го знам пред време. Книгите се стварно прекрасни за читање и изненадуваат во иста мера ама после еве вака се разочаруваш кога ќе се снимат нови сезони. Па знаеш што ќе се случи, па не се случува исто како во книгата, па зошто оваа сцена ја нема, зошто овој не направи вака... Замислете плус да излезе и последната книга и да знаеме се, и кој ќе владее со Вестерос на крајот. После ќе биде залудно да се гледа серијава.
Јас овие денови од што немам стрпление почнав пак да ги гледам првите епизоди од прва сезона. И едвај ја чекам новата
Доста зборувате за книгите. Ќе ме натерате да се расчитам Првата стои на компјутеров веќе. Пар страни само прочитани. Ме нервира што цела недела треба да мине за да видиме нова епизода. Ама, ме вежбаат бар..може вака ќе почнам да ги гледам сите серии. Ко сите нормални луѓе..една серија неделно. А не..цела сезона во еден викенд.
Дечки книгите ги симнувате ли на нет, или ги имате купено. Се мислам дали и јас да пошнам да читам или ич да не си ја фаќам бељата после 5 изгледани сезони.
Јас ги добив на подарок од мм за роденден. Ги порача од ebay, од Британска книжарница мислам дека беше. Не сакам да читам англиска литература на македонски, преводите се ужасни, па затоа сакав изворно да ги прочитам. http://www.ebay.co.uk/itm/A-Song-of...hash=item27fe9498f5:m:m2IqovLTYg0VoC-GGqLrJdg Во овакво паковање беа, поново издание, но поефтини беа бе.
И кога веќе зборите за книгите, да не знаете некој торент од каде ќе можам да ги симнам?Ептеееееееееееееен многу сакам да ги прочитам!
Book 1: A song of Ice and Fire 553 странички... Другите не сум ги барала. Тоа што во оваа верзија фали е мислам, мапа на кралствата..и некои плус додатоци со објаснувања за фамилиите. Тоа овие што прочитале повеќе можат да не упатат.
Е во комплетот што го добив, има цела мапа на Вестерос и Есос и само се мислам кај да ја залепам, а мм не ме остава. Ми вика реквизити од Game of Trolls не сакам да видам по дома, читај си, гледај си, ама не јавно
Ќе го искористиш второто тајно оружје на сите жени. Разговорот. Ти ќе сакаш реквизити од Гот , он нема да сака реквизити од Гот, ќе имате разговор и на крај двајцата ќе одлучите дека најдобро е да се има реквизити од Гот по дома.